Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.312
    Допаѓања:
    8.009
    Пол:
    Женски
    Има некое од вашите деца многу да удараат? Помагајте како да се справам, устата пења ми фаќа и 3 минути е ок после пак почнува. Ги удара сите, почнувајќи од нас до баба дедо, куче, деца. Ме мачи и што прв почнува, не е само во самоодбрана. На раб сум да почнам да му враќам не можам повеќе да го дозволувам тоа. Некој хелп?
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.150
    Допаѓања:
    22.374
    Пол:
    Женски
    Син ми во последно време лежејќи во сон зборува како да е буден. Ќе си каже што има и пак продужува да спие. :D Многу е смешно зошто вади тешки муабети и случки, се чудиме со татко му како ги памти. :D Наутро кога ќе го прашаме памтиш ли што кажа синоќа, секогаш е зачуден и не се сеќава. Во мај го носевме во Дизни и се запна за едни огромни коли што никако не ни ги собираше во багаж, па се убедивме некако да земеме едни помалечки. Пред некоја вечер спие и во сон јасно, чисто вика: “мама уште малку пак ќе одиме во Дизни и ќе ги купиме тие колите големи со очи, во пластична кутија” (facepalm):D Му останало негде врежано и си сонува ли за тоа не знам што прави, ама смешно е. :D Кошмари до сега немал, ама затоа има ноќни терори, иако се ептен проретчени знае да се случи и ептен е жален..
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    27.310
    Пол:
    Женски
    Кај нас станување на вечер со плачење почна кога почна и градинка иако еве 2 недела не оди и кажувам дека не ја враќам, сепак и да оди со татко и и сестра и парк она ми вели мама молим те не оди никаде :?: валда мозочето додека и процесира дека стварно не оди, ќе станува некогаш исплашена. Тоа ми е поголем проблем некако него да си станува и да си игра иако ме замислува тоа дека може некогаш несвесно да оди на балкон без да сетам :worried: оти јас го имам тоа како мала напраено.

    иначе ја отпишав дента кога по 6ти пат се деси да е исгребана под очи од исто дете во рок од 15 дена, а ден предходно да седи во ќош згрчена и преплашена. Да морав да ја оставам, ќе напраев се тоа дете да е тргнато од таму, јас разбирам деца да се скараат, да грабаат играчи некогаш и да мавнат ама истото дете да прави тортура на сите деца ( тоа е од воспитувачката кажано) не ми е ок. Можеби процесот иако тежок ќе имаше среќен крај ако детево не ми почна да се плаши од него .
     
  4. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    660
    Минатата недела бевме на адаптација во градинка, а оваа недела сме болни. Матичната ми напиша потврда за во градинка со датум 16.10.2026 година. Бидејќи ни е прво искуство со градинка, не ми е баш јасно дали утре, на 16 октомври, треба да го носам или од понеделник?
     
  5. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    8.419
    Колку е голем 4 /5 год
     
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.312
    Допаѓања:
    8.009
    Пол:
    Женски
    4 наполни некни
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    27.310
    Пол:
    Женски
    Од дома е дозволено, мислам како може вас и баба и дедо да удира ? Не знам како ви се води разговорот ама ако е со немој, не смееш да маваш од тој тип секако нема да ве посуша. Не треба да му вратиш ама треба сериозно без попуштање да му свикаш. Сите до еден ќе се налутете, до знаење да дадете дека такво понашање не е во ред и баба да удри нема само немој сине и седи си. Објасни како се осеќате, дека боли и повредивање не е ок и заради тоа нема да играш со него, нема излегување и стои на зборот. Не сум дошла во таква ситуација ама сум дошла како што и пишав предходно ќерка ми да е удирана скоро секој ден во градинка од едно исто дете и тоа не само она, гребана, турната од стол и тоа е неприфатливо. Со циле миле не можи, ни со насилство само јасен став.
     
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.312
    Допаѓања:
    8.009
    Пол:
    Женски
    Верувај не е циле миле. Многу зборуваме објаснуваме, во парк на роденден или било каде кога ќе удри некој без изговор со плачки веднаш си одиме. Применувам се што можам, и со убаво и со лошо, вчера и јас го удрив зашто веќе стварно е претерано и со ништо не се ни плаши. Кога разговараме као сфаќа дека греши, ветува дека нема да се повтори и се извинува ама џабе, кратко трае. Пола играчки му фрлив поради опомена “ако уште еднаш удриш ти ја фрлам новата кола”, плаче по играчките значи не дека не му е гајле, криво му е ама и вака пак продолжува. Не знам од кај му излезе ова ние ниту сме го тепале ни пак е гледал често некој што се тепат. Не сум мека личност што дозволува дете на глава да се качи, поставувам граници цврсто и строго ама со ова не знам веќе како да се справам. И баба му не дозволува не само јас па да кажеш тие го лигават. Сите сме на исти став на оваа тема ама уште нема некој позитивен резултат.
     
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    5.376
    Ако дозволува моментот и си до него ќе му фатиш раце да не удира и ќе му кажеш дека рацете служат за галење итн убави работи. Што го тригерира, има нешто? Некоја промена дома, во градинка? Бесен е кога удира, нервозен или играта му е тоа? Следи го за да видиш дали нешто му смета, може и да не е спиен, да не е јаден и фрла бес, дали му се регулирани сите физиолошки потреби. И кога е во афект нема поента да зборуваш, рачунај ко да не си кажала ништо. Кога е смирен и кога играте ќе зборуваш, дека не треба да се удираме, дека ако нешто му смета треба да ти каже, дека со рачињата галиме, гушкаме, дека ако удираме може некој да повредиме, да го боли, да биде тажен. Гледај да го фатиш пред да го направи тоа за да го спречиш во прв момент, во меѓу време зборувајте и објаснувајте(кога е смирен) и ќе се научи. Закани, дерење, удирање, фрлање играчки е само ваша нетрпеливост. Децата си бараат трпение, или она, на моето дете не треба два пати да му се каже, треба 2002 пати да му се каже, не се сите исти.
     
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.312
    Допаѓања:
    8.009
    Пол:
    Женски
    Премногу промени има, сфаќам дека затоа е ваков. На одмор сме во мк, заедно на спрат со старите и не јаде како што треба плус денската дремка му е хаос. Не очекував да биде толку лудница и едвај чекам да се вратиме дома да му го средам редот. Ќе се трудам уште неколку дена да бидеме повеќе излезени зашто дома побеснува, стално прави некои глупости. Плус ново куче имаме и од возбуда ли не знам ама многу го малтретира, а јас само цркам по него зашто ми е жал за кучето и уште поголем тригер му правам. Во градинка е супер не се случило до сега некој да удри, само во Мк го прави ова и дома на братучед му удара често