Контратубекс е за да не му остане белег, ама не се става на отворена рана. Инаку погоре пишале канестен. Тој е за габична инфекција,не знам по која логика е препорачано за лузна
После 2 години престана да спие преку ден, спие само во градинка и тогаш нема шанси да легне пред 10ипол...
Дали на 3 години вашите измислуваат некој јазик? Проблем со зборување нема, знае да гледа Дијана и Рома во последно време и се мислам дека од таму имитира. И кажувам да не зборува така, ме нервира некако да збори нешто што нема значење, мислам треба да и е помината таа фаза. Како е кај другите? Да ја прекинувам, оставам, нормално ли е?
И на 4 и пол некогаш си збори "кинески" јас шо викам Не глеам нишо страшно, сепак знае да збори како шо треба. Само понекогаш се глупира. Јас не ја ни опоменувам, после некое време си прекинува.
5.5 e мојата па уште знае да зборува понекогаш некој чуден јазик така уз игра со имагинарното другарче Патија Инаку жива здрава сум дааа.
Кои нерви? Отрпнато е веќе се' ...и баш ме брига Само да сме на број и живи здрави сите Малку офф топик.сорииии.
Уште пред три да наполни некогаш си зборува на измислен јазик и многу сака да му реплицираш на ист начин, се гази од смеење. Него не му е од тв и не гледам проблем во тоа, напротив, си има фантазија. Нормално и течно си разговара на македонски, а тоа му е како некоја игра. Не знам зошто се нервираш.
Си измислува и моево, се преправа, мене ми е интересен. со 2 тодлери богами нека се живи и здрави само. Го истуркавме летово, в градинка- дома, сега 3 недели со 2 антибиотици малото, кое направи 3год на 16ти август па официјално во темава На 40+ минатата недела двајцата со тт 40 ми беа, со афти во уста, а крвна слика бактериски Па плачење, не јадење Па дали беше коксаки или стрептокока не откривме, битно помина, со нови сили почнуваме учебна година 3то одделение големиот и градинка 2ра мала, малото Иначе многу се тепаат, се караат Лудило...малиов е полош и скоро секогаш крив за сите кавги Дремка в градинка си има, дома ако стани во 8ч сабајлето си има дремка кон 1ч ама ако стани покасно после 9ч нема дремка. Многу касно ми заспиваат двајцата летово, под 23ч не сме навечер.... Во кратки црти тоа мајка преродена 3 месеци во теретана 4 пати неделата убајна
Мене низ уши ми чади од не. Не можам да поднесам и ме тригерира постојано. Еден ден е супер, после крај не се наоѓа. Кажете дека е нормално, јас вака не си го претсавував. Дури и баба и некна рече, дека е палава многу, а она и две други внучиња има, така што . Инаку е само палава и хиперактивна. Не е невоспитана и многу се работи со неа, ама ние сила немаме веќе.
Немам време на многу долго да пишам, а имам многу што да кажам. Има многу тантруми и ќерка ми, држам граници и гледам да не и попуштам, ја оставам да се исплаче, гледам да си полнам енергија некако да не прегорам. Некој краток момент за себе во денот. Не слуша често и вика не, па ми вика ти не знаеш ова, не знаеш она. Мајка ми стално ми вика дека е разгалена затоа што плачела. До душа стално е еднаш на месец два кога ќе ја види. Според мене разгалено дете е да плаче и да го добие тоа по што плачело како резултат. А ќере ке си поплаче, па ќе стане, ќе рече ми помина. Ама тригерира страшно, и плачењето, и коментарите. И другарки ми имаат речено дека нешто грешам што има тклку тантруми. Си се преиспитувам секако. Поддршка. А што точно мислиш палава, што прави
Мене ми е проблем шо не можам да ја убедам дека не е страшно да ти е досадно, дека не мора 24/7 да се прави нешто и ужасно ама ужасно ме вади од такт шо не може да си поигра сама 5 минути. Ќе и дадам цртеж за боење, дојди со мене Ќе и извадам коцки, реди со мене И седи и ме чека. Значи не сум мајка што не сака да си игра со детето, и мене ми е интересно ама кога имам време. Ако излезам од соба на 5 минути на меил да вратам или нешто било што, таа зима далинско и врти по програми и седи ко мисирка и ме чека. Воспитана е за по надвор, ја гледам како се однесува и ми се допаѓа. Ама дома душата ми ја вади. Плаче, се дере, треска врати кога е налутена и знае да и се испушти да ми каже нешто што не ми се свиѓа, па се објаснуваме дека така со родители не се разговара.. Нема добиено се шо ќе посака, многу често и се забранувани работи или е "казнувана" со одземање на играчки и слично кога однесувањето и ги преминува сите граници ама тоа е за тој саат. После тоа е јово наново и ми се иде да се џитнам од прозор ама на приземје живеам па ништо посебно нема да направам. И така. Си се испукав максимално
Да се пријавам и јас. Исто како се што прочитав погоре. Се работи со детево, уста пена ми фати од зборување, објаснување, повторување. Откако е родена мислам трпение на светица развив и пак успева да ме донесе некогаш до точка на вриење. Не би рекла дека е размазена, цело време поставуваме граници, знае што значи и казна и одземање привилегија, ако има тантрум за нешто да добие или за да биде по нејзино не и попуштаме само за да престане. Кога ќе се смири како ново дете е, дури да не ти се верува. Ама кога е разбесната се си мислам еден ден полиција на врата ќе ми дојде колку вика и плаче. Кога е во добрите е злато, и се заигрува сама и си прави игри, ама секој ден се оправаме со страшно инаетење, тантруми со плачки, прави намерно работи ме гледа во очи се смее, знае да не ме послуша за сериозни работи ако не и е по ќеф и потенцијално се става во опасност. Знам дека тестира граници ама ова е преизразено на моменти и побудалува. Од страна исто коментари. Има луѓе викаат супер била, такви биле децата на таа возраст (3,5). Другиве пак, сум требала да направам второ дете ќе се смирела - вака правела дека сме и биле посветени само на неа. Да сум ја казнувала (казнета е со збор и одземање на привилегии), не била шлапната затоа таква била и слични други коментари и споредби со нивни деца како они вака направиле и нивното одма се смирило или послушало. Инаку надвор и во градинка супер си игра со деца. Не се тепа, бутка, некогаш за играчка знаат да се закараат што е нормално инаку генерално е супер. Со маж ми цело време се преиспитуваме што грешиме, како е најпаметно да постапиме. Јас тврдам после се дека темпераментот игра огромна улога и дека една метода не делува исто кај сите деца. Дајте совет кој знае и пораснал некое вакво темпераментно да го преживееме полесно периодов
Нема да се смири со второ. Од искуство. Само бетер периоди може да има. Карактер е тоа. Ко голема ќе и се најде тој карактер. Ама дур се тренираат на нас, не е сеедно. Јас сум со две, второво годинка ќе прави и е у струја пуштено на најјако, не застанува. Големава е лепак за мене, се е мама. Луна што пиша истото со две раце потпишувам. Културна, воспитана, можеш да се разбереш со неа. Си има и тантруми, дете е. Не попуштаме, си плачеме, си збориме, ќе си свикаме, ќе се скараме. Преживуваме, тоа е. И мене само ми смета што рееетко знае сама да се заигра. Све е гледај ме, заедно да боиме, заедно да правиме. Тек сега ја фаќа љубомората како што пркна малово и да може би се споила у едно со мене. А ја пустото секунда за себе немам и прегорено се осеќам. Гледам да уживам колку можам повеќе со нив двајца ама ко хрчак на тркало се осеќам со месеци веќе
И јас така се тешам, дека ќе и оди во прилог темпераментот кога ќе порасне. На второ не помислувам, баш од што мислам дека ќе прегорам. Си ги знам околностите и можностите. А и не верувам дека ќе се смени на подобро поради тоа. Што викаш може и бетер да стане. Ај да се надеваме уште година две дека ќе се смират колку-толку.
Тантрумите се секојдневие кај нас, многу ги има периодов, ептен е инаетџија, не попушта, за мене е залепен скроз значи, по сите вика те нејќам ако го караат, јас го карам (читај викам) мене иди ме гушка и ме бацува најјако ми е тоа Еден глас што има јак, в уши мава мене скроз ми е скратен фитилот затоа си одам во теретана, за да се смирам
Моето за се плаче во последно. Таков плачко е станат, не си го препознавам детето. Вриштење на најјако. Ако е таков кога ќе тргне во градинка не знам што ќе правиме.
Јас се надевам после 4г дека ќе помини, првото така беше исто, најлош период од 3 до 4 год беше, вака исто со тантрумишта после 4г ново дете ГОЛЕМО дете ама ќе видиме сите се различни.