Мене во болница ми се скрши живин, сестрите ми рекоа ништо страшно, не се како тие порано што биле и не се опасни, тие веќе престанале да ги произведуваат. Имало само елементарна жива која не била опасна. Прашајте во аптека. Јас само со таков мерам, ама среќа седи и пуштам цртани тогаш.
И мојот топломер со галиум е...не ми текнуваше и мене како се вика, па обичен го пишав.Живините одамна ги заменија со галиум. Најефтини и најточни. Безконтакниве дигитални ќе ги преплатиш, ама ај се најдуваат за не малтретираш дете под мишка на секое. А дигиталните за под мишка џабе фрлени пари (барем кај мене така се покажа).
@Lolypop123 благодарам за советот имаше ефект подобар со блок макс, да издржиме уште вечер па утре на лекар и крвна слика
Од кога почнав да давам железо феррум лек сируп на малиов (по два пати по 5мл, сабајле и навечер), не сака да јаде, нема апетит... неколку залчиња и толку. Можно е да е од сирупот?? Благ е доста тој, да не му го заситува организмот??
Тешки се за варење препаратите со железо може затоа не јаде многу. Тешко му е на стомачето кога јаде. Не знам како да се справиш со тоа ама може да е од сирупот.
Б комлекс да му давам? Нема штета нели..? Ова ми земал свекорот, ке успеам да му го дадам некако во малку оризово млеко.
Нема штета. Мојава се разјаде дури пиеше до лани. Инаку да не бидам грешка сфатена ама мислам дека нема од што друго да одбива храна штом даваш сируп за железо. Погадно од тоа нема. И јас кига пиев ништо во уста не ми се ставаше, не пак детенце. Пиши како ви оди откако ќе пробате со Б комплексов.
Мајки вашите деца до која возраст цуцеа вуцла..Керка е 3г и 3м сеуште си цуца џа спиење обавезно има денови кога по цел ден не ја бара но има и такви кога се и е во уста..Сите околу мене ми велат одбивај ја од цуцла ама вришти без неа несака..И уште нешто навечер сеуште и ставам памперс утрото кога станува и е преполн..Но преку вечер си пие млеко..Да не и остане до голема навика да и ставам памперс..Благодарам
Ние ја фрлиме точно на 2 години. Се скина, и решив да не купувам веќе. Прво плачеше два вечери и третата се смири. Од тогаш само еднаш ја побара, и кажав дека е голема веќе и не ја побара воопшто. Многу лесно го минавме тој дел. За памперсот, откако се одвикна преку ден, недела дена и ставав навечер ама и беше сув цело време и тогаш го тргнав. Не и давај многу течности пред спиење да пие. И обавезно пред спиење нуди ја да мочка.
Ние не цуцаме цуцла, ама навиката да пие од шише уште не ни е отфрлена. Вашите пијат ли од шише? Во текот на денот вода и сокче пие од шише, па и пред легнување млекото (и утринското исто) го пие од шише. То цуцлата целата е изедена, нема дупче туку дупка голема, целата изедена, ама не дава да и ја смениш
И мојот е толку 3 г и 3 мес.памерсот уште лани фрливме ни за спиење не ставаме си кажува.Тргни и го да има осет и буди ја прашувај ја дали и се мочка да има осет и преку ноќ ќе де навикне да стане и пак ќе си легне. А со цуцлата и ние тешко ќе се одвикнуваме ај преку ден ја кријам или му викам срамота е ќе ти се смејат и ја крие.Или кога плаче ја траже вика цуцу дека сии.Ама за спиење нон стоп.А и мислам од неа уште убво не зборува.пред 2 недели ја фрлил зад перална и плачеше 3 саата јас зборував дека е голем дека не му треба ама не ме слуша само најди ми вика.И како си седеше дете стана и отиде само си ја најде му текна каде ја фрлил.Онака немаше да му ја дадам. А лани летото без цуцла не сакаше да спие цел ден цел пат до берово и назад.Само цуцу тражеше а дома ја заборавивме. И млеко да уште од шише пие.Има денови кога само млеко пие.А не сака да јаде.Пробав го изгладнував го лажев го лриев шишето ама џабе дете не јаде.И по 5 дена не јадел ама сила и енергија еден куп и цревцата му кркорат нон стоп ама не сака и не сака да јаде.
На нешто повеќе од две години сѐ исфрлив од шишиња, во канта. Да не паднам во искушение да ѝ дадам. Дури си мислам требаше и порано. Две недели врискање се издржа и е неспоредливо со мирно спиење. Не се будеше по 100 пати ноќта. А за цуцла, околу 1 год. ја одби силум прилике. Немаше таква цуцла никаде во градот, а друга не прифаќаше, и сама си ја одби. За пелени, сѐ што е над 3 год. мене ми е премногу. Особено во лето, кога е прежешко и плус пелена. Јас сѐ би тргала тоа.
И ние сме во слична ситуација....лажачка никогаш не сме користеле, ама оваа со која си пие, плачи, си ја бара, а мислам јадењето и е намалено (многу слабо јади) поради тоа што цуца....како уживанција и е легни си и цуцај и заспиј си. Веќе 3 г и 1м сме време е да се тргне.До 3 г. сметам дозволено, ма да и тоа е многу. А и зборувањето исто и е нечисто. Значи не се бебиња веќе, мора сето тоа да се тргне...доволно се одложуваше.
За зборувањето не и е проблем зборува многу чисто и убаво..Можеш слободно како со возрасен да си разговараш со неа..Но никако не ја остава и една и ја пресеков на пола да и се згади и пак си ја цуцаше..Некогаш ако и се падне да заспие преку ден станува за мочкање или не мочка но вечерта ни е проблем
Големава е 3 год и 7 месеци и како ве читам како за неа да читам. Со пелени за навечер бевме до пролетва, сега ја будам по два пати за да мочка, темпирам кога му давам млеко на бебето и нејзе да ја измочкам. Од шише уште пие млеко насабајле и навечер ама преку ден од чаша си пие и немам намера да го фрлам. Ние имаме друг проблем. Т.Е. два проблема. Едниот е што го цица прстот, показалецот од десната рака. Што се не направив, зборев, мачкав и се и пак го цица пред спиење. Некогаш си викам да цуцаше цуцла поарно ќе беше, вака прстот и е цел потечен на средина. Тоа и е навика уште од домот и никако да ја одвикнеме. Друга работа е какањето. Ако не и ставам пелена нема да се искака 10 дена. Седнува на нокшир, седи, седи и на крај ќе стане ќе се облече и ќе рече не можам мамо. А се срами од пелената и одбива да и ставам ама па ни вака не оди со денови да го чува. Не знам што да и правам. Се мислам на психолог да ја носам може ќе може да ни помогне. Инаку е прилично здрава, мозочето и работи 300 на саат, освен повремениот проблем со тромбоцитите до сега не сме имале потреба од лекари. Во градинка лисица ја викаат оти само некои глупости смислува
Мојата е 3,5 години,пелени не користиме од лани ова време значи 2,5 и дење и ноќе,она сама побара да и ги тргнам и за навечер ,а и среќа па навечер никогаш не мочка и не станува за мочкање. Шише исто не користиме од 2 години,прво во градинка и го тргнаа па и дома постепено,напрво и ставав во оние шишенцата за вода од Јана ,Горска во нив пиеше АД додека пиеше,а после тоа и престана.Си пие исклучиво во чаша,или шишенца од тие за вода ,или оние за смуди.Цуцлата ја откачивме исто на 2,5 години и тоа многу лесно се мислев најстрашно ќе биде и реков од утре нема цуце и се разбра некако,а и онака само за спиење ја користевме.