Јас за зборовите сум многу либерална. И ми е ептен интересно како се развиваат во таа насока. Никогаш не ја карам, ниту пак казнувам. Она што ја учам е дека не треба да употребува зборови кои не знае што значат, прво да праша што значи зборот, друго што ја учам е дека зборовите имаат огромна моќ и со нив може да се повреди некој исто како да го удрила. Овие „срамотни“ зборови ги користат најчесто за да изнудат реакција и гледаат дека истата ја добиваат. Мојата еднаш рече цицки, ама ко демек е нешто срамотно и се кикотеше. Јас и викам, а што е толку смешно? Цицки си имаме, нема ништо тука за смеење. И после тоа не и беше интересно веќе и престана така да го кажува. Јас мислам да не му придаваш толку на значење и ќе помине. Го слушнал негде, сами не им текнуваат такви работи, и сега некој го кажува, а он да биде казнет за тоа... Во овој случај подобро да им се одземе моќта на зборовите, за него ете, имаат моќ да изнудат реакција. Треба да сфати дека е само збор и толку. За пцуењето не сум некоја да кажам, јас исто некогаш си пцујам, ама сега гледам да ми е повеќе сведено на по ѓаволите, па и она често си го кажува, мене тоа ми е аутлет за кога ќе се изнервирам, и она нешто кога не и успева вика по ѓаволите и ептен ми е смешно.
Се надевав дека ќе пишеш, ептен сакам да го слушнам твоето мислење на овие осетливи теми. И откако те прочитав се наоѓам себеси како си велам - Па навистина не е толку страшно! Знаеш отстрана луѓето кога слушнат мало дете да зборува така, се запрепастени да не речам шокирани. И јас на моменти се осеќам засрамено. Плус воспитувањето падна само во мои раце и цело време се преиспитувам да не згрешам нешто. Затоа сакав да слушнам дали би казниле за ваква работа или не. Фала ви многу на сите за мислењата. @kalinaka добра идеја, девојчето и 12те месеци му беше омилена еден период, ама одамна не му ја имав кажувано и овие неколку вечери му ја кажувам со зборовите што тој ги употребува па се надевам ќе има ефект. @kikin тој џокер со ѕвонење на учителката одамна го искористив (за во разни други ситуации) и не ми пали веќе.
Мене не ми е јасно зашто се шокирани луѓето кога тие најчесто ги учат децата на такви работи, тие најчесто зборуваат така во присуство на деца и на крај они најшокирани. Ете и погоре имаше пример како вујкото го учел детето и на крај детето да е казнето мене лично нефер ми изгледа.
Само да се пожалам. Ќерка ми има 4ипол год. Луѓеее... моја е, но е катастрофа направена откако имаме мало братче. Чир на желудник ќе фатам , само под стрес сум. Не е агресивна кон него, но намерно ќе викне за да го разбуди, му зема играчки, многу е инаетлива, ништо не можаж да се договорам. Сака само да седиме со неа и да играм со кујни, кукли... и го правиме ќевот, играме на смена со сопругот, ама џабе. Што повеќе и го правиме ќевот , толку е полоша.
Не знам дали е за оваа тема но можеби ќе ме насочите. И порано го имавме овој проблем со малата,но мислам дека сега ескалира. Панично се плаши од се што брчи , посебно оние големи мотори. Уста пена ни фати,џабе е таа е сконцентрирана само на стравот. Не сака никаде да оди ,да мрдне од соба. Некој совет? Многу ми е стрсц да не има влијание врз срцето
Пиши и на Мој Психолог (на фејсбук), многу е фина. Јас за еден проблем еднаш ја прашав и многу убаво опширно ми објасни и ме насочи како да постапуваме. Па пробај побарај и совет....
Здраво. Имам ќеркичка од 3 години и почна да заспива н авечер многу касно околу 12ипол, 1 саат. Се што до сега правевме не дњлува повеќе, ја шетаме преку ден да се измори, не преспова и повторно ќе заспие касно. Покрај тоа стана инаетлива и лоша, несака да послуша ништо, само бељи да прави и е и тересно. Ми се измени, целосно животот, секој ден мие константен стрес, полудувам што преку ноќ се направи лошо и инаетливо дете. Од искуство некоја мајка дали знае што може дае, и како да и воведам ред на спиење на вечер?
Не ја ставај да преспие денски. И мојата е три години еве од април најчесто не преспива денски. Кога ќе преспие накај 12 си легнува.
Јас му купувам гаќички има три пара боксерки ама не нешто ги носи а не му ни сметаат. Му купувам комплет маички гакички уште од мал и секогаш ми е во комплет.
Ми треба совет, дали е некоја фаза или не. Малата веќе неколку месеци е одвикната од пелени супер си е нема погрешено. Последната недела две некако не сака да се мочка. Како да се стега. Порано обавезно кога ќе станеше се мочкаше сега по неколку сати откако ќе стане од спиење. И преку денот и се случува и по 4-5 часа да не е мочкана а пие течности многу. Кога ќе ја прашам дали и се мочка да одиме да мочка вришти пишти. Не ја форсирам , само ми е страв да не си направи некој здравствен проблем со тоа што се стега и со држи во неа.
Леле исто и мојаване моча пред спиење цела нок ништо, кога ќе стане неќе да моча.... трпи многу долго. Ама сум приметила дека попладне почесто мочка. Не знам зошто така, знае и да седне на нокшир и да не се измоча.
Mi treba sovet,dali nekoja majka ima iskustvo so nejadenje.Devojceto e 4 i pol godini dosega jadese mn malku sega ima nekolku denovi hranata postojano vo usta ja cuva ne golta ako I davas pojke ke povrati
https://galama.club/2020/08/12/majk...hal-mi-e-da-te-slushnam-kolku-greshish-zheno/ Многу добар текст, стварно вреди да се прочита.