Дали некоја мајка знае во Скопје во која лабораторија се прават аеро алерго тестови или правела скоро? Ќе правиме во Козле ама јас сакам и приватно уште нешто да испитам.
@Annath Помош плиз. Ќерка ми имаше коњуктивит пред две недели и ѝ ставав капки тобрекс 10 дена. Во четвртокот завршивме со капките, ама од вчера пак ѝ се прави слуз, ги трие очите и пак отекува. Немам памет што да правам до утре, дури да ја однесам на доктор. Во упатството пишува дека тобрекс не се користи повеќе од 10 дена, а од друга страна не можам така да ја оставам, гледам брзо се влошува. Се мислам да ја мачкам со хлорамфеникол. Твое мислење?
Пак на доктор. Со очи не би играла. Алергија може да е во прашање, оти Тобрекс е сепак прилично ефикасен антибиотик.
Ќе ја носам секако на доктор. Ама се мислам до утре што да правам. Ќе ѝ дадам и антихистаминик, го прекинав заедно со капките, може и затоа пак се влоши. Фала ти.
Ни до утре? А со што можам да ѝ олеснам некако да не ја чешаат? Камилица смеам? Никогаш не сум имала искуство со коњуктивит, па не знам што е најдобро во случајот.
Камилица не, дополнително ќе ја иритира. Само физиолошки раствор или превриена вода на стерилна газичка. Ако имаш добро искуство со хлорамфеникол, што знам, стави. Јас досега не сум го користела за конјунктивитис.
Хлорамфеникол за очи во нос имаме ставано, по препорака на доктор. Што знам. Ќе видам како ќе биде денес, ако не, на дежурен ќе ја носам.
Мене па матичната ми рече кога имаше малава да ја одмивам со камилица и ја одмивав, но и плус капки ставав и за два дена се среди, а скроз и се лепеа очињата... Мајки јас земав Малтофер сируп (ептен сличен ми изгледа со Феррум лек, баш ке разгледам и состав после), и исто се дозираат дури. Прашањето ми е колку вит Ц да давам? Препорачана доза за деца е 40мг, толку доволно е? Два пати по 5мл ке пие сирупче.. ке прашам и на лекар, но и тука искуство ме интересира..
10 дена со капки беше и за 2 дена пак се влоши. Или капките не се погодени, што не верувам, или е алергиски.
Пред месец дена јас имав коњуктивит,и оти бев 7ми медец,ми препишаа капки Тобрекс и вештачки солзи,кои за три дена веќе ме направија ко нова,а баш окото веќе ми се затвори скроз и плус имав болки.Кога ја прашав лекарката за капкиве,рече дека не се опасни за трудници,иако е антибиотик,оти како што рече,и за мали деца тие ги давале.Што знам,Господ да ви помогне па што побрзо да и помине !
Може некој друг ќе одговори ама јас само да пишам пошто шпишувава за Малтофер претходно. Ние користевме капки Малтофер не сируп. Со нив не давав плус витамин Ц зашто тогаш уште цицаше бебето, а и на капките пишуваше дека формата на железото била таква што лесно се апсорбирало. Во принцип од она што знам би требало заедно со сирупот за железо да пие и витамин Ц. Јас кога пиев за мене железо пиев и витамин Ц со тоа што дневната доза на витамин Ц ја делев на два дела за се секоја доза железо да пијам и витамин Ц.
@mariz kako sto ti pisala JoyJoy preporacanata doza ke ja podelis na 2 i ke davas 15-30 minuti po Maltoferot.
Те молам пиши ми ако дознаеш или си дознала нешто. И ние имаме мака со алергии, ама сега како да е влошено.
Бевте ли повторно на лекар? Брис немате правено така? Не би било лошо упат за очно да земете, ако не помага Тобрекс не значи дека е алергија. Ние лани имавме појака очна инфекција, се среди со соодветна терапија од очен лекар.