Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    12.232
    Пол:
    Женски
    На некоја граница сум дали сум за во помалата тема или тука. Пред скоро месец наполни 3.
    Сакав да прашам, што се дешава после третиот роденден? Ватафак, ништо не јаде. Ден преживува на 10 грицки, 3 од доручек, 2 од ручек, ужинка некоја, за вечера апсолутно ништо. Ништо не сака, нудам опции, се согласува на некои, правам, и ми вели "не сакам" кога принесувам. Ме излудува, трпението ми е во минус.
    Една недела после роденденот отприлика почна ова, затоа си го поврзувам со него.
    Што правите кога пребираат храна, одбиваат се'? Нудите други опции или оставате да 'прегладне'? И двете ги имам пробано, без некој успех. Се десило 5-6 пати да каже гладен сум, јаде некое залче и толку.
    ;(
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.693
    Допаѓања:
    2.707
    Пол:
    Женски
    Јас имав краток период на нејадење фала богу,изигравав кловн правевме заедно ајде ти што сакаш со овошје цртајвме па после сетоа тоа бленирање ,па правеље каши ,па ајде и за другарките од игралиште и така некако успеавме да го надминеме овој период.Секако многу трпение и ќе има успех.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.597
    Допаѓања:
    9.469
    Пол:
    Женски
    Сеуште јаде се, ама барем дома јаде количински многу помалку. Од градинка не ми се пожалиле, дома се е Не.
    Е кај нас проблем е што кај бабите обавезно има постапни сокче, пудингче, чоколадо итн.

    Генерално периодов се е Не, не само храна и алишта и што да е ама надежно ќе помине.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    Исто и моето.. не дека е некој јадач, но, тоа што досега го јадеше сега го одбива.
    И јас сум со краток фитил, ама некогаш оставам да е гладен па се надевам на следниот оброк да јаде.

    Измеѓу давам само здрава ужинка, а грицки-мицки не, доколку не јадел како што треба.

    Некако мислев дека ќе ја одбегнеме оваа нејадачка фаза, но тука сме кај што сме (fingers)
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    6.695
    Пол:
    Женски
    Пробано и така не пали. Еве вчера му вика на татко и сакала да прави колачиња (мафини) и татко и и вика ок после ручек. Прво ручек да спремиме па после и кога почна да вришти вика сакам кога јас сакам сега одма и цел час вриштеше колку ја држи глас, плачеше. Денес мислам дека гласот и фатен од тоа.
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.481
    Допаѓања:
    25.221
    Пол:
    Женски
    Периоди се и ќе поминат, со прво дете мн се нервирав, тој па и ништо не јадеше, катастрофа..сега со второво не се нервирам, колку ќе јади толку.
     
  7. Mina_Z

    Mina_Z Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали некој има искуство со акни кај дете од 3.5 години? Се појавија одеднаш, на двата образи по 2-3 акни, внатре како топчиња, баш како на возрасни, бевме на дерматолог, ме интересира ако некој има искуство со некоја крема што помогнала....
     
  8. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали имате искуство. Дете е 4,5 години и често има гасови. Тоа трае повеќе време. Некогш и мнооогу смрди. Не знам од што може да е така. Има редовна столица.
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.481
    Допаѓања:
    25.221
    Пол:
    Женски
    Ако нема тврд стомак нема мака не би требало да се грижиш, ако јади месо, јајца (протеини) нормално е да прди...
    Чај од ким помага при гасови.
     
    На Hippie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.597
    Допаѓања:
    9.469
    Пол:
    Женски
    На 3+ години развиваат ли стравови, ставови или којзнае како да ги наречам. Случки со ќерка:

    - Одиме пред време во едно игралиште, се погоди да игра таму и се изводени. Врнеше претходно, не забележавме дека дел од лизгалката е воден. Кога и да споменам таму да одиме, прв одговор е таму се водени лизгалките. Време ми требаше да се убедиме дека се сушат и дека не се водени.
    А не ја караме оти се изводенила или слично.

    Вчера зема јогурт да пие, ми го носи мене јас да и давам. Зошто прашувам кога знаеш сама, ми враќа да не си ги извалкала алиштата. Пак барем јас не сум ја карала и да се изводени, накапи или било што. Е сега дали во градинка ја карале, дали кај бабиве кога е.
    Се убедивме дека може сама и јадеше без проблем.
    Ама за куп работи последниве неколку дена прави вака, како со страв да им пристапува.
     
  11. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Ќерка е 4,5 години. Имавме на 2 години уринарна инфекција. Од тогаш неколку пати имаме испитувано и од тогаш не е имала. Проблемот е во тоа што некогаш има периоди на често мокрење. И кога испитам урина е добра, нема бактерија. Еве моментално цела недела мокри многу често. Пример некогаш на 1-2 часа, некогаш на 30 минути. Исто после мокрењето некогаш пушта неколку капки во гаки. Секако ќе испитам урина во понеделник, но до тогаш чисто сакам да прашам дали некој има искуство да има често мокрење, но да нема бактерија во урина. Да не има некој проблем со бешика, стварно не знам.
     
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене:)
    Се селам од 2 години во групава,официјално сме 3. :party:
    Ама наместо да станува полесно, мене ми станува се потешко и потешко.
    Како ви се децата мајки на 3 години?
    Од мирно девојче, стана змај. Ништо не ме слуша, само се дере, тера инат, на се што ќе и кажам НЕ прави обратно.
    Немој на улица, за инат трга натака, почекај ме, почнува да ми бега.
    За спиење, да не зборувам.
    Не се изморува! Не сум навикната на вакво дете, стварно ми е чудно.
    Секој ден сум преморена, нервозна, зборувам и пак ништо.
    Периодов нема интерес буквално за ништо освен да прави глупости.
    Ни играчки, ни книги, ни нешто да се заигра, само нешто квичи и повторува дека и е досадно.
    Како е кај другите?
     
    На lackygirl, le.soleil и 1209 им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.748
    Пол:
    Женски
    Дали сте направиле други тестови освен уринарна култура?
    Ехо на бубрези, рефлукс на бубрзи и сл?
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.748
    Пол:
    Женски
    Мене ме нема на форумов со месеци а причината е зошто буквално сум исцрпена.
    Мм е во странство уште, сама сум во се, многу малце помош имам а детево е како полудено.
    Од мирно, разбирливо дете, сега имам ѕвер.
    Некни буквално цел ден плачев од него, од што немав веќе сила и се осеќав толку немоќно да се справам.
    Не знам како ќе ја преживеам фазава ама многу е тешка.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.597
    Допаѓања:
    9.469
    Пол:
    Женски
    Надежите дека до 3 ќе се опамети, бар моево де, паднаа во вода. Се може сама и тоа што не може. Се смее сама и тоа што не смее.
    Ко со дрво да си зборувам.

    Прави работи што 100 пати, море милион сме рекле не смее.
    Од како е родена 90% од времето е со мене само кога сме дома, работам се со неа и веќе од глава ми се одбива.
    Јас рандом муабет што би се рекло сама со себе си зборувам - одам да ги ставам чиниите во машина.
    Трча пред мене, вика од кои капсули да ставиме. (facepalm)
    Ама ни некој бара, ни пак има дозвола да чепка таму.

    Или за машината за перење.

    Јас: одам во бања да ставам алишта во машината.
    Таа 3 чекори пред мене: Од кој прашок да земеме.

    Интерес има само за глупости правење.
     
    На 1209, le.soleil и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    2.573
    Пол:
    Женски
    Зa две годишните нели популарно е дека се во "terrible twos" фаза.
    E ама тригодиншниве се тринејџери и се бетер него 2 годишни и 13 годишни заедно :D
     
    На kozuf, dromka, le.soleil и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    Потврдувам :sweat: (fingers)
     
    На Mandela, le.soleil и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  18. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    лелееее... до кога трае оваа фаза? кога ќе почне да има разбирачка?
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.357
    Допаѓања:
    18.377
    Пол:
    Женски
    Еве 5 е, и уште нема разбирачка. :x
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Вчера качи температура 37,4 и веднаш отидовме на брза помош дека се сомневав нели на уринарна. Направивме таму лабараторија и урина, добри беа резултатите. Направивме таму и ехо на бубрези и добро беше и ехото.(претходно имавме застој во двата бубрега, сега само на едниот 1 степен) сега е исто прв степен. Останува кај детски нефролог да се прегледа мочен меур. Во мегувреме да видеме каква ќе е ситуацијата. Инску често мокри по малку. А кога сме излезени може да не мокри и 2-3 часа.