Па повеќето така до одредена возраст Се додека е мало, нема разбирачка... Е ако е веќе над 5г и вришти, треба да се загрижиш, сега немаш гајле Ама обавезно нонстоп муабет како и што е правилно...
Не, и нашево плаче дома исто така и вришти(3г), прееска се запна дека ќе ги носи патиките наопаку, му викам смени ги, ќе се сопнеш така, неќе и почна да плаче, да писка, неќе да ги смени.. Си седнав на кревет, требаше да се шетаме, викам не одам јас нигде ако не ги смениш патиките, плачеше, вриштеше едно 10 минути, виде дека не му обрнувам внимание, уште неколку пати му реков смени ги патиките ако сакаш да одиме, ги смени и отидовме надвор..
Кажи му сите пиштат. Господ на помош некогаш, ама тоа е. Полни 4 и тоа. Има време, ќе се смири. Не се брзаме.
И мојата вришти, 5 ќе праи во Септември. И ја се напнував и нервирав, сега отрпнав, игнорирам, знам дека нешто ја иритира па плаче. Не е само размазеност. Не е тоа плачење зошто сака нешто да добие, туку плаче и за секоја друга ситница на пример зошто не можела сама да направи нешто. Општо кај нас е така, ако плаче размазено е, нема врска што детето може си има мака.
Да го слушне моиве До пред некоја недела само ќерка, сега и синко се научи да вришти исто како неа, а почне еден и другиот се приклучува
Кога полна да оди детето? Сабајле до градинка вика далеку било 5 минути пешки Дома 50 пара патики имам си викам да не е до патиките Не знам дали е период или треба да се загрижам?
А надвор кога е со деца како се однесува? Еве ја колешкава до мене ќерка и е 5г вика до градинка морам со кола да ја носам, а градинката им е 10м од дома, затоа што не сака пешки се влечка, ме тера во рце да ја носам а бремена е... Внук ми кога прооде или за градинка не те разбрав?
5 години има Со деца во парк игра, трча ама додека да стигнеме до паркот што е исто на 5 минути вика дека не може да оди Значи досадно и е да оди најверојатно, треба позабавно да и го направам одењето Кога оди и збори цело време без пауза па тоа да не ја изморува Си се преслушувам, се надевам дека е период
Внук ми во парк не застанува трча. Ама речи му да одите до продавница пешки на 3 клупи ќе седне да се одмори по пат. И почнува: ме боли рака, нога, глава, вода сакам, сладолед... само со поткуп одиме пример ќе одиме играчка да одбереш и тогаш има волја да оди ако не му е во интерес шанси нема. Чим во парк трча, игра со деца вака и ти си ја гледаш здравствено и кс ако е добра веројатно е до периодот
Хелп... Не е малце голем 3 години за тантруми и фаза нескам да го облечам ова???? Дури денес ми рече дека не ја сака и мојата постелнина на спална... Страшна била. И тоа драми со плачење со солзи со вриштење. Не таа пижама друга...па со чизми на снег да оди на вакво време Не сум навикната на вакво негово однесување,да е помалото нема да ме зачуди ама ова големово преку ноќ стана вакво. И не попушта. Па морам и да го слечам на крај... Еден ден во горна пижама и чизми замина за градинка немав сила за кавги. А како да постапам?
До 4ипол така беше Ќе помине Почесто ја оставав како сака така да оди, а претходно имавме со маж ми зборено зошто некои деца така одат облечени па добивме одговор тогаш Не се нервирај Период е, ќе помине, ќе заборавиш, а сега издржи, како сака тој така
Не е голем, во мојот случај накај 2 и пол почна таквото однесување, еве 3г и 2 месеца уште трае. Драми за секакви глупости, од пискање зошто неможе нешто сама да направи до ете истото сабајле се фати за чизмите за снег и со плачки се убедивме да облече патики.
Мојата скоро плачеше драмеше дека не го сакала новиот телевизор (има 4г), абе тоа акање, стариот го сакала. А новиов го имаме веќе 4,5м, но ете сега и текна дека не го сака Исто пред некој месец плачеше дека не сака да оди во градинка затоа што некое другарче не и мирисало убаво и тоа плачење, драми исто... Не разбравме на што мириса другарчето, зошто кажа разни работи Фази им се најверојатно... Мојава е 4г и 5м и уште така за некои работи знае да се изгуби, да плаче... Имавме и таков период со алишта, до душа и уште го имаме. Вчера бевме бато да го земеме од школо со чорапа и летна папуча...
Мојата плачеше зошто сакаше да имаме друга дома... Можеме книга да напишеме за нивните "разумни" причини за плачење.
Мене машкото не ми беше вакво Ама ич и тоа. Малава незнам на кој е таква, карактер страшен Се надевам понатаму па ќе и донесе корист оваа особина. Зошто машкото ми е така понаивно и не се бори, си ќути, не бара. А малава спротивна на него. Абе кога ќе врисне ечи населбава Колку пати сум се стрчала во двор мислам детево скрши нога, рака, глава, зошто така плаче... а тоа за нешто што не и одговарало плачела А чудна работа, ете и твојата е така... во градинка не плаче и надвор пред деца на лулашки, родендени и сл, не плаче.... Еј ми текна сега. Ја прашува свекрва ми вчера: Во градинка плачеш вака? Не. Зошто? Па таму не се случува ништо лошо Ние дома многу лоши изгледа