Ај мојава и од пред трет роденден е невозможна, сега ништо ново. Сме немале сцени од типот легнување по тротоар, улица и не знам каде. Ама на пример пред некој ден седната во количка во маркет да пазариме, се запна да ја слечиме јакната. Ајде ок, топло беше. После и текна и чизмите да ги слечиме. Одвај се убедивме дека не се вадат обувки на сред маркет.
Ај плишана играчка да барам навечер океј, ќе ја најдам. Ама моево што спие со минијатурно топче Оди најди го на спална у 3 сабајле
Хаха мојов 6 години и е фан на ситни фигурички и уште знае да спие со некоја од нив. И да, се буди некогаш во сред ноќ и ја бара, таа падната доле спална треба да се трга. Па плачки во сред ноќ убедувања дека не може сега спалната да ја мрднеме
Исто, со човечињата од Лего спие. Па тоа боде под ребра... До толку не е, надвор е бубачка, еве сеа на работа ми беше и сите му викаат Абе мајка ти лаже дека си немирен а ти бубачка. Нели е да пропаднеш у земја од срам. Затоа дома е хаосот.
Да го формулирам прашањето некако, не знам како Децата на 3+ години, со што би ги возеле или би се движеле до подалечни растојанија од 1-2 км пример? Се мислам што е соодветно за следнава пролет/лето. Дете ќе е 3,5 години до лето. На блиски растојанија си пешачиме без проблем, за подалечни сакам да искористам и јас да движам повеќе и да не сме врзани со автомобил плус нели и дете да е со мене. Летна количка опција може ќе сака да се вози ама мене ми личи на голема дека ќе биде за во количка уште да ја возам. Исклучок од ова ако одиме на некое патување, во тој случај би носела количка, за посета на атракции и знаменитости. Исто и трицикл на туркање што се. Со баланс да не се преморува, па да треба и дете и велосипед в раце да носам. Регуларен велосипед можеби?
Зависи од детето мојава е 5+ ,со мене не оди долго отсекогаш. И јас со трицикл ја возев ,сеа кога излегував со двете бараше во количката во делот за пазарење да ја возам А со баба и или татко и и по 2 км ги тера
Ако ти е за одмор на детето-количка. Ако сте и подолго надвор ќе дремне. Ама не да купуваш, таа што си ја имате. Јас сега на 4 год се мислам за шетање ако одиме низ Европа дали да и земам количка. Пошто ќе прошета 3-4 саати, после ќе се умори и толку ќе и биде, ќе треба во раце да ја влечкаме. Е сега ако ти е за пократок одмор, пример тој 1-2 км додека стигнеш дома, може и со точак и со тротинет да се изгурате, со залажување и најчесто подмитување со храна. Јас трицикл никогаш не купив, не ми требал. Балансот може да заврши во рака, ама јас со баланс и со количка сум излегувала, па кога ќе и здосади балансот доле во количка одел. Ама на 3.5 мислам дека е таман за точаче.
@Mucika, не стрикно за шетање и одмор, за тоа и летово би носела количка. За секојдневно шетање. Пример поголемите паркови во градов ни се на најмалку 1км оддалеченост. Да не сме врзани во околните само, а и да не сум обврзана со автомобил цело време. До минатава есен одевме со количка.
И мене паркот ми е на околу 1км и дополнително пешачење во паркот, никогаш не сме палеле кола. До кај 3г одев така, количка и баланс. Накај 3ипол веќе беше на точак. Можат и 5км да изодат, можат и планина да качат, само ти треба мито. Со точак исто возела по 3-4км на патека, на таа возраст. Ако имате тротинет можеш и со него, да не купуваш точак ако не ви е во план. Проблем е ако се задржите повеќе и дојде дремка, ама пак ќе речам, со малку залажување ќе се вратите без проблем.
Јас планирам да ја пензионирам количката веќе. Голем е за количка. Трицикл имаме ама ич не сме задоволни, искача некој штраф и е нестабилно. Моево пешачи а за подалеку одиме со кола, искрено едвај чекај да ги џитнам од ходник реквизитиве за движење. Некако големо дете у количка не ми се вози. Имам комшика така до 4ипол го возеше, мене не ми е убаво некако. Не знам ... Големиот до 2ипол го возевме, тука некаде и малиот, со тоа што уште е извадена количката ама многу ретко се користи.
@AngelOfArh ,летово количка би употребувала само за одмор или некое патување ако истераме оти стварно ми личи ко преголема да е. Мислам количката ја собира нема збор за тоа ама веќе и за туркање е претешка, скоро до горна граница ќе стаса. Засега планот ми е ако сака да седи на велосипед со помошни, па во моменти кога е преморена, да го туркам јас, пак да не ми е во раце. Ама како некоја замисла тоа. Уште некој месец ќе се помислиме што е опција. Инаку 2 пара блиски што имам, сега кај 2та децата полнат 4 години. Едните уште од 2 исфрлија количка и секаде пешачи детето. Вторите и за излегување и за патувања уште си користат.
Ама точаче со помошни ќе треба и точак и дете у раце, да знаеш. Ако возиш точак евентуално земи си седиште на точакот. Ние така одиме до градски парк од Ѓорче. Ако не оди подобро трицикл, него ли количка.
само пешачење, трчање. ништо не користам, тие сакаат да трчкаат. со двете одам, седнуваме по клупи, одмараме, па пак продолжуваме. дома потоа се кома и имаат многу мирен сон. мојот бројач на чекори брои 10000 чекори, супер, и тие изодуваат толку
Јас количка да не претерам ама може веќе година ипол не користам. Има тротинет и него или го вози или јас го возам, има и една кола што се бута и некогаш со неа одиме, ама генерално пешачиме секаде, нека се изморува. Е сега за одмор и некое патување можеби би зела, ама моево дете не верувам дека ќе ја сака па ќе испадне него во раце и количка во раце.
Со трицикл, количката само до 1 и пол година ја користевме, тогаш и ја дадов на братучеда ми после со трицикл. Количка воопшто не сакаше после 10 месеци, проблем беше голем, па в раце малку па седни го вришти, хорор...претежно пешки одиме ама ако треба трицикл носиме. А првото дете па си седеше в количка до 2 и пол год, уживаше, потоа трицикл. Макс искористени ни се и количката и трициклот на одмор бевме без ништо лани, точно 2 год беше и нон стоп си пешачеше, чат пат в раце беше, за годинава си велам бар тротинет да носиме не фаќа место тој.
Тротинет можеш. Мојот од пролетта така тера. Вози додека му се вози и после се качува со двете нозе и си го туркаме ние Обичен тротинет имаме, воланот само го подигаме нас да ни одговара висина да не се наведнуваме и си го возиме. На ова мислам: Само јас без тротинет и без второ дете
Не ти треба количка на 3.5 години. 2 години и еден месец имаше ќерка ми кога тргнавме количка. Кога имаше 18 месеци на одмор, јас ко шлапната секоја вечер ја буткав количката со плишана панда во неа, таа со татко и пешки и тогаш реков ова со количка само зимата да помине , после да не ја гледам. Имаше еден трицикл тогаш летото на 2.5, после на 3.5 со точак 12" секаде возеше или тротинет. Пешки со мене темпо држи уште од 2.5 години. Баш се сеќавам во Охрид, од Парк до Канео и назад без проблем со попатни кратки паузи одевме. Можат тие пешки немаат гајле.