Мојата праша како се прави бебето, како настанува, и објаснив дека таткото има семе, а мајката јајце и кога ќе се спојат се зачнува бебе, односно настанува. Сè може да се објасни складно со возраста кога се веќе љубопитни и прашуваат, нема потреба да бидеме дисмисивни кон нив.
Леле нема потреба до волку да се објаснува на 6г дете. Мојата да е одма ќе допраша уште 100 прашања и после тешко мене. Син ми е 7г и не сум објаснила сеуште, ќе му објаснам кога ќе му се јасни и други работи (се во свое време).
Хахаха, и после кога ќе се заљуби ќе мисли дека одма дете ќе има како моја другарка, кога прв пат се муваше со еден дечко, ме праша после тоа дали може да остане трудна од мување..
Јас им викам кога ќе пораснете уште малку ќе ви кажам, сега сте малечки и нема да ме разберете Навистина нема потреба мозокот на мало детенце да му се полни тек сега со такви информации.. Кои патем и ќе го збунат, нема ништо да сфати.
Ништо не ме допраша после тоа. Сега знае технички како оди тоа, ама не ме прашала како семето оди во јајле клетката, на пример, доволно и беше тоа објаснување засега. Јас кога бев мала многу ме нервираше тоа, мала си сега нема да разбереш, правеше да се осеќам крајно глупаво и го избегнувам колку што можам.
Не можеш да знаеш кога е тоа пораснување, ниту да знаеш на колку години ќе дојде до таа информација и без ти како родител да му кажеш. Моево дете имало прашања за животот, смртта, бебиња и се и сешто од најмала возраст, секогаш различно ниво на детали и биле доволни. Сметам дека е добро секогаш да добие одговор, соодветен на возраста, секако подобро одошто да оди и гугл да го праша, па да се чудиме после што и зошто погрешно разбрала.
Не правам да се осеќаат глупаво. Туку баш им објаснувам дека не е тоа за нив, дека други работи сега учат, а тоа ќе учат кога ќе дојде време. Семе и јајце клетка... којзнае што сфатила, какво семе, каква јајце клетка, ту мач стварно. Јас за тоа во 5то одделение прв пат учев Никогаш не сум сретнала во предучилишна возраст да ги учат ова децата. Одев и на пракса, работев и како воспитувач во градинка, тоа во никој случај не се објаснува така.
Епа ако вашите на 6г можат гугл да работат, тогаш океј. Може се понапредни Син ми не знае на 7г да пребарува, па сепак ќе му објаснам кога ќе сметам дека е доволно зрел за убаво да сфати.
На 6 не знаат, на 8 ќе знаат. Зависи и на кој јазик, ко ќе научи англиски, рачунај лошо. Знам пример за 7 годишно дете со такво гугл прашање, затоа зборам. Не е моето, ама се забезекнав. Па ко дојде мојата да ми покаже дека гугл имал гласовна функција за пребарување, 2 саати објаснуваме, зошто не е добро да ја користи истата. Мислам дека разбра, ама затоа многу е битно да им се кажува вистината, или нешто најблиску до неа, соодветно на возраста, оти не ги растеме во саксија, ако не ја научам јас правилно, постои ризик од околината да научи погрешно.
Не реков дека ти правиш да се осеќаат глупаво, кажав само јас како се осеќав и зошто сега давам одговори. Сите се водиме и од лично искуство. Моето дете сметам дека ќе сфати и објаснувам колку што сметам дека ќе разбере и на начин на кој би разбрала. Нормално, секој си го познава детето.
Има голема разлика помеѓу интерес и прашања на детето и способност да го сфати одговорот. Пр.прашања за смртта. Ќе праша дете на 3,4,5,6.години,но каков одговор и да дадеш, смртта ќе ја разбере после 8 год. Некои теми се за нив апстрактни.
Моето дете е 2.5г, ама е голем, висок и тежок, и не го собира во количка, а и не ја сака. Тротинетов е спас. Исто како погоре, ќе застане кога е уморен и ние од грб го буткаме. Само побарајте некој поцврст тротинет и да има 2 тркала напред за да е постабилен.
Мојата се возеше во количка до еден месец пред да се роди бебето 2год и 8 месеци, имав најмногу страв од тоа дека нема да ја дава количката. Но за тоа не направи никаков проблем, за разлика од други работи за кои мислев нема да биде љубоморна . Сега таа возе или тротинет или баланс точак кога шетаме. Кога е без ништо, ми помага и заедно ја туркаме количката.
Епа скоро исто би било. Би имала 2 години и 9-10 месеци во зависност бебето кога ќе реши да излезе. А знае ли балансот да го вози на таа возраст, да ја разгледам и таа опција?
И мојот беше сеуште во количка, трудна си го возев летото пред да родам. 2м ја тргнав во подрум, после пред да се породам ја извадив и реков дека ја спремаме за бебето и пресреќен беше дека ќе ја даде (ама секое дете различно).. После воопшто не правеше проблем кога се роди малата. Он беше 2г и 6м кога се роди сестра му. На сликава малата е месец дена. Баланс он знаеше да вози, ама незнам кога научи. Балансот се учи за 2 недели Бар и малата така брзо го научи, другарче нејзино така брзо научи и на другарка скоро го дадов и тоа одма за 3,4 дена научи Јас нонстоп така шетав, со синко со баланс и со бебе во количка. Опција ми беше демек да купам и додаток за количката (имаш универзални), кај што може да стои поголемото детенце, а има и за седење. Се прикачува на количка, па разгледај ја и таа опција