Да пробаш во текот на денот да имате ред ама до секунда. Мојава и на 4 е слична ама сега стисне заби и се тресе или лупа врати. Денес исто така збудале, а не успеав да приметам што е и испадна блузата ама заборавив што со блузата. Во градинка кога оди и таман влезе се среќна насмеана и види нешто што не и одговора (некој седнал до некого, некое девојче игра со едни што сака таа да игра) и се смршти лута се враќа облака патики, јакна и ранче. Нешто не може да контролира или да не сака уште повеќе внимание да и посветуваш. Кај мојава не било до толку како што опишуваш ама сепак било. На пример ја прашувам што сака за јадење, не кажува, и давам краставица на пример и ќе збесне на поинаков начин од твојата. За мочањето на пример, неа и се мочало ( од кај да знам ја нели да сонам ли) и јас одам да мочам и ќе збесне зошто таа не отишла прва или двете заедно, ама мене отпосле ми светнува сијаличката. Ти мора да останеш смирена и да зборуваш. Така и во градинка и викаат на мојава дека ако не зборува, ако не каже, не можат да разберат што е работата. Ама гледам тие со повеќе трпение кажуваат од мене. Многу ми се спие па и ова што пишав којзнае што пишав ама полесно да ти е барем малку
Па да во глобала е баш така како што опишуваш, само што секое збеснување кај нас е со плачење. Ред гледам скроз да запазиме. У принцип сега со градинкава сакале неќеле мора ред. Мислам дека кога е уморна е се на најјако пуштено. Па гледам да смириме ситуација, да се припремиме за спиење. Ама нервира што не смеам да и кажам директно ајде спиење, туку на индиректен начин, дојди кај мама да се гушнеме пример. За пижами неќе да чуе, ја асоцираат на спиење, а она не сакала никогаш да спие. И така.. се тешам дека е фаза, зошто у принцип детето знае и златно да биде. Свесна е дека плаче, знае кога бил денот ок, сама вика денес малце плачев.
Колку време е ваква? Знам еднаш имаше пишано за ова ама нз колку време помина од тогаш. Значи треба да работите на искажување на чувствата и контрола на емоциите. Ние сме до стадиум кога не ја треска одма вратата туку кажува пред да ја тресне па добар напредок е. Можеби потиснуваат некои емоции, потиснувале.
Порано беше ноќно плачење,се среди тоа, плачки преку ден беа на периоди. Беше добра, генерално нели да не претеруваме, ова сега е две три недели максимум. Порано бар знам плачеше, неќе во градинка, кај баба и и тоа е тоа. Е едино тоа е ново,пак неќе кај баба и, ама забранив да се збори за тоа дома и искрено не ми е верно тоа да прави толкав проблем.
Фаза е. И мојот имаше фаза на 4 години кога за се плачеше. Ама буквално за се. И не знаеш за што и кога ќе се расплаче што е најмачно. Денес плаче зашто се му е погодено, утре плаче зашто не му ништо погодено. Налет се беше едно време. Она што јас сум приметила е дека кога е таков после одреден период совладува, односно покажува некојанова вештина и се смирува. Околу 4 години за прв пат почнуваат да осознаваат самостојност. Увидуваат дека се повешти и сакаат се сами да прават и да биде по нивно (зашто нели се можат), тогаш е и првото нивно реално одвојување од мајката и перцепција на нивното јас и не знаат како со тоа да се справат. И кога ќе ги навјаса ситуација која потполно ги обзема или чувстуваат дека губат контрола (а тоа може да биде за банална работа од типот раката ми влезе во грешен ракав или јас сакав да ја земам боичката ама ти ми ја подаде и слично) тогаш наједноставно им е да вентилираат преку плачење. И знам дека треба се да биде смирено и полека, ама јас признавам на моменти губев живци. Па знаев и да подвикнам и да се извинувам. Инаку да во принцип само јаки живци и толку. Сега мојов е во фаза каде што се плаши од се и сешто ноќе. И на моменти има циркузи по дома од вриштење зашто трчаат големи бубачки по собата или се тепаат диносауруси и вампири (ова последново не знам од кај му е веројатно од градинка што збореле). И сега се тешам дека и ова ќе пројде. Друго нема. Во меѓувреме сум капната за спиење.
Значи на 4 години кога сакаат се по нивно да е не значи дека се разгалени? Е мојава баш така се по нејзино сака да е и сите викаат дека сама била немала брат сестра па затоа. Додека сум тука да прашам дали е нормално на тмурно, врнежливо време да е неподнослива? Пред некој де сонце де дожд и така и таа се менуваше мирна немирна. Денес цел ден ладно и дожд и не се издржува веќе. Во 14 само што ја зедов од градинка не беше нормално дете. Не знам дали е нормално ама оваа недела баш 100% заклучив дека какво е времето таква е и таа.
Не најдов друга тема, па овде да прашам. Малата ме полудува, за еден месец 4 години ќе полни. Не сака да спие во пижами на кратки. Имам и нови, но не и не. Урлање е секоја вечер пред спиење. Сака во долги што ги носеше преку зима. Не се дебели, но сепак се долги. Што да правам? Мене ми е многу топло, јас веќе две недели во кратки спијам. И ја уценувам дека нема да шета, дека нема да и купам чоколадо, но џабе. Си зацртала во тие да спие.
Остави ја да спие во тие по долги. Јас преку цела година спијам по долги и со чорапи и покриена, така се чувствувам безбедно и заштитено цела ноќ и топличко ми е. Тие по кратки нека и бидат на видик па кога ќе посака тогаш. Купи и ептен тенки пижами на долги.
Кај нас е уште ладно, а кај нас е секоја вечер урлање ако пробам да му облечам пижами он "голач" сакал да спие. Па чекам да заспие и го облакам. Види така ако се поти кога ќе заспие смени и ако можеш, ако не се поти и се тенкички пижамите остави ја отвори прозор на кип пример. Не знам веќе до кога ќе траат овие фази.
Секогаш го оставам да заспие во што сака. Се случувало во зима гол да сака да спие, а налето баш добро наоблечен, но не се нагодувам со него. Како му е удобно така, обично по кратко време ќе смени мислење.
Затнат нос, но без секрет..моментално не е болна, нема тт..пред месец дена закачи некој вирус од градинка, 1 вечер тт, 2 дена растечено носе, после и се смири, но од тогаш се осеќа како да збори на нос, кога повеќе, кога помалку.. Понекогаш во ноќта се буди, се обидува да шмрка, како да пробива воздух..во такви моменти ставам капки исомар или септоназал.. Некој со сличен проблем и совет? Не верувам дека станува збор за алергија.. Некои поефикасни капки или на природен начин?
Зарем е можно бактерија без никакви други пропратни симптоми..секрет, тт? Тогаш понеделник да испитаме за секој случај..
Можно е некои деца си ја носат а не ни знаат дека ја имаат. Затоа се толку чести си ги предаваат во градинка еден на еден.
☹ Баш ме замисли..обавезно ќе провериме..се надевам нема да излезе нешто слично..аман веќе..и за да не се мачиме, но и таман заоди 3 недели непрекинато у градинка и некако фативме ред..ако излезе бактерија пак дома и пак на почеток..
Колку благо ви јадат децата? Моево 4години ептен некако по благото,завршува со ручек и одма нешто бара чоколадо да касне. Ретко и за појадок палачинка или леб со крем ама борби водам, ми е страв дека многу некако јаде. Еден ден нема без благо