@referentka Ај и овде да те прашам исто- те прочитав некаде ( не баш сега) дека на девојчето и ја имаш ставено вакцината за стрептокока , може искуство да споделиш? Благодарам!
Вакцината и ја ставив кога имаше 9 месеци зашто тргна во градинка Докторката Венера (од поликлиника Букурешт) ме советуваше да ја ставиме,препораката беше-ако фати стрептокока постојано ќе биде болно детето. Докторката прави порачка на вакцината и се јавуваат на тел штом ќе стаса. Детето ја прима ако е сосема здраво и тоа наеднаш или на два пати (во рок од еден месец) во зависност од возраста и тежината на детето. Нус појави немаше. Колку што имам чуено,со вакцина,детето може да е и носител на стрептококата ама е отпорно и не се разболува,а колку е точно ова-незнам.
Извини што ќе те цитирам, но не знам кого да прашам за вакцината. Задолжителна е и на која возраст се става, само на 9 месеци? Ќерка ми нема примено такво нешто мислам, а сме скоро 4 години. Или на приватно се става и дали би можела да прашам кај нас вп болница за тоа а да не ме гледаат чудно? те преплавив со прашања, извини.
Не е задолжителна. Не се плаќа. Оти да те гледаат чудно?! Мене ми ја препорачаа. Навистина ја препорачувам, лоша е таа бактерија.
Мајки два пати го приметувам синчево навечер да е топол, не мерев тие два пати и вчера трет пат си реков да измерам дека ми беше топол и имаше од 37.1-37.7 со дигиталниот, 37.2 со живин еднаш измерив. Температура е нели? Мм вика абе од умор или дека му било жешко да не бил топол... Сабајлево 37.2 има, сеуште спие. Малку повеќе спие перидов и ние едвај го будиме, најверојатно дека е слабокрвен... Опседната сум со него периодов
Фала ти, ќе си прашав во Здравствениот дом кај нас каде што ги ставаат. Ме замисли сега, ако смее да ја прими сеуште ќе ја однесам.
Да не му е топло во соба? Инаку и ние мака така имаме со температурата, ама на крај се разболува. Ова за мојата зборам. Од тоа 37.2-3 до бронхитис стигнавме пред некој ден. Дури и беше изгор топла, а топломерот покажува 36.6, и во градинка ѝ мереле дека ја осетиле топла, исто им покажало под 37. Можам само да ти кажам да пратиш ситуација и по неколку дена да направиш кс. А оди во градинка или дома седи?
Мојов така крева температура, нормална му е 36.2-36.5. Штом го сетам топол веднаш знам дека е нешто. Два дена сме така, сношти повеќе загреа и го напив далерон. Друго ништо. Ама дечињата пред зграда сите беа со температура, а играат, се гушкаат. Јас лично не го пуштам надвор ваков ко ќе е, ама тоа е, друга тема. Може е некој вирус, минатиот месец нели и Стефан исто беше и така помина. Јас сакам друго да прашам (за некој месец ќе сме за во оваа тема, ама кога се најдов тука може ќе знаете). Како мерите температура и како давате сируп кога не оставаат децата? Невозможно е да измерам, ни во спиење, за станат веќе не правам муабет. За сируп го држиме и сосила со шприцот му давам, устата ја вклештува и плука со јазикот. Спреј, капки во никој случај не ме остава. Огромен проблем е, не знам како да го убедам ни зборување, ни ништо не помага. Се мислам да купам од тие топломери без контакт, не знам ни кај има, ни цена, а и не знам колку се точни. Ве молам за совет.
Па таман е дома, што знам. На нас ни е таман. Инаку еве го почна да грофта, кашла влажно.. а и како на нос да збори малку. Ке го следам ајде... Не оди во градинка инаку, но се дружи со девојче често кое оди во градинка.
Добро е и што си издржала досега со безконтактен. Ние го имаме на микролајф безконтактниот и бидејќи сме имале повеќе и дигитални и безконтактни, и не знам веќе какви, овој се покажал најдобар досега. Го има во еурофарм и е околу 1500 ден. отприлика. Барем мислам дека толку беше А за сируп, таа фаза и ние ја поминавме. Јас давам само со шприц. Кога не сакаше да пие, ја притискав на образите измеѓу вилиците со палецот на едниот образ и показалецот на другиот (ич не знам да објаснам ) и автоматски мора да ја отвори устата. Само ќе пазиш како насочуваш со шприцот, за да не се засркне. А за капки Борба е. Некако врз неа застанувам, да не може да мрдне. @mariz е така ни направи. Кашлаше, па малку носот ѝ протече, ништо посебно, ларингитис и за некој саат бронхитис. И сето тоа зачинето со коњуктивитис Инаку оди во градинка. Прати ситуација и да знаеш кај нас кс ако беше супер во саботата, во понеделникот беше ужас. Во иста лабораторија.
Леле уште тоа ни фали, како што му е катастрофа крвта. Инаку Микролајф имам и јас, од Еурофарм 2390ден (на кутијата имам сеуште цена) и има 5год гаранција.
Е малку сум утнала во цената Инаку, не сакав да те исплашам, туку муабетот ми беше дека ќерка ми не дига висока температура, а завршува или со бактерија, или еве со бронхитисот. Само прати ситуација.
Ќе купам обавезно топломер, кога купував пред да се роди од истата фирма купив дигитален, не ни помислив дека ваков проблем ќе е. Фала ви.
Јас колку што знам до 4г само може после нема ефект. Ќе ја носам јас на дитепер неделава и ќе закажам за стрептокока обавезно, па ќе споделам и јас искуство @mariz пиши како сте, душа вајда е вирус. Јас само во живин топломер имам доверба другиве се расипуваат Не дочитав до крај па пишав живин најарно, ама ако не ти дава добро е да имаш од оние како ласерчиња бесконтактни само којзнае колку коштаат. За сируп и јас имав мака, и во сок го осеќаше па само на сила со шприц едно време проаѓаше, ама од што и беше трауматично почна веќе со лажичка да зинува малку со убедување и одма сокчето при рака да пивне после сирупот.
@M&M со живин па ич, минатиот месец скршивме еден. Без контакт ќе купам, скапо ми е ама почнав веќе на слепо да давам сируп ко ќе ми е многу жежок и ко ќе омалаксува. И така не бива. Трауми има и мојов од насила што му даваме некогаш, ама не попушта, а и во сок што велиш не пие. Искрено се надевам ко ќе се поголеми ќе се надмине ова.
Kaj nas shpric ne pominuvase....samo lazicka nabrzina pikni vo usta i podrzi dur da goltne...i sto vika M&M sokce posle toa da isplakni usta. Inaku za toplomerive digitalnive sto se bez kontaktni malku povisoka temperatura davaat nasproti obicnite. Jas meram so digitalen prvo za da ne ja maltretiram, ako vidam deka e povisoka togas i so obicen meram. A i vo bolnica so obicen ni preporacaa deka e najtocno.
Mojot ima 4 ipol god. Predhodno bese nerazbirliv, nemiren abe.....ne znam kako da opisam. Ama zabelezav od predhodnata nedela deka se promenil deteto...poveke prasuva poveke razbira, koga mu objasnuvam me slusa vnimatelno...uuu vikam fala Bogu Samo kutriot ne moze ubavo da se iskaze zosto zboruva 2 jazici...i celiot se blokira
Мојата иако живее во Мк англиски збори ко да живее таму. И ај јас ја разбирам ама бабиве ако не сум дома и ми викаат на телефон Еве ти ја разберете се, нека ти каже што сака.