Бесни тодлери, мирни тинејџери ..да се утешам сама себе. Како дојдоа кај нас терибле 2 не си отидоа. Во купатило се заклучува, врати ми треска, лута е не ми збори, може да стане насмеана, може да стане лута. На гравчиња гледам што сме згрешиле. Ми е страв да ја погледнам некогаш да не ја погледнам погрешно, и така. Непишано правило е дека кога ќе се пожалам овде на нејзе, малку се опаметува… Јас више ништо не чекам, ама ќе се радувам со вас на 4ти роденден да ви крене на подобро
Еве и јас да се пожалам. Денес ми падна многу криво што еве сега си плачам. Малиот во последно сака да биде некој лик од цртан, го гледа блу трак и сака да биде камионот, па синиот трактор, па кранчето Чарли, па полицаецот Мет итн. Нас ни беше интересно и прифаќаавме паа и јас бев некој лик кога си игравме. Е сега последните неколку денови кога и да го викнам по име(Марко) вели јас не сум Марко, јас сум Чарли. Кога го прасуваме,зошто не сакас да бидеш Марко, вели епа Марко е лош и постојано го карате и прави глупости...ми падна многу криво и се мислам дали негде згрешивме..инаку многу е палав и своеглав и ништо не послушува и го караме со сопругот ама секогаш имало причина за тоа.Се мислам дали да побарам некоја стручна помпш или совет дека ова ме загрижжи ептен.
Помагајте како да постапам, се убив од нерви и плачење. Никако со јадењето. На антибиотик сме, не може да не јаде воопшто. Сакала пржено јајце, ок испржив, насечкано на залчиња, касна две тоа тантруми, тоа рикање, плукање, не можела да голтне не знам што, се ака по земја и поврати на крај. Ја плеснав, до тука ме донесе. Немам веќе трпение и нерви не знам што е ова. Што да правам?
Од секогаш има слаб апетит или сега додека е болна? За што пие антибиотик? Кога сме болни не ни бара душата некогаш јадење.. доволно е да пие и течности. Цеди сокови, супа? Дали и б комплекс си пробала? И дали мултивитамини пие?
Од секогаш е таква за јадење, по сат и пол се молиме едно лебче да изеде како што треба. Гнојна ангина имаше, однесена на контрола се е чисто, уште два дена антибиотик имаме. Пие Dr.Woltz Kinderimuno, и со се е исто. Два пати ќе касне и плука. Пробав супа, исто. Цеден сок исто, еднаш голтна и толку. Па уште паметњакович изиграва, дај ми вика чипси и чоколадо, не ме боли грло.
Се приклучуваме официјално во клубот terrible 3. Ај што е терибле, туку што од гајле му е за мене, сега е се мама ќе ми даде, мама ќе ми чита, со мама ќе спијам и се треска од земја, не дозволува мм да му се доближи . Од сега коски ми се тресат како ќе биде во понеделник на оставање во градинка после цел месец пауза и со новава опсесија по мама . Ќе мора мм да го пратам да го остави
Пишав сис погоре. Мама да собира играчки, мама да ја облече, мама да чита книга, мама уште на таван што не се качила. А баш се надевав на пресврт после трет роденден ама на подобро тој пресвртот.
Ела да се гушнеме . Не знам што му стана одеднаш. Единствена надеж ми е да се врати во рутина па може ќе се стабилизира. Зошто месецов празници, роденден, зимовање, па боледување се му се измести. Ќе видиме од понеделник. Stay tuned...
Моиве како бебиња не биле такви лепенки како што се последниве месеци, боже сачувај татко им да отвори врата да ги извади од кола, одма драма мама мама мама да ме земе, да не збориме за облекување, јадење, играње. Абе шанса нема да се заиграат нешто ако не сум залепена до нив, и на телефон кога зборам ме буткаат ми земаат телефон и мора да е цело внимание на нив. Едно време палеше да им пуштам тв на 15 мин, сега и тоа, ми вртат глава и ме влечат пред тв и ја да сум гледала. Стварно не ми е јасно ... сигурно има некое научно објаснување ама еве не го знам
Пред некој ден во градинка. Влегуваме и викам еј еве ги дошле Х i Y, ајде да се облечеме и да си играте. Мојава вика - ааа и мама треба да си игра со децата. Треба како не требало, на сред градинка.
Ние уште малку 4 ќе полниме ама сите до сега богами terrible на максимум. Особено периодов. Брат му на распуст, опуштен со игрици на тел, и мали си се заљуби во таблет, е оди сега тргни го. Значи, вриштење нон стоп, за ништо. Навикнав веќе на тоа што по цел ден е залепен за мене, дури и со плачки и дерачки излегувам без него од дома. Сега е во фаза и да покажува лажни болки,бидејќи виде дека е центар пажња за време кога е болен, само да добие или да биде нешто по негово. Еднаш го боли меше, па му студи, па го боли глава, па му е лошо...... Кај нас е и дополнителен проблем што кога плаче, се напрега и со сила повраќа, што не е во ред. И се е пробано, и со разговор и со казна, тоа е инает и тежок карактер уште од тоцкаво зрнце и јас веќе не знам како да постапувам. Се надевам дека е само фаза и се молам поскоро да помине, инаку ќе си резервирам соба на психијатрија, бар таму ќе одморам малку.
Само да те гушнам 5.5 г е и уште е вака. Плус на се неспиење... Еве уште е будна само изводи нешто. Посебно многу ме вади од кожа тоа повраќање
Мислев единствена сум. Неколку дена по ред, како кратам екранизација и дома е кошмар. Вриштење, тресење и на крај секако завршува со повраќање. Не знам веќе како да постапам.
Мене ме нервира во последно време со контрање, ако кажам ајде сега е време да си облечеме пижами, не не е сега. Ајде миј раце, не нема да измијам. Веќе да не правиш така, вика следен пат исто ќе направам.... Инат ми тера. И што да правам, знам дека не треба да се докажувам ама во последно време немам живци. За мама мама се навикнав, за некои работи ме сака само мене. Навечер го брка татко му да одел да фрли ѓубре или му смислува активности, само јас да го заспивам. Вниманието мое мора да е на него секогаш. Едно нешто да се пофалам, после толку време жалење за во градинка, сега сам вика сакам да одам во градинка.
Срам ми е да кажам. Читам секоја се жалите за различни работи. А ќерка ми ја пронаоѓам во секоја од нив
Позната сум по тантрумите на син ми, сега пред некој ден пронајдов видеа од тој период и добив паничен напад од тоа што сме поминале. Колку било страшно господе, незнам каква сила сум имала да го преживеам ова. 90% го решивме проблемот, не знам дали е исправно ама станав построга со него. Често беше под казна и со прибрани играчки. Ако направеше сцена додека сме излезени го паковав и правец дома. Сега сум полицаецот дома, кога не сака да го послуша татко му, со еден мој збор се решава се. Последно ја сменив и тактиката со плачење за глупости, со лута пиперка. И во градинка ми се жалеше учителката дека плачел за се, па кутри деца се вртеле околу него да му дадат се, само да не плачи. Значи плачење од глупости. Пример, не може да го отвори шишето и веднаш легнуваше да се треска минимум 30 мин. па одеше да се затвора во детска и фрла играчки(прав тинејџер). Сега вадам лута пиперка и мамара е, веднаш со убаво почнува. Пак ќе речам, колку е исправно и колку ќе трае не знам но не можев да живеам веќе, мораше да сменам тактика. Кај него не помагаше “ела да те гушнам” бетер стануваше. Се сеќавам дека тантрумот траеше 2-2.5 часа, верувате? Кај нас помина вака, сменет е последниве 2 месеци 360 степени, конечно можам да излезам секаде без да ме спопадне анксиозност што ќе биде И сега ќе му речам ајде да се облечиме, автоматски ми вика НЕ, само кога ќе му се испулам луто “а мамо, сега идам”. Мм му вика оди мајка ти да те измие лице, нејќам, само го вртам погледот и веднаш “ајде мамо идам”. Е сега друг проблем имаме веќе подолго време јаде буквално 5-6 јадења. Леб со маргарин, леб со зденка, ориз, леб со еурокрем и леб со јогурт/павлака. Се тешам дека е период.. тука не можам да делувам, не сакам да биде со сила и го оставам, бидеќи овие јадења ги јаде обилно.
И јас сум строга, и тоа поприлично, ама ова е многу некако... Да не направиш трауми?! Од искуство ти кажувам, зошто претерав со големиот и го окркав на крај до психолог стигнавме. Тоа со пиперката ако е мојата претпоставка, не ти е хумано. Знам дека немаш избор, се ми е јасно, имам и јас дома еден примерок како твојот, не мора да ми се правдаш, само мислам дека малку е претерано. Јас броев до 3, се правеше, ама почна со тикови, со стравови, со големи трауми, на психолог кога ми го дадоа извештајот ми идеше да се убијам, моето дете се плашеше од мене и имаше од мене трауми. Работа, многу работа, многу зборување и го совладавме тоа. Сега сум строга, ама умерено. Со големиот е лесно, зборуваме отворено, со малиот е потешко.
Не знам, искрено сум строга само кога е претерано. Имам разбирање во повеќето ситуации за него, советот за повеќе строгост во такви ситуации го добив во институтот Младост во СК. Се обратив на повеќе места, немаше совет да ми даде никој, буквално се изгубив во родителството еден период. Се работи за многу голем темперамент, ако го погледнеш настрана беше спремен да плаче 2.5 часа без прекин и да фрла се околу него, ме тепаше и мене, на моменти доведуваше до зарипнатост во гласот, ќе направеше пауза пола час и продолжуваше уште толку. Еден период ми ѕвонеа од градинка да го земам, верувај немав избор и кој да го послушам. Тепан не е, со казни да седи на кревет се служев, сега веќе не само со поглед ме разбира, ќе пробам да го исклучам тоа со пиперката, затоа и пишав не знам дали е исправно. Фала што ми посочи, ќе пробам да сменам да не ми се одбие па да добијам конра ефект. Како што кажав, пробав да го послушам дефектологот и вистина имаше промени после тоа.
Многу се плашев дали ќе ме разбереш правилно и мило ми е што си ме разбрала, да знаеш. Скроз знам во каква ситуација си. Јас сум строга и се нервирам кога се плаши големиот кога викам, сега разговарам ама гледам уште траги од тој период кога се губеше од страв.