Мамички да ми предложите нешто за 3 годишно дете што ќе му е интересно, негде кај што има актовности. Пример да е 2 пати неделно. Во близина на Кисела вода, Аеродром. Некој едукативни центри или пак нешто друго кај што би инале физичка активност.
И мојава одма паника крева кога дада ќе дојде да изгушка со мене, во моментот се пика и и вика трни се. Осеќам дека ќе биде многу љубоморна на бебе иако нема ден по 10 пати да не го спомне и погали за меше.. исто е плачка, кога е сама е душа од дете ама а дојде дада дома или моментално сме Мк, па браведа им (22м) дојде дома и само плачи оти и земаат работи. Големата подмикло и никој не ја гледа, малото оти е мало требело да се дава и оваа нон стоп кун никаде. Мене ме нервира тоа што се очекува да дели, зашо да дели? Одма се карам и ја бранам, зар ние сакаме некој да ни чепка наши работи? Пошо ми е палчица нежна ( иначе преопасна) и некако не давам да се вознемири за такви работи. Инаку да имаме јас и ти споредба и предходно правено, малава се можи сама, од јадење, миење, мочање/бришење абе се, големава е значит што викаме ние турниме да ќинисам. Паметот кој знае каде и лета, едно и викаш друго праи, за се нешто помош јас ептен се неевирам и ништо не и помагам. Е мене кај малава ме нервира страшно кога ќе заплачи за нешто не се разбира за што наместо да каже мама отвори, мама дај ми она рика и ај разберија за што.
Исти ни се децава само различен пол Дали добро разбрав, бремена си? Немам читано на форумов во последно затоа прашувам
Знаете ли пол за 3тото? Инаку колку ме нервира тоа плачење за се и сешто. Аман викам дете, кажи со збор ќе го направиме отколку да се изнаплачеш. Ем јас се мачам да разберам низ солзи на кој што му фали, ем сите нервозни.
Не, овој месец ни е годишнина па дента ќе дознаеме. Мада дада сака да се измешаат малце и навива за машко
Исто и мојов значи истооо!!! Не кажува што сака туку директива почнува да плаче зборам уста пења ми фаќа ама бадијала
Е таму не читам со лесно до крај, знам дека си сакаше од секогаш, мило ми е за вас, навивам за машко за да ни кажуваш спореба машко-женско се шалам, само да е живо и здраво ништо не е битно. Јао тантрумишта деновиве
Happy Steps (happy_steps.centar на Инстаграм), во фискултурното средно над Љуц, имаат вежби за моторика и слични активности, KKTeam Basket (kkteambasket на Инстаграм) клуб за кошарка, Crescendo (crescendo.edu.mk на инста) - школа за уметност, балет и музички инструменти. Моментално на овие ми текнува.
Мојата лани одеше во градинка, не сакаше да оди воопшто и ја отпишавме. Маж ми сакаше, јас секако не гледам корист да оди на 4-5 години на англиски. Од Мс Рејчел исто ќе научи. Поготово па после градинка, има толку други активности за таа возраст отколку англиски. И учителките од градинка ни рекоа не ги запишувајте само песнички им пуштаат. Мислам дека и да оди сега, за година две новите дечиња што би почнале, после два-три месеци ќе се изедначат во знаење. Ако немам избор за некоја друга активност, тогаш можда би ја запишала заради искуство, инаку не.
Јас планирам да ја запишам во градинка имаат два пати неделно по 45 мин. И така после 2 ипол им пуштаат тв, нека ја спремат за школо малку. Попладне не би ја запишала. На друга активност оди. Мислам рано е за попладне со учење време да пополнува. На 5 години, спорт, танц, ликовно, инструменти мислам е соодветно.
Јас не се справувам никако. Се преиспитувам милион пат на ден дали сум психопат мајка и кој трауми ќе му го оставам. Ама ова стварно. Многу ме мачи ова и очигледно е ту мач веќе ова што ни го прават со технологијата. Урлам, ама исто е и мојот син, ако не урлам ќе ми се качи на глава и ќе ми се смее се додека не почнам да урлам. Ете не можам да најдам друг начин, немајка на векот. И да, дефинитивно ова со одмореноста си во право, како и тој да е по друг кога јас сум одморена и успевам да најдам финти. Ама тоа е, живот, не може секој ден да е бел ниту пак црн. Една на друга треба да си кажуваме постојано колку сме најдобри и посветени. Ние растевме во сосема друг свет и многу се тешки промените што ги правиме и само останува да се надеваме дека сме на добар пат, да веруваме во нас и нашите деца дека сепак од вакви палави “разгалени” и “распрдени” ќе пораснат во успешни и психички стабилни генерации. Друг начин не наоѓам да се справам, само верба. Сега ќе отворам инста и ќе ми излезе теткичката што збори дека доаѓаат ужасни генерации на деца и дека ние сме криви за тоа и пак ќе ми се завртат триста прашања ама битно пробав тебе да те утешам
Мајки, не знам за каде е прашањево ама дали на вашите деца им купувате обувки со анатомска влошка и од природни материјали, кожни? Досега патики од спортски продавници, ама некако гледам дека во последно време сите тие се направени од рециклирани материјали па не знам како би влијаело на утре други ден на замирисување на ноџе на пример? Исто и со анатомските влошки, внимавате и на тоа? Ако може да споделите ваши искуства
Неповикан совет, избришете инста. Ваљда тоа не допира мајките ама верувам и кај вас алгоритамот е полн со самопрогласени експерти што ти кажуваат 10 работи што ако не го направиш правилно детето ќе има доживотни трауми итн итн.
Јас морам да користам, за работа ми треба. Мада и во тоа гледам и корист, има многу добри профили со корисни информации, ама ете ќе долета некоја неповикана да ми го сјебе паметот. Едит: звучи како за тебе да напишав, ама на инста мислев некоја