1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.243
    Пол:
    Женски
    Не знам точно, два три месеци отприлика.
    Има премногу гаќи и со гаќите имавме проблем па порачувам цело време и тоа мн скапи викам ај викам тие да не помогнат. Де линија имале, де во гз и влагале, де гаќите биле како гомце да имала цело време, и само се гледа доле да не имала мочка и ако види една точка готово е станов го превртува наопаку. Гаќи има во сите видови и и облици и ниедни не и се погодени па често не облака гаќи, вика ако облечела гаќи и идело мочка.
    А постои ли тоа мал пубертет?
    Навистина не изгледа како во градинка да и се има случено нешто, во овие два три месеци и затворена беше градинката и цело време има малку деца и едвај чека да отиде. Ама нема да ја исклучам можноста еве.
    Кога ја прашувам зошто мочка во гаќи вика дека не знае.
    Јас не можам рака да кренам ама можам тон да повишам и тогаш ми вика да не зборувам гласно дека не го сака тоа и во градинка не збореле гласно.
    Едно време си помислив да не има некоја инфекција од која се моча без контрола, ако постои такво нешто?
    Добро е што пишав, ем полесно ми е ем ќе добие човек некој совет.
    Покрај сето ова има и позитивни страни, знае сама да си направи какао, мене турско кафе, собира и дипли алишта, усисива, после бањање строго самата се облекува и пред се соблекува целосно сама ама еве и сабајле за мочкање мора јас да ја соблечам и јас да ја седнам да моча, јас да ја избришам, а во градинка сама.
    Се изнапишував секој различно ќе ме сфати, а јас не можам да доловам се од последниве 6 месеци. Убаво се потсетив дека кога почна во другата група на 3 год и 6 месеци мочаше и какаше во гаќи ама тогаш си реков од промената на групата е и навистина престана за две недели па после три месеци отприлик пак.
     
    На Lolipop23, fairy88, WomanInLove и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e не е лошо да провериш урина, можеби сепак се работи за уринарна инфекција.
    Ако тоа не е причината, и јас како членките погоре сум со совет да ја однесеш на детски психолог, верувам дека тоа ќе помогне :hug:
     
    На WomanInLove, mal.ecka, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Штом има толкав отпор на долната облека, и бурно реагира и јас би ти рекла да се советуваш со психолог. Може ама баш никаков проблем да не излезе ама вака си во лимб, а и детето се мачи со нешто што не може да го искаже или процесира
     
    На fairy88, WomanInLove, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    @gjoker4e А како е ситуацијата дома, спомна маж ти е ептен нервозен, тоа така од скоро, да не вика, може девојчето слушнало некоја кавга помеѓу вас? Рече дека кога ќе го повишиш тонот те моли да не викаш па може ја потсеќа на некоја кавга нешто? Може треба да се смири ситуација даома и да не се обвинувате меѓу себе за нејзината ситуација, таа слуша и не и е полесно ако се осети виновен за некоја кавга.
     
    Последна измена: 15 април 2021
    На fairy88, WomanInLove, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.243
    Пол:
    Женски
    Маж ми е природно нервозен ама нит вика нит ништо. Избувлив е како да кажам ама самиот себе си се нервира. Всушност исто како дете како краток фитил да имаат, маж на пример готви еве последно и му падна тиквица на под и он е готов вика желудникот го заболел, а дете исто да речеме споредба дете јаде тиквица и ако и падне не блуза готово експлодира. Дете е цело на маж мислам. Така и бо градинка не дај боже некое дете да му пререче нешто или да му направи дете во секундата избувнува.
    Се немаме карано дома, немаме викано.
     
    На WomanInLove, fairy88, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    @gjoker4e арно ти кажаа погоре испитај урина кај девојчето.
    Инаку и син ми имаше таква фаза, а го земам од градинка почнуваше на 5 мин. да моча по неколку капки. Абе се утепав нервирајќи, тргнеш некаде со кола и одма застани да мочкам, а не можеш секаде да застанеш, поготово на автопат не е така лесно.
    Го носев 3 пати на доктор, оти мислев дека има уринарна инфркција. Испитуваа и се беше негативно.
    На крај му дадоа едни апчиња на растителна база, по правило се за деца над 12 години, ама матичниот му ги даде по пола апче.
    На крај се реши проблемот, не знам дали апчињата помогнаа или е било некоја фаза на стрес/да добие внимание.
    Во градинка никогаш не е сакал да оди, оти останува за жал по цел ден таму.
    Сега пробувам да сменам работа, за да намалиме со саати во градинката.
     
    На Coco31, Sexybaby86, WomanInLove и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Вака. Педијатар е правило број 1 во ваква ситуација. Прво преглед на уринарни патишта. Моја другарка имаше сличен проблем, слично однесување на малата, исто 4 години. Оти не можела да контролира, а девојчето имаше инфекција. Друг пример имам, психолошки фактор - промена на средина, резултат слично како кај твоето, кај девојче на 5 годишна возраст.

    4 годишна возраст, е она кога децата доживуваат интензивен развој. Нагласок на интензивен. Секако се е под влијание на воспитувањето, ама имај во предвид дека имаат една целосна бура од биолошки, психолошки и социјални развојни промени, на многу поголем левел од претходно. Може да се појави фаза на егоцентризам, негативен став, одбивање, фаза на бунтовност, непослушност. Кои, ако се негуваат како такви, ќе продолжат и натаму. Бидејќи веќе почнуваат да ствараат слика за себе, се гледаат себе како посебна индивидуа со се поголема заинтересираност за светот. Значи се соочуваат со многу.

    Друго, ова е исто така период кога се повеќе треба да доаѓа до израз нивната самосталност или барем желба и способност за истото, како и учество во интеракција и структурирана игра со други. Тоа што тебе ти е буквално лепенка и се бунтува кога ти зборуваш со други, во комбинација со неконтролирани физиолошки потреби, под претпоставка исклучен физички фактор, може да е аларм дека зад таквото однесување нешто се крие. Може да биде стрес, може да биде чувство на отфрленост, може да е проблем во градинка, може да е регресија, може да е се. А што е точно, може да процени детски психолог. Прво исклучи физички фактор, после консултирај психолог. Бидејќи и физички проблем, може да донесе вакво однесување.

    Значи да не бидам погрешно разбрана. Нормално е да те бара и да сака да си игра со тебе. Нормално е да и посветуваш внимание и да одговараш на нејзините потреби. Не е ок да мава ако зборуваш со друг и не е ок да мисли дека треба само со неа и со никој друг да го минуваш времето. Односно не е ок ти ваквото нејзино мислење да го "храниш" како позитивно, со што и натаму ќе се развива. Значи не треба да престанеш со интеракција со други, затоа што плаче или затоа што мочка во гаќи. Туку треба да и помогнеш да знае дека и кога зборуваш со други, тука си за неа. Кога има проблем треба да се работи на него, макар и дупло посветена, само без позитивен фидбек за работите што не се во ред. Значи ќе стоиш цврсто на ставот и правилата т.е воспитувањето. Со тоа што, ќе го смениш пристапот и техниките кои ги користиш за ова. Ако одлучиш да консултираш психолог, ќе ти каже и насоки како да се поставиш со детето.

    Иначе, фали ја за трудот ако ги соблече сама гаќичките. Пофали ја за трудот/обидот да стигне до вц, иако се измочкала во гаќи. Бодри ја и дека нареден пат пак ќе проба и ќе успее. Радувај се за неа кога иде во вц. Нека види дека си горда за нејзиното позитивно однесување. Така се почесто ќе го повторува однесувањето на кое родителот е горд и се радува.

    Те имам читано на вакви теми и знам дека многу се трудиш. Ти пишувам за поддршка.

    А да, реагирај во градинка слободно.
     
    На Lady*Bug, eli25, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    @gjoker4e јас имам многу позитивно искуство со frühforderstelle.
    функционираат со рецепт од педијатар, после обичен рзговор со нас родителите и обсервација/разговор со детето проценуваат дали би можеле да помогнат и дали сте на вистинското место.
    Ели има посетувано психолог, логопед, физиотерапевт и дефектолог таму, бевме од понеделник од петок, делумно и со дупли часеви.
    Конкретно разговорите со психологот многу ми помогнаа и мене, како да останам присебна во различни ситуации, како подобро да сфатам, да помогнам и да реагирам.
    Третманите кај психологот беа претежно преку игра бидејќи Ели беше невербална но вродија со огромен плод, со дете кое говори верувам може да биде само подобро.

    Кај нас сосема друг вид на проблематика беше, но они се за тоа таму, да не советуваат и помогнат. Јас ја користев таа помош и сум презадоволна.

    Мислам дека и лани прехлани бараше совети поради проблемот дека е залепена за тебе, околу целата напнатост и исцрпеност која се појавува како последица.

    Можеби ќе помогнат да се открие доколку причината е нешто подлабоко од детенцето во градинка.
    Целосно се согласувам со советите на @Lianna Anna.

    Останете присебни, колку и да се чини тешко и невозможно. Ќе биде подобро.
     
    На eli25, mal.ecka, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.243
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на прекрасните совети. Полесно ми е.
    Детски психолог е убаво буквално секој да посети, се уште не сум се одлучила ама кога тогаш ќе отидеме обавезно.
    Денес воопшто не збориме со маж ми пред дете и ниту еднаш не се помочка во гаќи. Не мора да значи до тоа дека е ама експериментирам.
    Сега последно пак се тресеше и неколку пати и реков да оди, вика не и се мочкало и сега на крај и викам ајде и мене ми се мочка и дојде мочкаше.
    Не сака кога разговарам со некој или некој ако седне до мене.
    Во градинка ако ми прозборат воспитувачките готови се, последно ми викаат за поголемо ќебе да однесам и и вика Каролин не смееш да збориш со мојата мајка, таа е моја мајка, и она и вика Смее да зборам таа пак си е твоја мајка и моево кога почна да вика гласно и се залетува да ја удри.
    По улица на сите што речам здраво им вика ова е моја мајка и не смееш да и викаш здраво.
    Со мм нит смее да збориме, не дај боже еден до друг да седнеме.
    Едно време само ок и викав и продолжував, па и објаснував дека смее со сите зборам пак неа најмн ја сакам ама џабе е до сега.

    Од еден проблем пишувам друг, значи ги има повеќе, нормално до некаде, ама ова со мочкањето в гаќи е она што ми изгледа нерешливо.

    Дојде мм в детска да ми покаже порака каква му стигнала и дете ме гледа во очи и ми вика да не му одговорам и се тресе вика да не му одговорам ништо.

    Лежиме да заспие и само ми кажува колку мн ме сака и ме кажува со име. Ова на 3 години почна и во градинка ми викаа дека буквално сите деца и вработени знаеле како се викам. Ми кажува колку сум била убава, само јас сум била убава, друга мајка не, еве уште не спие и ми вика зошто сум седнала со една мајка во парк (случкава пред две недели беше) и цело време колку ме сака и мора да ме држи некаде, за уше ли, за рака, нога.

    За викањето, јас имам мигрена и кога плаче силно или слично и имам викамо да не вика дека мн ме боли главата и мислам дека тоа го повторува сега јас кога викам дека неа ја болело главата.

    Не заспива уште па како се изразив така, што пишав тоа, да не ми се избрише и ова.
     
    На mal.ecka, SkarletOHara и Autumn_ им се допаѓа ова.
  10. Kallias2

    Kallias2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    3.739
    Сличен проблем со љубомората имав со син ми пред година ипол, две кога бев трудна, не сакаше никој да ми зборува, никој да не го гали мешето, не сакаше никој да ме прашува како сум, ма се што е поврзано со бебето не сакаше да ме прашуваат, не ми даваше сама да излегувам оти сум го лажала дека ќе се најдам со.пријателки и.ќе сме зборувале за бебето, кога го прашував зошто така прави, ми викаше дека е наше тоа бебе и што им е нив гајле па прашуваат, вика нека си гледаат нивната работа. Значи цела бременост ја минав со него држејќи ме за рака, да ми го гали стомакот, да ми го бакнува и да му зборува на бебето ноон стоп, само што ќе излезевме некаде и застанам со некој/а , ако ме изгуби од вид после ме прашува одма, дали ме прашал тој/таа нешто за бебето, му викам дека е нормално да ме прашуваат штом гледаат дека сум трудна и се нервираше многу, чуреше од нервоза.
    Штом се породив се смени, толку беше, а мислев повеќе ќе биде кога ќе родам ама не.
    Така да, мајка, наоружај се со јаки нерви и што побргу одете на психолог, не знаеш колку многу ќе ви помогне и на двете, немој да одолговлечуваш оти те читам дека детето навистина има испади на љубомора.
     
    На mal.ecka, Autumn_ и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Нешто слично поминавме ние. Нин стоп со рацете беше доле, викаше и се пикале гаќите, нон стоп бараше други, не ги сакам тие овие...
    После почна да се жали и дека ја чеша, па дека ја боли.
    Ама до тоа имаше време и време и мислев изводи
    На крај гледам црвено дунде и секрет.
    Испадна бактерија и помина со една доза антибиотик.
    Провери ја за секој случај, да не ја мачи нешто такво.
    Еве ние сега кандида ќе проверуваме од измет поради друго, ама па еве се пожали газе ја боли и црвенко и е.
    Да не ти е мисла, провери, зошто знам колку е напорно и стресно тоа што го поминувате
     
    На mal.ecka, gjoker4e и Autumn_ им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e немој погрешно да ме сфатив ама од ова што го пишуваш не треба да одолговлекуваш посета на детски психолог. Нема тука размислување или не.
    Со активностите што ги превземаш не му помагаш на детето туку само му го потхрануваш проблемот. Не може да смееш да комуницираш со луѓе или да имаш нормален однос со маж заради детето. Тоа сега учи како треба да се однесува со луѓе и како се градат односи (па и меѓу маж и жена). Ако си воочила проблем мора да се реши. Колку повеќе го тегнеш толку поголем ќе станува. Прво било закачување за тебе, па станало тепање луѓе, па сега е мочање во гаќи. Проблемот ти ескалира, а ти замачкуваш симптоми. Не помагаш туку одмагаш така.

    А решението може да биде неколку разговори и две-три плеј терапии. Може да е нешто многу едноставно што го мачи детето и да се реши брзо.
     
    На Kitten, Kallias2, SkarletOHara и 3 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.243
    Пол:
    Женски
    Денес пак не збориме со маж ми и пак е се ок, а во парк една жена прозборе со мене и детево готово, и вика да одела дома, да не збори со мене, нит да ме погледне, затоа што јас сум само нејзина.
    Значи наназад враќано таа не сака никој да ми се доближи нит да збори со мене, значи апсолутно никој. Кога и кажувам на пример дека мајка ми ми е мајка и затоа и е баба вика дека никој не може мене мајка да ми биде дека само јас сум и неа мајка.
    Па психологот ќе открие причина. Ама ако не зборам со никој и никој нема до мене тогаш нит моча во гаќи нит луѓе тепа.
    Нема никој исто/ слично дете?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Џокерче, мочањето не е проблем, уште помалку нерешлив, туку е последица/симптом. По се што напиша, а прочитав пак, проблемот е љубомора. Не сака да те дели. Љубомората е скроз природен феномен кој може да се јави кај мало дете, ама е негативна емоција проследена со страв и агресија. Во твојот случај, ваков наплив, мора да се контролира. Кога ескалира и трае долго, може да го следи детето цел живот.

    Значи, нормални се благи љубоморни фази и испади. Ама и за нив треба да се превенира. А ваков наплив на емоции како во твојот случај, кој ескалира, мора да се решава. Да се канализираат емоциите. Таа не знае да се справи со тоа што го чувствува кога ти си со други. Ти си најважна во нејзиниот свет и за секое внимание што го посветуваш на друг, има "заштитен" механизам - љубомора. Треба да научи да ги канализира емоциите, за потоа, да знае да се справува со нив.

    Сакам да кажам, што ќе правиш, како ќе функционоираш‽ Зарем нема да зборуваш ни со татко и ни со никој за да не се моча‽ Оти детето ја поврзува твојата реакција со нејзината акција. На нејзиното мочање, реагираш така како што таа мисли дека треба. Зборуваш со други или правиш нешто без неа, ќе моча. И даваш позитивен фидбек за нешто што не е во ред, а со тоа љубомората продолжува. Не и правиш услуга, ниту себе си правиш. Замисли како се чувствува во такви моменти додека ти кажува да не зборуваш со татко и или со други, се плаши, се тресе. Па и ти како се осеќаш тогаш. Токму на тоа треба да се работи, за да не се чувствува така. Кога ќе престане да се чувствува така, ќе исчезнат и симптомите. Ти сега вака, само маскираш, а проблемот си стои. Татко и е дел од семејство. Останатите луѓе од околината, се оние со кои ќе го дели светот.

    Не зборувам за тоа дека те манипулира, далеку од тоа. Едноставно не знае да се справи со тоа што го чувствува и бара начин да си помогне. Психолог сигурно ќе ти помогне.
     
    На Lady*Bug, Bozica1980, Lolipop23 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Е па коренот на проблемот не е мочањето, нит тепањето. Проблемот лежи на друго место. А за тоа најдобро само со психолог. Не тука не можеме да го откриеме проблемот. Нити пак ти сама можеш зашто не ги знаеш техниките на работа со деца на кои им е тешко да ги изразат емоциите. Одете таму каде што те упати Дани и пробајте. Може само да ви помогнат.
     
    На Kallias2, duffi, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Kallias2

    Kallias2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    3.739
    Апсолутно се согласувам!
     
    На SkarletOHara, Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. an.97

    an.97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба ваш совет. Се работи за дете 3 години. Сеуште носи пелени и пие од шише. Пробав на секаков начин меѓутоа ништо не ми успева. Му ја вадам пелената кажува дека му се мочка ама во исто време и пушта.Пие литро сок од шише на ден. Да ми дадете совет како да поработам на овие два проблема? Како да му го тргнам шишето или пак вода да пие а не сок? И веќе конечно да се спасиме од пелените. Ви благодарам
     
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.243
    Пол:
    Женски
    Јас моето на 3 години и 1 месец почнав да го одвикнувам и се одвикна од прв ден. На 3ипол пак мочкаше/ какаше во гаќи, па на 4 пак. (Периоди)
    Колку време веќе го одвикнуваш? Кај некои деца може да потрае и неколку месеци. Она што треба да го правиш е да не се откажуваш. Нема дете што не се откажало од пелени ама не може преку ноќ, треба време и трпение, друго ништо не ти треба освен да чекаш, да бидеш смирена. Јас од страв да не попуштам воопшто не купив памперс и ја спремав полека дека уште неколку имаме и веќе е голема. Се случуваше да се измочка надвор, во маркет, на кревет и слично, не дека експресно веќе ниту еднаш не се измочка во гаќи ама нормално е тоа.

    За шишето не сфатив? Какво шише, со цуцла? Ама за сокот сфатив дека едноставно никогаш повеќе нема да купиш сок. Како што јас едно време цело време купував чоко млеко затоа дете не јадеше до 2 години па едноставно не купив повеќе од тогаш и престана да пие. Значи не мора одма ама можеш постепено да намалуваш на сок, да зголемуваш на вода. Сокот труди се да е природен, здрав. Веќе е голем па зборувај ми како сокот влијае на забите, а како водата. Дома пијте вода пред него, не пијте сок.
    Шише немаме користено па не знам баш од искуство ама едноставно од шише премини на чашка со клунче па на нормална чаша.
    Знам дека можеш, можете. Ако сепак ти треба поопширен совет би можела и поопширно да ти напишам ако сакаш ама можеби и само ова ќе ти помогне.
    Што поточно е проблемот? Колку време го одвикнуваш од пелени? Колку време од шише? Колку од сок? И како?
    Едит: Сепак имаме користено шише со цуцла за вода од 6 месеци па некаде до 2 години ама сум заборавила сега ми текна. После почна да пие директно од флаша или од чаша.
     
  19. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно за пелените, почекајте да се стопли времето и извадете ги, стрпливо и без очекувања. Јас за почеток му ставав ноќе ама приметив за недела две дека нема потреба.
    Шише едвај фрлив, со многу убедувања, ама најбитно купив преубави чашки со клунче и цевка и прифати. Со тоа престана и млеко да бара, туку сок. Е за него уште имам проблем ама цедам портокал, мандарина, кога има калинки обавезно од нив, и мислам не е страшно, со забите нема проблем, се надевам не претрува со сок за да се направи.
    Секој сок му е повеќе вода отколку сок и не прави никаков проблем
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. an.97

    an.97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Пред се ти благодарам на опширниот одговор. Вака прво пробав пред 6 месеци му ги тргнав и често го ставав на нокшир и добро ни одеше се додека беше до мене. Меѓутоа кога се симнува доле не го прашуваат и он моча кај стигне. Или пак ке каже и во истата секунда се помочува.После пак пробав, и беше проблем какањето, се искака во гаки и татко му му викна и се исплаши после 7 дена не какаше од страв и се откажав да не му направам траума. Сега сакам пак да пробам ама живеам во заедница и идат со коментарите ке го настинеш, ние зар сме ве одучувале, кога ке му докде денот тогаш ама јас сепак мислам дека треба да се поработи на таа тема. Плус имам уште едно детенце година ипол и неможам скроз да се фокусирам на него.

    Проблем бр2 Да од шише со цуцла со најмалото дупче за новороденчиња хаха, пробав да не купувам сок ама доле му купуваат и неколку пати пробав ама пак има коментари од типот дека го малтретирам и он ќе слушне дека некој му попушта и ме одбива мене и оди таму да му дадат. Пробав и му ја скинав цуцлата ама не успеа. Обидите траат секој ден пробувам со убаво со зборење не сакам да го форсирам сакам да сфати дека тоа е за негово добро..