Vigantol не знам зошто нема. Мојов пиеше Д3 во склоп на ОМега3 сирупи после година дена само во зима. Годинава ни рекоа да си пие цела година (со мала пауза во Јули и Август) затоа што бил добар за имунитет па ради Ковид-19. Го носевме на ортопед есенва зашто оди на прсти и се е во ред,а ма ортопедот ни рече давајте му малку повеќе Д витамин заради имунитет сега ради Ковид пак. И ни препорача СолДеВит капки по две дневно од 400 единици. Сега гледам дека во споредба со тоа што добиваат другиве на форумов тоа не е ич многу, а јас мислев многу е. До кога се тера со Д витамин не знам.
До пубетрет, ама незнам кај нас дали некој дава толку долго. Јас давам и на постариот во вид на пастили.
Јас на малиот му давам витамин ц и молерс. 4 години има. Дали на оваа возраст давате дополнително д3 од дозата што ја има во молерс?
Кога бевме на ортопед ни рече замена за вигантол да земеме пливит д3 по 4капки,ама многу горчат,има ли некој други што може да ги давам место овие ?
Јас имам погоре пишано за СолДеВит. Една Капка е 400ИУ и мислам дека заменува две капки Пливит Д3. Нема мирис ниту вкус туку е само маслено.
Здраво на сите. Нова сум на форумов и незнам каде точно да го поставам прашањево. Значи вака, имам ќерка од 3 години. Од кога се породив, па до ден денес ништо повеќе од 15 дена (во 3 години) нема преспиено цела вечер. Нон стоп е будна. Бара да одиме во дневната соба,во спална, па сака вода млеко.. Се нешто и текнува.Цел ден е активна и повеќе од што треба. Кога ќе заспие многу мрда и е вознемирена.Ја прашувам да не ја боли нешто, но се е во ред.Доколку некој имал сличен проблем ве молам за одговор и совет.
Имавме до кај 3год и ние мака, не спиеше мирно, се будеше ноќе, незнам дали заврши периодот или што му скративме екрани скроз потоа се регулира.
Навистина не знам каде да прашам за совет или мислење, па затоа ќе напишам овде. Се работи за внука ми. Девојчето е 5 години, многу паметно и бистро, да не кажам итро, но многу непослушно и инаетливо. Проблемот ми се јавува кога сакам да ја воспитам или да ја научам нешто. Не знам до кај смеам да одам, со оглед на тоа што ми ја оставаат на гледање. Досега се обидувам со зборување, многу зборување да постигнам некоја средина каде ќе биде послушна, но имам чувство дека сите дома (баба и, дедо и, па и маж ми) како да мислат дека се правам паметна и дека не е тоа моја работа да ја воспитувам. Можеби грешам, но ако дете е оставено на моја (поточно баба и треба да ја чува ама таа е постојано врзана за мене) одговорност, мислам дека треба да се воспостават некои граници за да знае тоа дете што смее а што не смее да прави. Посебно зошто откако се роди синко, почна да се јавува љубомора и не можам да ги оставам ни секунда сами. Што мислите вие, дали треба да ги воспитувате туѓи деца доколку се оставени на ваша одговорност. Ви благодарам и извинете за долгиот пост.
Секако дека мора да поставиш граници што смее, а што не кога е кај тебе на гости. Е сега премногу дисплинирање не зашто не си родител. Ама апсолутно да иам граници. И јас имам инаетлива внука и некогаш мора да решиш да оставиш, да не реагираш, а некогап мора (на пример ако има можност да се повреди, да повреди другого, да не се облекува за излегување и слично) .Имам и син на 4 и пол години и има фази на инаетење. Инаетот им е некогаш и средство за осамостојување. Така што тенка е границата и од ситуација до ситуација треба проценка како да се реагира. Кога се бебиња е најлесно во суштина иако изгледа напорно.
Мајки, ќере има бубулочки по лице, претпоставувам се од валкано или пот, пошо госпогицата неќе да се мие, да мие коса и слично. Имате совет што да мачкам? Сеа мачкаме крема за лице на веледа таа со невен.
Сега како станува постудено и со вирусот немаме многу избор па сме повеќе дома. Вие што живеете во стан како го минувате времето? Поради оваа причина најмногу се решивме за куќа, ама тек на пролет почнуваме со градба, што значи уште година најмалку ќе сме во стан. Син ми е 4. 6 години и е живо детенце, не е како кај некои дечиња да седнат да мируваат, си сака трчкање, рипање, а бидејки сме во стан баш и немаме можност. Да сум во куќа нека рипка, доколку не е нешто опасно за трчкање, ама во стан не дозволувам затоа што сметаме на лугето околу нас. Скоро секој ден го изнесуваме, со мм оди и на фудбал ама некако има многу вишок енергија . Посебно навечер, кога и му се спие и не знае што со себе , тогаш е скоро неиздржливо и намерно прави работи кои не знае дека не треба. Инаку е мирен, не е дете да се задева со други, да растура, да мава тоа не, ама мене најмногу ми смета што навечер се пентари на места каде што може да падне, како на пример високо на ивицата на гарнитурата, и знае дека не смее ама навечер што вели мм има желба да не нервира и се смешка на тоа. Не сум човек кој потчукнува и многи го мразам тоа, а уште повеќе мразам повишување на тон, ама оваа вечер морав и да му повишам, не дека ми се плаши, или дека ме послуша ама едноставно ни со добро ни со лошо навечер не бидува. За внимание можам да кажам дека има премногу затоа што од дома работам додека спие, никогаш не е оставен сам, во се учествува со мене ама ете навечер не знам како да му одвлечам вниманието за нешто корисно, инаку тие лошичките работи му траат саат време и после пак се смирува. Преку ден играме, цртаме, боиме, со пластелин работиме, возиме коли, има дома и од големите за возење, му исчистив и тротинет и велосипед за дома да не му е досадно и пак имаме луфта, или пак период е ќе му помине? Секако излегува на воздух, кај нас освен на кеј и до планина нема друго место. На планина кога можеме го носиме, ама немам идеја веќе што од активност друго би внела. Пред спиење обавезно читаме книги. Заедно правиме лепче, колачи, се што има желба го оставам да фака не ми е проблем кујната што после два саата ја рибам наместо пола ама нема веза, јас уживам како и секоја мајка, било што да правиме заедно. Кажете ми некоја игричка, што вие дома ја правите, значи имаме и боенки, и книги со погодување, книги за размислување иако сега баш не го интересираат многу, не го терам ништо на сила за да не створи одбивност кон некои работи што му ги наметнувам. Знам дека градинка му фали, дружење, ама тоа сега не доага во обзир, требаше во март да почне ама како почна вирусот го отпишавме. Вие во зградите како го минувате времето? Да не беше вирусот одма го праќав во градинка, или на некоја активност знам дека си бара и дечиња иако не е баш најдруштвен како и мама што не е, ама времето се погоди за никаде и се нервирам што не можам ниту со дечиња во парк да го умешам, затоа што ни во парк не одиме, освен ако нема гужва што е реткост, кај нас е мало место и е полно деца и родители во две педи место . Па дури и вежба со баба ама некако се како брзо да му здосадува, сигурно и јас сум му досадна станата , ама мама па мора со мене.
Ќерка ми е 5 години,од витамини користиме витамин Ц, витамин Д и др. Wolz киндер имун. Се мислам дали да додам витамин д +к2 и омега 3 или премногу е тоа. Да напоменам зимниот период почесто е болна,скоро секој 2 месец е на антибиотик,фаќа ангина и автоматски антибиотик.
@anggell нормално е однесувањето на детето. На таа возраст покажуваат малку и инает, односно градат свое јас, па затоа и не слушаат понекогаш. Е сега дозволи му да биде дете. Дозволи му да рипа и скока. Што ако сте во стан нема зградата во воздух да ја дигне. Нека рипа по креветото во спална за да се издува, играјте брканица низ стан и криенка. Интересно да му биде. Кажувањето по гарнитура е исто нормално за таа возраст (мојот најмногу горе сака качен да седи и го караме, ама нема фајде многу). На комшиите под вас ќе се извините ако сте биле премногу бучни и тоа е тоа. Гледајте да не сте бучни после 9 и до кај 6 часот. Другото е во ред. Детето мора да биде и безгрижно. Ако си приметила дека е многу нервозен и непослушен навечер легнувај го порано. Можно е и од премор да му е. Инаку секако му фали интеракција со деца. Надвор да потрча и да се побрка со деца многу ќе му годи. Не мора да бегате од други деца и да се криете. Со маска може кратко надвор да има интеркација со деца. Или одберете едно/две деца со кои ќе се договарате да одите заедно на прошетки заедно за да има интеракција со деца. Тоа претпоставувам најмогу му недостига. Ние и покрај стравот го пуштивме да оди во градинка само до ручек за да ги фати активностите и не мора да спие таму. Исто така имаме два пара другари со кои заедно шетаме по планини и паркови за да има интеркација со деца. Кај никого не одиме дома, нит некој ни доаѓа, ама надвор со маски дружење е сосема во ред. Дома е играње со колички, диносауруси, боење, редење пузли, бркање и криенки и скокање по кревет. Сега последно ни е хит играње заедно игри групни (на пример средината на Росица има игри налик на не љути се човече или имаме еден змеј што рипа) и играме сите тројца заедно. Готвиме заедно ама само одредени работи што му се интересни. Играме со пластелин прилично. Моето има скоро 5 години.
Здраво. Ретко пишувам по форумот, ама сега сум стварно на голема мака. Син ми е 3 години и 3 месеци, и последните 3 недели од прилика е неподнослив, ама буквално. Тантруми ли се, инает ли е, му фалат ли деца(оти тука у Герм. се е затворено).. Јас стварно не знам. Еве ќе го напишам тоа што ми е најсвежо, од вчера и од денес. Вчера почнав да готвам и ми побара морков, му дадов, го изеде и нели јас ќе треба да земам нешто од фрижидер, ко се запна да стои цело време фрижидерот отворен и таа фиоката што е да ја треска. Дојде татко му, му се скара. И човекот сакаше да иде на цигара надвор, не, тато не може да оди надвор. Почна да тропа по вратата. Па сакав да му измијам раце и кога почна да вика, да се дере, ече цела зграда од нас. Не сака гушкање, не ми помага да му одвлечам внимание, ни викање не помага. Ми помогна само што го уплашив дека демек се собрале народ да не гледаат преку прозорец. 20 мин пискаше. Денес, јас во тоалет, не ми даваше да седнам на шолја, никако, не, ми вика не можеш да мо*аш. И почна пак, се треска буквално од земја. А толку многу имам читано и за тантруми и за meltdowns и за инает кај деца, ама јас не знам како да се справам. А до пред еден месец беше толку умен и послушен, а јас горда дека еве гледајте колку ми е воспитано детето. Кажете дека не сум сама и дека ќе помине и ова
Нормално дека не си сама. Во глобала сите имаат таков период кога се плаче и се треска од земја за ништо. Поминува секако со тек на растење, на таа возраст 3-4 години се најизразени тантрумите. Мене најмногу ми помагаше да не реагирам бурно, да не речам да игнорирам ако беше само плачење за глупост, ако пробуваше да се удира или да легнува на земја го држев, пробував да го гушнам, и нешто што е најефикасно да му го одвлечам вниманието на нешто друго.
Мојата е исто 3и3месеци таква е откако прооде и прозборе, од некаде годинка... Ама буквално за се.. Е сеа ново и е, кога ќе и кажеш нешто а е у добрите она ти вика епа добјоооо ... Па некој да слушне од страна ќе си помисли златно дете. Иначе од нас ечи зградата зошто се дерам пази сара, ќе паднеш сара, ќе се повредиш сара... Само трча, скока, се врти, се качува, се прекачува. Мочање раат не ни помислувам, кога јадам 100 пати станувам, зошто тогаш и се моча, кака, пие вода, гладна е и се со ред. Она знае се подобро од мене па се расправа. Ако пробам да ја излажам дека нешто пример не можам не знам, добивам абе јас знам, можам јас.. Тантруми намалија не дека не, ама уште знае да има кога и се спие, е тогаш сама на себе е лута, па е трескање од земја, зошто нешто не може да го направи како што сака. Справување кај нас пали само игнор, ама ако сум сама дома со неа, ако се сите дома тантрум на најјако. Сменета е мислам за 2-3 дена премногу..