Јас на бебешкото креветче имам симпо и е супер. И размислувам и за детско кога ќе дојде време исто симпо да биде.
Мајки на 3,5 годишници, дали уште инсистирате на дремки? Почнавме да прескокнуваме летово повремено и супер си функционира. Е ама во градинка инсистираат на спиење, барем во нашава. Е кога спие дома, дома се подоцна и подоцна е вечерното спиење. Дури и мислам во деновите со дремка спие помалку часови собрано во деноноќие отколку само со ноќно спиење без дремка.
Зависи од денот кај нас, ако не можи да заспие не ја терам, ако е уморна сама си легнува и заспива. Иначе големата пред 2,5 престана и нема шанса да заспие само ако е болна.
Дома не спиеше уште на 2ипол, во градинка до крај ја тераа да спие, иако дома за викенди не спиеше никогаш. Последната година во градинка невидено малтретирање ми беше што ја тераа да спие, ќе им дремне 20мин и мене не ми заспива до 11 навечер. Ако можеш да се разбереш да не го заспиваат, супер. Јас не ја гледам потребата да се форсира дремка ако на детето не му треба. Ама ете моето искуство е дека не даваат да не се спие таму.
Исто, јас би избрала да не спие оти борби водиме на вечер. Ќе видиме од септември сега каков принцип ќе тераат. Во градов тераат политика дали оправдана или не, ако не спие или во најмала рака да лежи 1+ час, да се зема на пладне. Не ни рекле ништо засега, од искуства на блиски тоа. Вака ем се мачи со дневно заспивање, ем уште повеќе пак со ноќно се мачиме.
Мојот уште има дремка и ми се чини дека уште долго ќе ја има. Не издржува без дремка. Спие и дома и во градинка 2 саати и вечер во 21:30-45 заспива. Пред некој ден во градинка го разбудиле порано деца, леле мајко беше работава кога го земав, ништо не му беше погодено. Ми идеше да го вратам да се доспие.
4 години е и уште спие дење саат,саат два кога е дома и во градинка спие. И вечерта пак си легне околу 21ч.
Да заспива во 21 ама ич не се бунам. До 18 години нека преспива ако сака. Ама 21:00, полека премина во 22:00. Летово да сме надвор подолго и да се умори ептен, ама ептен 22:00 ја фаќа. А ако од Х причини не излеземе или немаме некои активности знае и до 23:00+ да ја фати додека се успие, а тоа е прекасно по мој стандард и мислење. Ова кога не е воопшто уморена. Јас сум веќе преморена, не пак дете.
На блиски ќерката и во прво одделение спиеше попладне. На почетокот од школска година и заспивала на часови. Моиве деца толку саати како нејзе не спиеле ни на година ипол, а не па на 7 години. Ако дете сака да спие, супер е да си има дремка. Ама ако може без неа подобро е порано да се елиминира, и да спие од 21ч до 7 сабајле, отколку од 23ч до 5, па да отспие 2 саата на пладне.
Здраво, мајки. Скоро наполнивме 3 годинки, па со тоа и завршивме со д3 и омега на бебитол што се до 3 год. Ме интересира дали и кои витамини ги давате? Би сакала да му давам оние што се основни, потребни за организмот, ништо претерано. Бидејќи и оди во градинка. Ви благодарам, поздрав.❤️
Бејбитол одамна ги прекинавме и преминавме на Молерс. До кај 3 години давав поредовно. Последниве месеци некако и мене ми е мачно, а и на дете само да вртиме со лековите. За есенва планирам да продолжиме со витамин Д3. Повремено и по потреба давам пробиотик- мечиња "чоколадни". За омега ако давам Молерс. Пробавме и сируп на DoppelHertz ама тој доаѓа релативно поскап од другите. За редовно да давам нешто освен витамин Д3, не планирам. За по потреба може и витамин ц.
Еј, да. Немаше да ми текне на нив. А, знаеш дали сеуште работат во Скопје? Ниеден телефон не им е активен, на Инста немаат пост скоро година дена....
Ќе си осетиш. Внуциве од 2-3г се без дремка. Мојава 5 ќе прави во декември уште спие. Се мачиме не дека не, ама ако не дремне треба во 19 да ја легнам пошто е неподнослива. Во градинка кај нас мора да лежи барем за сега како слушам и она си лежи, може ќе дремне, може не, после го јадеме ние додека да легне вечерта. Ако она функционира од 7 до 20 без проблем, ич не би инсистирала на дремка. Може и некој преоден период да е. Имаше едно време ок беше цел ден без спиење, еве ја сега поголема па нервозна станува ако не преспие.
Е тоа не знам. Нека каже некоја мама од Скопје дали работат сеуште симпо. Јас живеам во србија и тука купив да бебешкото.
Не инсистирам ама болна точка ми е. Од кога се роди се гледаше дека нема да е по спиењето и така си остана. До кај 2,5 години негде успевавме да држиме ред иако морам да признаам со мака, а како поминува времето се потешко е. Деновите кога не спие ја фаќа криза кај 5-6 и станува неподнослива, раздразлива и едвај чекам да ја легнам. Деновите кога ќе дремне макар и пола саат не можеме да ја заспиеме до 10, некогаш и повеќе. Не сме пропуштиле ден да не е надвор да се истрча, ред има за други работи ама за спиењево веќе кренав раце. Во градинка има правило дека ако не спие мора да лежи. Се молам побрзо да ја поминеме преоднава фаза кај што ја фаќа попладневна криза и да си спие нормално од 9 до сабајле.
Како за моево да си пишала. Потпишувам од А до Ш! Најнеомилена активност му е спиењето, да има како ич нема да спие.
Син ми се удри од ивица на врата на образот и прилично му е вцрвенето иако е веќе 4-5 дена стара повредата. Изгледа го чепка и лупи во градинка иако нон стоп му кажувам дека не треба. Страв ми е да не му остане белег. Што можам да мачкам, имате ли добро искуство со некоја крема за вакво нешто?
Мене матичната ми препорачаа канестен за таква лузна, мачкав околу 1 месец секој ден ама остана уште и се познава малку, 4 месеци поминаа откако се удри. Се надевав ќе помине, ама не.. ме потсети и јас да барам нешто за мачкање