Не купувај благо. Моето од благо претежно почна да моча и кака во гаќи цело време. Педијатарот рече дека со години се собирало, дека благото создава нешто во цревата и така се добива запек и сега минимум неколку месеци или година треба да пие едно да се прочисти тоа. Благото е лошо и за млади и за стари. Ако веќе е по благото нека е по овошје барем. Мене најлесно ми е да не купувам благо, сега и кога одиме во маркет дете знае дека ги прескокнуваме тие редици со благо. Благо треба да е строго малку после ручек и толку. Ние сега секој ден сладолед јадеме дека лето и за тоа ми е мака ама па не може без ич. Не купувај благо, подобро да се спречи отколку да се лечи. И моето има 4 години. Дома немам ништо благо, крем одамна немам уште пред проблемов бидејќи ни ние ни дете немавме граница и на крај сите тројца имаме различен проблем. Така ми е најлесно мене, кога не се купува воопшто, и да ти побара не можеш да попуштиш и да дадеш, и да бара сама низ дома нема да најде. Кога се вратив од педијатар кога ми разјасни што е проблемот буквално се фрлив што има шеќер па првите денови се гладна бев, така сфатив дека повеќе од 50% што јадеме има мн шеќер. Значи вештачки шеќер да речам чоколадо, крем, бонбони, леден чај и слично, никако!!! Благо само овошје! И сладолед секако, тоа не можам да му скратам посебно не во лето. Не чекај да се направи проблем, фрли се на време, не купувај повеќе ништо, таман и вие ќе бидете поздрави. Не е само цревата, туку и забите и што ти не може проблем да биде.
Колку треба да е нормална телесна температура кај деца? Моево има 3г и 8м и три дена беше со висока тт поради стрептокока во грло. Веќе 15 саати нема покачено, сега измерив му беше 37.3, се ми се чини покачена дека е, уплав имам, топломерот три дена само црвено трепкаше
Дали може да и ставам чепче на малата, има 37,6 тт и така и е цел ден? Се мачи, лежи само. 4 години има. Сируп не доаѓа предвид, тепачка е.
Од вирусот е таква, нормално е. Нека лежи, сега и треба одмор. Кс направивте ли? Да си знаеш на што си
Ниту сируп, ниту чепче, немој, тоа не е температура, како организмот ќе научи да се бори, расфрлај ја на гакички по дома
Како се справувате со децата неспијачи? 3 години има големиот, преку ден не спие, цел ден е на нозе не седнува, од 6 до 8 секој ден пешачиме по 3км, легнува накај 8ипол-9 и во 4-5 сабајле он е веќе буден.
Навечер пешачите од 6 до 8? Јас ќе ти кажам за мене ако се изморам, преморам, до или пред спиење, и јас се будам наспана кај 2-3. Пробај со промени во рутината. Пробај да имате време за одмор пред спиење и да не е многу изморен. Мојата на 3 години беше будна од 3 до 5 отприлика ама пак заспиваше до 8. А има деца кои спијат од 8 до 4 односно овие што ги знам спијат од 23 до 7 на 3-4 години па можеби ќе мора да го поместиш заспивањето. Да заспива во 22 да се буди во 6 би било идеално според мене ако ете едноставно спие 8 саати. На 4 години мојата спиеше од 7 до 7 ако ти е за утеха ама на 4 и неколку месеци почна да намалува.
Мојот помалиот, откако се роди до денес (има 3 години) го има истиот ред. Стануваме во 7 наутро, преспива од 12 до 14 часот, и вечер е кома во 9.30 часот. Преку ден во градинка, попладне прошетуваме и иси игра, но ништо претерано. И пред спиење обавезно имаат време да изгледаат една приказна, да се потсмират и легнуваат. Како шѕо ти пиша членката погоре, и кога си преморен не можеш да заспиеш или спиеш малку. Што е претерано не е убаво. Затоа пробај смени му ја рутината и упорна биди да терате по неа. Јас каде и да сум се враќаме до 20.30 најкасно, ги туширам и ги легнувам. Среќно!
Кој ме лажеше дека на 4 години е полесно нека крене рака. Детево е неподносливо. Знам дека на психолог треба ама до тогаш да се советуваме тука. За неубави зборови и пцуење гугл вика на 4 години им било интересно. И викав немој не збори така не е убаво, па два дена ја оставив да збори колку сака ништо не и спомнав не и обрнав внимание и пак збореше без престан, мислев да ја оставам да и помине интересното ама се уште збори, и на нас ни вика ти си гомно и се смее, и објаснуваме дека не е убаво така дека тоа не се вика на никој ама џабе е се. Второ, се однесува ужасно со нас, во стилот гајле ми е ако не играш со мене, ти не смееш мене да ми кажуваш кај да седнам и што да правам, ако сакам да истурам вода ќе истурам… Трето онаа фазата со носење дома другарки и правење глупости (во детска вода однела да бањаат кукли, во кујна масата со лак за нокти ја намачкала…) тоа помина. Четврто, цело време кенчи. Значи од бебе кенчи ама зошто и се уште? Буквално од сабајле до вечер. Цело време и наоѓам занимации и џабе е. Петто, сега сме скарани и не збориме па имам време да го напишам ова. Шестто, кога седнеме да јадеме пиеме пребира, не тој тањир не таа чаша не такво јадење, зошто ти седиш на гаа столица сакам јас на таа, чаша бира еден саат, на крај се брише од коса, облека, мачка врати ѕидови се е измачкано дома до нејзина висина. Седмо, цело време се пресоблекува, скоро секој саат, де топло и било де ладно де не и се свиѓало тоа повеќе сакало друго да облече, де сукња де фустан. Облеката ја фрла кај стигне, патики сандали венчиња шноли исто, разбирачка нема. Осмо, ништо не слуша, отвора фрижидер и викаш затвори го не го затвора. Деветто, кога ќе и преречам за нешто одма вика дека ќе направи нешто друго лошо и го прави. На пример не истурај вода и ќе рече сега ќе запалам светло сред бел ден и не го гасам. Десетто… Некој си слично искуство, совет? Мисла дека давам се од себе ама се понеподносливо дете е, невиспитано, лошо… Едит: Значи буквално исто си беше и пред да добие братче, да не рече некој до тоа е, сега најдов време да напишам инаку ваква си е откако наполни 4 години па си велам до годините да не е. На 3 години беше многу подобро од ова што е сега. Сега е врвот на 4 години, најнеподносливо.
Мојава е 3ипол, ама исто ко неа да ја раскажа. Единствено, ако мм го земе малово, а јас останам сама со неа па играме некоја игра, под услов да сме рамноправни, е тогаш може пола саат мир во куќа. Или да одиме сами на кафе, на палачинка, на сладолед, друго дете е тогаш.
Еве што сум пишала. Иста и мојата освен што не пцува и не вреѓа.А како писка леле Се прашувам кој е за психолог јас или таа оти отидов со нејзе.
@gjoker4e да не си била случајно кај мене дома? Ист е и мојот, буквално од а до ш. За помалку од месец ќе полни 4, ама ништо не му се погодува. Те гледа во очи и ја прави белјата, секој втор збор му е гомно, фрла храна на земја… И од дете што јадеше секакви готвени јадења, сега не јаде ништо, само леб, бисквити, јаболки и краставици
Еве од сабајле вика шајзе и се гази од смеење не знаеме што да правиме. Де се правиме дека не слушаме дека зборувам ама џабе. Не знам што е толку интересно и се надевам што побрзо ќе престане да и биде интересно. За јадење јаде. А по земја и паѓа се од што само мрда кога седи на стол, паѓа од стол, се удира во масата. Кога ќе види кај сум тргнала да седнам се гура таа да седне, ако има пет јаболка на маса и некој земе некое вика дека таа сакала баш тоа јаболко, ако и дадам вода во чаша не сакала во таа чаша и некогаш и е малку некогаш многу, кога е малку и викам кога ќе ја испиеш ќе ти ставам уште, кога е многу испиј колку што можеш…
Леле., слично кај мене..4 и пол години е керка ми и на моменти не можам да ја препознаам а какво мирно дете беше.. За лоши зборови нон стоп ја предупредувам и и објаснувам но за тоа сфака дека се лоши..ме нервира кога ке ми рече па тоа дете така зборува во градинка или тоа дете така прави..И викам тие деца не се умни и имаат родители кои ке ги караат и мама треба да ја слушаш..градинките колку што се добри толку се и лоши..Највеќе ми оди на нерви што за се се лути и си бега во соба амам буквално за се ако не и е угодено.Почнува да вика на цел глас и да се дере...да ја слушне некој надвор ке помисли дека ја убивам..Нерви ми попуштија од карањата меѓу неа и брат и кој е 2 и пол..додека да дојдам од работа се мирни..,штом влезам дома почнуваат со закачање па до тепање и кубење на коса стигнуваат..стана и голем провокатор..само нешто ке го испровоцира брат и и тој почнува да се нервира и тепачките почнуваат....ова се случува последниве неколку месеци..се чувствувам психички исцрпена и изморена од нон стоп да објаснувам некои работи...
Да работиш на тоа да го смени вокабуларот. Слушнала негде и сега ќе ти тестира граници. Пробај да и објасниш дека се чувствуваш навредено/повредено кога ги кажува зборовите. Значи, да го научи значењето на зборовите т.е какви чувства тие предизвикуваат кај луѓето. Јас пак би рекла дека има врска со фрустрации, односно неможност да изрази чувства. Игри за развој на емпатија, разбирање, учество, одговорност, очекувања од себе и од/кон другите. И најважното, соодветно изразување емоции. Период има на 4 години, кај некои е малку потежок, ама поминува. Јас сум тип што не остава на случајност и работи на проблемот и кога не е баш проблем, чисто поради превенција. Двете мои минуваа слична фаза на таа возраст. Поизразена беше кај малата. Ама ете помина, а мислев е вечност. Споредбата со ова сега, како нови деца да имам. Другите работи, нека ги прави сама (таму каде што е можно секако). Сама нека земе чаша и нека си напуни вода. Нека си одбере и земе тањир итн. И нека си го собере кога ќе заврши со јадење. Функционира секогаш, инаку е трета светска војна за бојата на чашата. И кога ќе и падне доле, земете заедно соберете, кажи и дека ти треба помош. Па ќе почне да развива одговорност да си собира и средува по себе. Исто е и за алиштата. За последново, не можам да те утешам дека ќе помине, пошо на моиве никако не им поминува фазата, еве ден денес. По 67176662 пати пресоблекување. Ама барем си средуваат, па и не го сметам за некој проблем. Крај краева, има денови кога и јас се пресоблекувам по 100 пати. Сакам да кажам, јас сум им примерот. Не и викај затвори го фрижидерот, туку објасни и зошто треба да го затвори. Овие работи ти се повеќе инает. Сега, дали карактерно или за центар на внимание, најдобро ти можеш да процениш. Примерите за игри од погоре, важат и за ова. Треба да најдеш начин/метод кој ќе функционира со резултати на тоа што го сметаш за несоодветно во нејзиното однесување. И не и барај ти цело време занимации. За развивање фантазија, некогаш (во умерени граници секако) е добро да се остават сами да си го организираат и испланираат времето. Односно, да си најдат занимација кога им е досадно.