1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.413
    Допаѓања:
    22.663
    Пол:
    Женски
    Вие со поголеми деца, како се справувавте со прашања од типот: мамо како ги вадат бебињата од мешето? Го сечат стомако ама како го сечат, вака или вака(покажува на стомак). Мене ми е од една страна смешно, од друга страна немам шо да и кажам, а сепак треба да дадеш одговор.
    Вакви прашања и слични, како мамо што ти е тоа(улошка) и зошто ти е.
    Еве неќела да биде мајка пошо неќела од дома да си иде.
    Јас не знам кај ги учи работиве. Дома ништо не збориме такво нормално.
     
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.842
    Допаѓања:
    18.681
    Пол:
    Женски
    Јас како да му објаснам од каде мочкам? Вака си поврзало детето. Тој има паче и од таму мочка а од газето кака. Татко му има паче, и тоа знае. Ама ме гледа јас седам додека мочам. И ме прашува ти мамо имаш ли паче, велам не, значи од ѕица мочкаш. :rofl:
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.320
    Допаѓања:
    37.273
    Пол:
    Женски
    Јас се кажувам како што е, не знам колку е правилно, така чувствувам.
    Значи истите прашања секаде леле :D
    И во градинка кажала дека сум се породила со царски дека ми го сечеле стомакот и воспитувачка ме прашува дали навистина, сакала да види дали тоа што го кажува во градинка е вистина (facepalm) Јас скроз изумив за се дека имам дете што збори односно пренесува :o
    Само кажи и дека во иднина мажите ќе си одат од дома да нема гајле! :lol:
     
    На Skorpija25, Цвет88, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    17.881
    Јас филував се до моментот кога се вратив од болница со бебето. Ме прашува, како ми го извадиле бебето. Викам од мешето. И она-аа не. Јас и брат ми од дуде сме излезени, братучедка ми е од меше. :D
    Си разговарале дечињата си споделиле информации. :o
    Од тогаш се отворено и кажувам.
     
    На mariz, Цвет88, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Знаеш како викаат, учителката во градинка знае се дома што ви се случува :D

    На другарка синот 3 години многу гордо изјави што научил во градинка
    'Тато има куре, бато има куре, мама има куре' :D

    Учителката им кажала зошто се изнасмеале двете.
     
    На Skorpija25, Цвет88 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.413
    Допаѓања:
    22.663
    Пол:
    Женски
    Така кога и кажувам ми викаат дека била мала и немало потреба сеа ја да ја форсирам и да и објаснувам сега. Сум ја замарала со небитни работи.
    А да е здрава и жива прашува буквално се и се сака да знае.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.419
    Допаѓања:
    183.131
    Пол:
    Женски
    Девојки совет ми треба. Да објаснам прво како стојат работите. Имено, ќерка ми сеуште секаде ја возиме во колица, а во Август како ќе прави 3 години. Арно ама, бебе број 2, кај и да е ќе дојде и ќе треба да вршиме примопредаја на колицата. Искрено, не сакам да и земам додатоци за количка за да може таа да продолжи да се вози на неа, сметам дека е голема, сакам да преминеме во одење. Овде германчињава трчаат сами од 1 година, чинам само мојава ја љуби колицата на тие години. (facepalm)
    Е сега, има и разлика, на пример кога се шета само со мене проблем не и е, цело маало го шетаме за раче. Ама кога татко и е со нас, или е сама со него, нема сила што ќе ја натера да пешачи, вриска и се треска од земја да биде кај него во раце и од таа причина највеќе ја тегнеме количката сеуште со нас. Ми треба некое искуство како да и го олеснам тој премин од количка во пешачење со двајцата а не само со мене.

    Гледав тротинети кои што покрај класичната намена, имаат и седиште и рачка за туркање. Има некоја користено да ми каже дали се практични? На пример кога би се уморила, еден од нас да ја турка, ама тоа да не е цело време, туку еден дел од шетањето сама да го вози, се до моментот кога нема да има потреба од нас да ја туркаме, туку што и да прави да прави самостојно. Или ако имате некоја друга идеја ве молам споделете.

    Секако ќе консултирам педијатар, ама ме интересираат лични искуства.
     
    На Mia Fuentes и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    @Yowannty, @Mommyysk
    Станува збор за Едипов (кај момчињата) и Електра комплекс (кај девојчињата).

    Тоа се имиња за фази од развојот на детето. Уште Фројд поставил теорија за Едипов комплекс која потоа ја проверувала и неговата ќерка Ана Фројд. Карл Јунг пак пишувал дека постои и Електра комплекс кај женските деца, како пандан на она што се случува кај момчињата. Тоа е теорија за психосексуалниот развој на детето која е предмет на докажување и критика низ историјата на психологијата и за која сеуште е дискутабилно колку проблематичното одвивање на оваа фаза влијае врз идните психички проблеми кај возрасните.

    Во суштина детето се бори за да го придобие афектот од родителот спротивниот пол заради што се приврзува за него, а покажува љубомора и непријателство кон родителот од својот пол. Кон родителот од спротивниот пол покажува восхит, а кон родителот од својот пол покажува презир и ривалството.

    Детето гледа дека родителот од спротивниот пол покажува внимание и љубов кон родителот од својот пол и сака и тоа да добива такво внимание. Според Фројд чуствува потсвесно привлечност кон родителот од спротивниот пол.
    Почнува да се бори за вниманието на родителот од спротивниот пол, сака се да прават заедно, изрази на љубов само кон детето да покажува. Детето личи дека се идентификува со родителот од спротивниот пол, и спротивниот пол воопшто. Т.е. ги прифаќа неговите гестови, навики, го имитира, се облекува како спротивниот пол, го потенцира она што тој го прави како добро и убаво, се што прават припадниците од својот пол е лошо и грдо и го потсмева и одбива.
    Се разрешува на здрав начин до тоа што детето започнува да се идентификува со родителот од својот пол, зашто потсвесно мисли дека треба да е како него за да добие љубов од родителот од спротивниот пол. Тогаш почнува да се однесува согласно својот пол и развива соодветен полов идентитет.

    Не треба никако да се реагира, ниту да се казнува ниту да се стимулира и потенцира однесувањето на детето. Се ќе си дојде на свое место кон 5-6 година.
     
    На Yowannty и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    И јас кажувам како што е, знае што е менструација и зошто се случува, иако тоа на 6 год и го објаснив, пред тоа знаеше само дека влошката е за менструација, нешто што на жените им се случува секој месец, ама не знаеше дека тече крв. Колку што можеш упростено, ама вистинито, не се децата глупави за да ги лажеме, секако ќе сфатат на крајот, а и ете, си споделуваат кое што знае.
     
    На KuklickaSk, mal.ecka, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.320
    Допаѓања:
    37.273
    Пол:
    Женски
    Кај мене е така ќерката со мене, со ист пол, можеби има исклучоци?
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    14.493
    Пол:
    Женски
    Ќерката е 3 години, се што ќе ме праша искрено одговарам, само упростено. Ме видела со улошка, видела дека има крв, ама не прашала зашто тече, па едноставно си го сфатила како фластер (ми тече крв и ставам улошка да не ме боли :) ).
    Ме има прашано зашто немам бебе во мешето, и реков прашај го татко ти, и се спремав да почнам да објаснувам како доаѓа семе од татко за да се направи бебе (вистинито и упростено) ама не ја интересираше понатаму да прашува.
    Моја препорака да имате спремен одговор соодветен на возраста, без филмови и лажење. Подобро од мене да добие информации секогаш, него да начека порнич на тв и да мисли дека така треба. Можеби на 3 години можам и да ја смотам нешто, ама не сакам да дојде на 10-12 години и појма да нема. Што порано се почне со информирање, подобро. А на тема општо анатомски делови на тело, ги третирам како било кој друг дел. Не е ништо страшно да речеш имам куре од тоа да речеш имам уши. Тоа уште на година ипол ме прашуваше и искрено и кажав со правилни имиња. Не би ми било проблем да каже на учителка дека мајка и имала дунда, пошо имам, не дека ќе издаде некоја тајна :D
     
    На paleska3, gjoker4e, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Можеби го поминала веќе тој период и веќе стигнала до тоа да се идентификува со родителот од својот пол. Може да има разлики меѓу децата во таа смисла
    Постојат полемики за теоријата меѓу другото околу тоа колку е фазава универзална и важи за сите деца и колку е баш така како што ја опишуваат.
    Мене на пример ми е дискутабилно дали теоријата важи само за семејства со двајца родители кои изразуваат нормална афективност меѓу себе пред своето дете и немаат нефункционални односи. Што се случува кај децата на самохраните родители, дали улогата на другиот родител за детето ја презема друг близок од семејството. Има такви семејства па и тие дечиња се развиваат нормално...
    Да не зборуваме пак за дисфункционални семејство, семејно насилство и сл...стварно за дете од три до пет тука веќе се е хаос..

    Секако кој е најмногу присутен во животот на детето тој ќе има најсилна афективна врска со детето. И ќе му биде пример за копирање:D
     
    На KuklickaSk, gjoker4e и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со напишаното.
    Треба да им се одговара на прашањата колку и да се незгодни.
    За деловите од телото не треба да се зборува како да се нешто срамно, туку нешто што е нормално. А што смее а што не смее надвор од дома да се зборува може да биде друга лекција, за убави манири. Важно е да знае дека ако нешто не му е јасно секогаш може да се потпре на родителите за да добие јасност, објаснување и искреност. Ако го мувате, утре ќе сфати дека не е точно и ќе мисли дека сте го лажеле.
    Единствено кога објаснувате имајте во ум дека зборувате со мали деца кои размислуваат на конкретно ниво и не разбираат работи кои се апстрактни. И должината на објаснувањето нека е помало. Ете како што си забележала брзо изгубила интерес особено кога си стигнала до научниот дел. Нив тоа им е досадно да го слушаат.
     
    На gjoker4e и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Исто и мојата е мрза за одење, а и количка после 2 години не сакаше, и било што каде што седи.
    Ние проблемот го решивме со тротинет. Вози додека не и се смачи после се качува на тротинет и стој исправена а јас возам ( најобичен тротинет без додатоци, јас со раката ја влечам за рачката од тротинетот таа ужива)
    IMG-2e000a95cac19a5429f407e256a9b50c-V.jpg
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.119
    Допаѓања:
    118.050
    Пол:
    Женски
    Непостои начин тоа да се објасни на 3 годишно дете.
    Настрана што нема потреба.
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    14.493
    Пол:
    Женски
    Сосема постои, постои соодветен речник за секоја возраст. Потреба има, ако ме праша. Не ме праша, па не навлегов во темата. Може ќе ме праша утре, може ќе ме праша на 5 или 8 години. Не гледам причина зошто да не и одговорам.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.119
    Допаѓања:
    118.050
    Пол:
    Женски
    Ти кажав. Причината е затоа што не постои упростен начин за да се објасни таква комплицирана работа. За прашување може сешто да праша, од корона вирус до квантна физика.
    И да нема потреба за правење бебе да знае на таа возраст.
    Исто како што нема потреба да знае за струјно коло на пример.
     
    На MamacitaBuena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.419
    Допаѓања:
    183.131
    Пол:
    Женски
    Супер. Да разгледам тротинети и да се молам дека ќе ми успее и мене иначе стварно не знам што ќе праам.
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.621
    И мојот вака се вози. Претежно се шетаме за раче,но кога одиме на подалечна дестинација земаме тротинет и си го влечам(рачката се подига нагоре неколку нивоа)
    Количка не користиме од 2г
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.419
    Допаѓања:
    183.131
    Пол:
    Женски
    Вака да сака супер ќе биде, нема да е проблем да се влечеме или туркаме некое време откако ќе се умори. Работата е што сака кај татко и во раце по секоја цена кога сме со него, па ми треба да се фокусира кон нешто друго, а искрено, мислам тешко ќе оди.