Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.153
    Допаѓања:
    22.376
    Пол:
    Женски
    Какви суплементи давате на 3+ годишни дечиња? Моментално пие Џуниор протект, Д3, Молерс Омега3 сируп и пробиотик чоколадни мечиња. Сакам да го сменам Молерсот и да го давам во друга форма. Од што сте задоволни?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.331
    Јас му давам вакви омега, супер се.
    IMG_6981.jpeg
     
    На Carolin. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    9.966
    Пол:
    Женски
    https://ananas.mk/proizvod/doppel-h...nugLVcbc1xTRQNA5aUt3WCbkQyD51r2PaFO87bP1DfABQ
    Во аптека оваа Омега ми ја препорачаа ама некако скапа ми доаѓа спрема Молерс.
     
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    4.076
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Женски
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    9.966
    Пол:
    Женски
    Не се дава иста доза.

    Ќерка ми, со Молерс по 2,5мл врвеше точно 3 месеци, со едно шише. Сега 1,5 месец.

    Со другава омега, до 4 годишна возраст максимум 1 месец. Толку и пишува дека се користи од отворање. Над 4 години е 15мл што би се рекло за пола месец.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.153
    Допаѓања:
    22.376
    Пол:
    Женски
    Баш ќе ги ѕирнам, фала ти.
    Го пиеше овој неколку месеци во периодот кога бев загрижена дека доцни со говорот, ама понеисплатлив доаѓа од Молерс да, а не е еден суплемент што треба да се даде. Јас на син ми уште му давам 2.5мл Молерс, ама има 3 ипол и 13кг. Сега сакам во форма на гумена бонбона или слично, да смениме малку. Друго што даваш од суплементи?
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    9.966
    Пол:
    Женски
    Искрено од кај 3,5 години (во летото што би се рекло) забаталив од редовно давање.
    Повремено Омега ( Молерс во главно)
    Есенва Јуниор Протект и Мечиња пробиотик и Д3 капки сеуште.
     
  8. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    И давам пливит Д витамин, ама сега ќе го сменам малку, ги менувам секогаш фирмите, на неколку месеци, па сега солдевит. Ц витамин, мултивитамин ДОПел Херц со железо, па после Јуниор протект за имунитет кога ќе го испие. Молер омега па со ЗинЗино омега го менувам. Некако изгубив доверба во сите фирми, па менувам. И пробиотик и давав ама сега прекинав редовно да и давам.пошто оди цо градинка и нема време кога сето тоа да го пие, а не ми се дава на гладно. Поручек па касно е за витамини и како стигнеме така.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    9.966
    Пол:
    Женски
    Што е ова ЗинЗино Омега?
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.153
    Допаѓања:
    22.376
    Пол:
    Женски

    И јас цело лето ништо не му давав, освен пробиотик кога бевме на одмор. Марнис ги почнав пролетта и ги продолжив сега на есен. Они се реално од 4+, ама јас ги давам од 3+. Мислам дека се доста добри зошто пу пу да не го урочам, освен носе што знае да се растече, од пролетта не бил болен. Сигурно се зајакнува имунитетот со годините, ама имаат и суплементите врска. Сега земав Easy fishoil да пробаме. Споредував концентрации со цена и ми се видоа како најсоодветни. Ќе давам Марнис, Омега3 и две капки ПливитД3 за да стигнам до 700 ИУ зошто во Омегата има 200, а во Марнис 100 ИУ. Пробиотикот малку ќе го паузирам, ќе се фокусирам малку повеќе преку храна да се регулира тој дел, па ќе видиме.
     
  11. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    Така се вика. Зинзино. Го нема по аптеки, оди преку мрежен маркетинг. Нешто како Авон. Норвешки производ, од маслинки се прави. Доста го фалат, па викам ај малку и од растително производство доста од риби, ама сега сме со молерс, кога ќе го испие пак ќе и земам. Околу 3000 денари е 300 мл. 45 дена има рок по отворање. Нејзе и давам околу 3мл. Дел и ние пиеме. Е сега ме нервира што е исто и за возрасни и за деца. Нема посебно за деца, ама тоа е. Читав по форуми, главно на српските, има секакви реакции и позитивни и негативни во смисла дека исто како и другите само поскап заради реклами, ама па и за Молерс исто и за другите. Се има. Најубаво е преку храна да си ги добиваат сите витамини, ама пак мојата не јаде баш се. Особено не свежо. Ништо свежо ни овошје ни зеленчук, и викам и така целата храна е расипана, рибите веќе кој знае од кај ги носат во МК, батал држава сме и го земав, и затоа ни давам и од другите витамини, да надоместат за се што не јаде

    Screenshot_20261104-225659_Chrome.jpg
     
    Последна измена: 4 ноември 2026
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    6.027
    Допаѓања:
    27.457
    Пол:
    Женски
    Има, почна да преспива на 6 години и пак знае чат пат да ни направи драма да ја враќам во детска, па да сум и читала книга абе бегај, па ко ќе и речам легви не можам да читам во состојба е сите да ги разбуди. Малата од 2г спие во соба со сестра и без да се разбуди освен еден период кога имаше страв од градинка. Ама мислам дека децата што се активни многу, инает, полни драма нон стоп од мали немаат мирен сон..
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    8.881
    Пол:
    Женски
    Како е во градинка мамички. Ние од адпект на разболување, фала богу само еднаш од почеток се имаме разболено ( да не ме чуе ѓаволот ) Еве ова е петта недела што ја оди поврзано. Но сеуште плаче, и не сака да влезе. До таму се супер, и да влезе внатре почнуваат драмите. Кога го земам е весел и кажува дека му било убаво, ама ете прави проблем на одење. Плакао сам за маму. Никако да навикне дека се оделува од мене. Друг да го носи не помислувам зошто од дома ќе бидат плачки. Веќе и спие таму еве 4 недели. Ама нешто го кочи наутро. Некој совет нешто?
     
  14. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    82.217
    Пол:
    Женски
    Пробајте некој друг да го носи. На почетокот и јас одев да ја оставам и беше плачки, после четири дена само маж ми почна да ја остава и имаше плачки уште 3-4 дена и после прекина.
     
  15. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    8.881
    Пол:
    Женски
    Си помислив на таа опција. Ама од дома нема да сака да излезе без мене. Многу е за мене врзан, посебно наутро кога е уште сонлив. Ќе направи хаос.
     
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    82.217
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај нас, и сега има деновиве да почне мама мама и маж ќе ја дигне во раце и гледа да ја смири и како седнува во кола се смирува. Ќе и пушти песнички тоа ни е ритуал диско кола ни се вика и се смирува. Додека идев и јас многу поголеми плачки беа и не се смируваше. Наутро ако ја гледам дека може да почне да плаче и викам дека ќе оди татко и да ја однесе, а за тоа време јас ќе се спремам за да идам да ја земам.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  17. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    Пробај со играчкА некоја и она да оди во градинка. Кај нас не се дозволени ама до таму и во ранче па после на земање одма вадење. Тој не е за тебе толку врзан колку што тебе најмногу може да те "вози" и затоа така ти прави :)) Иако се мали сепак "тешки" манипулатори се
    Со факултет се родени што викаат старите.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    8.881
    Пол:
    Женски
    Факултет да имаат.
    Ама најјако е само плаче кога влегува во занималната. Значи до таму се супер. Обелкува толинки и да влези почнува да плаче и да дава отпор. И воспитувачката вика многу брзо се смирува после моето одење и се е супер. А јас буквално го турнувам и му викам де гледаме после, затварам врата и одам. Имаше денови со трчање влегуваше. Ама последните две недели плаче секое сабајле на влегување. А кога го прашувам за градинката ништо не кажува. И не можам да дознаам дали се дешава нешто што не му е кејф
     
    На misli_si му/ѝ се допаѓа ова.
  19. _Nofilter_

    _Nofilter_ Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2025
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки , јас со малку повеќе проблеми . :D
    Малиот сам си побара да го тргнеме пеленото на 2,5 години. Најпрво беше само за мочкање , па преку ден , па ноќе. Но, со какање имаме ГОЛЕМ проблем. Доколку не е во пелена никако, ама баш никако не сака да кака.Сега е 3 години и 2 месеци,мислам дека предолго ни трае овој проблем. Пробав со цртани,пробав со стикери , со награди. Во нокшир , нокшир - шоља , адаптер на шоља , директно на шоља ,ама не ни оди. Исто и надвор е пробано,но не. Седи и по 1 час на шоља без да оди по нужда. Дали има некоја друга мајка со ваков проблем и како сте го решиле ?

    Исто така многу почна да ми бара цртани. Пуштам ,но ограничено (најмногу 1 час дневно) , мислам дека цел ден да го оставам пред телевизор нема да му е проблем. Со говор е супер нема никаков проблем , освен не правилен изговор на р и л.

    Многу сака животни , па сопругот сака да го изненадиме со куче за нова година. ( златен ретривер/лабрадор)Е сега , проблем е што сопругот сака да го чуваме дома. А јас не сакам влакна насекаде.
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    6.027
    Допаѓања:
    27.457
    Пол:
    Женски
    За првиот проблем не знам совет. За цртани.. па јас пуштам ама брзо се трга сама и почнува со игра така да кај нас не е некој проблем, не го гледам и кај вас ако гасите Тв, друго е нон стоп да му пуштате. За куче, ако не сакаш влакна, а сепак куче, направете компромис за Бишон, они не прават ич влакна и се антислергиски. Не се нешо паметни де како ретривер ама па се мечасти и толератни со деца, сакаат игра, галење и брзо учат каде смее да се мочка.
     
    На _Nofilter_ му/ѝ се допаѓа ова.