Ве читам со вашите маки па ајде и јас да ја споделам мојата за баткото што за 2 месеци полни 5год. Умен е не прави воопшто бељи не зборува вулгарно со бебево не прави испади на љубомора освен ако го бањаме па и тој сака одма и се лути. Проблем ако може да го кажам така е кога одиме на детско игралиште на лулашки што му се крева адреналин и ништо не не рецка. Трча цело време, им се пика на поголеми деца имавме и инцидент тие со стапови ова не разбира му скршија заб, се нервирам што незнае да се пази и секогаш оди да игра со најнемирните што се буткаат ама тој не ги бутка не хи тепа а сака со нив да игра Исто така кога ќе се спомне идење дома не не рецка може дома да си дојдам он уште ќе е заигран. Незнам дали е фаза од развој или карактер ама ништо не ни упалило да го смириме тој адреналин и да биде умен и на лулашки
Добро е да се знае дека скоро сите се исти. Мислам дека изненадувањево ми доаѓа од тоа што си имав врежано дека на 3 е лесно, на 4 полесно, на 5 најлесно… и си мислев дека на 4 веќе имам разбрано дете, а сега се чудам што ме снајде. Значи кога ќе давате совети на родители со помали деца кажете секоја година си има своја тежина. @Lianna Anna Фала ти на советите, скоро се правам како што кажа ама веќе почнувам да чадам, како да се наоѓам во невозможна мисија, не можам да се разберам со 4 годишно дете, а изгледа нормално е да не можам на начинот на кој нас сакам како со возрасен човек. Некогаш и со возрасен не може да се разбере човек уствари. Понекогаш мислам дека ми се враќа за сите оние деца за кои сум рекла дека се невоспитани кога јас сум немала деца. Ќе допишам можеби…
Не го правете денот да се состои од битки. И они се веќе човечиња со свои желби и интереси, си имаат некои нешта што сакаат да им бидат по нивна желба, исто како и ние. Ако сакаат во таква чаша нека пијат, ако сакаат во таков тањир нека јадат во таков. Многу е полесно кога се е во договор и со разбирање. И така се спознаваат самите себе и што сакаат, што не сакаат. Јас воопшто не се расправам со нејзе за вакви работи. Сакала од друга чаша, оваа и мирисала. Океј. И мене некогаш нешто ако ми е така го менувам, или го измивам. И давајте им се нека си земат и направат сами, така е многу полесно зашто сами си го направиле. Сами си одбрале и не се бунат. Исто, ако вие покажувате нервоза, немате трпение со нив и они го прават истото, стануваат се понервозни и понеразбрани. Мора да се прифати и дека се деца што допрва учат, иако сега се поголеми сепак очекувањата не треба да ни се огромни од нив. Само посмирено и со повеќе објаснувања зошто и како нешто се прави, полесно прифаќаат.
Се така правам јас ама доаѓа момент кога главата ми чади. Претходно одев на работа, сега има и мало бебе и немам толку време за да и удоволувам по цели денови. За да се израсне детето како што треба испаѓа дека најдобро е мајката да е дома барем додека тргне во школо детето. Не е само бојата на чашата туку буквално цел ден се нешто е и знам дека се е нормално ама доаѓа момент кога ми иде да врескам. Кога би се изврескала би собрала енергија за од ново. Ама до сега дефинитивно на 4 години ми е најтешко, главата ми пука, немам толку енергија за успешно да се справам со неа во текот на денот. Некогаш си викам да не работам повеќе за да бидам “идеална” мајка. Кога би земала плата без да работам и некој да ми готви би била идеална мајка. Готвењето ми е најголем проблем што ми одзема најмногу време, плата еве и не мора да земам. Што се кажав и јас не знам. Крај краева се е добро, се е нормално, ќе биде уште потешко кога ќе почне сама да излегува во град па ќе се чудам за што сум фаќала замерки. Не се фаќајте за некои зборови како пример идеална мајка, знам дека и не постои идеална мајка и секоја мајка е идеална мајка.
Знам дека е така, ама веројатно и она го осеќа тоа, па и така се однесува. Не дека намерно се прави за само и само за да те нервира, си имаат и они свои бубачки и развојни потреби, тоа е. Наше е да дадеме колку можеме во моментот и да знаеме дека сме дале што сме можеле и толку.
Само за ова утешете ме дека е нормално За повеќе немам време да пишувам Живееме тераса до тераса со едно девојче 5ипол години и излегува тоа на тераса и врти низ прстите изџвакана мастика и моево појма нема што е тоа (не дека не сум дала мастики ама вака развлечено не го препозна дека е мастика иако и кажав) и и бара и девојчево и даде пола и двете вртат низ прсти тегнат па ова бараше да и го врати и моево и го врати и пак моево бараше и и даде пола и вика јади и девојчево зеде да ја џвака едната половина и моево иако викам немој тоа е изџвакана мастика ќе се разболиш, на крај и ја голтна како јаготка на шлагот, јас не станав од стол да и ја земам од раце да не ја стави во уста бидејќи бев при крај со се што направи тој ден Да не се нервирам за џабе?
Кој сака да ми помогне во лп Макар и да ме излаже нешто Главниот проблем ми е што ништо не ме слуша Повторува се што ќе и речам се лигави Се глупира Како расте се полоша станува Се мислам да не ја носам ни во градинка веќе за да е 24/7 со мене и да се опамети ама можеби грешка е тоа Секако и тука може помош И во лп утеха Дали да и викам пази да не паднеш или да ја оставам да падне? Во случаи кога ако падне може да треба и брза помош да викам Кога ќе научи паста да не јаде? Никогаш Кога ќе научи да не ги брише скалите кога се качуваме по скали и после тоа да не ги става во уста нос? Кога ќе мие раце пред јадење без да ја влечам до чешма? До кога ќе навредува? Во градинка е се ок само пофални зборови Значи пак до мене е проблемот Или едноставно едно е мајка друго градинка Како и да речам нешто, на кој начин, за да послуша? …
И мојата не слуша Се по нејзино е,во спротивно вриштење и лигавење до бескрај. Само зборувам,зборувам...и малата ја гледа и таа како неа станува. Од страна само слушам не се тепани затоа така Ај белким нема цел живот вакви да се
Знаеш што?! Изгледа и ти си "наапана" мајка како мене! некогаш ми доаѓа да ја треснам од земја. Периодов, (се надевам дека е само период), не се трпи! 3 ипол е. Море накај 4 оди веќе. Сакав да кажам, изгледа е до нашите нерви, се скратиле. Се карам со неа, и викам, па со убаво и објаснувам, секогаш е исто. Само вика, плаче и се треска од земја за ништо. Се дере и припаѓа, липта, и дома и надвор! Мене инат ме фати, реков не може веќе вака, ама џабе. Изгледа јас ќе попуштам. Инаку со нервите ќе попуштам . Кавгите и драмите се главно околу тоа што не сака да јаде, кој фустан да го носи, да оди со тротинет/точак (на секое излегување од дома, секаде!), зошто не сме земале кукла со нас да ја шетаме, зошто блуза/јакна...... и уште 100 разни несфатливи причини. Сфатив дека ако сум добра кон неа, и таа е ок. А кога и викам бегај да не те гледам цел ден, ме нервираш - и таа се нервира и уште поневозможна е. Не верувам дека ти помогнав, само си се пожалив ама бар да знаеш дека не си сама
Незнам колку години има малечката можи и е фаза која ќе помини брзо се надевам. Потрудисе кога нешто и кажуваш да и објасниш и со пример. На пример јас и кажав на ќерками дека треба редовно да си ги мие забите за да и бидат бели во спротивно ќе и се расипат и ќе ја болат ( и покажав слики од дечиња со расипани заби) и сега два пати мие заби. Исто и за миење раце дека ако не ги мие ќе внесе бактерии и ќе се разболи ( има едукативни видеа на you tube ) и без проблем мие раце сега.
Едно прашање ако може? Малото е 4 години цело време спие со мене, без мене не заспива. Не сум го оставила само ни една ноќ. Сега ми треба одмор и сакам да отидам некаде на два дена. Дали да го земам со мене или да го оставам дома.
Ако го земиш со тебе пак нема да е одмор. Ако ти треба одмор остави го дома. И мојата заспива само со мене, во вц со мене, јас дс и донесем вода, јас да ја шетам, не сака со друг ама тоа оти ме гледа тука. Доколку не сум дома и не ме гледа без проблем прави се со другите.
@gjoker4e ако ти е за утеха не си сама, го имам дома, прави исто што твојата прави, брише скали со раце брише огради, се инати, зборува погрешни зборови, нон стоп рони и кашка по тепих, не можам само да дочистам а камо да седнам на стол, иако знае сам да јаде не сака, и намерно ќе прави глупости јас да го ранам, а кога беше со деца јадеше сам и не прибираше и мачкаше на леб и се. Ама… кога е со мене често е бесен кога дме сите заедно е упте побесен, ќе појдеме да шетаме почнува со земи ме не можам а го залажеш да го гониш има тон енергија за трчање, па плаче па цимоли. На моменти е умрен и мирен, ми вели сега сум умен паметен и мирен нели? Преска и утре пак ќе сум лош и ќе правам глупости. За храна ич да не зборувам како хорор сме 3 години, на моменти ќе фати од инат ќе испие цела чаша смути деуг пат не сака или му смрдело или не сакал бобинки. Ова со инатењево за пиење е доста ретка ствар. туку дојдов да е пожалам дека се жали веќе еден месец од стомак, го боли, често има гасови и не може да кака, почна со лакатив и де инаети не дака да пие, а го заболе плаче за апче да му дадам, му велам кога ме слушаш ништо не те боли кога не ме слушаш и се инатиш не сакаш да пиеш те боли гледаш. Џабе. Почнавме и со пробиотик. Немам поим што му е со стомакот, докторката по телефон ми рече да пие лаксатив прашок секој ден 6 месеци. Овде ми рекоа не е во ред подобро пробиотик, земав и пробиотик и не знам што да правам. Капак на де денес е болен од градинка. Што му е што да му давам немам идеа ќе пукнам од грижа. Се мислам да инсистирам за некои супи и чаеви, шпагети некоја таква храна. Докторката не ме прима во ординација. Ми е страв да не се искомплицира нешто со стомакот негов. Во градинка кога го земам се жали од стомак. Дома не јаде таму јаде јаболка јогурт банана. Што е одлична навика што ја нема дома. Се мислам дека со тек на време му се извасува на стомак нехранењето негово и неслушањето @RainBow од секогаш се сложувам со твоите совети и ги применувам и јас, не му водам инат го оставам да бира да направи сам макар и да не може и слично, не дека не помага, до сега на сила немало ништо, само зборење и зборење, понекогаш убедување дека така е добро, гледам дека учи да ги согледува неговите грешки како последица на тоа што не ме слуша, па се подобрува па заборава и така во круг. Важно колку толку има резултат и напредок, можеби и мал сма сепак е напредок. се испишував…
Едно ехо на абдомен да направите? И кс не е лошо...знам не сте во Мк и тсму здравството е скоро како тука во Гр ама инсистирај, за во болница да идете?
Ма не сакаше ни да ни закаже за термин. По телефон ми рече да пие лаксатив 6 месеци. Тоа беше. Луда работа.
Да ја смениш можеш? Или навечер ако ти се жали повеќе па на итна да пробаш дали ќе завршиш работа. Не сме во иста држава ама тука си работат цело време матичните нормално со закажување. Никогаш не ми дале терапија на телефон.
Ми даде лаксатив ми рече да го давам долго што и да треба да ѕвонам, ќе пробам да давам да видам дали ќе реагира добро, и во аптека исто ми кажаа земав и пробиотик. Уште две недели треба да одиме во мк, таму ќе одам со него да го видат да видам што ќе кажат. Мене ме зачуди ова со телефон претходно го имав носено. И објаснив рече имал блок во црева измет што треба да го искара и вистина го искара ама пак се жали. И овие лаксативи и пробиотици се давале на долга стаза. Не го пиеше ова редовно и не как претходно какаше сега инститирам да пие па да видам дали ќе е подобро