@lovely91 да ќе го изгуби местото пошо јас ќе сум на породилно, безразлика дали ќе изоди оваа година. Во мај се дава потврда од работа, ако немаат двата родители местото се губи и се дава на дете кое му е потребно затоа што родителите работат. Јас ќе сум дома и автоматски имало кој да ја чува, иако знаат дека е добро да се оди градинка заради многу причини сепак немаат толку капацитет за сите деца, многу малце персонал има. Само од 5г деца мораат да добијат место пошо е предшколско, така автоматски 12 деца мораат да се предшколска година, обично групата е со деца од 3-6 години, оваа пошо е скроз нова и повеќе групи се можеа да направат група од 3-4г деца. Повеќето што се сега 4 вгодина автоматски ќе го добијат местото, а другите се резервирани за деца кои што родителите работат и не остамува празно место за тие без работа.
@Bubish26 кој е минимумот за да задржи место во градинка? Во смисла, ако викаш дека е новоотворена градинка и сите се адаптираат одеднаш, можеби некако поретко да ја носиш периодов и ти да си направиш постепено план како ќе ја носиш за полека да се привикне на идејата. Второ, спомна неколку пати дека некое дете ја бутка, истото дете ли е? Побарај разговор, јас разбирам дека мали деца знаат да се забуткаат некогаш, но си има како да се работи и да се дисциплинираат и мора воспитувач и/или родител да биде информиран. Мислам дека тоа и е голема причина што не сака да оди и затоа треба да се реши некако. Не може да им е изговор дека сите деца сега се адаптираат па одеднаш менуваат правила како ќе тече процесот. Не се сите деца исти и побарајте си флексибилност некаква да ви дадат. Кажете им дека сакате детето да оди во градинка и дека треба да најдат начин да ве поддржат во адаптацијата. Како ќе се адаптира детето најмногу зависи од пристапот на воспитувачите. Тие мора да изградат авторитет и доверба со децата и мора да си најдат начин. Пробајте да го тргнете финансискиот момент на страна, неколку месеци се во прашање каде што ќе си дадете време сите да се навикнете на промената. Размислувај долгорочно дека градинката може да и донесе многу придобивки за понатаму. Дада нека и помогне со бодрење, да и каже дека и таа одела до лани и дека убаво си поминувала. Секој си знае за негови околности, кај нас и кај повеќето што ги знам градинката донела многу позитивни работи, иако не сите имале лесна адаптација на почеток. Нормално ако гледаш дека не оди, со глава во ѕид нема да буткаш.
Мислам дека ако месец/два не се оди тогаш се губи место (бар така беше кај големата). И со главната и со нив разговарав ама очигледно не превземаат ништо, да од исто дете е удрена и бутната од стол. Вчера кога ја нашол мм била во ќош згрчена и плачела, сабајле пак не сакаше да влезе стоев 15 мин ја слушав кај што вришти видов низ прозор беше сама седната на под, воспитувачките не беа околу некое дете само нешто завршуваа работа од типот местење и ни една не и се понуди да ја гушне да покуша да и поспостави контакт со неа и да и покаже дека не е сама дека се ќе е во ред, малце доберба да и влее во неа и тоа ме погоди ептен. Како што кажав големата имаше на почеток криза брзо помина и после тоа сакаше да оди ( после менување на градинка во првата беше исто вака хаос) ама кај неа после тоа ја оставав и не ја мислев ич, а со малава нон стоп сум на штрек и тоа ми прави и мене несигурност. Само после на земање ќе барам уште еден разговор пошо од целокупниот пристап не сум задоволна.
@Bubish26 ако детето е посензитивно, потребен е еден на еден внимание и најдобра опција во тој случај ти е промена на градинка. Ова е многу лоша организација, нема доволно внимание за секое дете посебно да се адаптира, требало да ги поделат по 3 деца максимум месечно за да може на секое максимално да се посветат. Иако имаш шанса за дома, 3тата година е нај идеална за почнување градинка од многу аспекти, вистинската социјализација токму тогаш почнува и е подобро да се во градинка. На некои им треба помалку, на некои повеќе време, ако ти е опција да смените градинка супер, ако не, дај шанса и овде. Сега почнува и треба време да и легнат работите. Како родител те разбирам, колку и да им е стресно прилагодувањето ним, нам ни е уште по стресно. И тие се прилагодуваат обично пред и ние да сфатиме дека се десило. Трпение и дај и време.
Ви имаат ли помогнато инхалации само со физиолошки за кашлица? Матичната рече само со физиолошки да правиме.
Бидејќи кашла многу често а нос не и тече, докторката рече од секрет што и се слева позади. Па загрижена сум дали само физиолошки ќе помогне. Фала.
Во принцип целта на инхалации со физиолошки раствор е да го разреди секретот и да помогне полесно и побрзо да се исфрли истиот, така што верувам ќе помогне. Ако после неколку дена не му биде подобро на детето, јас би го однела повторно на преглед.
Може глупо прашање, ама во какво столче ги седнувате поголемите дечиња за ручек на маса со сите? Хранилката ни е поголема и ја собира уште, со изваден послужавник секако, ама кај и да е ќе стане тесна, а и не ја сака - голема била 3 години. На обичен стол ако седне не стига убаво и лом прави. Некоја идеја ми треба
4 години е и уште си јаде на хранилката. Ја има максимално искористено. Онака на стол па не седи мирна само се шушка лево или десно.
Имаме едно столче што се реди само на стол, ептен е лесно, не е пластично или дрвено, се врзува одпозади на големиот стол и таман и иде на висина , слично на ова.
Нашето се подесува и големи може да го користат. Kај другарка имам видено, од икеа се, столчиња за мали деца, личат како шанкерски.
Ме замисли да и дадам уште една шанса да ја убедам да седи во неа, стварно бега иначе откако малце ќе се засити фала ти прекрасни идеи, фала многу
Моево второ дете не седна во хранилка воопшто си седи на стол, пред тоа седеше в раце кај мене и на маса. Стол од 1 година. Додека па големото седеше до 4 години во хранилка Малово на 3 год еве и 2 месеци сеуште не ги знае боите, знае неколку, не знае да брои како се вашите на оваа возраст? Мене не дека ми е проблем дека не знае туку ми е чудно бидејќи првото дете на 2 години знаеше да брои, ги познаваше и бројките до 12, боите, англиски азбуката, секакви сложувалки редеше... не правам споредби оти апла се различни моиве па ете првото беше такво ова не ова си е во други работи па подобро да речам, ама еве генерацијата како е? Додуша со првото јас многу "работев" го учев се, еден куп сензорни игри, правев се дома....сега на второво ич така не сум му посветила време
Паа ги знае боите, знае и да брои на 3 јазици и тоа сестра и што ја научила, јас не сум тип што форсира такви работи освен ако мора ( кај нас германски ) ама бројките да ги препознава не знае, не знаеше ни големава, нити букви пошо тука тек од прво сакаат да ги учат сите заедно, да нема предзнаење ама летово сама почна да ме припрашува и ги запамти буквите, уште не почнале да ги учат ама сега првиов месец нашкола е топ . Така да, ако ме прашуваш мене не е ич проблем. Нит е гаранција дека ако ги знае ќе е доктор по нуклеарна физика, нити ако не ги знае значи дека ќе остане на ништо. Секое дете е различно, кај мене големата сака да реди слагалици, да мести лего, да си прави од многу мала сама градови со ситни предмети, кретивна е без да ја терам јас, малава нема живци, една слагалица нема покушано да направи, тоа не ми е интересно вели и си тера нејзин филм, во градинка велеше дека не и е интересно ништо оти таму боела и играла друштвени игри .Од друга страна е поснаодлива, повеќе разговара, поголем фонд на зборови има,поагилна е, повеќе размислува и стварно користи мозок само ете се познава од мала дека живци за ситничарење нема. Она за инает од сестра и ако седне и бои (шкрта) нешто или почне да сече оти сестра и почнала и сега неа и затребале ножиците. Е и што се познава разлика кај нив пример големава мора да и е се потаман иначе крај е, по пропис како што треба , малава не се замара ич. Прост пример во кујничката дада ги мести работите според категории и мора да е така, оваа зела миксерот со една маталка и демек микса, иде Н. и и вели не можеш така мора и другата да ја ставиш, малав и враќа битно е да се измикса не е битно како и така ќе си тера она лабаво за се.
Моево како твоето прво. Од кај 2-2,5 години би препознава боите. Веќе на скоро 4 и нијанси темно, светло. Логички игри/задачи без проблем решава. Бројки од поодамна препознава напишани до 10. За повеќе не сум ни ја прашала. Сега веќе знае и неколку букви да препознае. Не сме пишувале, не сме учеле нешто посебно туку како првата буква нејзина. Па од мама првата буква. Сложувалки реди и сака ептен. Е за фини работи боење, сечење, монистри и слични чуда, не сака ич.
Многу е самостоен, се сам сака да прави, од слекување, облекување, мочање сам игри си смислува, многу сака во кујна да игра, се качува на столче и си игра, вчера 1 сат поќе стоеше сам в кујна...ама ете бои, форми, броеви не го интересираат
Изгледа малава почнала да сонува некои глупости. Сношти стана преплашена и тешко презаспиваше, ја земав кај нас ама пак беше на штрек. Денес пред спиење ми велеше дека не сака да дојде монстер дома.. не гледа такви работи, не ни било тема низ дома пример со големава за тоа, па предпоставувам нешто лошо сонувала.. исто така почна периодов да станува на сред ноќ нешто да си поигра во сон и продолжи да спие, како да месечари. Ја слушнав дека зборува отидов во соба не ја најдов во кревет оти темница гледам седната понастрана кај играчките и мрмори нешто и реков ајде на спиење отиде легна и продолжи. Значи на сред ноќ од памет ме вади