Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски

    Се стабилизира со упорно зборување се случува пак ама не често на пример во денот можи еднаш да се подмоча можи и ниеднаш ама можи и да се измокри ако се занесе во игра повеќе трпение и оставив не ја карам и ја мотивирам ќе ја оставам уште некој период само со разговор со мене и со трпение ако немам целосен ефект како што си беше до пред проблемот планирам да ја однесам на психолог иако мислам дека повеќе ми го прави како од инает и од занесеност во играта. Инаку и јас не верувам во бајачи и гатачи ама знајш постариве прво тоа им паѓа на памет
     
  2. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    Штотуку прочитав еден пост на инстаграм за одредени проблеми кои можат да се воочат преку играта на децата и малку ме замисли, конкретно точката се однесуваше на стереотипна и повторувачка игра..
    Ќерка ми за 2 м ќе полни 5 г..
    Обично игра многу со играчки и сама измислува како ќе се одвива играта, има идеи, воведува некои интересни делови во самата игра, си прави своја приказна..
    Со оглед на ситуацијата со епидемијава, во игрите во главно е или сама или со мене.. она што ме замисли како потенцијален проблем е тоа што на пример одредени игри сака да ги игра повеќе пати..значи еднаш ќе ја изиграме, ако и дојде интересно, ќе рече ајде од почеток пак, и пак, и пак...чекорите, зборувањето во повторената игра може да биде скроз иста како првиот пат, а може да додадеме и плус минус нешто..

    Не знам дали објаснив добро :)
    Дали ова е вообичаено и кај други дечиња?
    Дали можеби некој веќе консултирал стручно лице на таа тема?
     
    На Bupalu и TarantulaA им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.320
    Допаѓања:
    37.273
    Пол:
    Женски
    Се е нормално од ова што напиша…
    Проблем може само стручно лице да воочи.
     
    На moli.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    А бе и мене досега ми изгледаше нормално, колку и да е досадно да повторуваш една игра и до 10 пати :), ама откако го прочитав тоа, се замислив..па ме интересираше дали ова е случај и кај други..т.е очекувано однесување за возраста..
     
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Ехеее и повеќе од нормално е, еве го 9 години скоро и сака да си играме уште заедно и пак истата и пак и пак....
    Се е нормално. Има натпросечна интелегенција инаку и прв е во школо (fingers)
     
    На moli.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.320
    Допаѓања:
    37.273
    Пол:
    Женски
    А кога беше мал беше немирно дете?
     
  7. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Да. И уште е. Не може да седи мирен секунда. Хиперактивен е, од мал...
     
    На TarantulaA, mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, малата е 3 год и 4 месеца. Прееска качи температура и се жалеше на болка во главата, дали некој се соочил со вакво нешто ?

    Исто така на неколку наврати, без да има температура се има пожалено дека ја боли главата, иако на изглед не изгледа така. Најчесто реагира дека ја боли ако ја скарам за некои работи и се изнервира многу.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.996
    Пол:
    Женски
    Главоболката може да е од температурата. Исто и од затнат нос и настинка.
    Ако се жали на главоболка кога нема тт или не е настината, а ја караш, тука може и да глуми малку. Сега не значи дека секогаш лаже детето, има поосетливи деца кои навистина може да имаат главоболка на периоди поради промена на време, поради излегување од темна просторија нa јако сонце и слично. Не е лошо еден очен преглед да направите да исклучите постоење на диоптрија.
     
    На gjoker4e и Dikinzi им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.320
    Допаѓања:
    37.273
    Пол:
    Женски
    Може ти си рекла глава дека те боли кога те има изнервирано и сега таа повторува.
    Изгледа сите се имаме соочено со овој страв, можеби дека не зборат и наеднаш ти рече “глава ме боли” и толку ни треба, алармот за паника е активиран.
    Со тт нормално е мислам глава да ја боли.
    Ти најдобро ќе препознаеш дали навистина ја боли или не.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Сето ова што го напиша истото ми го кажа и матичната. Детево не секој пат кога е карано се жали на главоболка, не се случува често, ама се случува кога проблемот треба да се реши меѓу неа и сестра и. Сакам и јас да верувам дека глуми, и дека не и ништо, ама и не можам да се оставам без резерва па да не помислам и на нешто друго.
    Патем, јас и имам мака со притисокот, нон стоп ми паѓа, и глава ме боли, па можеби и мене што ме гледала ме имитира.
    Фала ти :f:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право, баш и подоле пишав дека имам главоболки поради низок притисок, па можеби ме гледа мене.

    Инаку вчера ја болеше главата, бидејки се стегаше со очињата, и се тропкаше со прстињата на челото, а потоа и се стегаше како со тупаниче. Легната беше, тивко зборуваше , и некако замислена беше. Потоа кога и помина како нова беше, играше пееше, се додека не качи пак температура. Цела вечер беше со тем и повраќање, и избија ситни црвени точки, како неќна сестра и што имаше. Вирус било.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.996
    Пол:
    Женски
    Тоа е од температурата. Моево стално се жали на главоболка кога има температура, исто и големиот.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Ти Благодарам уште еднаш, ептен ми олесна :hug:
     
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.645
    Допаѓања:
    76.906
    Пол:
    Женски
    Мајки малава е 4ипол години и неодамна приметив дека има вдлабнатина на главата во средина (кај што имаат бебињата кога не е затворена фонтанелата), мислам дека ја немаше, а сега и се познава на допир, а и се гледа (така и ја приметив додека и ја плетев косата). Нормално ли е? Како е кај вашите 4+ деца?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво. Синко е 4год.ама многу инает од дете и хиперактивно. Многу не зборува, но почнува сега се повеќе и повеќе, цел ден нешто брбори нешто му се разбира нешто не, но некогаш од инат неќе да кажува туку само покажува со прст, муца :) потоа се сака да е по негово, се дере, вика кога не е по негово, да се оди надвор на која страна што тој сака... ќе се полуди. Во такви ситуации како да останеш смирен и да не се нервираш нзз.. искуства со вакви деца
     
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.988
    Допаѓања:
    59.658
    Пол:
    Женски
    Посетете дефектолог-логопед.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Здраво мајки, син ми има три ипол години, све зборува може со него муабет да се прави како со возрасен, ама многу е голем плачко. За се нешто плаче, дали и вашите се такви дечиња, некогаш многу живци ме фаќаат. Кога им поминува периодот на плачење веке аман (facepalm):D
     
    На 24.07 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.109
    Пол:
    Женски
    Леле ко за моево да збориш :) буквално за се нешто плаче, денес го искарав пред градинка, па се увреди почна да се соблака, не сакал да иде :)
    Се надевам има крај на плачкиве, не е интересно веќе :)

    Него детево откако почна во градинка само кашла. На почеток правев брисеви, негативни беа. Правел ли некој пнеумо слајд, има ли ефект и тоа да пробам?
     
    На 24.07, mal.ecka и mariz им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.645
    Допаѓања:
    76.906
    Пол:
    Женски
    Мојата е 4+ и уште е таква :?: Бар веќе не плаче когаа бара вода, инаку и тоа беше Воооооода сакаааам со заплакување :sweat: Јас ја викам Плачка на годината дека е... Абе за глупости знае да плаче: дека немала чорапи, дека имала чорапи и и било жешко, дека не сакала да јаде, дека сакала да јаде, дека и го нема Теди, дека и нема нешто друго, не поминал мислам ден без да плаче :?: Само во Охрид кога бевме цел месец во приколка во камп не плачеше, да земеме викам да се преселиме во приколка да живееме :rofl: Многу посмирена беше тогаш, ама нонстоп беше со деца, со луѓе, занимации, дома најверојатно од досада плаче :?: Со брат и што се закачаат и караат не го рачунам, тоа башка :D Син ми е 6г и никогаш не бил плачко... Ова што карактер ќе беше, тешко нас..
     
    На Girly90, Skorpija25, 24.07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.