1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Како тротинет им купувате на 3 годишни деца? Гледав повеќе модели не знам што би одговарало најмногу.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.740
    Пол:
    Женски
    Две тркалца напред, едно позади. Рачката да се прилагодува по висина. И тркалцата да се силиконски. Не ти треба од тие со плус седиште и слично.
     
    На gjoker4e и kiki_riki им се допаѓа ова.
  3. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    Никогаш немојте да го уценувате емоционално детето. Никогаш што и да се случи немој да му кажеш не те сакам. Ние сме родители и децата треба да знаат што и да направат, какви и да се, ние ги сакаме и дека никогаш нема да се промени тоа.
    А тоа што сакала да остане сама кај баба и и не е некој проблем, сигурно по цел ден е со тебе и сака малку да смени, а и сигурна сум дека они и удовилуваат повеќето од што треба.
    Пробај да поминуваш време со неа. Прати го бебето на неколку саати кај баба и целото внимание посвети и го на неа.
     
    На gjoker4e, Lolipop23 и momomo им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.224
    Пол:
    Женски
    Мојава од 2 години вози со едно тркало напред и две назад.
    Е сега @JoyJoy ме замисли. Што е финтата со тркалава? Кое е посоодветно за помали деца, две напред едно назад или едно напред две назад? Од колку години е едно напред едно назад?
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    И ние имаме баш таков некој за подарок но го донесе. Кога јас би купувала, ќе купев со две напред, едно назад. Вака не знам, како да нема рамнотежа, (а баланс точак вози перфект). Не знам дали да го баталам, мислев нема шанси да научи, ама сега те читам и сфатив - има шанси :rofl: ќе го пробаме пак.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    165.901
    Со три мојата го совлада.
    Инаку не сум за во темава, здраво и чао:hai:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.740
    Пол:
    Женски
    Не знам што е финтата со тркалата. Двата вида се за деца мали.

    Овој со две напред едно назад ми е посличен на тротинетот за возрасни зашто исто се врти со него со наваливање на телото и рачката. Тој со две назад е како постабилен (можеби и посоодветен за помали деца). Од тие со две тркала назад сум видела и верзија каде што напред рачката се врти како рачка на точак. Нана овој што ние го имаме рачката се подесува по висина па може да го користи и поголем кога ќе биде (ние си ја креваме од време на време).
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Со едно напред јас мислам понестабилен е некако за рамнотежата. Ама шо знам... :worried:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.740
    Пол:
    Женски
    @kikin каков и да купите за пола ден ќе научи да го вози. Нардниот ден ќе се подопушти, а псоле два-три дена ќе бега со тротонетот напред. Затоа прво учење дека мора да застане на команда стоп па тротинет.
     
    На gjoker4e и kikin им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Мене ова зборувањето безобразни работи од такт ме вади. Штом нешто не му е погодено, или ќе се налути малку, почнува да ми се обраќа со навредливи зборови (г*мно, п*тка, п*рдла, будало, женче итн....) исто и на бабите и дедовците. Дома никој не употребуваме такви зборови, не слуша кавги, пцовки и сл. Единствена промена му е што мм замина во странство пред 5-6 месеци и не може да си дојде поради ситуацијава, а многу беа поврзани и цело време го спомнува.
    Јас навистина не знам како да реагирам, постојано му зборувам како не е во ред да зборува така и во моментот ќе се согласи, но за брзо време пак по старо. Сум пробала да игнорирам, нема ефект, сум пробала да изгледам лутно и да му се скарам, исто, некогаш ќе ме фати смеа и ќе се насмеам...
    Дали можеби треба да применам некоја казна? Како би реагирале во ваква ситуација?
     
    На 24.07, gjoker4e, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Ги чул од некаде зборовите, може не од вас, ама ги чул и знае дека се употребуваат во негативна конотација. Е сега колку е свесен за значењето на тие зборови, не знам.
    Мислам дека се работи за револт секако поради отсуството на татко му, но јас би реагирала. И со разговор, и со некоја казна, доколку разговорот нема ефект. Не знам колку години има, но пробај направи споредба на тие зборови со други навредливи што тој ги разбира, што знае дека не се убави и би се навредил. Пр. "Не е убаво јас да те викам (зборот)." Јас поминав слична фаза со големата, имаше револт еден период. Додуша не користеше навредливи зборови, но на сѐ се противеше со удирање на ногата во под, класично инаетење. Некогаш палеше разговор, ама некогаш морав да применам и казна со лутење. И секогаш ја прашував дали истото би го направила во градинка на учителките. Пример не сака да облече пижами за спиење, дали и кога учителките ќе речат да облече пижами, таа не би ги послушала. Па оттука следи зошто нив ги слуша, а мене не сака, итн. Знаев и од каде ѝ се јави револтот, но не сакав поради тоа да попуштам и однесувањето да се влоши. Кога не палеше разговор, ѝ кажував дека сум лута и навредена, и дека кога ќе се смири ќе може да разговараме, а дотогаш нема да ѝ правам муабет. Нормално, ако ми побара за јадење, или некоја слична потреба комуницирав, но воглавно ѝ покажував дека сум лута. Не знам дали начинот е правилен, ама ете кај неа упали. Гледам во последно време почна и да се извинува без да ѝ кажеме, со тоа што јас не ја терам мене да ми се извини. Туку ако видам дека се скарала со маж ми, ја опоменувам дека тоа не е убаво и дека него треба да му се извини. И обратно, маж ми ѝ кажува, доколку со мене се скара. И уште ова. Ако на пример го навреди дедо му, укажи му дека тоа не е убаво и треба да се извини, ама лекцијата одржи му ја насамо. Значи кога ќе бидете сами, објасни му нашироко како зборовите што ги упатил, ги повредуваат другите, дека тоа се лоши зборови и никој не треба да ги употребува, итн.
    Ова само вака што ми дојде прво на памет. Не значи дека ќе помогне, не значи ни дека е правилно, само едно мое искуство и мислење. Тешко е со деца, не знаеме што ги мачи и што сѐ се врти во нивните мали главчиња. А тек за пристапот да не почнувам, нема универзален метод.
     
    На 24.07, Spidy, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Не си сама...
    Буквално на мочање оди со мене, она ќе ме бришела.
    Ако кажам седи ти играј, јас ќе правам ручек, не, јас ќе правам.
    Гледа тв и пикната е скроз во мене.
    Ако земам тел у раце вика остави го телефонот.
    Никогаш не си заигрува сама.
    По улица трча, за рака не оди откако прооде...
    Знае само коли кога има да се тргне на страна.
    Иначе, нашиот ден.
    Стануваме и мочкаме и се миеме.
    Местиме кревети се облакаме, па правиме доручек.
    После доручек јас пијам кафе таа демек тв ќе гледа, ама доаѓа кај мене и ме јава буквално.
    После си играме нешто, било што.
    Тука има и скокање, пеење, гулицкање, бркање..
    Само кога ќе и дадам сладолед имам простор за пуш пауза без нејзе.
    Ручек правам она ми е пикната у нозе.. јаде или не јаде ако уште не е време и пак има некоја игра.. и се така у круг дур дојде мм.
    После него душа му вади, ама јас морам да сум на видик.
    Сега со карантинов е па хорор.
    Ама ете прогуравме.
    Не ми е тоа толку мачно, колку што ми е мачно плачењето ноќе.
    Психички ме истоштува.
    Ме плаши, добивам тахикардии...
    Рикам и јас со неа.
    Детето ми е ко во друга димензија.

    Не сум ни јас за тука, мојата е 2г и 8м.
    Ама ај да си кажам дека на слична мака сум.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    @Цвет88 мојот е 4 и пол, последниве недели е ист. Во вц не можам сама, одма ќе се нацрта до мене. Косата тој да ми ја миел ко ќе се туширам. Да игра мора со мене, сам нема шанси во последно. Сега му има текнато повеќе нема на работа да одиш, зошто го припремам дека ќе почнам кога тогаш. Готвиме заедно, месиме заедно.
    Твојата е помала ама мојот мислам влегува во некој период на страв од сепарација, пред некој ден ме запрепасти што плачеше да не ми се случело нешто. Ми рече и ко ќе си стара баба да не ме оставаш. :(
     
    На gjoker4e и Цвет88 им се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    3 ипол години е.
    За зборење зборам многу. Пред спиење обично си разговараме на долго за поминатиот ден и тогаш му кажувам колку сум тажна кога зборува така, како не е убаво и сл, и тој ветува дека повеќе нема така да прави, но нормално од утредента е се по старо. Затоа прашувам дали би примениле казна во случајов, одземање на некоја играчка, недавање на благо, забрана за играње надвор, незборување....???
    Тој во суштина е многу умен, не прави некои поголеми бељи, сака многу да се гушка и бакнува.... Знам дека страда поради отсуството на мм, јас се обидувам да надокнадам со внимание и се друго, ама се плашам дека ќе стане разгален и непослушен и дека ова е само почеток. :doh:
     
    На ma4e1311, kikin, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Ти верувам дека зборуваш, и знам која фрустрација е кога не знаеш како во такви ситуации. Мора да бидеш константна во ситуацијава. Спомна дека некогаш се смееш. Дете кога гледа дека некогаш го караш, некогаш се смееш, добива измешани сигнали и не е сигурен зошто тоа некогаш е во ред, а некогаш не е, па секогаш ќе проба прво да те насмее. Знам дека те фаќа смеа, ама потруди се да останеш на своето, само така ќе сфати дека си сериозна.
    Пробај прво со таа казна, каде ќе му бидеш лута. Ти пак ќе разговараш ако има потреба, не го игнорирај, но нека увиди дека си лута и повредена. Казната гледам да ја поврзам со делото што го направила: ако земе играчка од сестра ѝ, јас земам нејзина. Ако изеде повеќе благо од што требало (многу ретко, ама знае некогаш сама да земе), тогаш казната за нареден ден е да нема благо. Значи секогаш казната да е поврзана со делото, инаку вака само ќе се осетат обесправени. И јас нешто што секогаш го правам, односно ѝ кажувам, е дека ја сакам. Лута сум, повредена, но ја сакам и не е казнета затоа што не ја сакам, туку затоа што направила нешто што не е добро.
    Ќе биде Лолипоп, ќе се среди, само кажи си дека треба ова да го издржите и да го надминете. Мал е да разбере од едно карање и зборување, а од друга страна голем и знае како да ти стапне на жуљ ]:)
     
    На Lolipop23 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    Мојот кога имаше 2 и пол години, пошто многу мал прозборе, вујко му го научи да вика пу п..ку мајчину. Ми беше прво смешно дека мал. Ама он тоа по некое време почна да го кажува често. Еднаш излезени со друштво со деца и го слушам шепка - пцуе ко што го научија. И седнав разговарав со него дека не е убаво. Но детски инает почна секој втор збор да му биде тоа. Па ај со казна, ај со награда ако не кажува и џабе. И некаде прочитав текст дека за да се одучи најубаво било да се направи споредба со омилениот лик од цртан (тогаш пепа прасе) дали употребува такви зборови. Или доколку сака да зборува така да појде сам во соба да се изназборува се што јас не сакам да слушам - неубави зборови и кога ќе заврши да дојде. И имаше ефект но не се одвикна скроз. Ова траеше некои 5-6 месеци. Се мислев што и како да правам и се погоди период за одмор. Му викам на мм сега ако не се одучи нема кога. И така во Грција многу многу не разбираат мк. Му реков на синко 10 дена само тоа да го збори :) ама ко ќе се вратиме веќе да не чујам таков збор од негова уста. Дека не е убаво. Збореше во Грција 2 дена и престана. Како се вративме од одмор не сум го чула да каже така. Еднаш дури и сакав да се нашалам со него да видам дали ќе каже. И на тоа добив одговор дека пцовката завршила со одморот. И дека такви зборови деца не користат.
    Фаза е, ќе пројде.
     
    На 24.07, gjoker4e, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    Пробај најди ја приказната "Девојчето и 12те месеци" во книгата девојчето што кажува убави зборови и излегува по еден златник, а девојчето што зборува неубави работи и излегува змиулка.
    Кај нас запали приказнава, сега и мм кога ќе опцуе он му вика, аха сега ке ти излезе змиулка.
     
    На ma4e1311, 24.07, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    @Lolipop23 искуство за конкретниов пример немам, меѓутоа имаше еден период син ми нешто ако не му е по ќеф да ме удри. Се лутев, го карав, казни, па и сум го плеснала по газе, сеедно му беше. Еднаш така демек да ме удри јас го зедов телефонот и му викам 'сега ќе те кажам на учителката од градинка и на михаил (најдобар другар) што правиш" и демек ѕвонам и зборувам" ало михаил, син ми ме удира да знаеш да..."
    И додека трае демек телефонскиот муабет тој вика мамо мамо не кажувај немој, не е убаво тоа не ме кажувај.
    Одтогаш нема повторено. Ете тоа упали кај нас, демек ако го кажам на други. Значи свесен дека не е во ред тоа што го правел. Пробај, ништо не губиш.
     
    На gjoker4e и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  19. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Дали негде можам да најам стихотворби од стара читанка или имате вие зачувано дома ...
    - имаше една "Антунтун"
    Во десетто село живее Антунтун
    Тој има малку необичен ум ... и незнам како идеше
    -После имаше една "ѕунат ѕунат снегулки"
    - па една се викаше "Оро" со децата црвени црни и жолти од целиот свет
    Ајде кој ќе се присети нека пише... незнам веќе кои песнички да и ги кажувам на ќерка ми 4 ипол години е.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.224
    Пол:
    Женски
    Пиши на гугл Григор Витез- Како живи Антунтун
    Кога пребарувам на гугл Ѕунат ѕунат снегулки излегува една песничка може таа е
    https://okno.mk/node/40290