^Ве поздравува мајка на две вакви Барем едната да се погодеше мирна ама не..па и на кого би била Само мајка ми е душа памуче и "ако"се друго од двете страни сме оган и пламен.
Јас се си мислам дека се карактерно такви. Мојот е 6 и пол, и за некои работи што е тврдоглав е од мал и се нема сменето до денес. Пример за лекарства. Ко ќе е болен не прифаќа ништо, па колку и да сакам сосила да го напијам сируп, или капки, спреј. Тоа е таква борба што не можам да опишам. И да го напијам некако сируп од инает ќе го поврати одма. Се и сешто имам пробано и нема успех. Тоа што сака нема шанси да го убедиш дека не може, тоа што не сака нема сила што ќе го натера да направи. За алишта исто ако намисли нешто дека не го сака нема облекување повеќе. За читање и учење се е сосила, или тој ко ќе сака, ми вели не сум спремен јас ко ќе го терам. Во маркети не го носиме веќе. Хиперактивен е и дома и надвор и сегде. Е во училиште бил многу мирен на часови, ама на одмори не. Јасно ми е се. Од мал ко ќе излезевме надвор мораше најсилно да трча, прв да е во се, главен да е меѓу децата, прв да излезе и последен да си оди. Да е здрав и жив, си се навикнав дека е таков и тоа е. Мм вели за второво здравје, построги ќе сме од мало, ама некои работи навистина не се од разгаленост.
Јас колку бев спремна за второто ама мирно си се роди и немаше потреба од она што го имав смислено. Исто мојата мора да е прва или последна за дома. Бебево исто плаче и се нели што е нормално за едно бебе ама онака си е смирено, пријателски настроено.
@gjoker4e Мојата 4 ќе прави за 3месеци. Па и моето кога треба е викање не е секогаш благо повишен тон, и пред нешто да направи само ќе ме погледне да ми види реакција па после придолжува. Не значи не и никако поинаку. Пред две недели во еден од моловите еден татко со детенце, леле какви зборови му кажуваше.. Од ќе те искршам, аха дома ти ќе видиш што ќе те снајде, уште што не му кажа зашто неќеше да јаде детево, а познато ми беше многу а не знам од каде. После на инста ми излегува, мајкаму инфлуенсерка ама со негови слики, значи познато ддтенце било со постови леле, бајки идеални.. Тие претставени како најтрпеливите родители со најинтелигентни деца,, а настрана од тој розев свет сосема спротивно. Џабе секој втор везе објави и изиграва детски психолог кога реалноста е сосема поинаква.
Од скоро ќе сме во оваа група па да прашам и тука за совет. Има ли некоја случај каде дете нејќе да го дели тато со мама? Тантруми на најјако ако маж седне до мене и ме гушне. Со сопствениот маж седиме на 2 метра. Само таа смее да се гушка со него, јас не. Сте имале ли ваков случај и како сте го решиле?
Мислам дека има многу такви. И кај нас беше исто само обратно, само таа смееше да се гушка со мене. Никако не го решивме тоа, ама и не траеше многу време.
Случајно го најдов мислењево па мн ме интересира дали беше период и кога заврши. Мојата од неколку месеци пред 4 до неколку месеци пред 5 беше во некој период. Онака ме интересира
Париод е, ќе помине. Имаше период и кај нас кога не дозволуваше татко му да ми се доближи. Или го туркаше или одма меѓу нас се местеше. Сега ни вика ако гушкајте се да ми направите бебе
Update: Измивме коса без плачење, со насмевка, денот ќе го зеам за куќна слава урааа... Друго се по старо.
Кај згрешив? И купив кукла и да и дава вода да пие и кога се стиска плаче куклата и косата да и ја бања и текнало на креветот кој е мокар како кофа вода кога ќе му истуриш, кај беше мајката? Го успиваше бебето, кај беше таткото на работа. Што погрешив? Или нормално е се ова?
Најнормално... Мојата да беше во истата ситуација плус ќе најдеше ножици и ќе и направеше фризура на куклата и самата себе ќе си направеше
Сум ги заборавила и ножиците што го отворав картонот и двете фризури се направени. Малите барбики сите без коса па мислев барем куклава да седи со коса ама нз како заборавив да ги тргнам, дете Ава Макс. Ајде ќе пробам да не се нервирам
Не се нервирај веќе за такви работи. Ако ми веруваш, отрпнав веќе.... Тоа е. Ќе си поплача ноќе кога никој не ме гледа и тоа е тоа. Џабе е се. Зборам зборам зборам уста пена ми фаќа, као ај со убаво со арно ќе разбере ама јок бре. Вчера за успивање пола саат и више може викав мижи, мижи, мижи, она си се гази од смеење. Е кога реши да мижи за две секунди се успа. И јас викам каде згрешив, дали можеби и тоа е грешка што толку се вложив во неа, еве не знам. Да не гледа мн тв, да има активности, да е прошетана, да сме заедно, ама се се.... Џабе....
Не знам, не помага некоја од посмирените мајки што има помирни деца За спиење најдов една финта, ја чешкам збориме ја галкам по главата па и викам морам до вц и за минутка ја ѕиркам заспана е, инаку со саати галкај збори и накај 22-23 викав веќе, сабајле не може да се разбуди за во градинка, се надевам ќе ми потрае финтава
Карактери се. Јас не можам да се пожалам, мирна е послушна е. Втор пат не прави иста беља ако и е кажано дека не чини. Не верувам дека ја сум подобра или полоша од некого едноставно такви се децата. Во кревет се кажува дека се иде за 5 минути вика добро, ако ја забораам сама ме потсеќа ајде во кревет. Се чита приказна и потонува. Не сум ја учела на тоа едноставно таква е. И вашето и моето е менливо. Преку ноќ.
Кај нас е обратно, ако некој ја гушне мајка му, ауу па тоа е страшно.. Вика, ги трга сите што ме гушкаат(мм, мајка ми, сестра ми).. Мајка му некој ќе му ја земе
Здраво Џокерче! Извини, дури сега гледам дека си ми пишала, одамна се немав вклучено на форумов. Периодов за кој сум пишувала траеше неколку месеци и ми беше еден од најтешките периоди за справување со мајчинството, terrific threes не за џабе е кажано. Сега ќерка ми влегува во тој период, само што наполни 3 пред 1 месец и одма промена, плачки, нервози, тантруми... Ама сега сум поткована со дебели живци и нејзиното однесување не ме потресува толку многу. Инаку Никола сега е 5 ипол, од септември тргнува прваче, во последната година можам да кажам дека е доста умен, мало возрасно човече. Многу е емпатичен и сочувствителен, сака да се гушка и милува, многу сака да разговара со возрасни, со баби и дедовци... муабети на долго и широко... ко старо мало е. Имаме мал проблем во дружбата со дечиња, сака да е се по негово, да доминира и победува во се, па нормално кога тоа не му е погодено се лути и плаче... Со сестра му исто многу се караат и се тепаат, дома е ко борбена арена секојдневно. Од скоро почна да игра и игрици на телефон, па за кратко време се зарази ептен и периодов се караме и за тоа постојано Ме фаќа страв за од септември како ќе биде со школото и со учењето... Тоа е... секој период е различен, различни маки и нервози... да се живи и здрави само... другото ќе помине. Поздравче за тебе и за малите (да ти е живо и здраво синчето, сега прочитав дека имаш и второ ).
5 години и цело време вика дека не може да оди и на 500 метри сака да седне да одмори До што може да е освен до железо? Ќе направиме крвна слика. И цело време вика дека и е жешко па се плашам да не е тироидната исто како кај мене. Сабајле тешко се буди и често вика дека и се повраќа дека и е лошо дека ја боли глава, за ова педијатарот рече дека ако не се случува секој ден тогаш е сосем нормално исто како кај нас возрасните.
Тие работи ќе ги исклучиш секако со крвни слики и ехо... внук имам 6г исто пооди малце да седнел, не сака да оди и одма да седне. Поготово ако му речеш до продавница 5 пати ќе ме натера да седнеме дека е изморен... Дома малтене по гаќи седи затоа што е 300 на саат цело време.