Мало е, јас прекинувам разговор и ја прашувам што е итно, ако не е и кажувам дека мама додека разговара да почека, секако дека ме чека ама ќе дојде време и за тоа.
Вие што се двоумите за 2ро одма да си родите многу брзо растат, второво не го сетивме кога порасна, додуша и првото, летаат годиниве Иначе да, љубовта меѓу нив е нешто што ќе ве топи цело време се караат, се тепаат ама многу се сакаат
Првите колку брзо растат, а не можам да замислам пак за вторите. Јас се двоумам ем сакам ем не сакам. Работиме доста време на случајов ама не се толку замарам како за првото што беше. Мислам нема да ми е проблем малава има 4 години самостојна е скоро за се.
Таман исто и јас не сакав до 4 години со второво останав бремена 1 месец пред да направи 4год првото. Разлика се 4 год и 8 месеци, топ разлика
За трето па ич Незнам ни трудна кога бев, кога ја родив и кога 2 години направи. Уште неможам да поверувам дека 3х пати бев со огромен стомак
Како јас на пример сега што со третово заборавам и дека сум трудна од кога ќе ме фати стомак да ме боли тогаш ќе ми текне, дури грижа на совест имам што "не му посветувам" внимание хаха првото ритуали пред заспивање добиваше, второто под чешма ќе замиев на брзина, третово со црево највероватно кај ќе стасам Реално со прво/едно е најтешко.
Незнам може таков е муабетот ама на третото мое, може и највеќе внимание за ритуали имаше Ваљда тоа е муабет за три едно по друго кога се родени и е тотален хаос На поголема разлика, друг е муабетот, со самостојни деца што веќе буквално се сами прават. Тоа сите бевме навртени околу неа, а веќе искуство имаш нели... башка што знаеш дека е и последно твое бебе, максимално мислам све доживував со 200% внимание Поголемите во школо, јас со неа... времето прекрасно ми поминуваше Пркна, па почнав на работа... времето летна. Е сега е малку борба со обврски и два тона алишта за перење, ама животот ми е скроз исполнет и не ми фали веќе баш ништо Многууу сакав трето и до тука сум била дефинитивно.. зошто како ја родив, ни на бременост веќе не мислам, ни на уште едно бебе.. доста било баш Баш убава одлука, за која никогаш нема да се покаеш... Викаат, ако родиш трето никогаш нема да се покаеш...а може ќе се покаеш ако не родиш 3то. И навистина е така, колку женички со веќе поголеми две деца ми рекле... ех како не родив уште едно
Јас кога би имала бар 32 год би родила и трето за женско хахах ама јок 37 ги направив летово нема шанси сега, најмногу за 3 царски аууу
Па не си престарена и со 37.. Јас прво природно + два царски, а јајници не врзав Докторот што ме пораѓаше на контрола на месец по пораѓај ми рече дека сум била топ и дека сум можела и 4то да раѓам Ама неее, доста беше.. Бременост и раѓање не ми е проблем, ама обврските тон и вниманието за сите ќе е проблем. Вака се баш таман
Јас би и 4то, немам ни 30г ама условите не дозволуваат, а и мм па се надевам дека третово ќе го пополни местото и нема да се пробуди стварно желба за 4то.
Не за престарена ама не би можела, физички и психички уште една бременост не би издржала, јас бев од тие жени кои не уживаа во таа состојба неможев да се поднесам сама а па трет царски ни на сон нека дава Господ кај што нема и кај што си сакаат Иначе ставивме ММР конечно на 3 години ми беше многу страв за второво, бидејќи гледав видеа многу и така одложувавме досега, 7ми ден денес нема ништо појавено...в градинка е од денес. 3 дена плус 2 викенд беше дома.
Ама не си Мк така? Во Мк кој раѓа над 3 деца, алал да му е.. Во понормална држава со нормален образовен и здравствен систем би одела и на 4то.. тука јок. @lackygirl и јас сеуште на најмалото ја немам ставено.. 2г и 2м, ама до кај декември се мислам да ја прими. Сега па градинка, адаптација... 7 дена се океј после ммр да почне? Јас па се си мислев мин 2 недели да не треба да ја држам дома после примање...
Јас и ставив во петокот, понеделник ја пуштив секако нема одма реакција, ќе видиш по 7-14 дена.. Малата на 14ти ден имаше блага темп и толку
Јас не сакам второ дете. Маж прв пат се искажа дека не сака да го остави синко сам. И многу ми е неубаво што не сме на иста фреквенција. Се надевам дека нема да инсистира.
Па баш ради тоа дека нема одма реакција, ми останало на ум дека треба да ја изолираме повеќе време... Дека во тоа време не е убаво нешто плус да закачи. Или грешка сум.. Оно секако брат и и сестра и нешто ќе и донесат или можеби јас (дека и јас сум со деца на раб)...
Јас првото го вакцинирав на 14 месеци и дома беше, баш тогаш корона почна и се затворија и градинките...а ова нз вака од другарки ич не ги чуваа дома, баш сега братучеда го вакцинира ММР на година и пол и следен ден в градинка одма беше, па еве 3 недели се поминати добар е.
Мајки како би постапиле вие? Ќере е 3г и 4 месеци цело време со мене дома, мене породилно ми траеше долго и плус немаме баби и дедовци значит е на викната само со мене. Конечно добивме место во градинка овој септември пошо тука е ужас со место и реков таман ќе искористам. Првата недела бев јас по саат два со неа внатре и излегував ми мафташе и се беше во ред. Оваа недела има голема криза посебмо вчера и денес. Вчера ужасно плачеше на оставање ама се смирила и до 12 седеше, ја зедов беше расположена, не сака многу да си игра ама не ни беше тажна. Сношти пред спиење доби напад на паника дека ќе оди денес, во 5ч стана со плачење да не оди и си легма со мене. Кога станавме и виде дека се спремаме за градинка сњ скри под перници и тешко се облече, плачеше цел пат, кога ја оставав се закачи за мене и липаше едвај си отидов. Ај викам да ѕирнам низ прозор што прави, беше седната во гардароба сама и ме чекаше, учителката беше во кујна одма е тука до гардороба ама сето ова ми е ептен стресно кај што ја гледам дека она е во огромен стрес овие денови. Знам дека поминува ама јас сум секако дома, значи не мора да е згрижена. Згора на тоа огромни пари за толкав стрес се даваат... највеќе ја пратив да се социјализира повеќе, да учи германски, да не и е досаднно уште една или можеби две години дома пошо како што кажав ако изгуби место тешко ново пак пошо ќе сум на породилно, се додека не наполни 5г кога ќе е морално забаваче. Дали па ќе и направам одбивност ако прекиниме за понатаму, дали би и останало во сеќавање дека градинка не сака и кога ќе мора да оди ќе биде тешко? Дали да сум трпелива и чекам да се навикне и да ужива понатаму, имаат доста активности или стварно не вреди да ја стресирам кога сум секако дома? Ужасно ми е , не знам кој крај да го фатам. Големата исто на 3 почна ама плачеше 2 дена, после обожаваше да оди ама плачењето беше нормално. Дојде до степен кај што викаше последна земај ме ама овааа и викам дедо мраз ќе ти донесе најубав поклон пошо си голема и умна градинка и она ми вели нит поклон сакам нит градинка само дома.
Да бидете трпеливи ќе се навикне пополека кај сите почетокот е хаотичен таман и е возраста за полека да се привикнува на тој вид надвор од дома во друга средина само храбро продолжете напред зборување секој ден и ќе се навикне полека,секое дете е различно прифаќа различно,ете мојата пример три години оди во градинка па и после толку време има денови да не сака да оди,да се инаети и лути. Само упорност и ете како што кажа едвај сте го фатиле местото така да полека се ќе биде во ред ,дружбата со други дечиња и на неа ќе и дојде убава промена
Од оваа гледна точка сега и пуштено дете на адаптација на 1 година и неколку месеци сфаќам дека адаптацијата ми беше најлесниот дел со оглед на тоа колку ми се разболуваше итн. Во мисла и грижа си зошто си дома и ти е грижа на совест.. ама мислам дека веќе после 3 си бараат деца, си сакаат социјализација, учат вештини. Ќе и трае ова недела две и мислам дека ќе и помине. Прво не била свесна, сега гледа дека ќе биде секој ден и ја сфаќа реално, па следен чекор треба да и е прифаќање. Мојата не оди ради алергии и 300 чуда, се би дала да може да се дружи секој ден во градинка, да има ред, да спие, да слуша авторитети. Ништо не губиш да следиш како ќе биде недела, две.. досега била само со тебе, сега и е шок, нормлано е. Зборувај постојано и биди поддршка додека не тргне сама да сака да оди. Со лесно!