Крвна слика 3 пати минатиот месец правевме дека беше болна, на обична кс не може нели да покаже? И јас мислам недостаток на некој витамин ама кој??
Незз еве ако знае некоја феминка поточно ќе каже или па најубаво исконсултирај си доктор да знаеш што конкретно да испиташ раат да си
На големава мн косата и паѓа и докторката ни препорача витамински сируп и Д3 капки по 5 дневно (Вигантол) . Како почнавме се намали опаѓањето. Земи некој витамински сируп пробај, не ви требало да е нешто алармантно. @M&M
Почнав јас со дефендил пред 2 недели и со вигантол исто ама по 3 капки и давам. Ќе видам баш откако ќе и падне овој слој што се лупи сега дали пак ќе се повтори. Имам слушнато за точки бели кога се појавуваат на нокти дека е недостаток на цинк не знам дали и ова може да е до тоа
Кај нас на нозете знае така на моменти на палчињата...порано бев на ортопед оти ноктињата на малите прстиња на нозете и беа како задебелени и ми рекоа така мене ми се гледало ...за секој случај мултивитамини ни даде педијатарот. Инаку за возрасни цинк + ц се за коса, нокти, кожа и опоравување после болест...а за дете мултивитамини ќе ти дадат. Ама за секој случај појди на ортопед или кај доктор за кожни болести (ова ако се мисли на некаква инфекција)...обично на овие 2 места праќаат. Нека види матичната прво. Дај боже. Поднамали денес температурата, ама понеделник секако ќе ја однесам.
Да не имаше коксаки сега брзо? @alana исто и мојата, стомачен со многу длабоко кашлање. Поврати неколку пати, неколку пати проливче, еден ден температура која спадна сама од себе и по цел ден спиење. Ептен беше малаксана, а од јадење само неколку кругчиња бејкролс, едно залаче варен компир и 5 голтки вода. Броев Сега е подобра, ама кашлањето полошо, па завршивме на инхалации. Ќе видиме што ќе биде.
И мене тоа кашлањето ме секира, температура уште околу 38 качува (вчера 40)...вчера исто цел ден и цела вечер ги преспа, со повремено будење оти затната беше. Поубаво да ја видат, па што ќе кажат тоа ќе правиме. Со помин ајде.
Дали можам овие капсули да му ги давам на 3 години? Во аптека ми ги дадоа, не пие рибино масло од никое, а во упатството пишува не е за деца под 4 години.
@Annath таму па ми кажаа да ги голтал само ништо јас ќе ги искористам, за него ќе најдам нешто друго ако не може да ги изџвака. Тој пресреќен дека топчиња сум му купила мисли бомбони се. Фала ти
Големи се некако да ги голта така, мене би ми било шубе. Не се како зрнцата од наше време, овие се баш колку грашок.