3ипол години сеуште проблем со какање во пелена. Се од погоре што пишуваш сме пробале и нема ефект. Имаше ефект неколку пати кога одеше во градинка ама бидејќи е со алергии и чести опструкции прекинавме и пак се вративме на исто. Не ја форсирам, многу трагично сфаќа, плаче, вика дека ја боли… од она што сум читала и зборувала доста тешко оди процесот на вакви деца со одвикнување, тоа им е сигурна зона и психички проблем. И за второто сме исто, од дете што до 2ипол години не гледаше ТВ воопшто сега особено периодов со почесто седење дома бара постојано. Исто нема проблем со зборување освен со Л и Р. Гледам во меѓувреме да ја анимирам едукативно за да надокнадам, навечер правиме муви најт па демек заедно гледаме и раскажуваме. Гледам да балансирам дека гледам почна да се преминува границата на се што сум викала дека моето дете нема да прави ама дете што не оди во градинка е многу тешко цееел ден да го анимираш, плус што и ние работиме.
Ќерка ми беше така. Се не беше пробано и да не и давам неколку дена и на крај и ние се мачиме и дете се мачи, плаче. И оставив некое време за да не и правам притисок. Ќе си кажеше дека и се кака, ќе ја пофалев и ќе и ставев пелена..така некое време. После и реков дека е голема и кога се кака се кака во тоалет. Ставав пелена и ја оставав во тоалет. Секако не седнуваше, ама таму правеше. И веднаш ја бришев, и велев кака се прави, се бришаме и после се игра. Не ја оставав да трча со полна пелена, колку и да протестира. После и рековме со пелена ама на нокшир. И така некое време и цело време почнавме да и викаме дека е голема веќе. Исто одма бришење. После и рековме дека може пеленче ама да го легнеме во нокшир и демек ја закопчувавме ама на блузата од позади,беше битно да ја залепиме пелената од надзат, напред не ја лепевме. После две /три недели почнавме и воопшто да не ја лепиме и велевме еве тука е пелената, ја гледаше. На крај и стававме само тоалет во нокшир и така да кака. Прво го бараше татко и да биде со неа. Сега со мене, седнува на нокшир и затвара врата. Ме вика кога е готово. Давам се уште по некоја награда и зборам дека добро прави и веќе е голема и наскоро кога ќе спие уште неколку ноќи и ќе порасне уште поголема, ќе оди дирекно во тоалет. Ама не ја присилувам. Нека ја. Важно не користи пелена. Целиот процес траеше многу долго реално. Без пелена е месеци надзат. Во градинка никогаш не кака. Летото правев притисок, нигде не отидовме. Од август навака до пред недела време траеше одвикнувањето. Давам за награда секогаш или три гумени бонбони, па да си избере која боја, или 15гр чоколадо или една црвенкапа цртан. Така. За цртани има драма ама не попуштам. Ако сме исклучиле и рекле толку, толку е. Колку сака нека се треска утре нема. Некогаш и со неделели не пуштам тв. Секогаш е напорно со тв или телефон.
Мајки во неделата повраќаше синко вчера качи малку темп 38.2 ама ја симна сам. Овие два дена помалку ми јаде некако, а се друго е вака добро весел е си игра расположен
Нас ни се дешавало искрено за еден ден да се како нови, а предходниот ден да имале и тт и повраќање..
Има некој вирус таков. Кај ќерк ми во градинка пола деца се дијареа и растечен нос. Прво повраќање па после дијареа
Не не откажав, не знам дали пишав ама маж ми кога ја зеде беше во ќош и цела укочена и потресена, па другиот ден влезе внатре викаше дека и е страв од детето, но влезе и плачеше помалу само кога ја земав беше под очи и на врат цела изгребана, и турната тој пак ден од точаче и тогаш пресеков. За 2 недели градинка 6 пати беше од тоа дете нападната, ситна е, кревка ма и да не е таква не ја родив јас некои да ја малтретира.. пријавив дека е тој проблем ама пошо јас бремена и стварно не можев да ја мислам и стресирам дали ќе ми се јават дека ја има повредено повеќе ( иначе кој сите агресивен). Нека поужива со мама уште, реално ептен беше под стрес и уште го спомнува.
Па воспитачките што прават, не може едно дете да малтретира цело време? Сте можеле да пријавите и со родителите на детето да се разговара. Тоа треба да паузира. После ко ќе се породиш уште потешко со двете ќе ти биде.
Трето носам искрено пошо може да ми е дома и затоа не се борев он да си оди, повеќе ми беше кога веќе адаптацијата беше тешка, па и ова со дешавкиве да не и праам со сила стрес. Малце специфично беше тоа што цела група т.е 3 групи беа скроз нови деца и сите на адаптација, владееше хаос и секое дете бараше внимание, он беше стварно агресивно дете и посочив дека треба обрнување внимание зошто иде до такво однесување и треба разговор, но ете дента ја прели некако чашата и немав намера да ја вратам пак и убедувам дека он ќе си оди и се ќе биде во ред.
Така е,немора по секоја цена да оди.Во таква ситуација страдаат сите не само детето.Штом има насилство веќе тоа е екстремно.Ајде ќе се гушкате сега двете па и кога ќе дојде бебето ќе си уживате Малку е тешко и напорно со бебе и со тодлер ама минливо е
Сум го поминала тој пат и некако знам што ме чека.. плус најголемата е прваче, а само со мене може домашни да пише и ќе биде интересен период ама па фала Богу мм работи од дома и секогаш е достапен во кризни ситуации. Најдовме друга градинка ама уште и е свежо и има одбивност така од септември една година постара мислам дека ќе биде.