Ок застој е видено ама не се сеќавам може зборевме рефлукс дали е проверено? Тоа е посебна процедура и се прави во Плодност.
Еве незнам дали темата е за тука ама морам да се олеснам,маж како маж исто како да не си му кажал Имам едно дете,5 годинки,дружељубив е,не се закача,сака да игра со сите Едно дете од градинка многу го сака,го обожава Претходно многу си играа,неможеа да се одвојат,последниве две три недели детенцето го избегнува,му префрла за се нешто,во смисла мајка ти не те пушта во продавница, иако јас сметам мали се,или неможе да играш со нас( има постаро братче па ете мислам под негово влијание дека е),не му дозволува да игра со топки што носат,да си носел од дома он Денес ми прекипе чашата,кога видов дека моево само за да биде во негова близина,чучнат долу со топката,ова го клоца,а брат му го удри,а моево плаче ама трпи Едвај се исконтролирав,само го земав детето и си заминав Мајката како и секогаш,не е ништо еее деца се,ама не е така Во градинка пак воспитачката вика умни се си играат ама ете јас кога ги гледам не се И незнам што да правам,совет ??? Можеби деца се,да ги остаиш ама вакво понашање не личи на толкави деца
што мислите или искуство за дете од 5 години, како активност да има во Малац генијалац, Бреин о бреин?
Големиот на таа возраст одеше во малац генијалац и него му беше забавно, зошто секако многу имаше интерес за математика. За жал после прваче не продолжи зошто не знаевме како ќе се снаоѓа со училиште + спорт и прекина.
Мајки нешто си мислам подолго време па да видам имам ли проблем. Се фаќам често како сум намуртена, некако како на сила правам се со син ми, не се смеам веќе искрено од срце. Да преуморна сум од целото секојдневие обврски дома работа, плус 3ипол години е малку тешка возраст и ваљда сум уморна од борба за трпение. Играм со него се гушкаме се тоа, ама некако ми ја снема позитивата, не ни паметам дали се смеам, дури и често знае да каже баш смешни нешта и јас ќе се насмеам ама онака, површно. Премногу ја тупам? Не сакам да бидам мајка која ќе ја памти стално намрдена, негативна. Многу позитивна личност сум ама се плашам дека со него не сум јас, ми се губи енергијата која ја давам на други луѓе некако
Тупење или не, иста сум. Си препишувам на премор, на премногу обврски, на исто пак исто секојдневие. Буквално до степен да во моментов сум и од временската прогноза разочарана оти планираните проекти за пролетва ми зависат од тоа и се на стенд бај. Ќерка ми со 3+ години си бара внимание постојано, секако не гледа по неколку часа во ден, недоволно мислам. Ама и во тие неколку часа не се нели 100% посветени на неа, оти колку и да речам ќе оставам денес не мора да избришам прашина, а и не бришам секој ден, мора да се направи тоа. Домашните обврски во тие неколку часа на еден или друг начин мора да се вклопат.
Да исто, и тоа време што го имам со него не сум присутна, се правам механички. Многу тежок период, многу. Ме фрустрира се што прави, знам дете е и се тоа ама на него се истурам стално и се јадам после зошто сум таква. Се надевам не сум единствена и ќе помине зашто ме убива грижа на совест
Од мајка што седеше со неа на земја со смислување 300 активности, сега буквално бегам, немам трпение, немам желба, некако немам ни идеи што да правиме цел ден. Исто се чувствувам и кога ќе заспие само се преиспитувам зошто не уживам, зошто немав повеќе трпение пред да заспие и немам одговор на многу прашања.
Се приклучувам на групата. И имам грижа на совест што сум таква, ама у целото брзање спремај за у градинка маратон, убиј се од работа, земи деца, прај јадење, зачисти, пази ги да не се испоубијат, да не запалат нешто, поплава да не направат, и кога ќе ми речат ај да си играме ти биди полицаец ние крадци што значи бркање низ цела куќа, не што не се смеам него полудувам. Не бев ваква, сум се играла со саати со нив ама кога знаеа да седнат на гз, сега се како на забрзана снимка, од глупост во глупост што кога ќе им текне да се играме јас сум веќе ментално отчекирана. Некогаш ми викаат мамо зашто не ме слушаш, или зашто не ми збориш и уште толку тешко ми паѓа. Едвај чекам да дојде време за спиење, само на саат гледам. Ужас од мајка сум, не се препознавам
Исто порано кога ќе ми текне колку си играв со него на под, секој ден активности мислев се нешто правевме. Сега ќе пробам нешто уште пред да почнеме ќе заврши скинато и по земја исфрлано и се откажувам, снемав и желба дури и најобични игри да играм. Некако воопшто не сум посветена на него а не бев ваква, милион идеи во глава имав за кога ќе порасне што да правиме а сега порасна и ништо не правиме. Мило ми е што не сум единствена и малку ми ја смиривте грижата на совест искрено. И јас едвај чекам да заспие и само на саат гледам ама валда таква им е возраста сега што премногу не изморува тоа иако мислиме дека не правиме ништо со нив
И они во оваа возраст не покажуваат заинтересираност. Јас пред некој ден дури читав за АДХД зошто се исплашив дека ништо не и држи внимание. Дури и за песни на тв, само што ќе ја пуштам ми вика смени, друга, друга и така нон-стоп. Единствено нешто што ни одговара е надвор. Она трча, јас пијам кафе или одиме на сладолед, парк и слично. Фазава им е повеќе за трошење енергија. Порано секој ден пред спиење читавме книги, раскажувавме приказни, сега... такво нешто не постои.
Бев слична, додека не сфатив пар работи. Прво, е***о тешко е. Да си признаеме. Тешко е да си родител. Тешко е да водиш сметка за детето, работата, домот, партнерот, пријателите и себе си. Тешко е, ама истовремено не мора сè толку сериозно да се разбира, треба да се најде начин да се опуштите. Да, треба милион работи да се напраат, ама не можеш секогаш сè. Нешто ќе страда, дали ќе остане неисчистено, дали ќе се руча купено од надвор, дали и овој пат нема да се видите со пријателите.... нешто нема да се направи. Баталите перфекционализам. Нешто мора да е побитно од друго, не може сè да е еднакво важно. Не сме роботи, зачувајте енергија и за дружба со малите. Друго, нема поента во форсирање активности. И јас праев diy активности, смислував занимации, пробував сè и сешто, накрај или инстантно ќе го уништеше тоа што го смислував или јас ќе си се занесев сама да си го напраам, хаха. И баталив, нема зошто да нè мачам, мене со работа, неа со нереални очекувања. Најмачно ми беше еден период кога најмногу сакаше играње со улоги, мајка/бебе, учителка/ученичка, готвење/јадење, ужасно тешко ми беше тоа играње, скроз ве разбирам. Среќа веќе ретко и' текнува, така да, мислам дека треба да се има во предвид дека мењаат децата, има голема разлика помеѓу 3 и 5. Издржите. Трето, пробајте да најдете игра што и' вас ќе ви биде колку толку интересна. Кога црта, вистински цртам и јас, поготово со темпери ко ќе земеме. Кога ги решава детските задачи со активности, решавам судоку. Надвор интересно ми е кога играме 'тенис' со едни лесни рекети и топче. Нешто интересно се наоѓа, не е сè досадно. Четврто, мултитаскинг. Влечам книга секаде со мене. Буквално стојам на улицата наша за да ја надгледувам и читам книга. И во парк на клупа. Кога одиме на едни понепрометни лулашки, си го носам јажето за скокање. Правам пар вежби. Дур готвам гледам нетфликс. Такви некои работи. И постојано се потсетувам: ќе порасне. Ќе ме батали. Нема да и' бидам повеќе интересна. Нема да ме бара да играме. Нема можеби ни да го посакува моето внимание. И тоа највеќе ме крева од кревет.
Ве читам сите со последниве објави.. значи си читам и си плачам Истиве ситуации и мене ми се случуваат периодов и помислив дека сум сама со овие маки како себична немајка Навистина исцрпува 3+ возраста, поготово мајки кои се 24/7 со дете.. Кај нас моментално функционира само надвор.. пешачиме добра километража, вози балансер, додека е на лулашки јас пијам кафе и "одмарам", пазариме заедно, готвиме заедно (колку се можностите). Периодов му е хит комуникација со вработени низ продавници и луѓе низ населба.. прашува дали има нешто што бараме, каде се наоѓа, како се вика, каква кола вози, дава пари на каса и со сите веќе е на ТИ, нема гајле Многу ми е интересен, го оставам нека се опушти, да не се срами Направи сам активности некако баталив, во секунда ја снемува, а сум се мачела цела недела да ја направам. Редиме сложувалки, некои полесни активности како перење на колите со вода, или со камионите во кинетички песок истура-претура.. ама гледам повеќе да сме надвор да држам и јас кондиција и линија
Само градинка за оваа возраст. Синот ми е 2ипол, внуката 3ипол, во истата градинка се, секој втор ден се заедно дека спојуваат групи. Ги земаме во 4, и во 6 пак мора да се здружиме зошто инаку не можеш да ги постасаш со играњето. Вака меѓу себе си наоѓаат занимации. Имам и ќерка 7 години, па и она како учителка им доаѓа. Сто пати поубаво им е заедно отколку со мене. И надвор да сме, пак се завршува со : мамо, мамо, мамо. Вака пак до спиење се со друго дете, и брзо ни проаѓа денот. Кога е некое болно, па сите затворени дома 24/7 ми е како казнети да сме. Само градинка му е чарето.