Може и наредниве денови да се жали на болки. Јас го имав вирусот. Само еден ден е температурата ама болки/грчеви во желудник мене ми траеја околу недела дена. Малиот прво го доби и почна да јаде и да се однесува нормално дури по 4 дена.
кога веќе читам за тој некојси вирус морам да прашам. Еве моето во последниве 2 дена по еднаш во денот се пожалил на стомачна болка легнува се покрива ги витка ноџињата во колената и за 2-3 мин му поминува. Никакви други проблеми немаме,ама сега ме замисливте.
Zdravo majki Kerka mi ima tri godini,nekolku pati do sega se žali na bolki vo kolenata. Inaku si e vesela,igra ,trca preku den ,ne pokazuva nikakvi znaci deka nešto ja boli. Ama odvreme navreme pred spienje,nekogas i vo son se budi so praćenje so bolki koi traat nekoi 15min i posle kako nisto da ne bilo.Citav po net deka e mozebi od rastenjeto ama sepak bi bila blagodarna ako spodelite vaše misleje.
Од растење е. Јас и со ортопедот се консултирав. Ме советуваше термофор или нешто топло да ставам, за да се смират болките. И гушкање
Fala ti na odgovorot Se nadevam deka e od rastot i kaj nas,ke sledam,ako ne odime na pregled.Se sekavas kolku posle kolku vreme prekinaa bolkite(mislam po eden mesec,godina)?
Не прекинаа. Сеуште има. Се појавуваат од време на време и траат по неколку дена. Докторката ми рече дека до 12 години може да имаат болки само поголеми се, па подруго е.
Дали знаете каде може да најдам некои влажни марамици за очи? Биле антибактериски и се користеле за чистење при бактерија во очите. Докторката ми ги кажа, ама во Зегин и Еурофарм немаат.
Незнам каде да го поставам прашањево. Ќерка ми е на воздраст од 4 ипол години, во последен периот само плаче по мене и вика многу те сакам, со мене сака да спие навечер, сабајле не сакаше никако да оди во градинка бес мене, морав да ја однесам јас, на мм му вика бегај не те сакам тебе, мама ја сакам. Имаме бебе од 7 месеца и до сега не покажа никаква љубомора, но овие 2 недели само вика остај ја он нека ја чува, за мм. Што може да е во прашање? Што да преземам?
Можда и е период или доживеала некоја траума. Секое дете има вакви испади ќе поинат биди без грижа. Само гледај повеќе да и обрнуваш внимание да не се осети запоставено,мислам дека несвесно поради грижа на малото несвесно си дозволила така да се почувствува. Бебчето секако е мало тоа нема ни да памти што и како било. Гледај колку можеш да бидеш повеќе со неа. Ако си во можност остави го помалото со сопругот а со поголемата појдете сами на прошетка,во слаткарница, читајте,цртајте заедно...Нешто што ја прави најмногу среќна. Можеш да и даваш обврски околу малата за и таа да се осети како повозрасна дада. А за ова што не се деле од тебе мислам дека е во страв да не те превземе бебето па таа да биде втора. Седнете и двете и разговарај со неа како да е возрасна. Ќе и објасниш дека мама секогаш не е слободна и дека некогаш тато мора да ја носи во градинка.
Мислам дека имам прашано, но не ми одговориле. Покачени лимфоцити во крвна слика што укажуваат? Нонстоп покачени?
Нон стоп има некоја инфекција. Мајка ми го вика жариште. Додека не се открие и излечи го паѓа имунитетот.
Не се леукоцитите за тоа? Тоа ме буни, знам при жариште тие рипаат, а тие мирни му се, црп мирно. До душа имаме проблем, неоткриен сеуште, може да е од тоа, само дека другиве мирни ме буни.. И некој во коагулација да не се разбира да прашам нешто...
Лимфоцитите се всушност леукоцити, односно постојат повеќе типови на леукоцити. Различните видови на леукоцити може да укажуваат на различни проблеми (пример едни се борат со вируси, други со бактерии, трети се покачуваат кога телото се бори со нешто ама не се знае што и слично). Не сум лекар ама мене вака ми објасни педијатарот ендап кога малиот беше болен па заклучи дека има бактерија по високо црп и некој од облиците на леукоцити (брисот после покажа дека е во право). Сега последно кога имаше вирус имаше покачено црп ама се од леукоцитите (тие посебните) беше мирно па рече вирус е некој и така и беше.
Мариц, мислам ти треба некој добар искусен доктор. Кога мојата беше 8 дена, еден доктор у детска клиника само виде крвна слика и знаеше дека има срцев проблем. После кога им кажував на докторите како се открил проблемот беа изненадени како дознавме. Оти на слушалки не се слушаше и ехото потврди. Паскалов на пример, од далеку знае бактерија и која е. Без кс. Кс му треба за да се потврди. Анестезиологот кај мајка ми од кс ми рече за 2 дена ке добиеш менструација. Собери ги сите кс и оди по октори.
Море низ цела клиника сум, а предтоа акав по приватни, Систина, Жан Митрев, кај приватни доктори кои работат сами... не следат, гледаат крвни слики куп доктори. На Хирургија, на детско гастро и на радиологија до сега го гледале, никој неможе да заклучи што е работава. Едни ме убедуваат оди во Странство, други ми викаат дека исто ке биде и таму, сме имале тука искусни доктори, нема кој детски гастроентерохепатолог не го виде. Само сметаат дека не е нешто страшно и итно, дека крвта не паѓала премногу. Моментално е со 10 хемоглобин, 4ка железо, а исхраната му е одлична..
Мајки нешто да прашам... Малиов ми е малку истрауматизиран мислам од лекари, доктори, болници и боцкања. Едно месец дена вика цело време: мене никој не ме сака. Недај боже да го искарам малку, лее солзи и си оди во соба и исто така вика. Денес најново нешто што ме запрепасти, дојде и од нигде никаде ми рече: Нас ти нема да не чуваш веќе, нова мајка ке си купиме. А па ако некој му спомне градинка, вика се дере дека не сакал да оди, мама дома ке го чувала. Многу е нервозен, со деца е станат нервозен многу, на лекар седеше многу мирно, а сега за обичен преглед се ака од земја, вриска, се тегне. Скоро на забар бевме, таму па мирно седеше... Ова резултат е што седи со мене дома или од болниците? Нешто погрешно ли правам или нервозата му е од другово?
Мариз исто и мојата во последно време вика дека никој не ја сака. И на мене и на мм ни паѓа многу тешко кога ќе ни каже и се прашуваме од кај па сега и текна такво нешто. И плаче липа кога го кажува тоа. Пред 2 дена се случи последен пат, ја гушнав, оставив да се исплаче и кога се смири ја прашав зошто така мисли. Ми раскажа дека некое дете ја плукало и туркало во градинка. И реков дека ќе зборам со учителката и ќе и кажам да ја пази повеќе. Одма се смири и се насмеа. Јас мислам дека, лично за мојата дека преку ден доживува нешто во градинка, а она е многу чувствителна и тоа го држи во себе. После дома ког аќе и текне има такви изливи . Пишував и дека децата ја удираат, буткаат и тоа и пред мене се случува а она само се трга, не враќа и затоа и може така размислува дека никој не ја сака. Но јас и кажувам и дека немора сите да ја сакаат, мама, тато и ќе набројам некои другарки што стварно ја сакаат и дека е тоа доволно. За сега има ефект, се смирува и ме гушка најсилно кога и зборам так а Иначе гуглав на оваа тема и ми искочија статии дека овој проблем се јавува обично накај 7ма година кај децата, а еве моево и твоево уште порано го доживуваат ова
Јас кога рече еднаш така го прашав кој му вика така и ми рече другарка му така му рекла, има другарче блиско ептен што често се дружат, ама не верувам па тоа така да рекло... Го гушкам, му зборам дека го сакам и дека и мама, тато, баба, дедо, сестра му, и така набројувам кој се го сака. Кој и да му рече нешто лошо, да го подкара одма тоа го вика, солзи, па загреотка и си оди дури и во соби се крие, или ако сме на друго место знае од маса да се пикне, позади врата, на кревет со лице надоле да легне... од мал е до душа чувствителен, не знае да врати, не се брани и брзо се навредува, но овие зборови тешки се, а се почесто тоа го кажува... Се надевам ке помине кога ке го поминеме и периодов со болници..
Мое мислење е дека тоа што го кажува нема врска со оболници. Затоа и ти пишав. Знам дека ти е тешко, но немој да си ствараш грижа на совест и да се нервираш дека ради болниците така мисли. Дете е, сама викаш чувствителен е и ти кажал дека детето така му рекло. Тебе не ти се верува но јас би ти рекла да му веруваш. Деца се кажуваат се и сешто И јас не и верував за многу работи но потоа се увирев дека се што си кажува е вистина. Не знаат да лажат они за вакви работи. Иста ситуација еве и твојот не тепа и не знае да врати и да се одбрани Скоро сум убедена дека и причината е иста за ситуацијата, односно дека некое детенце го натажило. Навикнати се на љубов, мојава ретко и ја караме. Се со убаво се збори и затоа не може да поднесе некој да и каже нешто “неубаво“. Со помин нека ви е, се надевам ќе завршите со болници веќе