Marley's protect junior ампули од зегин. Докажано. За мојата родена нејадачка се Спас. Знаеш дека уста не отвараше, ама сега откако ја пратив во градинка често ми се разболува, па морав да ојачам имунитет. Овие за апетит ми ги дадоа. Не мисли дека јаде сњга кој знае колку, но си бара јадење и од се поткаснува. Конечно после 3 год од неа слушнав зборови ми се јаде, и гладна сум сакам да јадам. @Neda997 И ние веќе 3 недели сме со мрсули жолтеникави. Имаше вирус со тт, помина без антибиотици, но носот не помина. Пред недела дена правевме брис нема бактерии.Од вчера пак е затната и ми се жали и на увото. Денес на ушно ми рекоа дека има црвенило во ушињата, најверојатно секретот прави воспаление и ни даде оперил п и сумамед. Од здраво дете, почна 2пати во месец да се разболува.
@Presrekna Н денеска се си го чепка ушенцето, плус зрело почна да кашла од сабајле како да има шлајм, сега ќе се јавеме на педијатарот за денеска ако ни даде термин супер ќе биде. И ние почнавме една недела со зелени мрсули, па температура до 40 4 дена држеше, здивот и мириса на гноесено
@Neda997 извини немам читано наназад ама брисеви имате направено? Или Ковид е? Може секретот од нос да се слева и накај уво и во грло. А зелен најчесто на бактерија укажува. Нека испитаат се ако не пие моментално антибиотик.
Јасно ми е нека ѕирнат барем грло и уво и на гради ако успееш да закажеш, може ќе препишат нешто. Со помин да е.
Фала многу Знам дека денеска беа до 6 поручек ама одмор им следува за 2 3 дена и логично денеска поручек не работи ординацијата Земавме мукосовлан за кашлица, спреј во нос и ставам, инхалации и чај од ловоров лист ќе и дадам после, а да и мед и дадов за кашлица. Јас искрено се надевам дека ќе подпрестане до петок имаме лет за Мк
@mariz ,@Presrekna Она јаде ,но јаде само две работи. Друго несака ни да види со очи,а камоли да проба Ми рекоа тест за интолеранција да направам
Не знам како да ти помогнам ама еве чисто да го споделам моево слично искуство и искрено јас не најдов чаре за тоа. До 2 год беше дете што јаде све, а сега вртиме 3 до 4 јадења во круг. И што све не пробав абе неќе да јаде и неќе. Еднаш по препорака на доктор го оставив без јадење два дена како во смисла децата имале силен инстинкт на преживување, ке видиш како ке пројаде и џабе беше, на него му кркорат цревата и пак неќеше да јаде а јас се отепав од плачење и на крај пак заврши со јадење по негово. Кај нас не е проблем апетит, тој си има апетит само несака ни да проба друго јадење. Абе подметнувај, убедувај и све за џабе. Сега веќе се помирив со тоа, му давам мултивотамински сируп, гледам тие 3-4 јадења да ги направам најздрави што можам и секој ден се надевам дека е фаза што ке помине и ке почне да јаде како што треба. Дај боже да почнете да си јадете вие како што треба и ако најдеш некое решение те молам споделувај
Бевме на доктор, одма не прима педијатарот, нема црвено грло, нема црвено ушиња, нема воспалени синуси, нема спуштено на плуќа, ама страшно многу кашле. Рече дека е летен вирус и дека сум и ја погодила терапијата плус ни препиша капки за очи,има конјуктивитис од температурата. Рече слободно можеме да одиме на одмор, само цела недела да сум продолжила со терапија
Иста ситуација. Јадеше три работи и тие ги прекина. Јас гледам во овесните да и битнам месо и сите овошја. Секогаш да доминира истиот вкус зашто нема да јаде. Да е протеински и витамински набилдан. Ама ми е страв и тоа да не и текне да го прекине. Ама затоа чајна мпже тон да изеде. Ама чиста без леб и додатоци.
Леле па чајната вкусна е за јадење . И јас во овесните додавам овошје и мелени семки од тиква(тие исто се богати со протеини) или пак мелени јаткасти плодови. Гледам да му додавам кај може јајца, грчки јогурт и обавезно си давам мултивитамински сируп и омега барем витамините што не ги внесува преку исхраната да ги внесува на тој начин. Јас едно време му правев и свежо цеден сок од цвекло,морков, лимон и јоболко со мед, тој многу поволно му влијаеше на крвната слика ама веќе за жал не сака да ми го пие
Нормално ли е дете од 3ипол години после грип да се поти многу? До сега сме немале проблем со потење,ама во последните 2 недели беше стално болна, и сега уште оздравува, пие си течности, мочка по 3 4 пати на ден, ама толку да се поти ми е чудно. Бевме на педијатар пред 3 дена се е добро.
Нормално е. Центарот за терморегулација се враќа во нормала. После секоја температура се случува ова со моиве, не е само грипот. Неколку дена ќе потрае, па ќе се среди.
До кај 22-23 максимум трае, после завршување факултет ќе ја омажиш па ќе се спасиш Мене сите ми викаат дека златно дете имам, па пак некои денови ептен се нервирам кога ќе ме замара со нешто. Мора да се преживее, дојди тука пожали си се, утре пак исто, и така ќе си пројдат деновите.