Ако ви е за утеха, нашата има полни шест и сè уште спие со нас. Ние ја заспиваме во нејзината соба (обавезно мора некој да ја заспие, сама никогаш не заспала) и после во ноќта обавезно доаѓа кај нас. Во една друга група прашав за совет и ми рекоа дека е тоа нормално и дека нема ништо лошо во тоа.
Јас првото дете не ни помислив во друга соба да го носам си спиеше до мене во креветче дури не се роди второто, тогаш беше 4год и 8 месеци, па бебето в креветче го ствава, големото од другата страна до мене на кревет си спиеше, мм во детска така досега до пролетва, полни 7 год големото
Епа сега значи второто е дискриминирано . Јас второ немам и значи може да спие со нас додека не се омажи . Пробавме секако и не бива, рече дека прво требало да научи да вози скејт, па ролери па после ќе научела да спие сама. Ама како тргнала работата прво ќе положи и за кола па после можеби и да спие сама.
Ние поминавме лесно, од 2г точно спие со сестра и. Секогаш легнувам ја до неа додека заспие, ако пак стане навечер, а тоа е ептен веќе ретко легнувам до неа пак додека презаспие. Со големата пак имав проблем до пред пола година (6г) , е она стануваше буквално секоја вечер ама јас секоја вечер ја враќав во кревет нејзин пополека ако случајно вечерта нешто лошо спиела и се инаетела попуштав под договор утре секој во свој кревет.
Предложете некој шампон за коса и тело. 3 ипол години од 0месеци е на Мустела, сакам да му променам. Дм има нешто добро?
На Хип. 2 во 1 е и шампон и купка. Големиот е скоро 7,уште со тој му мијам коса,за тело биодерма користимњ
Мајки на машки дечиња, каков гел за коса користите? Има ли некој добар детски гел, да не е многу јак, туку само малку да ја крене косата?
Пробај со лак-спрејче некое, а иначе има и пудра во прав што функционира како гел, а при тоа не ја светнува косата како гелот. Не знам дали има нешто безбедно за деца за секојдневна употреба, ама ако ти е за понекогаш за некоја пригода можеш да искористиш било што. ———————— Син ми направи 4 години пред нешто повеќе од месец. И месец ипол како е на распуст, се враќа во градинка во среда и едвај чекам искрено. Во овој месец ипол, не си го препознавам детето. Секој ден е борба. Стана страшно непослушен и често игнорира кога воопшто му збориме. Прави бељи се нешто му истекнува а уште повеќе изговори, неколку пати трчавме и на итна оти лошо ќе паднеше или ќе се учукаше оти ниту кога спие не спие мирно, а кога е буден не знае ни да оди, само трча и скока. Знам дека е во фаза на тестирање граници и истражување, ама и физички и психички ме премори. Не знам како да опишам, ама како престана со градинка, како преку ноќ да се смени детево. Дали има некоја таква тенденција да се распрдуваат максимално на распуст и дали има светло на крајот на тунелот, кога ќе се врати во градинка да се стабилизира бар малце? Оваа му беше прва година во градинка и немам со него друго вакво искуство. Или нема врска со градинка и до годините е? Ќерка ми на пример почна да се смирува кога направи 4, беснилото и почна порано.
Мислам дека има влијание отсуството од градинка. Им се губи редот и рутината, плус не се доволно изиграни и од тука најмногу се раѓаат идеите за непослушност и правење глупости. Син ми има 3г, во градинка оди од 1 ипол. Поголеми паузи нема правено, меѓутоа секогаш кога паузирал недела-две се гледа промена во однесувањето. Не дека е 100% до градинката, имаат удел и возраста, карактерот и слично, ама големо влијание има и таа.
Кај нас е до годините, не е до градинката...проблем е кога не се во градинка што подолго ја преживувам "фазата" И ја тоа си викам, треба да се смируваат а не да збеснуваат уште повеќе, ама не.
Големата (6) беше 3 недели на распуст и сите не полуди дома. Денес почна и мир имаме. Некако досадно и е дома, играат со сестра и и почнува намерно да ја буцка и оваа малава пиштење само значи мозокот ни зовре. Сакаат они ред и незнаат што со себе кога се дома подолг период.
Здраво мајки, синко ќе прави 3 набрзо и е доста опуштено дете што уста не затвара. Но секогаш кога одиме ма гости или иницијално е со нови луѓе или некој што не го видел подолго време се засрамува и се повлекува позади моите нозе. Сите тогаш коментираат како е срамежлив што не ми се допаѓа, едностанвно му треба време да се опушти. Јас исто сметам дека е скроз ок да се осеќа така ама се чувствувам дека грешам и го форсирам да се адаптира побрзо отколку што е спремен. ми треба совет како да се изразам што да кажам кај што јас го валидирам детето дека е океј тоа без притоа да му давам придавки и ептитети зошто не сакам он да се осеќа тапа
Нема што да форсираш. Стави се на негово место, му се приближуваат баби, тетки од близу го тормозат пукаат со прашања, па ни јас не сакам така камоли дете. Си иде тоа со годините, ќе почнува да вика здраво и пак ќе се трга на страна, па и возрасен човек кога не познава некој вели само здраво и се трга остава да праат муабет тие што се познаваат. Ако сака да каже здраво во ред ако не и гледаш дека му е непријатно кажи да го остават. Јас си им велам немој да форсираш, немој да ја задеваш и не ме интересира што мислат. мојата голема не велеше здраво на никој со поглед убиваше, сега е 6г и ќе рече срамежливо здраво, малата па поголем шегаџија ја нема, ептен е опуштена со тие што ги знае, а со други кога ќе се намурти аууу ама не ме засега мала е (3)
А зошто да се објаснуваш. И моето се крие позади мене. Јас буквално не се замарам кој што ќе каже. И не ме погодува тоа што ќе искоментира дека срамежлив. Секое дете минува низ тој период. Нормален период на секое дете. Ти се држи до детето, не форсирај да се опушти, зошто тоа нема да се случи. А ако навалуваат луѓето, заштити го и кажи оставете му простор ќе се опушти.
Исто е мојата. Јас ништо не зборувам, гледам да бидам опуштена и да не потенцирам ни дали се срами ни дали да каже здраво. Ќе прозборат, ќе поќути и ќе прекинат.
Мојава е 5 год па до скоро знаеше да се скрие позади мене и да не се мрдне. Сега се опушта полека ама пак не секаде не со секого. Кога сме оделе на гости или кога доаѓале гости ако се пикне во мене или ако се скрие позади мене не сум ја терала ни да збори ни ништо само им викам и треба малку време да се опушти. Амааа кога ќе се опушти иди па сопри ја
Мајки, се префрламе од бебешко во детско креветче. Ве молам кажувајте квалитетен душек (без мемори пена) 90×200cm од каде да најдам? Само ми кажаа Комодита да ја избегнувам, не биле добри