1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. le.dentiste

    le.dentiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Од што ви пијат млеко дечињата што се 3-4 години? Прашувам за утринско млеко пред градинка некој предлог за чашка или шишенце
     
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    13.055
    Пол:
    Женски
    Не пијат млеко :bandit:.
    Па големи се веќе, што специјални чаши или шишиња.
    На мојата од 2 г навака не и давам веќе млеко пред спиење и по станување. Она најде дупка во логика и сега секоја вечер и секое сабајле бара да јаде житарки со млеко.
    Сркнува уствари 2-3 лажици колку да и помине редот и тоа е тоа.
    Е сега чинијата и лажицата треба да се специјални, чувај боже ако не е од нејзината чинија и нејзината лажица.
     
    На le.dentiste, dromka и lovely91 им се допаѓа ова.
  3. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    2.849
    Пол:
    Женски
    Мојот не пие пред градинка.
    Пие само сабота и недела наутро кога пиеме ние кафе.
    Во обична чаша пластична.
    3ипол год е.
     
    На le.dentiste му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.906
    Допаѓања:
    9.999
    У каква фаза сме, некој ден од кутлача ќе побара да пие.
    Од сѐ пие, ја за безбедност давам од пластична.
     
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    2.489
    Пол:
    Женски
    Не пие млеко.
    Инаку течности пие од секаква чаша, по можност од мојата.
    Кога сме кај кутлачите, периодов строго со кутлача јаде(facepalm)
    Имам една малечка, што и да има за јадење, јаде со неа.
     
    Последна измена: 13 април 2026
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    13.055
    Пол:
    Женски
    Леле шо кажавте сега, уште таа фаза не е пројдена :worried:.
    Кога и да ви влезам у групава, наместо да се смирам, паничен напад добивам.

    Инаку на мојата за пиење и давам од нашите чаши и филџани, не пластични..до сега има скршено неколку да, ам за среќа само еднаш беше со крвишта.
    Од година ипол во градинка им дават со вистински прибор да јадат, така што она и дома одбиваше пластика. Видов не видов, кренав раце.
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    2.489
    Пол:
    Женски
    Е така, како последната реченица. Ќе отрпнеш скроз:D
    За кутлачата, ај што не се замарам повеќе, туку и радо ја вадам како стандарден прибор, само да не морам да се карам. Жими се, ко со тинејџер да имам работа дома.
    За се' има аргумент и контра аргумент и уште 23 ставки и 102 подставки да се докаже за да биде во право.
    :bug:
     
    На dromka и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  8. le.dentiste

    le.dentiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски

    Фала за одговорите :) Тогаш следно прашање, дали ви поткаснуваат нешто од сабајле пред да одат во градинка? Дека вака млеко пие од сабајле и ја држи до појадокот. Ако го прекине млекото па да не имам мака да е гладна па да биде тоа еден општ хаос од сабајле :D
     
  9. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    2.489
    Пол:
    Женски
    Јаде банана или јаболко.
     
    На le.dentiste му/ѝ се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    13.055
    Пол:
    Женски
    Да доручкува малку дома. Како што реков најчесто е млеко со некоја житарка. Колку за ред да мине и да дадам вит д.
    Две -три лажици корнфлекс, тие едни од дм има во разни бои, банана, некогаш има од вечера останато на пример пита, проја, мафини, кифла, палачинка. Некогаш е само галета од леќа или ориз.
    За викенд станува и пушта топло млеко од машината и пие кафе со нас. Ама во работни денови дирекно доручек нешто малку. После велат во градинка дека пак јадела. Колку јадела кој знае.

    А ова порано ко пиеше млеко, отвара очи и млеко бараше. После фати стомачен и и рековме дека боли меше од млекото и дававме од сабајле пробиотик растворен. И така ја одвикнавме да не бара шише.
    Откако оздраве и ко ќе станеше ја носевме одма во кујна на маса за доручек и се навикна и сега. Станува и дирекно оди во кујна, па бараме што да јаде.
     
    На le.dentiste му/ѝ се допаѓа ова.
  11. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    2.849
    Пол:
    Женски
    Не. Станува во 7, а во 8 оде на градинка.
    Во 8ипол имат појадок.
     
    На le.dentiste и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  12. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    2.702
    Пол:
    Женски
     
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    26.851
    Пол:
    Женски
    Чаша со цефка, моите пијат сабајле не дека ја им нидам туку оти мислат дека со мене треба "кафе" да пијат. Инаку какао им редам јас 1 лажичка
     
    На le.dentiste му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RinaKa

    RinaKa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Исто, ако јади дома, таму нема да јади.
    На поголемиот давав појадок дома, таму го форсираа пак да јаде и 2 пати им поврати. Оттогаш не давам ништо дома наутро.
     
  15. ^angel^

    ^angel^ Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Мислење да ми даде некоја мајка стоматолог ако има активна
    Синот скоро е 5год сабајле стана со оток од едната страна на образот. Одма помислив заб, бидејки има кариес на таа страна ама отокот не е кај тој заб туку понапред/поблизу до устата. Го однесов во Јане на дежурен ама немаа стоматолог. Само го погледна општата и ми напомена дека може да му расте шестка. Може ли толку рано, и што да му правам освен блокмакс по потреба? Ве молам совет, да изгураме до понеделник. :(
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.423
    Допаѓања:
    206.549
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека е шестка во прашање, бидејќи растењето на шестките не дава такви отоци на образот.
    Најверојатно забот со кариес има гноен процес во коската и секретот (гнојот) се излеал на место со најмал отпор и дал оток. Нема врска што не е баш кај расипаниот заб.
    Забот мора да се отвори, одма ќе му олесни на детето, дежурни стоматолози има на Битпазар, во Јане никогаш нема. За утре не би знаела, ама би било добро уште вечерва да одите да го отворат, да не трпи болки до понеделник.
     
  17. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    6.525
    Пол:
    Женски
    Добро како се справувате со хистерија кај 5 годишњаци?
    Ова веќе не е нормално. Пробано и со лошо, со ќотек и со добро со зборење и со закани , се е џабе ама баш се е џабе. Ако вака продолжи јас завршувам во Бардовци за брзо.
    Да живеев негде на запад до сега социјално 100 пати ќе ми го земеа детево.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.534
    Допаѓања:
    69.366
    Пол:
    Женски
    Не знам на каква хистерија мислиш, не е дека е тоа баш нешто највообичаено, ама можеби да пробаш со конзистентен пристап, наместо да пробуваш и добро и лошо и ќотек и све.
    Од ќотек секако само плус револт создаваш. Прво ти гледај да се смириш, среди го родителскиот пристап да знае детето што да очекува, гледај да не биде ќотек, и давај му избори да се осеќа дека има контрола над нешто.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    6.525
    Пол:
    Женски
    Хистерично вриштење, дерење за нешто од петни жили колку ја држи глас.
    Да, сфатив дека со ќотек или викање не бива уште повеќе се разлутува.
    Се трудам да се спуштам на нејзино ниво, да ја гушнам да се смири, да и зборам смирено ама рееетко тоа кога пали.