Дали и колку спијат вашите деца од 3+ години? Откако почнав на работа децата ги чуваат баба и деде, арно ама мака мачат со заспивањето со ќере, секој месец дена не преспива, кога ќе стигнам дома е преморена, очињата и паѓаат, а е толку збесната што само се удира, паѓа, вреска.. Заспива крај 8 и пол и се буди утрото во 7 и пол. Незнам како да го средиме спиењето, многу тешко заспива, дури и со мене по саат или саат и пол се заспиваме, причина е што неможе да се изнагали, откако имаме бебе дома нон стоп кризира за внимание, а откако почнав на работа кризите се х10...
Во тој период од 3 години престана да преспива попладне. Од тогаш па наваму станува во 7ч, а заспива во 21-22ч. Ако се случи некогаш многу ретко да преспие попладне тогаш заспива во 23-00ч. Мене искрено не ми одговара да спие попладне, а и мислам дека после 3 години се веќе големи за преспивање а и по здраво е да заспие вечер порано.
Поише не спие од што спие преку ден. Спие ноќе од 8 до 7ипол, 8 Ако заспие преку ден полноќ не фаќа, па и не ја ни легнувам да спие. Праам пауза одмор читаме и листаме книги за да одмори инаку не седнува. 3ипол години има.
Син ми е помал, 2,5 години е а мислам дела повеќе од еден месец не спие денски. Навечер од 8:30-9 до 9-9:30 наутро, надокнадува. Кога спиеше денски пред 11-12 нема заспивање. Гледај да има еден час дневно најмалку мирен периот, silent hour, ме упати една феминка на ова. Да одмори и да собере енергија, да се одмори од хиперстимулација.
Кај мене е 2 год и 10 месеци, веќе еден месец не преспива денски и 21 часот е заспана. Спие до 8 и пол сабалје. Инаку пред тоа заспиваше 23h. Инаку истото го правеше пред да престане да преспива, само се муабетеше и додека да заспие цела вечност. Првите неколку дена беше напорна после тоа се навикна и сега си издржува цел ден. Во фаза на одвикнување од дремка сте.
Дојдов да прашам дали е нормално однесувањето на моево дете 5години е ама читам за ќеркичките и го добив одговорот изгледа... Нашево сака се по негово... он да отклучи/заклучи. да вика лифт, се што е со стискање или отварање он мора да е дури и да пише пин на пос терминал... на телефон да се јави он и мора да каже чао иако не зборел тој.... и многу други ситуации... кога ќе се лути иде во друга соба и седи со грб свртен а некогаш и ќе се расплака...А ако пробувам да му објаснувам со убаво уште толку се лути и плаче.... Исто не дава да го научиш нешто, да му покажеш како се прави, демек он се знае па после плаче се нервира кога не успева... Се плашам наредна година во школо кога ќе почне колку нервози не чекаат
мојата е 3,5 години, и сеуште заспива денски - по околу час . час и половина. станува во 6 сабајле а навечер сме заспани во 8и30 , 9 најдоцна
Мојот е 3 години и оваа фаза сега го дрма, буквално несмееш да го скараш одма драми плаче ли плаче. Се ова што го наброја и плус и ручек он да прави па на столче до мене качен и си работиме заедно. Ама со зборење ќе го кренам во раце ќе го седнам ќе му зборам и знае да се смири и после му објаснувам и ме сваќа.
Кажете ми имаат ли замислени другарчиња вашите деца? Мојава си имаше едно Алексеј, детето навистина постое и одеше во градинка со него. Ама она си измислуваше различни случки дома и си замислува дека си игра со него, дека он е тука. Ми вели:види го Алексеј шо праве,пази да не седнеш до Алексеј, или Ајде Алексеј дојди да си играме, и демек си играт, си зборе со него. Сега не го спомнува Алексеј туку Миха од Дајте музика. Миха дојде, дојди да си играме/боеме, дојди Миха седни тука, види го што праве, абе не прави така. Се ова си го зборува и многу друго.
мојата три години и два месеци, има замислен другар БенТен, всушност мачето ни се вика така, ама како поим е за другарче. Демек зборува на телефон со него, измислува приказни како тој се качувал на таван, како доаѓа на роденден... и уште многу ситуации. Ама немам се загрижено, мислам океј е да си фантазира
Има мојата замислени брат и сестра ( и тоа лоши брат и сестра што стално прават белја, а таа е е умната во играта) . Ги спомнува како да си игра со нив, ама пр. Ако ја праша таткои кажува дека се измислени и невидливи и затоа неможат да ги видат другите.
Ќерка ми е 4 години, од 3 години не преспива дење ама наутро спие до покасно... па 9 , 10 секако. Прекинавме со денска дремка откако се соочив со проблем баба и да не може да ја заспива ( во тоа време јас бев на работа) . Заспивањето траеше предолго и било мачно и за детето и за баба и. Решив да пробам да не преспие дење и навикнавме така да функционира. Не е нешто нервозна, ја фаќа околу 18 часот криза ама или ја вадам на прошетка, или играме некоја занимлива за неа игра и така се расонува. Сестра и, поголемата моја ќерка преспиваше до 6 години затоа што одеше во градинка и рано стануваше. Ама и многу беше нервозна ако не е спиена, не издрзжуваше без денската дремка. @forumce Ќерка ми има 3 измислени другарчиња. Трите имаат имиња кои таа ги има слушнато од нас. Раскажува понекогаш за нив, кажува каде живееле, како славеле роденден и сл. Еден период ептен беше опседната со нив и секојдневно ги споменуваше. Сега некако поретко ги споменува и се смее , или срами кога зборува за нив. Мислам дека е свесна дека нели не постојат па почнува помалку да ги споменува. Ама уште се актуелни низ дома, не се во целост заборавени.
И јас прашував за ова конкретно прашував какви играчки д аи дадам и дефектологот ми рече да нема мн играчки ама да бидат различни да не бидат исти и да не ги повторува... мојата сака жн да реди фигури на табла или пример буквите азбуката форми на таблата да ги нареди кај што им е место вдлабнатинат вајда се разбравме .и купив еден куп талви различни и ми рекоа да не и ги давам сите туку само една пример играта треба да има почеток тек и крај и кога ќе ја заврши полека да ја тргнам да и дадам до знаење дека сме готово добро завршила и да ја заиграм со друго нешто итн да не бидат од исти тип играчките една по друга...или ако сака пак со таа огаш да смениме нешто примњр сега во колона ќе ги редиме формите или еднп врз друго да има нешто различно за да активира мозол да мисли иначе по автоматизам работи она веќе знае кое каде оди и не разислува само ја завршува игртаа и не и носи никакво задоволство