И да го има ако имаш шанси да го земеш од србија дупло поевтино е Не ја растури многу? Имаме и ние ама син ми како ја растури никако не може да ја намести и се нервира.
Мајки, од ноќеска изгледа синко закачи стомачен вирус, повраќа и нема пролив ама многу се жали од болки во мешето. Пие течности, ќе го држам на диета( иако не сака да јаде)пробиотик и електролити давам. Што да му дадам друго за мешето?
Знам дека некаде имаше веќе некој пишано ама не можам да најдам. Те молам кога ќе можеш пиши ми како го правеше сокот и како се чува колку може да стои. Фала
Јас го правам веќе 2 год. редовно. Секогаш по овој рецепт: 1/2 кг. Цвекло 1/2кг.моркови 1/2кг.јаболка со лушпа 1/2кг.лимони со кора Се мие добро се' и се мели, ренде или блендира (јас го блендирам, така ми е најлесно). На оваа смеса додавам 1/2кг шеќер/мед, 2 лумонтуса и 2кг вода. Ја оставам смесата да стои така цела ноќ, утрото ја цедам преку цедалка и ја гмечам убаво со рацете да истече целиот сок. На прецедениот сок додавам уште 2кг вода (значи вкупно 4гк сок излегува)и собирам во стаклени шишиња колку мислам дека ќе испие синко во наредните 3,4 дена. Другиот го замрзнувам. Оваа е половина доза. Ако сакаш цела доза ставај дупло од тоа горе.
Мене ми успева со блендерот. Сецкам се' на помали парчиња и ги блендира убаво. Може зависи и од моќноста на блендерот
Лимонтусот го ставаш за да може да стои сокот повеќе? Ако направам без лимонтус што би било? Сакам оваа доза да ја направам, но немам лимонтус моментално, ке пиеме и јас и синко, па сиг и брзо ке се испие
Јас порачав на свекрва ми накај 8 ке ми донесе, па ке го доставам после, сега го правам соков. Ако може и без лимонтусот уште подобро, не би да замрзнувам јас сок, ке се испие оваа доза брзо, па ке си го правам често ако го бендиса синко.
Ако не планираш да замрзнуваш, пробај слободно. Плус сега не е толку жешко па мислам дека нема да биде проблем.
И мене, затоа да прашам со време Инаку мене многу ми се свиѓа, синко се мрштеше горчи, кисело е бла бла ама испи цела голема чаша има ова дневна доза колку може да пие? Ке му дадам после пак уште една чаша 200мл.
Ќе се навикне ќе видиш Мојот беше ист на почетокот, сега од сок само овој го признава Доза точна не знам дали има, кој колку си сака си пие Синко пие секој ден по една чаша од 200мл.
Ви помина вирусов? Нас сношти не фати....секогаш децава во сабота, недела се разболуваат. Денес сме со температура, а ич на дежурно не ми се носи...вечерва да видам како ќе поминеме...ако не па утре на дежурно. Многу шлајм (од нигде никаде наеднаш) ,сношти повративме и неспани цела вечер се закашлуваше од шлајм...И онака сме за крвна слика проверување,па понеделнички тоа да го завршиме.
@alana Траеше викендот само и му помина. Не го однесов на лекар, вриеше периодот од деца, па ни беше да не закачи нешто плус.Валјда има појак имунитет, сите вируси и настинки од нога и за ден два му минат. Ама мене јако ме здрма, а после и мм. Со лесно нека мине и кај вас.
Дали некој знае од што може да дојде до лупење на нокти кај дете? Значи и почнува од горниот дел на ноктот, и се двои некако цел нокт надолу и после некое вреже ќе се поткрши па морам да и го сецнам да не и се скине да не ја боли. Одоздола веќе пораснато ново нокте има. Не се пожалила да ја боли. Со цел памет отворив на интернет да читам па одма затворив , ја сликнав па ќе прашам некој доктор деновиве ама ако некој имал слично искуство да сподели. Веќе 3, 4 ноктиња и се излупија