Стисни заби и издржи, моиве првите денови беа хорор, првиот ден 15 мин издржаа, бегале преку врата, удирале плачеле. Следните денови со плачење до земање цело време. Дома драми неќат да станат, се кријат под столчиња. Втората недела почнаа да спијат таму а година дена беа без дневна дремка. У шок бев. Имаше драми на идење не дека не, и сега има некогаш, ама седат и весели ги земам.
Стисни мајка заби. И ние минувме низ истото. Синко вчера 40 мин врескаше на цел глас, ме удараше, ме гризаше за блуза и велеше не сакам да одам. Едвај го облеков, ама го однесов. Душата ми знае како ми беше кога ми го грабнаа од раце, ама само се свртев и заминав. Многу плалел, се смирил ама и каснал некое девојче. Се од преголем револт. Денес беше подобра ситуацијата, зошто му ветив дека го чекам надвор на клупа. Јас не се откажувам. Он е тежок и не прифаќа лесно промени, ама местото му е меѓу децата, а не со мене дома и со баба и дедо. Иако ние сме во заедница, тој ми е мене залепен. И тука лижи проблемот. Немав опција да го оставам и излегувам поради други причини и тој беше 24/7 со мене. Сега плаче не да одиш на работа, чекај ме тука на клупа. А јас така му велев за да навикне и на фактот дека и јас ќе одам на работа и мора во градинка. И не му се допаѓа идеата дека јас не сум тука во близина. И буквално го лажам и велам дека сум надвор и чекам да дојде време да го земам. И малку е полесно. И се надевам дека ќе ја засака градинката. Инаку пред две ноќи, зборуваше во сонот мама не сакам да одам. Мој совет не се откажувај. Мислам дека ќе им биде убаво, само треба време. Тешко им е, го фрлам буквално во непознат простор, со непознати жени и деца. Ние овде немаме опција да бидеме внатре со нив ни на почеток. И само можам да замислам што му се врти во главата, мене кога ми е тешко што го оставам на непознати, а не пак нему. Жални се и тешко е ама за нивно добро е. Треба малку да се одвојат, животот нема да ги мази и мора да учат од мали нозе и да се осамосталат Поддршка и гушки од мене.
Јас не би ја менувала одлуката и би ја продолжила адаптацијата од проста причина што кога тогаш ќе мора да се навикне. На 5 години може да биде и уште потешко од сега, не мора да значи ама веројатноста е голема. Промената што и се случува моментално е огрома и нејзината реакција е очекувана. Голема е, сфаќа дека има опција да седи дома со мама и затоа револтот е уште поголем. Со тек на време ќе сфати дека градинката е новата реалност, ќе почне да се зближува со врсници и ќе и стане полесно. Твојата грижа на совест ја разбирам, зошто и јас понекогаш ја имам. Иако работам од 12 до 16ч, тие 4 саати дур јас сум дома, а он во градинка многу често знаат да направат да се осетам “виновно” зошто не е дома со мене. Иако знам дека не треба да се чувствувам така, ама мајки, што да кажам.. Син ми е во нова група од пред некое време, нови учителки и деца, само 1-2 има со него од старата група и минува низ нова адаптација иако оди редовно во градинка веќе 2 години. Има денови кога оди без проблем, ама има и такви кога негодува, не сака да оди и покажува одбивност. Јас немам опција да го оставам дома, ама и да имам мислам дека не би. Децата што одат во градинка се многу посамостојни, посоцијализирани и има многу придобивки и за во моментот и за во иднина. Те охрабрувам да продолжиш со адаптацијата и верувам дека за месец дена ќе споделиш поразлично искуство.
Деновиве вртеше едно интервју, гостувала во емисија д-р Софијанова и баш зборуваше за децата и градинките. Нејзиниот став е дека децата апсолутно треба да одат во градинка, таму припаѓаат (се слагам), но вели, да не се форсира по секоја цена. И со тоа се слагам, но што кога немаме избор? Моето дете, веќе 3ипол години, го запишавме уште на неполни 9 месеци. Ќе тргне 2 недели, дома се лечиме месец дена, ќе тргне 5 дена, се лечиме 2 недели. Две лета по ред не оди, баш ради таа фузирана настава. Значи, дали 5-6 месеци се' на се' одел во градинка. Еден период беше ок, помал беше не разбираше, ама сега после цело лето пауза пак тргна од пред 4 дена и еве сеуште не сака да оди. Луѓе, ама ич не сака. Оваа вечер дури се будеше од сон од страв. Како се стемнува, тој се натажува. Наутро спремањето е плакање и буквално молење да не го носиме. "Ич не ми е убаво, ве молам не ме носете"... На враќање е насмеан, расположен, негувателката вели дека бил ок, дека соработувал, дружел... јас и маж ми се чудиме... Не знам дали нашево е она што д-р Софијанова го кажа како исклучок, да не се форсира, појма неам болна тема ми е. Знам дека детето воопшто не сака градинка и мислам дека никогаш нема да сака. Јас никогаш не ја засакав. А друг избор па и немам...
Исти сме. Абе еднаш не поминал ден да не речат неќеме да идеме во градинка, некогаш има и драми со тресење плачење молење, некогаш ќе си кажат они неќеме да одиме ама ќе си се спремат лесно ќе си влезат. Кога реакцијата им е поинтезивна пробувам да разберам дали нешто се случило и во голем дел од случаите го дознавам тригерот и разговараме да се реши. И покрај тоа што немам избор, не мислам дека ги форсирам или дека им правам трауми, едноставно мора да разберат дека тоа е нешто за кое нема да правиме компромиси и дека сакале неќеле им е составен дел од животот. Ми е тешко и на мене кога има драма, и пробувам во такви периоди на друг начин да компезираме, да шетаме, да поминувам повеќе време со нив макар куќата проодела, да разговараме што ги мачи, по потреба и со учителките да ги вклучам, ако се случува нешто ради кои покажуваат реакција. Некогаш се банални (за нас) причини, ама они го доживуваат драматично. Пример учителките им се заканувале или исплашиле со нешто и тоа предизвикува реакција. Па пред нив зборам да слушаат дека имаат на некој на кој може да се потпрат. Најчесто брзо поминува така.
Првото мое дете плачеше до крај, никако не засака градинка, никако значи, па ете прваче си почна ко друго дете, сакаше да оди, еве веќе 3то е и никогаш не рекол нејќам на школо. Така си има деца што не сакаат в градинка и тоа е, моравме да го носиме, немаше кој да го чува. Второво малку подобро е од него, не сака и тој нешто баш и секоја вечер ме прашува дали ќе оди утре в градинка и ме моли да не оди и плачи ама си оди ко попче
Исти сме и ние И мојата на 3 год.почна,хаос невиден,уште не сме се адаптирале.Знае дека сум дома со бебе и таа сака дома.Лажење секое утро со купување со се,не сака.Кога ја оставам по мене се смирувала ама не сака да спие,одбивност има спрема градинката ама и јас не се откажувам,си велам ќе се навикне.Дома е љубоморна на бебето иако имам опција да ја оставам дома има баби и дедовци да ја чуваат ама не сакам,сакам да се дружи со деца и да ствара навики. Се буди и преку вечер вика не сакам градинка,таман ќе се стемни вика темно е утре ќе одиме градинка,не сака ,мислам има фобија. Носи ја секој ден , би требало да се смири,кога знае дека не ја чекаш се смирува.
Здраво мајки Ќеркичката има 4 ипол години и забележав дека кога го крева левото рамо нагоре, кон вратот, а потоа го спушта надолу, се слуша како да крцка во рамото. Не ја боли и нормално си го движи рамото. Дали и кај вашите деца се случува ова и дали е нормално? Малку сум загрижена.
@lackygirl ќе те тагнам и тебе. Не ми е сеедно, посебно ради тоа што останувам со бебето дома, а тој мора да оди некаде кај што за жива глава не сака. Па го лажам дека и јас ќе одам на работа, а сестра му во градинка за многу мали бебиња. Не сум му убедлива баш. Пробувам да разговарам, низ игра да дознаам ствари, ама не сака да зборува за градинката. Многу многу ретко да одговори на некое прашање. Кога го оставил татко му пред некој ден, воспитувачката му рекла "ајде не плачи, ќе ти се смеат децата", знам дека не е злонамерно, ама ова моево е преосетливо. Тој на вратата и' рекол "нема да ме караш, нели?".. значи има нешто околу неа... Пробав да дознаам од него, му спомнав и друга градинка, друга учителка, ни тоа не сака. Еве денес 2 саата пред спиење одеше по мене и ме прашуваше дали ќе оди утре. Зедов да ја читам на Хедвиг Монтгомери - Време е за градинка, мислев дека ќе има некои типс енд трикс, ама не е баш за тоа книгата.
Големиот има 5г. одма се навикна, од прв ден, солза не пуштил, малото е 4г. уште плаче, живци немам, не сака ни доручек да јаде, оди со плачење, нд сака да се дружи, на страна сакал да црта, и таму само мене и брат му не црта А мора да оди, немам друга опција да седи дома, плаче и во сон се буди последниве денови... за спремање сабајле немаме проблем, знае дека мора да оди, ама пак си плаче и не попушта.. Дома само ми кажува "мама те сакам" како да сака да ми покаже нешто со тоа често кажување.. Немам памет веќе....
Да не ве цитирам, синко од септември до март рикаше како магаре ма секое оставање. Почна да спие таму во ноември. Јас бев решена дека ке оди ама на тоа плачење фала им на негувателките, да не беа они немаше да го носам. Они двете беа убедени дека ке се навикне, и ми велеа да се стрпам дека ке биде. Плачеше таму, после на оставање, па не спиеше во 2 го земав глава му паѓаше. Сеа влага со трчање, јас мислам ако он се навикна секое дете ке се навикне. 2 години дома со мене седеше со овој памет на една година ке го пуштев барем тој период од 5-6 месеци кога секој месец беше болен полесно ке го поминевме. Ама сепак задоволна, презадоволна сум од градинката и негователките/воспитувачките, летово и мешани групи со сите седеше, без мака одеше. Буквално таму е од 10до8 до 4ч, секој ден.
@DaisyDoo Вие што сте со бебе, во овој момент тоа има најголемо влијание што дава отпор. Само трпение сега најмногу ти треба. Велиш таму е среќен, се дружи, соработува и го земаш задоволен, на утро му е тешко оти ти остануваш со бебето. Кога ќе се врати биди возбудена што си дошол, ако имаш шанса да поминуваш барем 20 минути сама со него во друга соба да правите нешто забавно, или до дуќан да купите сладолед да си помуабетите и не мора да е за градинката, едноставно тие кратки моменти само меѓу вас ќе му направат рестарт на нервниот систем. Ќе му легне дека кога си доаѓа дома ти си многу среќна што го гледаш и дека ти недостигал. Не мора да значи дека постои нешто околу учителката, мене повеќе ми личи дека не се трудат доволно. Јас мислев дека син ми никогаш нема да се навикне, тој еве го плаче ако не оди. И пресреќен е кога денот му пришло дете и си играле, со денови потоа само за тоа збори. Прв сеуште не приоѓа, 4 ипол е. Не го ни форсирам, сакам да изгради самодоверба.
Да не ви одговарам на сите посебно. Како што пишав втората недела почна со хаос, поточно до петок првата недела беше супер. Првата недела четврток ја удри едно дете, во петокот пред мене со сета сила ја турна од на стол и падна, е тогаш почна пиштењето и да ја носам дома. Се враќам на втората недела во вторникот ми вели учителката сакала надвор да седи во гардаробер, за средата кога си одев реков чек ќе ѕирнам низ прозор и она седеша во гардаробер сама. Се вратив одма ја зедов за рака и директ кај главната. Таму кажав што не ми се свиѓа дека немаат контрола над децата (22 деца во група а се 3 групи) се навикнуваат наеднаш пошо е скроз нова градинкава. Не знаат кој кај тера ни децава ни воспитувачките. Сакаат на 3г да вели чао и да ќути без да им посветат внимание, може некои деца велат чао и не ги интересира ништо, значи моево не е едно од тие и како ќе сака да влези во групата кај што сите и се непознати ако ти како воспитувачка не најдеш начин да воспоставиш врска со неа и и укажеш доверба. Реков ако немаат време за сите деца, па има студенти на педагошки кои можат да помогнат првите месеци додека се стабилизира се. Плус да оставаш дете само во соблекувална? Главната као се сложи беше со мене им кажа на нив како и што, ми даде рок до 8ми да откажам ако сакаме пошо после 8ми ќе морам за 2 месеци да платам 800евра а детево да не ми оди градинка. Налет тоа, најбитно ми е она да се осеќа сигурно и задоволно. Почна оваа недела, прифати да оди градинка се облече без проблем. Кога виде дека таму пола вриштат почна и она, ја земаа и не се јавија до кај 12:15 дека Клара веќе 15 минути плачела премногу од кога почнало времето за ручек. Мм вика ја најдоб во ќош згрчена кај што плачи ја донесе дома ја прашувам што е, ми вели баткото два пати турна, С. ми се криви и не ми дава да си играм со ништо, не сакам таму! И реков на воспитувачката значи ја сум дома, сакам да ја носам заради јазикот, заради друшто, социјализација пошо од кога ќе се породам она највероватно в година ќе го изгуби местото, патот до кај вад не ни е наједноставен пошо големата е на другата страна скроз со школа и како таксисти сме со мм значи се тоа тргам по страна сакам само да се осеќа убаво, не морам да ја носам ама сакам. И така.. пак идам до она двоумење дали траумите вредат, а јас сум си дома? Велите вашите вриштеле се тегнеле ама сте морале ли да ги оставите? Пошо да морам да работам ќе голтам и јас се и ќе занемарувам седење по гардероби, туркања.. ама вака срце неам. Едино како што кажав ме кочи тоа што ако оваа година не оди тек со 5 ќе мора да оди градинка.
@Bubish26 , со ќерка сме поминале СЕ, буквално се. И од кола уште да плаче, да влегува со ќеф, да се држи за мене за нозе и да не сака да влези, ама демек се смирувала за некоја минута окако ќе влезе. На пола ден да и текне да плачи за дома. Да седи во ќош, гардеробер и се останато. Да си влегува со ќеф и трчање и да нема никаков проблем. Од аспект на родител да ти кажам дека ми било лесно, ич не ми е. Нема опција долгорочно да седи дома, освен нели со вирус, бактерија кога стварно мора. Дали сум седела како на трње цел ден на работа, сум седела и со телефонот во рака да не случајно заѕвони за да ја земаме предвреме. Нашиве баш и не се трудат, плаче, ок плаче, дома ќе си оди. Лично со свои уши ја имам слушнато воспитувачката дете наутро оставам, друго плаче за мајка во занимална и му вика Аха, да, сега ќе се јавиме да те земи мајка ти. Да се прилагодуваат на секое дете, тоа ич. Демек група е и сите мора исто како овци што би се рекло. Тоа кај нас. Е сега за вас, би ти рекла кога веќе сте дале некој рок да го испочитуваш и да видиш до тој рок како би одело. Ако веќе е престресно и за тебе и за детето, пресечи. Не значи дека ако не сака оваа година, догодина или по 2 исто нема да сака.
@Bubish26, јас ќе ти одговорам од позиција да имам опција да седат дома зашто работам од дома. Решив да седат. Пробавме дневен престој со двајцата, кратко, и едноставно ми беше престресно. Големиот уште има трауми и анксиозност што се тригерира од тоа искуство. Малото беше нон-стоп болно, големиот од него префаќаше, јас од нив... без прекин бевме болни во круг. Знааам, знам дека е нормално, дека поминува, се' знам. Ни можев да работам, ни некој боледување ми дава, се' ми беше на пауза и справување со болни деца. Премногу ми дојде, и потешко од тоа да се со мене дома. Знам и за тоа дека сите деца плачат, ОК. Кај некои е стварно траума и тоа треба да се земе предвид. Не велам дека ова е правилно. Сепак вие го имате и моментот со јазикот. Само пренесувам искуство дека во нашиот случај каде градинката беше опција, одбрав дома. Престресно ми е, некои денови невозможно. Совршено нема, само бираш што и после секако ќе се каеш.
Од аспект на привикнување можеби на 5 ќе биде полесно, ама не мора да значи, верувај дека и тогаш ќе има такви деца што ќе ја туркаат, што нема да и даваат играчки и слично. Едноставно во градинка е борба за опстанок и има стварно многу лоши деца еве и кај нас што тепаат и шо се многу бесни. Плус на 5 ако тргне нема да знае јазик претпоставувам а веќе ќе бидат поголеми деца па може да и ствара фрустрација ако не ја разбираат или она ако не ги разбира. Од друга страна кога ќе ви дојде бебево а она ако е дома цело време јака ти душа, јас не би издржала така особено ако сте без помош. Ние без помош сме и дома беше 2 месеци не идеше во градинка, абе смрт ми беше, си бара внимание и само плаче и квичи за безвеза работи. Ако можете да си дозволите финансиски и ако прифаќаат, јас би пробала уште еден месец, можеби ќе се привикне. Внук ми во странство исто имаше премногу тешка адаптација, 3,4 месеци сигурно, по 15-30 мин го носеа и зголемуваа за да не го трауматизираат. Пробајте ако не постепена адаптација по пола саат па по саат па да зголемувате ако не плаче. Може и дошло многу шок наеднаш да седи повеќе време. Ова мој совет, не значи дека е правилно ама јас лично имам видено многу бенефити од одењето во градинка, освен разболувањето секако, ама и не сум имала опција да седи дома, морав да работам...
Како мајка ќе ти речам да ја оставиш дома , ако посекако си ти дома и не е за брзање работава,знам колку макотрпен процес е, да не си правиш дополнотелен стрес со оглед на твојата ситуација. Меѓутоа, Јас моите двете ги пуштив со 2 години до 11 часот, иако имав опција да не одат, во моментот сметав дека е битно да почнат порано со социјализација, поради тоа што сме странци ,нели. Како вработен во таква установа ќе те посоветувам да стиснеш заби и да ја оставиш да оди во градинка. Некои деца брзо се прилагодуваат, некои им треба повеќе време, ама ќе се прилагодат. Битно е многу како ќе се постават воспитувачките и педагогот со неа и исто толку битно е постепено да биде навикнувањето. Зависи и тоа дали е во мешана група или само за мали деца. Пиша до 12 и 15 била. За дете што пред 2 недели почнало во градинка, предолго е до 12 и 15. Првенствено зашто се изморуваат и посекако стануваат кенкави. И секако тука е стравот дека мама нема да се врати да ја земи. Многу е битен тој момент, да стекне доверба дека мама се враќа секој пат да ја земе дома. Секако имаш можност, земај ја порано, нека и биде градинката како занимација, додека си најде вистински другарки и друштво. Бенефитот е огромен ,од аспект на учење јазик, социјализација со деца, учење фина и груба моторика. Башка што секојдневно низ игра се учи нешто ново. Ако ја пуштиш На 5 години, треба истовремено да се снаоѓа во групата, да бара другарчиња и плус да учи и она што ги учеле дотогаш децата( како пинцета фат, држење правилно молив, ножички, не е дека дома нема да научи ама нема да е така како што ќе научи во градинка ) и да учи со сите деца во последна година во градинка со педагогот за на школо, да играат игри на маса, пошто на 5 нема повеќе игри на тепих, ги спремаат за во школски клупи. И исто така ќе мора да биде секојдневно присутно во тој "билдунгсцајт", најмалку 20 часа неделно. Ако направам споредба на дете што со 2, 2 ипол почнало во градинка и дете што на 5 почнало, се гледа навистина разлика во снаодливост, комуникација, емотивна зрелост, прифаќање авторитет.
@strelec231992 @LivingGlam @Miss_S Јас се водам може и според големава. Она на 3 почна јас исто трудна пред пораѓај ја носев 2 месеци детево беше катастрофа, сменавме градинка после 5 месеци почна во друга се адаптира брзо и сакаше да оди. Бидејќи имавме преселба во др град со други правила, остана една година без градинка и тргна на 5, со јазик брзо напредуваше и сега е прваче со регуларна настава. Амаа огромно ама е што во Виена можеш да менуваш градинки и да добиеш брзо место, тука сега е катастрофа, ако изгуби толку е нели напоменав заради ново бебе она в година го губи местото в градинка секако. Е сега, некои работи во Мк се нормални и се толерираат тука и баш не.. затоа не ми се свиѓа работава на воспитувачкиве. По правило тука период на адаптација трае месец дена од кои мајката е внатре со детето и постепено излегува надвор, заради цел хаос што го имаат и не знаат кое дете попрво да смират или да спречат тепачка, они рекоја уште втората недела родители надвор што за тука не е пракса. Од тие причини не ми беше дозволено втората недела да ја тераме по пропис со постепено излегубање надвор и чекање дете пример пола саат- саат време. Иначе не е до 15ч туку 12:15 денес беше пошо мора некако да ускладиме и со земање на големава ќерка од школо. Некако ме фаќа паника за утре пошо не сака буквално да спомеш градинка она одма вришти и страв ми е да не и се направи уште поголема одбивност. Мноогу глупаво е тоа што заради ново бебе ќе изгуби место и буквално се враќа 1 година дома да преседе и се тоа ми прави шашма во мозоков. Она со сестра и и со другарчињата надвор има контакт со германски, јас перфектно знам ама не и зборувам не ја форсирав до сега бев со став дека треба прво еден јазик да совлада добро, па да премине на друг ама ако остане дома ќе мораме јас и дада да се активираме повеќе.
@Bubish26 , а дали имате опција работилници, курсеви или некој таков тип кај што би можела да оди 2-3 пати неделно, да не е градинка? Не знам и со бебе плус тебе тоа колку би ти било од можност и да постои како објект. Во смисла да го вежба јазикот, што викаат други седење, изработка на активности. Ако убаво те сфатив следна година посекако ќе е дома? Без разлика дали оваа година оди или не? Ако е така ептен хаос во глава ќе му се направи на детето. Оди, па не оди. Пробајте сепак уште некое време.
Мислам дека ако сега престане да оди ќе го изгубат местото и за другата година па затоа се мисли членката... баш нека ме поправи ако не е така