Малата (4 години) почна понекогаш да пелтечи, ама доста изразено, а некои денови зборува нормално. Значи не е константно. Дали е фаза некоја и како да постапам? Не се сеќавам со големиот да сме имале ваков период, тој имаше тикови, ама самите поминаа со тек на време.
И мојата тој период беше така,траеше некаде месец можда два..не ја опоменував,не реагирав едноставно и полека полека се среди..сега е 5 и пол не прави така веќе.
Јас имам брат што дткаше многу долго време, до тој степен што веќе не се ни разбирал што зборува. Со години иделе по логопеди, разни доктори. На крај по препорака на доктор од Риека, мајка ми земала 3 месеца неплатен одмор и само одела по него и го опоменувала - застани полека повтори убаво. И да држи такт со прст, на секој слог. Можеби кај вас не е толкав проблем, ама сепак мојот совет е да ја опоменуваш. Не да ја караш, се да биде кажано со убав тон, ама секогаш кога ќе заглави на некој збор, да застане да земе здив и да каже од почеток.
Генерацијо, до каде сте на тема второ дете? @Bubish26 се фатила за работа на трето Со среќа и лесно! Јас почнувам да сакам, инстинктивно веќе некако ме тера пак да се остварам како мајка ама когнитивно не сум спремна. И не знам кога ќе се решам.
Нит сум решена, ни не знам дали ќе се решам. Разумот ми вика да си седам како што си е. Не викам дека не помислувам дали може треба и второ да имаме ама кратко ми трае мислата. Обавезно ќерка во тој момент прави глупост во крајни граници и ме убедува дека не ни треба второ.
Фалааа ајде за брзо да се дружиме и во тие темии пак две е полесно од едно, а љубовта меѓу нив и заедничкото време поминато заедно е непроценливо само тоа ќе кажам. Јас сум странство со мм сами и сите ни се чудат како се одлучивме за трето ама некако второво порасна неприметно наспрема првото, па очекувам третото да направи најголем буум
Син ми веќе месеци уназад бара бебенце. Многу често знае да праша кај е моето бебе, кога ќе дојде. Скоро сите околу нас се со повеќе од едно дете и веројатно ради тоа, ама и такво си е детето, си сака другарче. И ние сакаме, дури мислам дека и малку “касниме”. Сакав помала разлика од 3, максимум 4 години, ама отиде возот за тоа.. Од една страна мислам дека не сакам да ме дели со друг, ама од друга многу сакам да му ја овозможам љубовта и среќата да има брат/сестра. Само уште универзумот да посака да се случи тоа, зошто на таа тема тешко ми оди од секогаш..
Мене со едно ми е многу тешко, не од аспект да ја чувам туку постојано е со алергии, опструкции, терапија, болници и така во круг. Неможе да оди во градинка поради состојбата и секој ден е борба за организација. Ама некако сакам второ, никогаш не сум се замислувала со едно.
Сакам и не сакам Еве сеа сме на одмор и умен е си игра, нема тантруми уживаме буквално и си викам што ќе ни фали со уште едно и плус се околу нас со деца се, бебљаци спијат на плажа поголеми играат и така ми се врти во глава, а синко ке имал и батко и дада на сите кажува месеци уназад. Што и не е далеку од вистината пошо на контрола ми кажаа имам шанси за близнаци, а и баба ми од татко ми мајка му со брат и се близнаци и малце стрес имам на таа тема, ако биднат две кај ке фатам крај. И што вика @Miss_S кога ке помислам одма синко ме демантира со најголем тантрум за најголемата глупост Викав кога ке наполни 3 ке почнеме да работиме на случајот ама сеа викам кога ке наполни 4 па да видиме што ке биде
И јас сум ко тебе, кога е се мирно сакам, кога ќе видам другарка со бебе си викам што убвао, само спијат. После ќе се деси нешто и толку од мојата желба. И ај сеа..
На дешавките им нема крај, ни овие на 6-7 години не се поарни... @Bella_Stella нема мајка мислам веќе кога е бремена со второ да не ја гриже совест оти ќе мора првото да ја дели, почетокот на постпородилно со второ посебно паѓа тешко кога сваќаш дека нема теоретска шанса исто да се посветиш на двете, искрена да бидам си велев што ова ми требеше ама поминува брзо и среќата и љубовта буквално се дуплираат. Врската меѓу двете деца е толку јака што после велиш фала му на Бога што се имаат едно со друго.
Feminki, zdravo. Mamicki na maski deca. Vcera na maliot mu go otvorija kureto, mu so otvarase nego no do pola i ne ni davase. Pa doktorot uspea racno da mu go otvori skros. Ni dade sovet narednive denovi da go otvarame sekoj den. Sega mu go otvorivme i zabelezav kako crvenila na glavickata, kako krv no ne e da tece ili da mi ostavi trag, go prebrisav so kamilica. Nekoja da se soocila so nesto slicno? Utre ke mu se javam na doktorot, no do utre izbezumena sum skros...
Јас не можам да ти одговорам, ама скаам да прашам како и кога пристапивте кон итварање? Бебето ми е 6м, слушнав различни мислења и од матичен педијатар, од патронажна, од странски доктор. Едни се со мислење дека се прави тоа на секое бањање по малку, други дека не се чепка воопшто, да не се наорави некоја инфекција. И сега сум во дилема што да направам
Од кога е роден му го отваравме по малку, така не советуваа докторите. Но последниов период веќе не дозволуваше, па затоа вчера докторот му го отвори така. Кога видов колку бело се имаше собрано внатре не ми се веруваше, бидејќи постојано до пола сме го отварале и миеле. Инаку од почеток ни беше кажано да се отвара по малку, онаму до каде што се може, за со тек на време да се отвори скрос. Мислам дека добро сме направиле што правевме така, бидејќи вчера кога му го отвори кожичката не ни распука. Единствени видливи рани се тие внатре, какп пуканти капилари.
Сега има 3 години, во вода практикувавме најчесто. Така ни беше кажано. Повремено, на секое 2, 3 бањање.
Како се справувате со интензивно прекинување додека зборите со некој(посебно рсндом човек надвор)? Не знае да чека, кога посочувам дека зборувам мислам залет зима и кажува 2937384939 пати мамо. Имам кажано да ме стисне за рака ама јок… 3г