Му пишав на ортопедот минатата недела да прашам. Ми рече 6 какпки пливит. Според него 1200-1500 ие за возраст над 3 (деца во интензивен раст) Малку ме збуни дозата затоа прашав за други искуства.
Дефинитивно е малку. Сега не сум прашала, ама до мај давав 4 вигантол. И ќерче ќе полни 3 за две недели.
Јас на моиве толку им давам, некогаш и повеќе ако капне, јас и мм по 15-20 капки пиеме. Тоа сега почнавме, и лани зимата по 10-15 капки пиевме. Сега ради коронава зголемив доза.
Поголемава пие 3 капки Пливит,во Декември 3 ќе полни,ортопедот рече уште зимава и доволно е. И јас сакам да почнам,какви пиеш? Треба да се консултирам со др.?
Пливит Д3. Ама едно шише на 4 дена ни оди, ко што пиеме сите турбо. Мислам да земам маслени капки, или пак за нас апчиња од 1000IE за маливе пак со капки. За сите што го сакавте Вигантол, еве замена Овие се со 1000IE во една капка, а има и вакви Имаат 400IE во 4 капки. IE се интернационални единици, мерка за количината на одреден лек, во случајов витамин. Препорачана дневна доза е 400IE, ама дозволено е 1000-2000IE дневно, за да се постигне оптимална доза. За дозирањето на овој препарат за деца ќе си консултирате ортопед. Јас сум во план да ги купам и за децава и за нас, скапички се малку, ама количински има доста, ќе траат подолго време. За возрасни има меки капсули од 1000IE една.
@kiki_riki мојот откако е одвикнат од пелени моча 4 пати дневно (некогаш и 3). И јас се плашев да не напарви некој проблем ама изгледа се е ок до сега (повеќе од 2 години). Кога е интензивно заигран не сака да оди да моча туку ако петен му се оди тогаш ќе трча трпи до крај. @Ano мене сега ортопедот ми рече да му давам по две дози од 400IU. Ми објасни дека витаминот Д е добар и за имунитет па као и заштита од вируси и слично. Инаку претходно давав само толку колку што има во KidzOmega или во Becutan Omega. Сега малку повеќе годинава. Ми рече да земам СолДеВит зашто најлесно било дозирањето се прска директно во уста по две капки. И стварно е лесно да се даде без да се згреши.
На колку кг давате 10-15 капки? Моево е 22 месеци со 16.5кг му давам по 6 капки Пливит Д3, малку можи се, совет од матичен.
Немам искуство конкретно со Солдевит, на форумов првпат дознав за нив. 10-15 капки пиевме јас и сопругот. Сега по 15-20 пиеме, зависи. А за децата што знам... мислам дека се доволни 5-6 капки, малово ми е околу 15кг, големиот 25-27 кг, така варира, повеќе од тоа нема качено.
Ортопедот даде 5,6. Педијатриве не се сложуваат и двете па балансирам со 3. Ова Антоние форсира , но претходно со проверен вит.Д и излезе дека е ок. Видоевски мислам по 1 капка препорачува/ше. Вит Д обавезно се проверува пред да се дозира повеќе, а гледам сега повеќе заради корона кризава сами си дозираат.
5,6 пливит? Нас лани дозата ни беше 2 капки вигантол (3 ако давам на лажиче). Оваа година му пишав на Тони ми ја кажа оваа доза (1200-1500ие), како што имаше пишано, ортопедска доза за деца во интензивен развој. Антоние ако се сеќавам тука пишуваа по 5 капки вигантол им препишувал (тоа е 2500 ие).
Ај да си прашам. Зошто нема Вигантол? И до кога препорачуваат педијатрите во Мк.. при тука со Витамин Д престанавме со ќерката околу 2.5-3 години мислам дека. И тоа дававме на наша иницијатива, не дека педијатар инсистираше. Ама тука се малку нестандардни.. така да..