Синко (3год и 1 месец) никако не сакаше да спие денски и така еве скоро месец е без дремка, заспива сега 9,10ч и спие до 8ч, моментално не оди в градинка, таму е со спиење ама мислам дека не спие и таму, иначе ко спиеше дење навечер во 11 заспиваше и сабајлето во 7 или 7 и пол за в градинка стануваше, вака без дремка ми е поубо и мене, порано заспива.
Мене ми е жал затоа што ја гледам дека се мачи, преморена е, очињата и се паднати, сиви... Дополнително бесна е, раздразливи, одвај издржува до 8ч, ја легнувам и за 5 мин е заспана. Предходно ја заспивав и по 2 саати, од 9 до 11 урлање, па го буди бебето па се дере.. Поубаво ми е вака ама тешко и е ова темпо. Ама никако несака да спие, а се спомне спиење или јадење тантрум, фрлање по земја и вриштење.. Ќе ја пуштам во градинка во април па ќе видиме како ќе биде таму.
Исто беше ако спомниш спиење мислиш крај на светот е, не се мачи синко и онака не беше по спиењето од бебе Некогаш го фаќаа кризи ама поминуваа, ке се навикни за недела дена нема да се мачи
Која воздраст би требало сами да се способни за облекување? Соблекувањето ни е совладано, ама облекувањето
Индивидуално е, ама по моиве деца 3.5 е малата, веќе се пресоблекува, а и големата така околу 4 год почна (од градинка ја научија).
Колку време трае инаетењево, и ненормалново урлање? Значи дерење намерно, знам дека привлекува внимание не попуштам ама дур не се скараме и се раздерам и напраам на сила, не попушта. Се прави паметна, на секој мој збор капаче. Се пропратено со дерење до давење и закашлување. И ова ли е фаза?
Да бе, карактер, секаде е злато, не ми веруваат со што се справувам. Не бе златна е, воспитана... Абе срцка,шо да ти кажам...
Те читав и во тантруми и мојов е ужас секој ден со викање и плачки малку се смири си реков имало Господ. Пред една недела наполни 4 години пак си почна стара песна дури и полошо. Сега не сака ни во градинка да оди ужас е. Не знам што се случи како да се врати една година назад... Мислам психички попуштив..
Епа тоа е тоа, таман ќе се смири и викаш охооо тоа е тоа, супер, пројде и доаѓа нова епизода полоша од предходната. Вчера плачеше зошто неќеше да се бања, па плачеше , зошто не сакаше да излезе од када, па откако виде дека не и попуштам за во када плачеше неќеше да се облече зошто сакала гола да седи, па виде и тоа не поминува, па плачеше зошто сакала по бањарка да седи. Мм ја држеше ја на сила облакав, тоа беше рикање, тегнење, едвај он ја додржа. После коа виде дека ништо не и проаѓа се смири ко бубаче. Ама нит се деревме, нит зборевме... Ништо, само си теравме нашето. После ја седнав до мене и ко ништо да не било продолжив муабет со неа и нормално се искомира за секунда.
Барав искуства низ темиве, ама не најдов нешто посебно што ќе ми помогне. Само прочитав дека може и џабе ќе ја малтретирам да ја носам на клиника. Имаме упат за на ендокринолог, матичната ни даде, поради влакненца изразени по делови од телото. Како малечка немаше на тие места, скроз мазно беше без ќоро влакно буквално, отпосле се појавија и се бетер се познаваат. На нозете нормално има (малку), но проблемот е по рамена, до лактови и по горен дел на грбот, преееемногу има и мислам секоја година повеќе се познаваат.. Дури сама ми рече да сум и ги извадела 4г и 3м е...
И мојава е иста. И многу е дрска, не само дома туку и со други. Џабе зборење, толку ме ваде од такт што некогаш не можам да се контролирам и почнувам да урлам по неа.
Како што пишав погоре, леле мајка златна ти е, многу е мирна, воспитана... Ела чувај ми ја де. Ама итри се децава, знаат кога каде и што треба хахаха. У принцип ставрно не сме имале некој проблем надвор освен да не сака да прекине игра и да си оди. Ама дома луѓе е адвокат, нон стоп има што да каже, да праша, да се буни, да објаснува, да не учи она нас. Еден другар викаше, ќе биде адвокат, она кога ќе влезе у судница и судијата ќе и се плаши.