Во која тема се пишува за вакви деца? Може полесно ќе ми е. Мојата е скоро пет и не плаче ама е тежок карактер, напорно дете, досадно, нервозно, нетрпеливо. Комшиите би рекле разгалено и невоспитано. Скоро 5 години има. Главата ме боли и по ново и желудникот. Де топло и е де ладно, цело време се пресоблака, зошто мм седел на тој стол таа кажува кој кај да седи, намерно седнува прва кај што сакал некој да седне, сака прва да е, секогаш и се оди во вц кога ќе влезе некој, кога спие бебето го буди го плаши, го плаши и вади од памет цело време, кога и се спие полудува и како немормално дете е, лаже, снаодлива е, итра, ни забранува да збориме со мм и уште многу имам да пишувам. Која ајдеме ако и капне од манџата на страна на пример и бара нов тањир, ако и ставам малку малку било сака повеќе, ако ставам многу многу и било сака нов тањир со помалку, средно и нормално не постои, ако и дадам мала лажица сакала голема и обратно, чашата екогаш и гекне малку вода да има некогаш многу, секогаш и се јаде тоа што го немаме, ако имаме зелено јаболко сака црвено и обратно, кога ја бањам од бебе па еве до скоро 5 години ечи купатилото не знам што дете ќе беше. Ви изгледа сериозно ова или и слично/ исто е кај некој и до кога вака???
Уште е таква, 4и4 месеци е. Ако и падне нешто од рака, плаче и за тоа. Ако и се спие плаче зошто и се спие а она неќела да спие. Буквално за глупости.
Викаат дека па ваквите понатака подобро ќе се снаоѓаат во животот, па ќе видиме За истите работи се буни и мојава, ама со плачење.. Сакала мала чаша, голема, не сакала таа боја на чаша пластична, не сакала розева цефка и ја фрла и си зима друга Или кога ќе запне за нешто леле... Спремаме ручек пире и месо, таа кога фати да плаче да ечи куќа за шпагети (а чекавме гости и немав намера да се расправам) и и сварив шпагети На логопед оди веќе со месеци, ќе стигнеме со колата и некогаш абе со трчање оди насмеана, некогаш вришти се тегнеме, неможам да ја извадам од кола, па влегувам и јас со неа кај логопедот Сега секое сабајле е борба за хулахопки... Декември имаа претстава и требаше да носи жолти шноли на глава, а со тоа е скарана. Ај ги ставив во џеб на јакна и и кажав на воспитувачката да и ги стави (не и дозволила). Не знаете каква е на видеото Сите играат, таа седи мртва озбилна и мрда со прстите на рацете по малку и зева Па сум се јавувала да прашувам дали е нормално нејзиното однесување, рекоа океј си е. Да дека е тврдоглава и своја, ама дека не е нешто страшно..
И јас се пријавувам. Мислев само мојата е таква. Додуша не е толку плачка, ама тежок инат е. Вчера јадеше банана и скина мало парченце да ѝ го даде на сестричката и почна да плаче дека ѝ било жал она да јаде, а сестричката да ја гледа Плачеше со солзи мислеш кој знае што ѝ се случило. Па почна да ја гушка и бакнува. А инаку не е многу по гушкањето. Сака да е сѐ по нејзино, се инате, се расправа. По цел ден уста не затвара и главата ми ја пукне некогаш. Предност ѝ е што знае да се заигра сама
Мојава само бељи прави и ако нешто не и се учини одма плаче,ама кога ке запне за нешто не се смирува.Станува сабајле и бара чоколадо.Голем инат е.
Пријавувам уште една плачка се што сака баш како што вели @mariz не кажува со убаво, туку со плачење.
И повеќето се женски се вакви Ми текнува на еден муабет на свекрва ми за едната внука кога била мала... Плачела плачела, абе со солзи крокодилски за чоколадо и ај и рекла мајка и, ќе ти купам! И избришала солзите и рекла: Добро е, немора да плачам веќе
Баш вечерва плачи " сакааам да гледаааам цртанииии и се мава низ кревет. Плачи со солзи. Јас и велам ајде кажувај шо ќе се маскираш за први април ( да сменам тема) и како друго дете да е почнува раскажува раскажува се смее, и на сред раскажување пак почнува да рика амаааааа јас саааакаааам цртанииии
Леле иста е... Сакаааам ваааааа, ја прашувам нешто што знам дека ќе сака, вика. Чек чек чек, да те прашам, на балет туту-то ќе го носиш? Даааааа , ама и ќе се вртам вака цела среќна објаснува. Ако бе и викам и наредна секунда пак е цела уплакана ама ја сакааааав.... Цел ден играме со неа, прееска и викам ај да ми помогнеш да направиме тост, и направиме и викам ајде сега остај ме да јадам, отиде лутта у друга соба, се гњурнала у гарнитура и плаче..... Или и ова е ново, ќути тажна, ти и викаш, те боли ли нешто, ти се јаде, ти се спие, сакаш вода, она на се врти со глава, се пика у мене и квичи.
Е и мојава за цртани денес плачеше, ама прво плачеше за стариот телевизор кој патем го немаме 3 месеци веќе. Подобар бил тој, го сакала тој телевизор И ја праќав на @Цвет88 баш... Драми. А после фати да плаче за ЛејдиБаг да гледа, па седна лута на земја со скрстени раце и нозе и маж ми дојде да ја крене и ја крена таква цела склопчена и се дупнавме од смеење, па фати да плаче зошто се смееме И и викав ајде утре нема да можеш да станеш за во градинка, ќе плачеш дека ти се спие... И почна да плаче дека не сакала во градинка, а дека не е разбирлива во говорот поради одредени гласови не ја сфатив со плачењето плус што ми кажува. Пет пати ми рече не сакам да одам дека Тоа дете не сакам да го мирисам, а јас и враќам, добро играј со другите дечиња И на крај ја сфатив, како викам бе не сакаш да ја мирисаш? Не ја мирисај. Па ја вика седам тука, тоа тука и мириса грозно Не и е тука омиленото другарче и плус 10 деца (во изолација се), па дали сама си измислува нешто за да не оди...
Да чукнам кај нас нема често такви драми, уствари скоро и да нема. Освен плачки кога ќе се насади некаде, затоа што цело време е во покрет. Да се радувам и да чекам бебево да ми наплати
Е нас денот ни почнува обавезно така... Сабајлево стана и само што отвори очи закенка и кога ја соблеков си поплака дека ладно и било. Баш и на маж ми му реков дека првото не беше ич вакво, плачеше со причина он само. Плус она е 4г и 3м, он кога беше толкав, она беше 2г и почната беше со плачките.. Не е размазена, слуша, игра многу со брат и, чисти играчки, во продавница пример не ми драми, плачкиве и се обично повеќе стварно за некои небитни работи...
И мојава плаче ако ѝ се смееме за нешто. Инаку скоро секое сабајле е со плачки за облекување во градинка. Надоле татко ѝ да ја облече, а нагоре јас И одма плаче и вика ако не е така. Драма е
И јас прво мислев дека се terrible twos во прашање, ама еве уште трае Читав детски психологии и совети (мислев ќе најдам конкретни магични решенија, како кога ќе се расипе дел од машина ) и најверојатно само трпение, разбирање и разговор е решение, а нервите некогаш ми се ептен танки
Имаме секој ден по неколку вакви "инциденти" некогаш приметувам дека е за галење Пример ќе излаже дека татко му го фатил за коса пример и плаче и се жали и гушка кај мене а нема врска .А како се лути циркус е.Еднаш му реков во твојата соба да си одиш и сега кога и да се налути таму оди и само седи на креветот или плаче. Нервозно е, ама мене ме смее на глас,го гледаш мало човечуљаче а со емоции
Прееска плачеше зошто игротеката кај што е сликана како бебе, ја напраиле приватна градинка. Виде слика, кај е ова вика, објаснувам, вика сакам да одам, и пак објаснувам дека е затворена, дека не е игротека(таму славеше и еден роденден). Леле коа почна да плаче, да ми вика да ме кара, нее е градинка, градинките не работат, само игротеки работат. Нема да одам во градинка никогаш. И така... Има, има од се по нешто.