Со алишта имаме проблем веќе цела година, а има 3,5 години. Не сака фармерки, фустани што имаат пресек и сметал ластикот, не сака тренерки исто заради ластикот, и сметаат гаќи со подебел ластик, маицата никако не Ја става во гаќи "тешка и била", капа и ракавици само ако има снег, јакната само откопчана се носела, чизмите за дожд се носат 365 дена во годината... На почетокот се нервирав, зборев, објаснував и сфатив дека се е џабе, веќе сум отрпната и ја оставам како што и одговара така да седи. Само кога треба негде да се шета и во градинка тогаш облака што и да и дадам иако и тогаш знае да се противи.
Во јули ке полни 3 ама поодамна имам проблем со облекување. Во најладното сакаше да носи тенка јакна. Сега сака само комбинезон тексас сака да носи, солзи крокодилски ако не се перени. Му спремам комплет тренерки тој бира нешто распар што не одговара. Чорапи дебели сака да носи. Крај нема, мислев до 3 години е ова, ама уште долго ке се борам како што гледам.
Леле исто кога ќе размислам. Си има свои правила и тие си ги следи. Кај нас обратно, маицата мора да е внатре, не сака фустани никакви, не сака балетанки. Гаќи и чорапи сама си бира од фиока... Купување нови патики до скоро беше хорор, последново купување така понормално беше само, ама веќе порасна и мора да се смири. Се само бели сакаше, со никаква шара на нив и 2г со бели беше... Деца, секој со свој карактер Другарка има ќерка 7г, па сега не е тоа со плачење, ама си прибира пак облека со молење, со лутење Така да најверојатно ќе им остане тоа засекогаш
Малиов е 3 години, и има проблем малку со перцепција кога му зборувам излеа.. Му кажувам, збор по збор, Јас се викам Марко и он повторува збор по збор, ама ако му кажам Ти се викаш Марко, ми вика така, ти се викаш Марко и си покажува на себе, ти се викаш Марко, и упорен е, му викам ајде сега кажи јас се викам Марко, и он вика не, ти се викаш Марко(покажува на себе) а јас се викам Нина.. Ако го прашам како се викаш, ти се викаш Марко, и упорен е.. Пробав и со она да му кажам, јас се викам Нина а ти се викаш Марко и пак нема ефект, пак исто, ти се викаш Марко за себе а јас се викам промер Нина за некој друг.. Некако не може да се ориентира со тоа јас, ти, тој, ги меша.. Исто и за прашања со повеќе опции, го прашувам дали сакаш млеко или сок, ми одговара со ДА. Викам млеко или сок сакаш, и пак ми вика ДА, му викам што да ставам сега, стави ми да, ми вика.. И за други работи исто прави, помеѓу две опции не вика сакам тоа, или сакам тоа, туку одговара со ДА и НЕ, не знам како да му објаснам дека треба да одбере помеѓу две опции, многу дипломатски ми одговара. Не знам дали е ова нормално за дете на негова возраст, поприлично чисто зборува, има околу 300 зборови во речник и цели реченици склопува..
Мајки малото го претера Сеуште неможам на себе да си дојдам. Оди на фудбал. Многу сака да оди но со лигавење. И со услови. Го носи мајка ми.Сакам тато да дојде.Не влегува , овој нервозен лета од работа да дојде побрзо. Потоа го носам јас, плаче за глупост. Не ова шише, зошто не ми зема играчки да ме гледаат, ама викни ја и баба да ме гледа итн… Сега бевме и двајцата дома, маж ми да седи со него, јас докај мајка ми да јадам, он бетер. Прво почна да бега , ќе избегал. Бегајќи падна , штуцните ги напраи лом. Па плачеше за нови. Значи полудевме.Му го грабна телефонот на маж ми, прво да гледал цртани. Значи со такви некои услови . Потоа влезе со татко му , ама он да бил тренер. Тренерот им е строг и му рече нема влагање со татко, мајка ако играш со децата ок, ако не ништо. Му реков готово те отпишувам не одиш. Таму на земја легнување и плачење. Јас во земја пропаднав. Едвај си дојдовме дома. И еве под казна е, а мене мн.ми е жал. Вчера плачеше да се смири со мене , ме гушка, плаче , на крај си легна во неговата соба сам спиеше. Јас преплакав цела ноќ. Значи нит се тера нит се води. Сабајле стана и вика ајде сакам во градимка , а никогаш не сака, секогаш е проблем. И му идат солзи и се брише дека ме гледа мене лута. И вика солзи одете си, одете си кај некое бебе , јас сум голем не треба да плачам
Мислам сите пробуваат со овие финти да видат до каде може да одат и зошто сте попуштале научен е дека може све да бара. Не дека ние не пропуштаме ама ете кај нас е невозможно татко му да трча од работа, затоа го оставаме ќе си поплаче и ќе му помине. Нека не знае дека ви е толку важно да оди што ќе трчате од работа, кажете му не сакаш да влезеш добро не одиме денес, утре ако пак пропуштиш нема да може повеќе да одиш. Јас обично навечер кога го заспивам ги водам озбилните муабети со него го подготвувам за тоа што следи или го испрашувам за градинка. Спреми го кажи му дека неможе да пребира, ако сака да понесе играчка за да го гледа мора да ти каже однапред и ќе понесете ама нема да трчаш дома да му ги донесеш играчките во последен момент. Ако тебе ти е ок можеш и да му ветиш дека после тренинг ќе одите на сладолед или да купите нова играчка ама не секогаш кога оди. Тешки се и трае ова пребирање, мојот насабајле не сака да оди во градинка кога го земаме плаче да остане а последен го земаме. Морам да кажам дека јас за да јаде функционирам со уцени што не е добро ама ете мене поприфатливо ми е да знае дека секогаш кога ќе го изеде ручекот ќе добие чоколадо или сладолед него ли да не јаде. И не се потресувам многу кога плаче некогаш го оставам некогаш го смирувам со тоа што го имитирам па ќе почне да се смее, некогаш ќе му ветам нешто.
Збориме и после тоа дека сме лути, он тогаш не слуша и се ок добро нема да правам така, ама во моментот измислува а не сака да си оди од тренингот. Јас го прашав сто пати дали сака да не излезе дека го форсирам , он после тренинг е пресреќен и прашува утре ќе одам ли. Истото го прави и за во градинка. Почнува со тоа дека му се лоши, го боли заб, го боли стомак….па бара телефон , па во раце да го носиш. Кога ќе почне да плаче. страшно е , плаче многу гласно се треска на земја, тешко запира Да , знам дека увиде дека попуштаме , опасен е и манипулира и затоа се нервираме со маж ми а после ни е криво што сме биле строги и се трудиме неколку дена да не попуштаме. Сега правиме муабет и ко возрасен е , ко друго дете, да мамо , извини и сега е најумен, еве го цел ден слуша, помага, не бара цртани, свесен е гледам доста. Ама пак му е игра утре иста песна. Ќе пробам уште еднаш да видам дали нешто постигнавме , ако прави исто ќе го отпишам и колку сака нека плаче. А ич несакам со тоа ако одиш ќе добиеш тоа и тоа, не сакам да попуштам така
Што се прави со врескањево? Жими се некогаш страв ме фаќа дека ќе не депортираат по пријава на комшиите. Секое излагање надвор е проследено со трескање од земја, мрак ми паѓа пред очи кога треба надвор да се оди. Се треска за се нешто и ништо не и е погодено. Ако направам нешто ќе се истреска оти не требало или не сакала така. Ако направам како што сака пак џабе е више отпосле. Кога е станата на лева нога дури и да зашепотам некоја песна низ дома почнува да се ака од земја зошто пеам. Буквално. Жими се не знам што да праам со детево на моменти. Знае да е многу добра, мила, да слуша, некогаш со саати си играме. Ама кога не и е денот, месецот, годината… ми наплаќа за се. Дали само моево дете кога доаѓаме од лулашки носиме песок од глава до пелени? Полна е песок, уште во нос и уво нема, обавезно прави дупки на колена, сите хеланчиња се дупнати, а нови. Цели нозе и се модричиња ко во војна секој ден да ја праќам. Желна сум бре да ја дотерам, ама поише и стои *бездомник кој спие под мост* стајл.
@Yowannty синко кога се враќа од надвор е црн ко оџачар Лице црно, раце, колена, патики лом, алишта да не зборам Кога го бањаме црно прво истекува За другово... Пишував погоре.3,4 дена синко под "казна", стегнавме заби со маж ми и строги со него.Без тв,цртани,нема сакам ова сакам она да јадам, не сакаш? Тоа има сакаш јади сакаш не, нема тротинет и точаче, итн.... Овие 2,3 дена е сменет ама ќе видиме колку ќе трае. Цело време му зборувавме и гледам дека почна да применува. Сеуште не сме попуштиле скроз, ама штом почне со трескање и лигавење одма нова песна и ќе се осети ќе се извини и ќе престане.
Сеуште немам таква солидна комуникација со неа. Тек сеа се пушта со зборење и ноќите се интензивни, нон стоп се врти и збори во сон. Иначе живеам за денот кога ќе почне да го разбира концептот на уцена. За сеа сум многу ограничена… Сеуште не разбира зошто нешто не може/не треба да го прави.
Мислам. Дека се мали.. Ние сме две год ама ве читам и тука... И ние почмавме сега со јас сум ти си.. И ги меша исто.. Викаа ја сум мама прасица ти си џорџ... Пошто јасс за мене мј викам не ја сум прасица.. И тој мисли ја сум дека сее користи за второ лице... Познавам деца 4 5 год мешаат денес, вчера, утре...
@eli25 колкаво е твоето? некако ко син ми д а го пронајдов во вашите ситуации.Има 5ипол...но за се контра..Ако треба надвор,бањање-мора прво да искенка зашо сега,па денес нејќел...значи се кара/објаснува.Кога па е уморен или радосен,осеќам ко да незнае да ги контролира емоциите и тогаш е најтешко:он има нешто да каже и се он д а збори(значи со маж да не можеме муабет да направиме)...Фаза ли е ова?или јас грешам некаде? го успивам,му читам,обавезно иДвојувам во текот на денот д а сме сами јас и он само..Незнн стварно што да правам..се грижам да не сум утнала некаде ,да му направам пропуст во градење на авторитет
Леле исти сме.... само што направи 4. Кога ве читам дека имаат по 5 и уште прават исто се разочарувам. Од раѓање све се тешам дека е во некаква фаза која ке помине, ама никако не помонува . За се има одговор, не престанува по цел ден да брбори, мнооогу голем плачко и никако да се докажеме. Ама ја отварам темава да се пожалам, па читам од многу мајки поплаки и се тешам дека не сме сами и дека не грешам негде во развојот на детето.
Ништо страшно, поизразен е при пад на имунитет. Не боли што е најважно и ние не го третиравме никако. Не паметам кога се изгуби, ама мислам преку ноќ го снема.
Мислам дека нема потреба од толку “драми” да ги наречам. Татко му не требало да брза од работа за на фудбал, ти не требало да носиш играчка, не треба да не му даваш тв, цртани, тротинет, точаче. Мислам дека вака контра ефект би се постигнало, ама јас мислам така, секој различно мисли. Јас би продолжила се исто како и до сега и ќе го однесам на фудбал јас или тато баба кој и да го носи, ако не сака да влезе ок нека не влегува, покасно прашај го зошто не сакал, ако се фрла на земја се треска плаче ок остани смирена почекај нека се треска надвор од просторијата од фудбалот ако е возможно и или внатре или надвор ама без уцена, некако самиот да одлучи па макар и останале некаде измеѓу додека да заврши фудбалот. И се надевам дека си му кажала после тоа дека смее да плаче, сите плачат и бебиња и деца и возрасни дека тоа е чувство секој чувствува и така се изразува и ок е секој да плаче. Не би го оставила да спие сам, пред спиење барем обавезно се смируваме. Не требало да му речеш готово се отпишувам. Зошто си пропаднала во земја не разбирам? Детето е поважно од тренерот. Тренерот нека си биде строг, вас дете на прво место и разговарајте почесто можеби нешто околу фудбалот, мојата ја мачеше нешто па среќа посмирена сум сега и открив средивме, а баш ваква дешавка имаше како се што опиша кога отиде во школо за танц и дознав што е смирено со гушкање со разговор. Разговарајте се со дете. Не го убедувајте. Не го уценувајте. Го мачи нешто може. Може друго дете или тренерот му рекол нешто, направил. Разговарајте. Немој да ме сфатиш погрешно.
Незнаев каде да го напишам тој проблем, мислам дека нема соодветна тема ако грешам нека ми го префрлат мислењето. Мојата ќеркичка почна во градинка, во градинката се погоди со децата од нашата зграда да е( братче и сестричка, и плус една друга комшика), со братчето и сестричката, 4 и 5 години апсолутно немам никаков проблем, кога си играат не ја буткаат на мојата дека е најмалечка, кога си идат од градинка ќеркичката секогаш ја држат за рака .. едноставно воспитни деца. Оваа другата комшика е 5ипол години, стално ја дига на Н, ја закачува, права глупости (во стилот се слегува и се качува преку тераса) кога иде кај нас станот го обраќа во буквална смисла, нон стоп е гладна, си бара јадење, ај првиот пат кога дојде океј, вториот пат и јадење и овошје и цел леден чај го испи, ај пак викам океј, и некни пак ми бара јадење, а живееме врата спроти врата викам немам јас, отиди дома мајка ти да ти даде. Ич не ми е мака ни за тоа што седи кај нас, секако сум слободна, не ми е мака ни за јадењето Боже дете е, ама ни еднаш да не ја повика ќеркичката кај нив. Приметив дека и другите комшии што имаат деца ја избегнуваат на неа, во тој смисол не и даваат да влегува дома, или во 2 саатот кога е најтешко да им излегуваат децата да си играт со неа. Баш вчера дојде, пак во 2 поручек, вика може ли да дојдам кај вас, и јас ја прашав знаеш ли колку е саатот, ми вика не, викам 2 саатот е време е за одмарање. Искрено почнав да не и дозволувам да доаѓа кај нас, ако е надвор кога се сите деца ок нека си играт заедно, ама така не. Како ќе реагирате Вие?
Од една страна подобро што не оди твојата таму, од каде ќе знаеш каде оди? Освен ако не отидеш и ти. Ако отиде и испие литро леден чај навечер после тоа ќе ти е проблем. Значи одење без тебе не. А кај тебе не треба да дозволиш да се растура станот. Не треба да и готвиш, се знае кога е време за јадење. Кога ќе дојде грицки нешто минимално по можност некоја поздрава верзија јаболко мандарини. Нема да викаш колку е саат туку едноставно НЕ, покасно ќе излезене пред зграда. Неколку пати не и нема да доаѓа кај вас повеќе штом не сака. Твојата никаку таму на 3 години нит знаеш што ќе прават нит што ќе јадат пијат. Кому му се игра пред зграда или во парк.
Јас пак Прегеска пак дојде комшиката ја викна ќеркичката кај нив, отидоа и мајката и таткото не ја примија Ништо не им кажав, си ја прибрав ќеркичката дома, а другарка и дојде на врата и ми бараше чоколадо, викам аха утре. Само што ја сопрев дома од плачење еве ја тропа на прозорецот и мојата уште толку зајде од плачење, пак тропа и се крие, гледа дека Н плаче и се смее. Мм од надвор вика само спушти ја ролетната, луѓе на мене ми се спушти ролетната во глава што гледа дека Н плаче, упорно си чукаше на прозорецот, и отварам врата и и викам дојди, дојди, она ми вика молам, викам бегај од тука гледаш дека плаче нели, и да не си тропнала уште еднаш, нити сум ти мајка, нити роднина. Буквално сум запрепастена колку некои родители не се замараат со децата, ај да кажеш малечка е 3-4 години, ама 6 години, и да не обрнаш внимание како да ти се понаша детето, страшно. Ниту се правам најмајка, ни слично нешто на тоа, ама такво понашање не поминува низ мене. Приметив дека и другите комшии што имаат деца ја избегнуваат.