Ајде здраво Не сум влегла на форумов не знам од кога. Како сте мајкички? И другаркиии и другарии?? Ние прославивме 3 роденден и се понемирен станува тоа на најјако е пуштен со зборење со карање ко свркрва некоја, а бе со се. Одам на работа оди во градинка одкако почнав времето ми поминува со брзина на светлината, стемни се раздени се ете го септември и се некако се надевам у некој ред ке влеземе. Се надевам дека сте добрии и се читаме почестоо
Ај и ова чудо да го видам. Еве кај е четврт роденден. Ќе соберам сили за уште некој месец. Ко ќе ми текни за какви не глупости се плаче Туку одамна не сум ја читала бројче @1209 Знам и тие се во оваа група со години
Дур сме кај жалењето и јас да си поплачам. Откако се роди бебево веќе 2 месеци не можам да го препознаам големиот, 3г8м е. Пробувам да бидам смирена пошо знам дека му влијае премногу променава со бебево ама некогаш е неподнослив. Плачење и квичење за глупости, сам да се заигра е мисловна именка, цело време му е досадно бара цртани или ние да си играме со него. Па и дека цело лето е дома не иде у градинка, скренавме со мм. Пред да дојде бебево се разбиравме со убаво со него, кроток беше и послушен, сега само противречува само квичи ако нешо не е по негово, има денови не сака да дремне па дури тогаш е леле мајко. Се надевам ќе се средиме малку сега коа ќе почне у градинка, ако не Бардовци не ми бега.
Да се надополнам со нешто, не знам како ќе бидам сфатетена веќе. Сигурно звучам како ненормална. Ок ама и ние како нација сме малку различни и поинаква култура сме, овде може и нема да е токку упадливо. Ќерка ми е дете што додека не се издерам како колерик ненормален и не се раздерам некогаш онака како да сум на раб на нервен слом, нема да застане. А јас не сакам така. Сакам стварно од еднаш да кажам еве и два пати и да се разбереме. Да идам у дуќан и да не ми фаќа насекаде, да стои ко разбрано за мене, ќе добие нешто во замена и така. Јас додека да стигнам на каса се испотам и качам притисок. Или еве треба да се облечеме да излеземе, ако се договоривме со арно ајде одиме, да одиме а не да се бркаме со една облечена кондура со една не. Ко ќе кажам доста скокање сега ова е последно. Толку доста и играме друго. Ама не ќе се тегне ко локум додека не полудам. Кога сум поодморена и смислувам како да ја залажам или преку игра ќе помине полесно, ама некогаш не можаш така оти во глава ни се уште милион нешта нели. И треба да се раздерам за да се слушнеме. А тогаш пак ќе ми каже мама ама немој да викаш, јас не сакам да бидеш гласна, види насмеј се. Па ова по рилсови ко ќе ти излезат на нет, како се ти нешто грешиш. Како треба курс да земеш да не го отвараш чудовиштето од тебе за да не ги трауматизираш децата. Како твоите трауми да не ги пренесуваш, како ова како она. Па од горе живеам во општество каде скроз различни се некако децата. Ама различни од бебиња жими се. Сите бебиња во количките се како препарирани до цуцлите во удта и до по една играчка у раце ко преплашени, а мојата на семафор мава, на автобус се смее и покажува. Ко некога друга димензија. Е сега и нивните избиваат ама они скроз различно се однесуваат. Немој глувче вака, дојди пауза ќе направиме, оди ќе се гушнеме три минути ова не беше добро. И глувче после пак истото и така. Кас ќе и речам дека ако еве мава со песок по друго дете, си одиме дома. Иако јас сама се казнувам со тоа. Ќе мавне. Ја носам дома. Се дере. Ќе бега. Ќе и кажам друг пат ќе пробаме и така. Следен ден мојата не мава со песок, ама глувчето мамино пак ќе мава и јас културно и на мајката ќе и кажам, ок ние веќе не идеме со вас. Една мајка од сите други само најомилено реагира веројатно и од нејзе треба да научам..она беше бројам до 5, ако не идеш, те земам и те носам плачела- не плачела. И така пошто ме вади од кондури често а јас веќе ко во предменопауза сум, си мислам дали да си платам психолог или да почекам уште пола година . Прашањето ми е како се справувате со тој цел притисок од надвор. Околина,од интернет. Има и подобри и полоши примери и тактики на воспитување од нашите секогаш. Ама па и сите деца се различни. Не се исти. Вака кога сме кај бабите гледам кај моите е банда без команда и одма ме насетува дека сум нестабилна овде. И ем не ме слуша ем бега кај маж ми повеќе. Кај свекрвите пошто не ме тригерираат толку, полесно де справувам со неа и повеќе ме слуша. Инаку дете растено со рутина и цврсти ритуали. Со контрола на консумација ама со се.
@јolene , ќерка ми е различно дете од мојата замисла за дете де, 300%. Додека други се акаат во продавница од земја, таа е бубачка. Не се случило да плаче, да префаќа. Знае да ме праша кое, што е, зошто е. Само малку да ги разгледа сликовниците ама ако речам нема купување тоа е тоа. По улици, во јавен превоз, бубалка. Е по гости, дома, во парк, да дуваш и да бегаш. Или ќе се качува на сите страни или ќе префаќа (во гости ко сокол стојам над неа да не и текнува да отвора насекаде, да фаќа во украси, ако знам дека нема таму деца кај што одиме носам наши играчиња итн). Во парк е ко дива коза, само да се трча, буквално само од што ја гледам јас, се уморувам, башка трчањето по неа. Пред некоја недела на гости кај пријатели со мало бебе, 100 пати повторив дека не смее да ја фаќа лулашката од бебето оти е веќе голема и тешка за таму. И погоди кај завршуваше цело време?! Може и јас веќе на кај пери, пред менопауза или што и да е одам ама стварно силите за вакви расправии ми се при крај. А баш сакам белото да е бело, црното, да е црно и да не се расправам како со Шенка во приказните. И да не се развикувам де.
Ми влијаеше и интернет и деца други во околина и се осеќав како да грешам, сега се помирив дека децата се такви и се тешам дека ако сега се напорни и ме вадат од такт, кога ќе пораснат ќе им се најде инаетот и пркосот. Исто, растени со рутина, граници и сите тие мамбо џамбо напатствија од книги. Едноставно не се деца што знаат да застанат. И уво не ги боли ни за казни, ни за викање, одма си наоѓаат друго нешто за беснеење. Мирни се само со нови работи, нови места, играчки нови луѓе. Дома не се прибираме секогаш кога има услови зашто трауми имам ја имам проблем антибиотик да добијам со температура и бактерија на брис зашто на доктор трчаат ко блесави и матичниот им е као мора да е брисот неточен, види ги какви се
Со мм бевме на шетање во Србија и не знам дали добив некоја лажна слика од она што видов ама видов деца бубалчиња… Една мајка брои 1,2,3…детево трча за да не стигне до 3. Си мислам добро како ги учат, со што ги плашат, кои им се последиците на децава? Една друга мајка гледам со 2 мали девојчиња, се влечат по нејзе како кучиња, се изнашетаа, се изморив што ги гледав колку одеа, они бубалчиња. Па уште строга, се дере, едното го кренало фустанче то. Па нашава, пешки оди 2 чекори и после се влече по земја дека не можела веќе да оди… па кревај ја во раце, па мењај се со мм, па влечи ја со една рака, доле таа мете успат итн.. Јас стварно не знам што е правилно и како треба. Мојава нема тантруми, не е лоша ептен,ама сеуште има проблем со спиење. Значи луѓе, да се качи и симне на Водно, нема да се измори и нема да заспие. Мозокот неможе да и се смири. Пробав со мирни активности, пробав порано, покасно, се пробав,џабе… е тогаш ѓаволот во мене се јавува, а и гледам веќе во маж ми и сабајле ни е криво ама детето скроз се исклучува. 2 саати вчера неможеше да заспие… скока на нас,се дере, се смее, од ништо не се плаши… се ќе издржам ама заспивањево ми е хорор. Ете се пожалив…
@Sun&Moon , уште ко ќе ми рече рано е за спиење, не сме изморени и не знам што ми се темни. @јolene , зошто НЕ не е не. Наоѓа топка за на плажа нова. Скроз сме ја заборавиле по фиоки де. И муабетот, што е ова? Вика татко и топка за на плажа. Ама сега повеќе не одиме ние, остави ја таму нека стои. 3 минути подоцна, топката отворена, пробува да ја дува. И не е прекршок де којзнае каков ама оти НЕ, не може да биде НЕ. Оти остави го, не значи да се тргнеш од местото. Топка како топка скоро пак и небитна, ако еден куп низ дома се расфрлаат.
Буквално ги е гајле за казна. Јас и велам денеска многу сум ти лута. Ништо не ме послуша. Мораш да сопреш кога ќе кажам стоп. Нема денеска да гледаш песнички за заби миење(единствено време за екран). Не ја засегна воопшто. До крај на вечерта се беше под казна и ништо не даде резултат. Среќа што вакви екстреми има ретко, обично вака со бабите и дедовците кога е за повеќе публика. И велам нема веќе ни играчки да ти купам, ми вели ок е јас секако имам доволно. И ај сега расправај се. Се надевам наскоро ќе помоне периодов, оти да му се одмили на човек се е. Ни одмор ни е одмор, ни јадење е јадење, а и спиењето е ужас. Без дремка ќе.заспие во 8 ќе стане во 3 наспиена и не малтретира до 5 будна. Со дремка ќе заспие во 11 навечер. Еве знам дека грешам,ама понапорно е од бебе. Бебе знаеш барем не може ништо, зависно е од тебе. Ова сега душа да ти вади е.
Не ги е*ам ни 2% жими се. Што викаш кога сум одморена знам како полесно да се убедиме и да тргне работава ама кога не сум леле кога не сум.. вака требало така требало, моево е таков инает што јас мислам дека не постои на светов. Спремен е да рика до месечината и назад само да биде по негово и не знам дали е до хороскопот или карактерот на човек ама прав лав е во буквална смисла. За пред луѓе е разбран а бре мед и масло со сите е најумен и најмирен ама мене душата ми ја вади да може на глава да ми скока ке скока. Некогаш го оставам да видам до кај му иде тоа паметот со глупостите и да падне и да се убие зошо не можам знам што следи му велам немој он продолжува и само го чекам да падне или да направи некоја глупост. Добивам коментари леле алал како си смирена, а бре не сум ми врие одвнатре ама немам сила да се расправам со 3 годишен судија. Никој не може да го смири кога плаче освен јас, сите бегаат одма ама и со сите е на леб да го мачкаш... во глобала и целина е разбран, ама сега тоа тантрумите му се на најјако пуштени за најголемата ситница се плаче мајко моја со солзи со мрсули со се. Во последно се тепа и тоа се тепа машки, може да те замале, ако те плесне, штипе клоца се со ред. За тоа најмногу се караме, на два пати ми ги подбра ночарите и си доби ќутек и казна па сеа ме тепа по нозе кога ке се изнревира. Ја многу сакам сите да ги тероризира ко мене и не знам како звучам кога го пишувам ова можеби како најлошата мајка на светот ама буквално сум прегорена со него, од редови пазење, по јадење, спиење играње, смислување игри чуда, со овој инат да ми се враќа ја стварно не знам што да кажам. Некогаш си викам сеа немам живци а понатака бе што ке се прави. Во ситуации и е најмекото бебе на светото се гали о бацува ама 90% од времето душата ми ја вади. Не да седам, не да јадам, кафе не да пијам, со него на подлога да играм и тоа ако има некој дома ако сме сами двајцата знае да се заигра колку толку барем ручек еден да зготвам. Татко му не смее да ме чепне одма тепа мава вика, детево себично и љубоморно ме чува за себе ама ова му е ново однесување што искрено и ме плаши понекогаш.
Ај и јас да пишам нешто Мојата наполни 4 и добро ме прелажавте дека после 4 ќе се смири Моето девојче има многу силни емоции. Многу е поврзана со мене. И многу не сака мене и татко и. Постојано не гушка и бакнува. Ама исто така и нервозата и лутината и се силни. Не прифаќа не. Тоа што го наумила го сака одма и сега. Кога ќе и кажеш дека не може, се буди лавот во неа. Како луто пиперче е. Не сакам да бидам мајка што урла, се фаќам дека поголемиот дел од времето сум таква. Ама зошто со убаво не ме разбира, морам се со викање. Ми делува аздисана и невоспитана. А толку се трудиме и зборуваме. Надвор пред луѓе е супер ми се свиѓа како се однесува. И сите се со коментари леле колку е слатка и мирна. Не луѓе не е мирна како да ви кажам пред вас е друго дете. А кога ќе ја фатат тантруми не бира дали е дома или надвор не попушта, и јас не попуштам па сфатив дека живееме во опкружување каде луѓето те гледаат со прекорувачки погледи. Уште да те прашаат што му направи на детето, зошто плаче. Немам веќе живци и памет. Баш поради тоа се плашам да се одлучам за второ...
И мојов лав @Carolin. е љубоморен, не остава брат му да ми се доближи жал ми е за него.. И јас сум лав и многу сме слични иначе верувам во хороскоп оти ги имаме тие карактеристики Јас имам мака со облекување на алишта во последно, ова го нејќам, она го нејќам, дури најдиме што сака плачи па можи и во тантрум да премини...се преслекува повеќе пати денот (лав хахахахахах) За играње си игра сам од почеток, или со брат му, ова како второ дете ми е остаено само повеќе и многу е самостоен. Сам се слекува, сам се облекува, сега почна сам да се капи, и тоа убаво се мие секаде, дури и главата ја мие па јас помагам. Сам оди си полни вода, сам нокшир си зема. Ова чудно ми е на 3 год бидејќи големиот 7 о пол год уште не се капи сам, уште му помагам некогаш и за облекување Едно нешто што многу ме нервира е што плачи во продавница сакам ова, нема тоа, сакам и рика во било која продавница е тоа, мора да се купи нешто, додека првото никогаш не беше такво, ако му речев Не беше Не...сега и тој не ме слуша додуша Ама карактери се дефинитивно и не треба споредување. Две се двете се различни скроз. Моево не трча по паркови, си седи во трициклот, па ако стани ќе поигра ама се тука е до мене, ја немам таа мака ни со едното ни со другото, не се толку енергични децава мои
@lackygirl, и мојава цел месец околу трет роденден или нешто после тоа како од циркус беше излезена со алиштата. Ко ќе се запнеше наутро, не тоа, не ова, не вака, не така. Уште во пижами што не ја однесов некој ден. Мислам цел месец истите 3 алишта ги вртевме еднобојни пантолони и еднобојни блузи. Без апликација, без не знам што. А по дома сето шаренила, од овој цртан, од оној. Среќа пак се врати во шема да се не буни за облекување
Мојов носеше коса од крпа, од маички, дури и гаќи ставаше на глава за да бидел Халанд и таа песна е хит летово Халанд Халанд...... ама по дома ова.
Сите што имате проблем со каприци: Детето нема друга работа во денот освен да ве тестира до кај ви се границите, да се труди да ви ги помести и да добие што си сака. Нит оди на школо, нит работи, нит ора нит копа. А вие правите 300 други работи и немате енергија секој ден тоа да го поднесете и ве фаќа на премор. Не паѓајте на тоа да попуштите од вашето „не“ затоа што вие сте преморени. Ако сакате размазени деца најдобар рецепт е да не му поставите јасни граници, односно еднаш да му речете не а другпат може, и тоа зашто немате вториот пат време, енергија, нерви или не знам зошто .. дека гледаат другите па ви е срам, што и да е... Вашето не треба да биде цврсто како столб. Не мора да се дерете само треба да сте доследни. Секогаш да викате не и по 101 пат ако се повторува и пак и пак истото непожелно однесување. Не еднаш може, друг пат за истото не може. Може три саати ќе ве моли, ќе плаче и ќе се лупа од земја ама вие не треба да попуштате. Издржете со игнорирањето. Втора работа- да научите како да не им покажувате дека ве нервираат и дека било каква емотивна реакција предизвикуваат во вас кога ви плачат од каприц. Да си вежбате сите poker face. Ако ве осети дека ве погодил, уште толку ќе инситира на своето, за да попуштите. Тоа значи, да не му покажеш ниту со гест ниту со мимика дека неговата реакција те срами, вознемирува и сл. Само кратко, јасно и концизно му кажуваш НЕ, немој и сл. и ако не послуша, го тргаш од тоа што не смее или го носиш дома. Додека се мава од земја, се влечка, рика на глас и сл., ништо не му зборуваш, ништо не му објаснуваш, ништо не го караш. Си го носиш дома или го тргаш физички на друго место и чекаш да престане. Тотален игнор му правиш (нормално пазиш да е безбедно). Муабетот може да се направи во иднина кога детето ќе се смири, кога ќе дојде да се мази со вас, може нареден ден или кога ќе осетите дека има внимание да ве слушне. Не се одржуваат лекции додека го мава каприцот. Ако доследно го правите тоа, еднаш, два пати, трипати - 15 пати макар - ќе приметите дека каприците се намалуваат во честота и траење. Ако на пр. се мачите да одите на јавно место заради каприци, уште од дома ќе му кажете кратко кое е правилото - пр. купуваме тоа и тоа, може да избереш една работа, ако плачеш и бараш повеќе си одиме дома. Ако во продавница не почитува кажаното, велиш не и продолжува, не се карај, не викај, не прави фаци не реагирај со никаква емоција. Го земаш детето, ја оставаш корпата и одиш дома. Ќе си се помириш со тоа дека немаш купено потребното ама си го одржал пред детето договорот. Нареден пат ќе видиш дали ќе плаче пак во продавница. И трето - сите што го чуваат детето треба да се договорени меѓу себе за границите и да не му правите едниот кара, другиот дозволува. Мешаните пораки за тоа што е дозволено а што не се најдобар начин да го размазите детето. Ако некој не се сложува со кажаната забрана на другиот, не треба да коментира пред детето, да го руши неговиот авторитет. Пред детето ако мама или тато кажал не другиот тера со таа забрана. А после ако сакате на само три дена објаснувајте се дали било тоа исправно или не. Најтешко е со баба и дедо да се објасни ова. Ама ако живеете во заедница ќе си седнете со нив и ќе си се договорите како да постапувате без да ве слуша детето. Во интерес е на детето да добие јасни очекувања. Дерењето не е неопходно ако знаете да направите сериозна фаца, да не се смеете, да не се лутите ако реагирате доследно на секој негов прекршок. Е тешко е. Ама долгорочно ќе бидете наградени. Сто и еден пат ќе повторувате нешто за да сто и вториот има ефект ама никој не рекол дека е лесно да се воспитува. Детето не е криво што родителот е уморен, нервозен, или има лични проблеми. Мора да сте all in кога сте со него. Ќе скратите на нешто што е помалку битно. И престанете да мислите на другите. Ич да не се замарате со тоа што мисли Трајанка од продавницата или како некоја тиктокерка рекла дека треба да си го воспиташ детето.
Мене ми е проблем што некогаш стварно не знам дали да речам не или е ок тоа да го прави. Веројатно со градење авторитет понатака некои работи во даден момент ќе бидат да, во даден момент ќе бидат не, со надеж дека ќе ги почитува. Само гласно си размислувам
Е тоа мора да си решиш со себе прво, па потоа соодветно да го насочиш детето. Ако си во дилема размени мислење со маж ти или со некој друг близок.