Знам дека е за ништо и за глупости, ама трпението ми е мислам при крај. Плус се сака сам, научи сам да се облака и нема шанси да му ги пипнам алиштата, се он знае, ко снаа и свекрва сме дома. Јас најмногу се плашам од комшиите, тука тие мене не ме разбираат јас што зборам на македонски, тие само дерење слушаат. Сум пишувала и дека не пријавија лани. Уште тоа ми фали пак да ме пријави некој. Фала ви
@WomanInLove Дерење никогаш не помага кај дете, наспроти и тоа почнува уште повеќе да се дере и да е агресивно. Ако не ти го почитува твоето НЕ, едноставно игнорирај го. Кога ќе виде дека не му обраќаш внимание секако ќе престане. Мојата е помала, ама по темпераментно и полошо дете не сум видела до сега, секаде се качува, трче на креветот во дневната и еден куп работи што нели не смеат да се прават, и јас имам такви ситуации.. ама едноставно ја игнорирам се додека не престане. Ќе одам до неа со убаво ќе и кажам смеаш ли тоа да го работиш? Имаше еден период скандал до скандал кога ја шетав, ама виде дека ако не е умна и ако права скандали на сред улица дома ја носам и престана. Исто во дуќан мислеш само јас и мм имаме дете, се додека не ја сфатив што сака кога одаме таму. Исто знае дома да се треска од земја ако не е по нејзино, ама кога ќе виде дека не попуштам и престанува. Едноставно само смирено, знам дека ти се качува на глава, и на мене по милион пати, ама само со убаво и со објаснување. Некогаш ми се насоберува ептен многу од сите белји што ги права и почнувам да плачам пред неа, ама тоа е, мајка
Мојот има исти такви испади, не дава да влеземе дома, да работи аспиратор, во монентот што ќе му текне, после 3 години сфаќам дека тоа се случува кога е уморен, па внимавам да не се премори, ако го видам дека почнува со блесави игри како бесцелно трчање, фрлање играчки или инаетење, му пуштам смирени цртани, му давам ќебе, грицки сок и така да се одмори и смири пред се. Ако е време за спиење убрзувам процес за да го легнам да спие. Порано и кога ќе изгладнеше се случуваше тоа ама во тие моменти не можев да го поврзам тоа. Кога се уморни им се покачува нивото на кортизол а тој влијае на нивото на шеќер во крв, гладта секако доведува да варира шеќерот така да кај него беа слични реакциите
Незнаев кај да го поставам прашањето па затоа овде. Да ми предложите добар ортопед во околина на карпош или центар. Ние бевме кај др. Весна што работеше кај Видоевски ама веќе не работела таму. Почнала во 8ми септември и не работела се деца ме информираа. Се си мислам дека ми рече на 3 години дека се прави контрола кај деца па затоа сега сме 3год и незнам кај кого да одиме.
Фала ви многу. Убаво е кога човек ќе прочита туѓо мислење и искуство. Читајќи ја autumn, вистина некогаш од премореност не знае што со себе, а многу рано станува и веќе долго време не преспива преку ден никако. Трпение најмногу треба.
Др Антоније, препорачан ми е од педијатар и одлично искуство имавме, иако и јас ги носев как Весна додека беше кај Видоевски, сепак стручноста на Антоније посебно за вит Д ми даде многу голема доверба во него
Незнам дали сум во вистинската тема. Дали дозволувате 3 годишно дете да спие со баба? Вечерва синко го оставивме на пола час на спратот кај родителите на мм (живееме во иста куќа), па се јави идеја кај него да спие долу. Мм е океј да спие со неа, но јас не. Незнам дали е причина тоа што јас не спиев никогаш со баба, иако бевме заедница. Или пак дополнително што имам историја на лоши односи со свекрва ми, и од таа причина неможам да го пратам долу да спие со неа. Подршка од мм нема да имам. Совет?
Поголемата ми е 3 години и спие кај баба и’ повремено уште од бебе. И ние сме во една куќа на посебни спратови, си има свое креветче таму и некогаш сама си бара да спие кај неа. Не гледам ништо лошо во тоа, детето мора да воспостави врска и однос и со бабата и дедото, внуче им е. Твоите проблеми со свекрвата не треба да влијаат на тој однос, баш напротив. Не сфатив само дали зборуваш за спиење во ист кревет со баба му, тоа за мене е големо не, зошто моите деца не спијат ни со мене и татко им во ист кревет, туку во свои креветчиња. Тоа не би дозволила, инаку баш убаво ако повремено спие кај баба му, тоа е основа за здрав однос на внуче со баба и дедо
За во ист кревет, француски лежај. Идејата веројатно е наменета од свекрва ми, бидејќи му рече дека ке го избркале дедо му и тие ќе си спиеле заедно. Имам пишано пред 3 год, кога се роди, жената беше во некој трип дека е таа мајката. Одтука ми е супер неудобна помислата дека би бил цела вечер со неа. Ако вечер бара пак долу незнам како да постапам.
Ако имаш проблем со спиењето во ист кревет, тогаш направи компромис, на пример да е еднаш неделно, или еднаш во две недели, и кажи и’ го тоа на свекрва ти. Кажав, не сум присталица за заедничко спиење во кревет ни со родители, ни со баба и дедо, но повремено ако се направи исклучок не е крај на светот, особено што во овие 3 години детето нема никогаш преспано кај баба и дедо. Сепак треба да изгради врска со нив и да имаат убав однос Ако имаш можност за некакво креветче да поставиш кај нив, уште поубаво
Одете барем два пати во денот надвор. Никако телефон, тв, таблет ама значи во никој случај ниту една секунда. Остави го да ја дотреска таа фиоката што ја трескал. Па и да ја скрши ќе ја поправите или ќе купите нова, а детето ќе порасне и ќе запомни само како вие сте реагирале кога ја трескало фиоката. Детето нека вика, треска, ти гледај да не викаш, заради комшиите. Знам дека ќе те пријават, а богами и во право се, ние што немаме трпение, добар праг на толерантност и издржливост, смисла за хумор во секое време, чистачка, готвачка и картичка со неповратни средства и лимит, тоа е наш проблем, а не на детето.
Офф тоа надвор, постојано сме надвор, имаме преку две згради игралиште и како мала шумичка, и нон стоп сме надвор, дури и овие денови на снег, ветар и минус, по пола саат обавезно надвор. Тоа не е проблем, ни па екраните, телефон знае дека не е за деца, таблет немаме, само сабајле и навечер гледа Тоголино по пола саат. Ова што го напиша последно мислам дека тоа е проблемот. Му фалат деца, мама по цел ден не е хумористична и насмеана нон стоп, а сами сме дома, заедно, и ќе му скисне богами. Се обидувам многу да работам на моето трпение, само си велам, не ти е детето ништо криво, ќе биде, ќе помине.. Едвај чекам да дојде пролет. Фала ти
Не знам што е тоа Тоголино ама од градинка ни стигна мејл ако детето е пред било каков екран повеќе од 15 мин дневно не разликувало реалност од фикција и почнувало да станува хиперактивно, инаетливо, плачливо и слично. Во шпилплав или шумата нема деца кога одите? Ние сме по цел ден надвор и вчера се изнаигра со деца до степен да премрзна веќе во 18 часот и мораше дома. Во 21 заспа и ќе го оставам до 9 да спие (без градинка секогаш така спие) од 3-3ипол навака и редовно се буди кај 3 да ми каже дека во ќебето имало пајак, на прозорецот глушец, не ми текнува што беше ноќеска под ќебето ама викам јас по грешка те изгребав нема ништо вика аа ок тогаш и заспа пак. Кај нас се покажа најголем проблем екран по што изгасивме се засекогаш, цело време дома е тишина, батериите на далинското се ставени обратно и седи до тв, телефони на посебна полица в кујна, друго немам од технологија. Ама сега мислам дека ние да седиме в кујна, а тв да е пуштено музика в дневна дека пак ќе ми се поремети детето, како во 16ти век сме ама ако. Немаме санка па се лизга на кеса и маркет и кога видов колку е пресреќно се потсетив на нашата среќа во детството, секогаш ни полнеа вреќи со слама мислам и не оставаа цел ден во снегот мокри и смрзнати, тогаш не чекавме пролет. Мене искрено ми се плачеше и вчера и студот и последниве неколку дена дека е ептен ладно и не мож да издржам ама морам. Децава гледам гајле немаат можеби дека се активни, а со тоа и здрави и градат мн јак имунитет. Ни сакала до крај март да има вака снег па од 1ви април нека доаѓа пролет. Влези бо групата фб ако имаш wie beschäftige ich meine kind и има прекасни идеи. Моево најмн го интересира кога ќе му речам имам финта, експеримент или приказна да му измислувам. Готвење заедно, вчера сабајле за едни крошки со јајва ни пукна лошо јајцето дека двете го држиме па летна белка кај неа во лице и на фустанчето, редовно јаде сув леб кога правиме кришки па доле се е трошки, маж прашува да му објаснам како на секое готвење тавата била искапана од страните, пола кришки и изгореа. И пиј магнеизум за мир во куќа и јас пиев едно време.
Мојот веќе постоечки/ следен страв во развојот на детето: Како ќе се снајде/ снаоѓа со други деца? На пример сега само што доаѓаме бо парк 5-6 деца веќе играат жмурка и моево сака да игра, ми вика да ги прашам дали и може и тоа да игра, јас и викам дека секој може да игра и да се скрие, се сокри позади едно дрво два пати ама не го плукнаа, моево и најмало е 4 години, другите се 5 6 до кај 8 години, и викам тоа да плукне ама не сакаше, сфаќа дека сепак не е во игра, па најмалото женско 5 год играше со песок и моето отиде и заедно играат се уште. Стравот во мене потекнува од моето детство, а и како возрасна, ниту сум сакала ниту сум можела да се вклопам во друштво каде што има повеќе од двајца. Детево не е како мене, итро е, опасно, зборлесто, дружељубиво и можеби и јас претерувам и ја сфаќам работата премногу сериозно, а деца како деца. Прашањето ми е како јас да помогнам во прилагодување со други деца во секој момент? Има и најдобри пријателчиња ама во моментов ги нема, а и во животот не секогаш најдобрите пријатели ќе се во секое време со нас.
И јас исто како тебе, не се снаоѓам баш, ми треба време да се прилагодам, а и не сакам баш нови луѓе. А детево исто како и твоето, ептен е дружељубиво, на лулашки обавезно се заигрува со некој. Некогаш, ако има поголема група и ја гледам дека се двоуми ја прашувам дали сака заедно да се запознаеме, ако ми рече да, тогаш одам јас со нејзе и им викам на децата здраво, прашувам што си играат, ги замуабетувам и се приклучува и она, понатаму сама си ја тера работата. Ако и е полесно направи го ти првиот чекор, па ќе си се снајде понатаму.
Мене па ич не ме бидува со деца. Не можам така да им прозборам. Ме мачи и тоа што моево го учам на добро однесување, а потоа таквите деца поминуваат лошо од оние невоспитаните или оние што било невозмож да се воспитаат. Ќе седнам од дома на пошироко да напишам
И јас тешко влегувам во поголемо или ново друштво, но секогаш кога ќерката ќе се пожалеше дека не ја играат и велам сама да влезе во играта и таа да им пријде на децата а не да чека да ја повикаат. И пробува ме послушува, и се вклопува. ја гледав летото седат поголеми дечиња на клупите ќе седне и таа со нив и си седи таму со саати, они за разговараат она демек пробува да се вклопи. Има многу другарчиња и среќа до сега не е на мене во дружењето. Летово почна сама во парк со деца, паркот ни е пред куќа и ја гледам но секогаш кога ќе си дојде дома разговараме за тоа како си поминала, ако е навредена од некое дето или кавга во игра секогаш разговараме и давам примери од ние кога сме биле деца не сакам да се разочара и повлече зошто е многу чувствително дете . За 5 годишно дете веќе рабира мислам дека е подобро да го охрабрете за само да влезе во игра одколку мајката да зборува наместо него, може ќе очекувасекогаш друг некој да го пробие ледот , вака пуштете ги сами тие најдобро знаат како.
Син ми скоро наполни 3, имам еден проблем па да прашам за искуства. Од пелени се одвикна лани во мај, знае сам да се соблече и да седне на нокшир ама многу ретко го прави тоа. Ме вика мене да го соблечам иако знае сам. Денес врескаше по мене да го соблечам да мочка иако бев зафатена, го соблече татко му уште толку почна да плаче зошто требало да го соблечам јас. Незнам зашто го прави тоа и како да постапам да се осамостои. Чекаме да почне во градинка со локдаунот се одложи тоа, му зборев кој ќе ти помага во градинка јас нема да сум таму ми рече децата и се смее. Не знае да се облече сам ама за бањање се соблака сам и многу ретко за мочкање, значи не е проблем да не знае туку не сака.
Слично е и кај мене. Во градинка се сама, а дома вика по мене, седи пред туту и вика по мене и некогаш ако мијам садови на пример, а мм е тука му викам тој да оди и таа вришти зошто јас не одам и мочка во гаќи. А не дека не знае сама, често оди сама односно одеше еден период и сега како за инает вика по мене. Па последно не и отидов и ја оставив сама да се соблече, па вика гадно било и тешко, викам епа и мене ми е гадно и тешко, па ја истуширав ама ја оставив сама да се облака, лудница беше во станов, вриштеше зошто сама да се соблече, зошто сама да се облече. Мислам дека е период и дека ќе помине и мора да имаме трпение. Цело време треба да им збориме само никако зборење како децата ќе ти се смеат и такви слични балкански речници. Кажи кичма те боли, моментално не можам млекото ќе ми претече, за почеток појди и кажи му дека не можеш да се наведнеш ама седи со него и полека полека не оди. До тогаш секако ќе отворат градинка. Немам 100% функционална идеја освен трпение и зборење.