И моето баш такво за спорт, точак, тротинет, кола да вози се тоа сака надвор да трча, да се качува на нешто. Точак научи да вози уште на три години, добро е ме утеши те не било само моево така, ќе го оставам само не го форсирам најубаво да не биде па полошо така а и има време уште две години додека тргнеме во школо. Фала ви многу
Мајки дали некој од вас ги носи дечињата на балет? Да ми препорачате некое балетско студио во Аеродром и околина? Јас ги гледав “Балерина”, “Лебед” и во склоп на едукативниот центар “Сонце” исто така има часови по класичен балет. Има некој искуство со нив?
Гранулоцитите при вирус или бактерија вака реагираа? Некако ептен под граница гранулоцити% 25,2 и 28,7.. А детево вака сега е здраво, освен на уво што се жали и ставаме тобрекс. Денешната крвна слика е 28.7. За долните вредности хемоглобин и другите под си знам.. со анемија е.. @Alishan30
Гранулоцити за бактериска, лимфоцити за вирусна а моноцити за алергиска природа, освен анемијата овие се добри резултати
Мајки ќеркичката ми е 4 год и бебче 10 месеци, во последно време значи премногу ме нервира одвај се воздржувам , само води инат не слуша ништо ако и свикам одма плаче , ако треба да оди кај баба и вика ти мамо да не доагаш ,за се нешто е против мене , дали има некаква љубомора за бебево но тоа мислам помина беше на почетокот , Баш вчера отиде кај баба и вика ти мамо не доаѓај но јас отидов, леле кога ме виде кога рече плаче рика, вика одиси мамо одиси , јас и викам ако си отидам не те сакам дома повеќе да дојдеш , чим ти мене не ме сакаш викам и јас тебе нема да те сакам , се спремам и го повторувам тоа и она ме гледа и е гајле вика добро оди си, јас фино лепо си отидов и си се утепав од плачење зошто девојчево таква омраза кон мене ??? Некој совет искусни мамички???
Ооо сигурно мн тешко ти е. Мислам дека треба да и обрнеш повеќе внимание од типот играње игри заедно, боење, едукативна работа. Со бебето основните потреби секако мало е тоа да љубомори. Среќно. И јас сум со 3 и пол годишњак и 9 месеци бебе. Гледам со него повеќе да играм или неа ја чувам него го вклучувам во се. Нема друго
Deteto mi e 3ipol god i naedas pocna mnogu da se plasi skoro od se.Od nepoznati lugje, od koli, od bucava.Primer ke pomine kola pokraj nasata kuka odma pocnuva da place i so trcanje vleguva vnatre.Duri pocna da ne saka da izleguva nadvor.Probuvame so razgovor da objasnime deka nisto ne e strasno ama nema efekt.Ova trae veke nekolku meseci.Sovet sto da pravam.Dali da pocekam uste malku da ne e samo period pa ke pomine ili vednas da odime na detski psiholog i kaj koj dobar detski psiholog?
јас да ти кажам искрено исто некаде околу 3 години со првото ја имав истата мака. Ама тогаш дали дека прво дете па и јас од се се потресував .... Сум го носела на бајачка ( сега срам ми е да си признаам) ама верувам дека е период и со разговор а и со тоа да има некој со него во овој период ќе му помине стравот.
Можеби не ми е за тука прашањево ама читав нешто по интернет и цел интернет вика дека како моево дете биле децата што не добиваат доволно внимание од родителите. Ми требаат идеи за внимание. Лепенка сме ама ете очигледно не му посветувам доволно внимание, можеби грешам некаде. Како би изгледал еден исполнет ден мајка и дете? Сфатете ме сериозно пред дс го фрлам од прозор.
Под внимание, јас барем, подразбирам кога правиш нешто само со детето, без пропратни дистракции. На пример, од сабајле, јадевме, читавме, без ништо друго јас да правам, значи без гледање телефон, се гушкаме, бацуваме, гњавиме, време поминато заедно. Потоа јас еве седнав на лаптоп, пијам кафе, она сама си игра, задоволена и е од мене потребата и си брка нејзина работа. Заиграна си е, си зема самата што и треба. Вака си тераме саат и кусур, потоа пак правиме нешто заедно, дали излегувам надвор, дали играме нешто, пак заедно саат-два, зависи од активноста, потоа јас ставам ручек, средувам, она пак сама си занимава. Кога ќе се умори веќе и пуштам цртани еден саат, легнува малку да пододмори зашто не преспива повеќе, потоа ручаме, доаѓа татко и, па продолжува со него со играње, па се менуваме, и така, накај осум обично заспива. Нема плачење и кенкање.
Ама како да го темпирам времето да готвам баш кога и е доста од мене? Синоќа го читав тоа што го читав па денес ќе пробам да го применам и баш ќе видам дали е вистина. Јас не сакам бебиња, деца, кучиња, мачки... па затоа си мислам можеби некаде грешам, можеби чувствува детето... А можеби не сакам поради тоа како јас сум растела, иако е тоа друга приказна, сепак можеби сето тоа претходи на сето ова. Нз, некаде има проблем ама не го пронаоѓам. Друго што приметив е дека кога е маж ми дома не се трпи и можеби затоа што не сака воопшто да збориме. Ама како некогаш мајка и татко заедно шетаат со дете? Или различни се децата? За вчера мм вика до 14.00 била мн мирна, и откако дојдов јас хорор до 22.00 и мм вика мора да е нешто до мене дека и во градинка е нормално дете. Не можам до детали да пишам за вчера ама ми идеше да легнам и да плачам на улица и брза помош да дојде да ми помогне. Ај ќе пробам денеска поинаку па ќе видиме. Една жена ми рече дека сум одела на работа и не ме гледа па затоа вакво било. Седам пред врата, чекам да се разбуди па да влезам и кога ќе влезам од одма мора да ја оттргнам за да се избањам прво ради корона вирусот не смее одма да се гушнеме. Дете како дете нема може точно да сфати зошто и може од првата минута да се чувствува отфрлено. Сама ми отвора врата од купатило и ми вика да се бањам дека имало корона вирус надвор ама сепак. Толку комплицирано, а кога гледам други деца надвор изгледа толку едноставно. Децата слушаат се што ќе им се каже, ги држат родителите за рака, седат мирни во количка, на тротоар и без рака одат по тротоар, а моево оди на улица и ме гледа во очи. Можеби и тоа е за да добие внимание? Се распишав...
Мислам дека треба да поработиш на твојата поврзаност со неа. Кога си со неа биди само со неа, како што ти пишав и погоре, да види дека ја слушаш посветено. Зборувај со неа, слушај ја, наоѓај и соодветната замена за нешто што не може да го добие, избегнувај да и велиш не, не може, и кога не може само кажи ја причината, без да го користиш зборот не, како тригер им е. Не е и до времето поминато со детето, туку како е поминато, може и по цел ден да се биде со детето, а тоа само да си гледа цртани и да не му се обраќа внимание. Важно е да е квалитетно поминато. Ќе си испланираш кога ќе правиш ручек, пред да почнеш ќе и посветиш време на нејзе, па потоа ќе си почнеш, јас обично на мојата и давам почетна активност, па си се заигрува сама потоа. И кога доаѓа до тебе не ја оттурнувај, и кратко да е гушни ја, бакни ја, погледни ја, па потоа продолжи со што и да правиш. Колку повеќе се обидуваме да ги оттурнеме толку повеќе се лепат, си знам по себе. Ти сама треба да увидиш каде чкрипи, смени го малку однесувањето кон неа, па види дали ќе има некаква промена. И не си троши време и енергија на нервози и обвинувања, така за џабе си се потрошила, насочи ја таа енергија кон тоа што ти е важно и ќе се сменат работите, ќе најдеш баланс.
Овие два дена беше подобро. Ќе се сконцентрирам да приметам што сум направила кога е хорор. Ама овие два дена и паркот за деца е отворен па таму сме два три саати попладне и после бањање, па гладна е па спие подобро. За инает не јаде. Пред некој ден и ставив парчиња краставица на маса и се дере дека не сака бљак и ги фрла, а со сласт јаде краставици. Одам в спална да однесам нешто и се враќам и со рачето зема краставица да јаде и кога влегов се штрекна и ја остави. Ама ете тој инает за јадење може е за да добие внимание.
Можно ли е да се враќаат тантрумите на 3 ипол години??? Еден период беше премирен, ме слушаше за се, си ручкаше што ќе му ставев, со сестричката и со другарчињата убаво се однесуваше..... бев среќна што имам толку воспитано дете, си велев дека трудот во воспитувањето вложил со плод. Во последно време луѓе е неподнослив, постојано плаче, се нешто не му е погодено, ова нејќе да јаде, она нејќе да облече.... зборува безобразни зборови, ако му се скарам почнува да ме тепа, и да плаче исто ко тантрум да има, ја тепа сестричката, ништо не и дава, со едно другарче од маалото исто многу лошо се однесува, не му дава играчки, го брка и го тепа... Му зборувам многу, го гушкам постојано, му посветувам внимание повеќе на него и пак ништо... Утешете ме дека е период...
@Lolipop23 и @gjoker4e само смирено и полека. Може и да не правите ништо погрешно туку децата во овој период сите се малку под стрес. И не знаат како да го искажат, за чувстуваат дека не е се нормално (нема игри со други деца слободно, нема градинки и слично). И мојов е „полош“ од обично, ама пред два дена ми вика мифалат другарчињата од градинка, сакам да играм со деца на лулашки и слично. Така што само смирено и опуштено. А дека има деца кои се полесни и потешки тоа е исто така факт (темпераментот е вродено нешто). Другари имаат едно искулирано дете што да ви кажам. Ништо до него не допира и не го ремети (дури и не покажува љубомора кон бебето братче што сега брзо го доби). Се заигрува сам подолго од моето, ама затоа па и знае во група деца да се осами и да си игра сам и зборува по потреба. За разлика од него мојот е сто на саат, сака внимание, ама сака и да игра со деца не зам, не прекунува да збори и да се оправа. Најново и кога гледа филм мора сите заедно да гледаме. Секое дете е приказна за себе. Е сега ако сте приметиле нешто што навистина прави разлика кај однесувањето на детето, а е поврзано со вас тогаш менувајте тоа што сте приметиле. Само знајте дека ако нешто упалило кај едно дете не мора да значи дека ќе упали и кај друго.