Претпоставувам преспива, син ми така прави навечер ако не преспие преку ден, па кога ќе заспие зборува, станува, плачи и сл. Од премор најверојатно.
Дајте идеи каде би се одело со деца од 5 години, на жешково? Некое место за разладување, базен...? Може и надвор од Скопје.
Преспива, многу ретко е без дневна дремка. Така да ни премор не можам да кажам дека е во прашање. Да многу е активен, седење на газ не знае што е што се вели. Ама денски спие и спие два саати. И пак вечерите ни се со будења. До некаде се поморив и си велам такво си е детето, ама пак црвчето ме јади и би сакала да можам да ја детектирам причината зошто се дешаваат тие будења секоја ноќ.
Гледам на видеа генерално од Америка за деца околу 3+ години форсираат пишување букви. Нели е рано за тоа? Истово и на Бебо апликацијата ми излезе Не дека ќе земеме да ја учиме азбуката од сега ама некако ова достигнување баш како за претшколска возраст ми беше. @Ceneva , дали имате таму некои опции за тренинг или групи за учење/играње од 3+ години? Во градов кај мене повеќето се 4+ меѓутоа има и 2-3 активности што се 3+. Балет, едно како гимнастика... Евентуално за пливање ако имате опција каде. Може на баткото би му било интересно и повеќе ќе е окупиран со следење правила, концентрација.
Јас не се замарам да учи азбука, мали се. Цел живот ќе читат и пишуват. Инаку има активности од 3+ ама сакаат да нема пелена. А ние сме уште со пелени.
Мислам дека поентата е повеќе да вежбаат држење на молив и фина моторика, не толку до пишување букви.
Дали сте правеле алерго тест на 3 год? Приметуваме промени на променливо време па се мислам дали да не упати педијатарот за алерго тест или да почекам уште малку? Претходно велел да почекаме мал е ...
Алерго тест ради променливо време може да се испита преку крв ако не се лажам. Какви промени приметувате? Кивање, течење нос, чешање очи уши?
Нос, солзење очиња, и чат пат кивање или како поткашлување, исклучиво кога е промената да речеме дување ветер ,дожд а претходно сончево и слично... Претпоставувам преку крв но лани кога приметуваме ни велеше да почекаме да наполни 3 значи да си побарам сепак упат за тест ?
Ве молам за совет како да постапам во ситуацијата. Со ќерка ми во градинка има едно девојче што јас лично ја слушав како и зборува дека ќе ја скрши, ќе и го скрши носот раката итн. ќе и удрела бокс, значи такви зборови на насилство што јас стварно не знам од каде доаѓаат на три годишна возраст. Во ситуацијата и јас кога бев присутна ми беше незгодно јас да карам туѓо дете во присуство на родител, ама па немаше според мене соодветна реакција нити од мајката нити од другите родители но нејсе можеби и тие не сакаат да се мешаат. Ќерка ми плачеше пред спиење, го смета девојчето за нејзина другарка, почна аверзија да и се создава кон одење во градинка и јас ја учев да се брани, дека никој не смее така да зборува со нејзе да вика не може ти мене да ме скршиш. Претходно навистина родителите на девојчето ми изгледаа како да се на место и ми беше чудно зошто детето така се однесува, ама сега добивам впечаток како од дома да ја учат така да зборува дека почнала сега и да ја навредува ќерка ми. Навистина се многу мали за да зборуваме за насилство и јас сум многу вознемирена од сето ова. Сега за сега пробувам да направам некоја дистанца, ама не знам дали јас грешам во ситуацијата што ја учам така. Срце ми се кинеше кога ја гледав колку е тажна, а што можам да направам освен да ја научам колку што може да биде поотпорнаи. Само три години имаат, што ќе биде кога ќе пораснат...
Ќе се смират, ќе заборават, зар вие не се каравте со другари како мали? Слушнато има од некаде, колку само дома зборувам едно ќе слушнат надвор нешто неубаво, па почнуваат со глупости. И мене ми се има десено ќерка ми да е повредена и тоа поголема, налава пак 3г има рече на едно дете дека премногу ја нервира и ќе го фрли во канта, јас втонав од срам и со неа разговарав дек не е во ред така и од кај и е тоа ми рече дада кога се изнервира за една играчка фрли во канта не ја сака и јад детето не сакам. Знам дека не е во ред, не ни мора секој да сака, нити јас и ти секој сакаме ама треба пазење и разговор. Ми се десило и големата да се степа и родители на др дете да не реагираат, ми се десило и моите и другите деца да грабаат крвнички. посегање да се удри, удирање, штипење и за таа возраст е скроооз честа појава. Твое е да зборуваш дека тоа не е во ред и да кажуваш дека ако и е другарка и сакаат да си играат ќе се смират. Јас кажувам дирекно на дете ако нешто неубаво постапи, кажувам и на родител, очекувам и мене да ми кажуваат ако моите нешто згрешат. Замисли на мојата лани беше настината не одеше некој ден пред зграда и кога слезе почнаа да бегаат сите од неа им рекла другарка нејзина дека е болна и може сите да ги зарази, пази татко и и рекол да не си игра со мојава оти ќе ја префати. Детево мое липаше на цел глас како шуга да има.. си доби татко и по капата. Ќе се изнавидиш и изнаслушаш доста работи и од твое дете и од друго, битно е правилно да реагираш. Не се потресувај деца се, ќе заборават.
Сме имале и порано ситуации кога ќе се скараат деца па ќе се смират, мислам сосема нормално но ова не ми делува дека е таков случај. На пример денес ја навредувала ќерка ми и и зборувала јас каде имам живеено порано, што нема тоа од каде да му текне на детето само од себе. Искрено сакам само дистанца и да престане ќерка ми да и биде мета, јас мислев дека ако покаже таа малку отпор дека ќе се повлече, ама изгледа како само да ја ескалира ситуацијата. Затоа не знам како да постапам, а и не можам само да оставам бидејќи не е сеедно за мене како родител. Сме имале ситуации во кои што деца како деца ќе се скараат и ќе се смират и тоа е нормално, ама мислам дека не е во ред да се користат толку многу насилни зборови и навреди на оваа возраст, и тоа континуирано.
Што велат учителките на се ова до оглед на тоа што ги гледаат во градинка и имаат повеќе увид во ситуацијата?
Здраво, мајки. Сакам да ве прашам дали некоја од вас поминала низ вакво нешто, бидејќи навистина сум загрижена. Ќерка ми има 4 години и речиси секоја вечер се буди со силно плачење. Кога ќе ја прашаме дали ја боли нешто, дали сака вода, дали сонувала нешто или што не е во ред, најчесто не знае да ни каже или само продолжува да плаче. По некое време се смирува и повторно заспива, но мене ова навистина ме загрижува. Дали имало некоја од вас слично искуство? Од што може да биде? Дали е само фаза или треба да побараме совет од лекар? Ќе ми значат вашите искуства и совети. ❤️
Ние го имаме овој проблем. Нас веќе лекарот не советува да го носиме на неуролог. Но никако да дојдеме до термин. Дефинитивно има нарушување на сонот моето. Кај нас се дешава многу одамна,кога беше помал беше периодично но сега во последно ретко да прескокне вечер без плачење и вриштење. Исто ништо не одговара на прашањата. Како во полу сон е. Некогаш знае да каже дрка го болат нозе. Ама обично само вришти на цел глас и целиот се витка, вртка низ кревет. Се дешава 2-4 од заспивање кај нас. Ако е и кај вас така вероватно е ноќни терори. И нашиот лекар мисли дека е тоа само што не е типично што е секоја ноќ и затоа вели неуролог да го види.
Моево на по некоја вечер знае да се разбуди без големи плачки и врескање ама да прераскаже нешто што се случувало во денот или претходно. Или поим немам што, како да преживува повторно настани. Па кажува изјави - каде си ја оставивме книгата? - во градинка направивме цвеќе - ни се истури сокот дома... За брзо после тоа презаспива.
Мајки помош, споделете ваши искуства како малиот (3) да го префрлам со спиење во детска кај големиот (7)? Големиот веќе неколку месеци спие сам,го избрка татко му. Си имаат два кревети. Малиов многу пати се силел ќе спие таму,па не заспива прави глупости и го зимам на крај. Вчера легнав и јас до него и некако заспа. На сред ноќ се разбуди со плачење и си го земав во спална. Има некои трикови за полесно навикнување?
Да пробате од ко ќе заспие да го носиш в детска, иначе пак со зборување, голем си ќе спиеш со бато во детска, па и некоја награда да добие, некоја играчка..тоа ми текнува сега. Моите 7г и 3 год спијат во детска од февруари годинава, дотогаш и големиот спиеше со мене, потешко му беше него спиењето во детска отколку на малото, тоа беше пресреќно дека ќе спиело со бато па имаме денови станува ноќе (малото) и само си иди в спална, некогаш плачи па одам таму или ќе го земам или ќе легнам и јас со нив в детска дур презапие. Сношти прв пат спиеше само малото в детска, брат му остана кај баба му да спие. Па најмирно спиеше ноќеска.. Иначе 3год прави сега во август, тантруми има многу, се сака сам да прави. Ако не му се бендиса блузето што ќе му го дадам пишти и сам го слекува па си одбира тој друго Се одвикна од пелени пред месец и сам се слекува за мочкање, многу е извишен и истанчен, како големо дете ми е
Баш сега минуваме низ ова. Ние оддамна му збориме колку му е убаво креветчето, како мечињата спијат сами таму жално за нив, дека големи деца си спијат во соба бла бла имаше неколку обиди неуспешни ама и јас не бев упорна зашто чекав да се средиме скроз со вадење памперс, ми беше страв дека знае да продолжи да спие мокар а јас нема да го сетам ако не е до мене. Првата вечер се убедивме лесно на муабет дека он е бетмен и ќе ги чува мечињата негови додека спијат затоа треба да спие со нив ама заспивањето траеше саат ипол, не прашувај колку трпение ми требаше да не го земам во спална. Сакал ќебе, нејќел ќебе, па што е тоа да види, па кое мече каде треба да спие и сто пати да ги премести, па јас на стол приказна да читам, не таа друга, па трета, па не сакал да читам туку да раскажувам од моите, па не песна сакал, немаше крај оф. Ама заспа, се разбуди еднаш само ме викна дека сакал во спална, јас му кажав ама бетмен не спие во спална треба да ги чува мечињата и продолжи па до сабајле. Синоќе беше втора вечер тешко заспа ама не се разбуди воопшто до сабајле. Преку ден стално го фалиме колку е голем дека спие сам, колку е силен како бетмен и дека мечињата се многу среќни сега и многу го сакат зашто ги чува, филм околу постелнината исто земавме со ѕвезди што свети. Ќе видиме засега е ок, се надевам дека ќе станува и полесно. Обавезно седи еден од нас до него на столче се додека не заспие, сам мислам нема шанси одма ќе излезе. Пробувајте вака некоја приказна да му создадете, зборувајте без форсирање направете му возбуда околу неговиот кревет, олеснување е кај вас што нема да е сам па може и батко му да смисли нешто возбудливо како демек нему му се случило кога почнал да спие сам во кревет. Со лесно, ќе биде и ова еден ден, не се стресирај околу обидите битно е вие да сте смирени