Како да ја учам дека океј е ако некој не сака да се дружи со неа? Многу се растажува и не може да го прифати одбивањето, дури упорно се упикава и таму кај што не сакаат да ја дружат. Многу пати се десило, а еве последно на еден роденден на дете од градинка, пробуваше да игра со 2 девојчиња исто од градинка, ја бркаа, дури на крај едното ја подбутна за да ја тргне. Моево спушти глава, свитка уста надолу, стоеше ко статуета, многу жал ми падна. Не ги кривам другите деца, секое има право да направи избор, ама како сето тоа да и' го објаснам на моето? Да не се растажува, да не трча по никого да придобива, но и да не се повлекува потоа?
Како да му исчистам на три годишново црнки од носот? И брат му има, ама овој мал е некако за црнки. Абе типични црнки, оние со точка цена. Не би да ги стискам, ама па и не можам да ги оставам така да стојат. И на двајцата во исто време им излегоа, мора да е нешто поврзано, не знам...
Летото максимално ја искористивме летната количка тогаш во Охрид бевме, а за тука дома трициклот го користиме и сака да се вози тоа кога уште топло беше сега не знам дали ќе сака.
Ќе и кажеш така, дека некогаш она не сака со некој да игра, некогаш некој друг нема да сака со нејзе да игра и дека е ок, не може сите секогаш да се добро расположени и затоа така реагирале и дека тогаш е најдобро да ги остави да се расположат. Ако не знае што е точно расположение може со тажен и среќен да правиш споредба. Зборови на кои им го знае значењето. Ама и реакцијата нејзина е нормална, и мене сега некој за нешто да ме откачи ќе сум разочарана. И тоа кажи и, ок е да е тажна заради тоа, но дека има други игри, играчки, деца, со кои може да ја продолжи играта, па така ќе се пренасочи и нема толку трагично да го прифаќа. Ако е поголема може и да праша зошто не сакаат да играат со нејзе и може на крај и да се разберат и да се заиграат. Или ако ти се поблиски може и ти да прашаш. Пошто викаш од градинка се, дали е тоа секогаш така, може е исклучок, децава кај мојата еднаш се во војна после се сакаат, ова се менува и во 20 минути, на лулашки ќе се испоналутат после ќе се изнагушкаат. Ако е така ќе кажеш на Х сега нешто не и е убаво и не сака да играте, кога ќе и помине неубавото ќе си играте пак. Оправдај и ја и реакцијата, кажи и дека може да дојде кај тебе и да ти каже и дека ќе и помогнеш да го надмине тоа чувство и ќе најдете решение.
Да пробаш со шпатулче после бањање да му ги поминеш, има во дм, има и на тему многу избор различни.. лепенки исто ама нема да стои може, ова за возрасни опции.
Некое искуство со Арабеск студио за балет? И каде да најдам трико и балетанки, ми излегува онлајн Runners, ама и други опции ако имате
Здраво на сите Ве молам за препорака – каде можам да ја запишам ќерка ми (3 години) на балет или гимнастика? Барам студио што работи со деца од таа возраст и се наоѓа во близина на Ѓорче Петров, Влае или Карпош. Фала однапред
Исто. Кога одиме во центар, 3 километри до таму, и 3 назад, 6 километри пешачиме во едно излегување. Кога ќе стигнеме дома пак на газ не седнува Инаку во денот минимум 2 километри движиме, без никакви помагала. Количката ни е пензионирана од година ипол.
Туку кога разбираат дека после нив се собира нередот? Мислам си фрла ѓубре во корпа, ни носи алишта во нејзината за валкани за перење што е. Ама играчките под обавезно по земја да се. Уште така фино, мајката собира ми вика ... Види памет. И така да се надевам дека лекцијата ќе и влезе во глава кој собира или малку потешко?
Те научила дека собираш по нејзе Кај нас важи правилото играш со нешто, ако сакаш со друго да си играш враќаш претходното на место. Пример ќе бои некое време со фломастери, ќе рече не сакам веќе да бојам и продолжува сама да си збори: сега фломастерите ќе ги затвориме со капаче, да не се исушат и ќе ги вратиме во фиока (ова всушност мене ме повторува што сум зборела 100 пати претходно). 3год има.
Утешете ме дека овој период околу 3 и пол години, се најлоши и најнеподносливи. Непослушност и рикање по цел ден БУКВАЛНО. Дали има надеж дека нема веќе полошо од овој период?
Само да се гушнеме...најтежок период до сега ми е овој. Се надевам дека набрзо ќе помине зашто живци немам веќе
Ич не сте фер. Како чекам едно утро да се разбудам и да речам еве конечно се "опамети" детево и се разбираме ко луѓе. Без тантруми, без такви чуда.
Исто сестро. Не знам веќе како. Тоа акање, рикање, станува од кревет на сабајле и почнува да квичи. Згора на се тоа, не јаде ама баш ништо, нерви искинав од молење и не и не. Уште малку ми фали за Бардовци жими се
Потврдувам, исто првото дете најлош период му беше, тантрумишта бре катастрофа, после 4 магично се смени се, порасна буквално преку ден