1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    После претходниот муабет не знам како си ја пуштила твојата кај нив??
    Ѕвони кај нив дома и кажи да не дозволуваат повеќе девојчето да ѕвони кај вас и растојание.
    Деца се не се нервирај, треба да поставиш граници, што порано тоа подобро, навистина ми е премногу чудно како си дозволила да оди кај нив после тоа претходно…
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    17.350
    Пол:
    Женски
    Си кажав како така да ја викне кај нив да си играат, и други девојчиња имаше, само мојата не ја пуштија, зошто незнам, не ме ни интересира искрено, ама мака ми стана многу ем што плачеше по неа, ем што не ја пуштија.
     
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    После се што кажа биди среќна што не ја пуштиле. Што ако ја примељ и се случеше нешто?? Самата кажа дека не е ок ни девојчето ни родителите. Може роденден славело девојчето може нешто трето. Може роднини и биле, од градинка школо. Растојание држи и зборувај со нејзините за да не биде секој ден исто дете да плаче ти да се нервираш.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    17.350
    Пол:
    Женски
    Фала многу за советите:inlove:
    Мм ми вика барем понежен збор да и кажа а не weg und los:D
     
  5. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Едноставно не ја пуштај веќе ич. Никогаш. Подобро изнеси ја твојата некаде. Знам како ти е. Јас живеам во куќа. Карши мене имам комшика со две дечиња и до мене живее девер ми со внука врсничка со мојата. Веќе два месеци сите ми го избегнуваат детето. Замисли,дете на брат на мм??? Не ја пуштаат еј,ваљда пошто моево трча многу и последен пат нивното трчајќи падна. Не по вина на ќерќа ми. С може и свекрва ми не им дава. Оваа карши,ги држи у двор постојано,а до скоро си играа сите на улица заедно.
    Ма ич не ми чуе. Заклучувам капија ,пуштам музика и си играм во двор со детево. Ско фати да олаче,ја носам дома и толку.
    Тешко и мачно е знам. Ама ете,дебили. Затоа оди бре на игралиште и играјте си. Има секакви створења на планетава.Тие имаат очигледно проблем со тебе (Нас) па лечат фрустрации преку деца
     
    На Skorpija25, Neda997 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    До толку да ме нервира сопственото дете чудо е
    Ќе скренам
    Образите ми се здрвија од нервоза и дишењето ми престана
     
    На srekice, Цвет88, Neda997 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Еве ме во нивната детска и дишам бројам до 1000 и назад:envy:
     
    На srekice и Neda997 им се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.727
    Допаѓања:
    39.851
    Пол:
    Женски
    Од што ме изнервира прееска го пратив надвор со татко му да шета на најголемиот дожд. Кога мислиш дека е најуморен, он не застанува и не престанува да збори. Му пуштам цртан демек да поќути, он паралелно со цртанот си зборува:drunk:
     
    На srekice, Neda997 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Тука сме сите генерација :)
     
    На srekice, Ano, Neda997 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    17.350
    Пол:
    Женски
    И јас да се приклучам.
    Жени прегеска незнам како падна, дали мислеше дека седи на клупата, а не на столот, само видовме со мм и дедо едно стапало во воздух, и тресна со лицето на ногата од клупата.
    До некни беше со расцепена брада, сега со образ.
    Плаче, не наспиена, плаче по баба и, буквално за се плаче.
    Ден 2 од менструација и 2 ден она има пролив.
    Не беше мочкала 12 саати, со сила ја накарав да пие вода и пробиотик, електролитот не го испија.
    Стварно некогаш се прашувам добро дедо Боже што сум згрешила толку се на еднаш да ми дојде;(
     
    На srekice, Ano и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Исто и тука, исто....
    Чудо некое рече: јас знам дека е време за спиење сега и веќе спијам, и заспа....
    Вторникот имаше страшен тантрум, оти... Е оти сакаше да ја врати влажната во пакувањето и никако не и успеваше да ја намести ко што сака, а не сакаше помош.
    Некад е срце, злато, ама некад од такт ме вади.
    IMG_20220705_204948.jpg
     
    На nevermet18, kiki_riki, S.J.Parker и 4 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    Реков не и зборам веќе крај да ме остави на раат
    Ставм цвеќе во вазна на средина прозор и иде го поместува на крај
    Абе да се чуди човек
    Се правев дека не ја гледам
    Се намерно ми прави
    Знае дека плаче бебе само ако остане и ако се тргнам јас и таа оди во друга соба намерно а до тогаш седи тука
    И безброј примери
    Денес затворена беше градинката и скренав цел ден 20:35 ми се споија жичките крајот беше трпи трпи од 8 сабајле во 8 стана во 8:02 се скаравме прв пат
    Не оди во веце со саати година и пол на педијатар одиме не знам што да правам
    Каде се оди после педијатар? На специјалист да речам? Трпи и за во вц за се, има некој искуство? Што може да биде? Година и пол во круг се вртиме односно секој ден исто е имаме проверено мокрача ехо не знам што треба друго да се провери последно ми рече дека не смее да трпи мора да ја носам во вц ама не ми се успева ја носам и викам не идело ништо
    Заспаа и како да средувам или време за себе да имам кога чадам од нервоза
    Мн е страшно кога ќе ми се здрват обраЗите ама и порано така од нервоза и правев магнетна ок беше се надевам дека сеуште ми е ок главата
    А тироидната за никаде
    Што е следно ќе видиме
    Ептен се нервирам значи
    Ќе си го изгубам здравјето со нервозата
    Не знам како да не ме нервира
    Бебево ретко некогаш ме нервира такво си е пријателски расположено
     
    На kiki_riki, mal.ecka, Neda997 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Исто. Ме вади од такт. Постојано мислам дека чувам нај непослушно дете.
    Сабајле урлаше зашто не и дозволив да си ги црта веѓите( ме гледа мене)
    После урлаше зашто после три часа играње надвор требаше да си одиме. Абе чудо едно.

    Скокови вратете се. Се ви е простено:@

    Почнавме со вежби дефектолог. Луѓе,одвај чекам понеделник и вторник. Ја оставам и чурам кутија цигари раат тие 45 минути. Ќе и предложам пет пати да иде:rofl:
     
    На lackygirl, Mia Fuentes, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Оди на психолог, нека оди она на детски психолог, најдете го проблемот.
    Зошто само се мачиш вака, а не закажуваш и не најдеш решение?
    Најди време, мораш значи, ама мораш. После ќе си речеш зошто чекав толку.
    Ти треба помош, ништо страшно, ниту пак срамно да се побара.
    Оди, не си го влошувај здравјето само, и нејзиното покрај твоето.
    Најдобронамерно, за конечно да можете да најдете мир двете, една со друга.
     
    На KuklickaSk, Skorpija25, nevermet18 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Уште малку и официјално ке дојдам во темава. Ама да се приклучам на муабетот за нервози. Мене главна и основна нервоза ми е што не јаде.
    99% од времето е супер дечко, со муабет се договараме, ако го шеташ некаде и има активности е најдоброто дете. Ако му фали забава збеснува ама да си до него и да се играш е срце. Многу е смирен последниве месеци.
    Ама тоа нејадењето ме уништи. Завчера за ручек имаше лазањи за него правени. Само така внесува месо и често се на мени ради него. Велам ајде седни да јадеш, оп си отвори фиока бананки ке јадел, така му текнало. Збеснав. Плаче се дере за бананки. Гладен беше, тој ден одсабајле јадеше слабо и не дадов ни лазањи ни бананки. Кај мајка ми изеде 2 тоста, како кутре гладен бил.
    Ми е жал кога плаче за вакви глупости ама јадењето ми е болна тема. Каде и да одам секогаш е најслаб. Висок а слаб. Крвта му е добра, ама ке се оправи ли некогаш?
     
  16. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    17.350
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам, Н има светло крем боја столица, читав на интернет дека обично при проблем со јетрата се појавува таква столица.
    Кружи рота вирус низ градинката, можно да е од тоа или да закажам термин кај педијатар?
     
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    Дали е ок да забранам да не смее да се пипне кујната и фрижидерот? Од таму ми произлегуваат 90% од проблемите. Со збор не разбира. Како би забранила? Како би успеала да не пипне буквално со прст кујна и фрижидер? Ја имам оставано да готви и со брашно и се за да и помине меракот и крај нема, само чека секунда и ќе го земе брашното ќе го однесе во детска. Ајде ќе речете горе да го чувам брашното ок. Фрижидерот? И него горе да го качам? Тоа што е горе зема столица и се качува на кујната и да се искачи се држи на горните делови од кујната не дај боже да паднат да се откачат. 5 години има ама и хранилка ми треба бидејќи сеуште кога јаде легнува и пред да јаде носи перници ќебиња околу столицата и на неа и транспортно креветче или нешто да не може да излезе од него кога не ми е на видик.
    Кога тргнам да седнам некаде намерно таа избрзува и седнува. Ако речам дека ќе одам во тоалет вика дека неа и се одело. Ако се спремам да се бањам таа се соблака да се бањала. На психолог ќе одиме и тоа ок. И јас на психијатар и во лудница. Вчера и купив грицки и ќе се убие од сабајле за да ги дофати цело сабајле ми прави стрес. Одговор не и купувај. Па не и купувам ама ајде вчера викав одамна немаме купено. Ако не се грицките нешто друго ќе е. Ако не е нешто друго трето ќе е само мир да се нема. Цело време ме напнува, ми досаѓа, како лошо дете е, невоспитано. Од зборење преку глава ми е, некогаш зборам некогаш мора да ја тргнам од местото и да молчам и да собирам во себе се додека не испукам до вечерта. Кога и речам во градинка како седиш кога јадеш ми вика па ова не е градинка ова е дома. За нешто друго вика ти не си воспитувачка ти си мајка, ако и споредам со градинка. На 40 степени вика дека смрзнала и бара ќебе. 5 години има, нема 2 па да не разбира
     
    На Milkiway, Neda997 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Не сме до толку, ама во главно иста е.
    И било дома лошо и неубаво оти не сме и давале да јаде. Читај не и даваме грицки, благо и слично.
    Сака да правиме колачи ама само што се сукаат за да игра со брашно и тесто.
    Јас ако сакам у вц, баш тогаш и се моча.
    Играчки може да растура ама не може сама да собере(рацете ја болеле).
    Ни тактиката со фрлање играчки не помогна.
    Во градинка е супер.
    Со други кога ја чуваат(баби) е супер.
    И викам прееска ајде ако те болат рацете, на доктор и да ти стават инекција, нее малце ме болат, ама не можам сама да кренам играчките, не растурив сама(дека играла со татко и).
    Не знам како им пали на некои со зборење, ама кај нас ништо не пали.
    Не зборење објаснување, секој ден уште зборам зборам објаснувам, џабе.
    Ти викам играчки и собрав у ќеса и ги фрлив, не пали.
    Кога и зборам и објаснувам, ме гледа право во очи, мислиш еве сега ме разбра. Џабе.
    Искрено има моменти кога само сакам да излезам од дома да не гледам и не слушам.
     
    На Neda997 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    17.350
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e i nie imavme takva faza, jas Si zakazav Termin Kaj pedijatarot Mu objasniv se Sto prava, Mi rece Deka doprva ke Imame takvi fazi, Samo strogo, Ako Saka neka Si ja udira glavata vo zid da ne popustam, Ako ne i se jade öd jadenjeto neka Si ceka sledniot obrok, Samo Kontra da Mi Go znae mojot zbor ne.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не е океј да не смее да пипне нешто во својот дом веќе на таа возраст. Мене ми делува дека сте во константна битка. Се договарате ли за нешто? Има ли своја слобода?

    И мојата вадеше од кујна да си игра, мешаше брашно, ставаше шеќер и други глупости. И може, еднаш дневно пример, прави некои експерименти, ставаше вода или штотијазнам, се занимава. И поминува после и толку.
    Ете и се здосади, неколку пати, виде изгледа што ја интересираше и повеќе не вади.
    Со градинка исто не се споредува, баш поради тоа што и самата она ти го кажала. Градинка е градинка, дома е дома. После ќе биде школо и треба да си има разлика. Дома треба да е безбедно место кај што се олабавуваме, исто како што правиме ние возрасните, дома ни е одморот, дома е местото кај што не треба да се стегаме.

    За зборењето не е до твоето, такви се децата. Еве ме уби од прашување кога ќе почне со школо, секој ден ме прашува истото. Или ако нешто знае однапред кај треба да одиме или правиме исто само прашува, цело време. И само давам краток одговор и толку, пример, школо за два месеци. Пак ќе праша, пак за два месеци.

    За одење во вц исто е, само она со маж ми тоа го прави, а он отиде нејзе одма и се мочка. Исто не е нешто за стресирање, он знае веќе, не ни седнува, влегува само, па си излегува. :D
    И за ќебето, барала дај и, што е проблем, и требало за нешто може друго, не е никаква причина за расправа.

    Еве ние како функционираме, и го кажувам ова не за да се правам најмајка или не знам што, туку само како еден друг пример. Да, сега има 6, ама исто беше и на 5, може со малку повеќе објаснувања само.
    Стануваме, се договараме за доручек што ќе јадеме, јадењето ни е секогаш со договор и што ни се јаде на сите, ако не се погодиме може и различно, пример ја и она едно сакаме, маж друго, он ќе си направи што сака, или обратно. Ама, секој да си добие што му се јаде, а не што мора да се јаде. Притоа, јадеме она што се јадело од бебе кога било, значи манџи, оривче, нешто такво, па и тоа кажува дека и се јаде. А не мкдоналдс или не знам што.

    За градинка ако не и се оди обично има причина, се скарала со некое дете, нешто не и одговарало и не сака да оди. Па, разговараме за тоа и дали треба нешто јас да разговарам со учителката, ама на крајот оди секако. Некогаш со подолги објаснувања, некогаш со пократки.
    Кога доаѓа дома од градинка секогаш оди миење раце, чистење нос, си знае се тоа, па може да прави што сака. Ако сака гледа цртани, ако сака седнува со коцки си игра, ако сака читаме, како сака да се опушти. И ние кога доаѓаме уморни правиме што сакаме во моментот, легнуваме, одмараме, па така и она ја има истата слобода. После може да излеземе, се договараме кај сакаме да одиме, сладолед се јаде секако после ручек за десерт, пред тоа не се ни бара. За спиење си имаме ритуал, значи вечера, миење заби, затворам ролетни и затемнувам, миење, па си легнуваме, си зборуваме или читаме, па пеам додека заспие.

    Се расправме најчесто за некои глупости, или кога и е досадно, па не знае што со себе, ама ништо битно.
    Или кога јас едноставно не можам и ќе се извикам за глупост.
    Другото е, молим те подај ми го далинското за климата, или уклучи/исклучи, дај ова, дај она, се прави, ама и она ќе ми рече дај ова или она и јас и давам, а не можеш сама, зашто работите одат двосмерно.
    Па се слушаме двете една со друга.

    Твојот пристап мораш да го смениш и твојата перцепција дека е тоа непослушно/невоспитано дете и све од инат прави.
    Си има причини кои ти не ги разбираш, а веројатно зашто си под стрес и немаш капацитет за да ги прифатиш.( не го велам ова да те навредам, го велам во смисла дека чашата ти е едноставно преполна, а треба да имаш ти простор во себе за да се справиш со овие работи.)

    Ете, ќе видиш и психолог што ќе каже на крајот како најмеродавен. :)
     
    На Emy867, srekice, Skorpija25 и 6 други им се допаѓа ова.