Јас па мислам на диета да го ставам големиот. И он е голем роден 4400, еден период ништо не јадеше (после салмонела труење), па едвај пројаде асално после година дена мачење. Сега да сум нема да го правам тоа што го правев... б комплекси чуда, нудење све и сешто, нешто колку да јаде... И сега од 5г апетит страшен, јаде колку што јас јадам (а и јас си јадам, висока сум голема). Висок е, ама и тежок е, меше има... мора да спушти некое кило Од Јули до Август качи 2кг. Оди на пливање, ама и на некој плус спорт ќе го запишам сега од Септ за да троши Со малата не правам како што правев со него, јаде колку што и се јаде... нема апетит повремено, не ја силам, не сум и давала б комплекс. Како што некој погоре вика, не прибира и она.. ама јаде по 4,5 залци Слабичка е, ама здрава И во градинка ми се жалеле дека не јаде, ама им викам таква си е, остајте ја
Погоре се жалев дека не јади Тој си е таков крупен од раѓање иначе маки мачевме за јадење, со молење по цели деној, буквално молење, сега последнов месец се разјаде дека е дома, нон стоп го нудиме, иначе за апетит ништо не му давам, до мај пиеше на бекутан тој до омега сирупот. Знам деца што многу јадат и се и пак се 15кг, тоа ми беше муабетот, поубо се да јади и нека има и 15кг, а не цел ден да се молиме, ама нема со бирање, тоа што ти се паднсло тоа
Нас ни давале б комплекс за да јадеме и цело време се сомневам дека проширен желудник имам, брат ми исто на лекар бил дека цело време јаде, и јас многу јадам од мала се сеќавам дека јадев јадев и наеднаш почнував да немам место и да се гушам од прејаденост па одрв трчав низ дома да ми спадне. Се согласувам со тоа да јадат колку што им се јаде, исклучоци може да има како и секогаш и во се.
Читав една статија дека таков начин на живот може да влијае на раст, негативно. Ако не внесува доволно хранливи материи да го храни телото кое е во забрзан раст до 18-20 години, плус на тоа ако тренира, телото ке е во голем дефицит. На долги стази може да стагнира во висина. Дури и други проблеми да се јават.
А што да правиме? Кога не сака да јаде? Се е со сила, многу ретко сам да каже му се јаде, едино цел ден да не е јаден и таму попладне ќе каже оти е гладен. Не знам што да кажам...
Да не оди по 2 часа на тренинг и да не се спрема за натпревар е моето мислење. Многу добро знам како е со дете нејадач.
Кога имаат натпревар имаат тренинг 2 часа, после е само 3 пати неделно по 1 час. Наредната недела игра надвор од државата и веќе е се резервирано за таму и летови и хотели и нема шанси да не оди.
Ако е здрав и нема проблеми, многу веројатно е дека не му недостасуваат хранливи состојки. Обично кога ќе влезат во пубертет и таму некаде после 12 год. момчињата поинтензивно растат и тогаш им се зголемува апетитот и јадат повеќе и почесто. Се додека јаде здрава храна богата со протеини, овошје, зеленчук, нема што да се грижите. Мислам дека спортот не треба да се откажува, освен ако нешто на спортска медицина или на лекар не ви кажале поинаку. Замисли уште и да се клапне да седи дома и да не спортува дете во развој?
Иста бев и уште сум нејадач т.е. повеќе пребирам. Риба можам 1кг да изедам, салати...не дека нешто сум по здрава исхрана ама за тоа имам апетит, скара ќе се лигавам пример со саати едвај ќе изедам плескавица. Има ли нешто што јаде општо да изеде? Средно почнав повеќе брза храна и тогаш се здебелив малку. Инаку нон стоп нешто тренирав од 09-10г и по цели денови не јадев. Јадев во школо и дома ручек ако ми беше погодено. Кај нас дома и никогаш многу не се јадело немаме пример навики да вечераме заедно. Пиев пивски квасец, б комплекси сирупи за имунитет ама ништо немало ефект. До човекот си е се тоа има јадачи и нејада. Не би му ускратила желба да не вежба освен ако мед лице не каже поинаку.
Нормално. Се сложувам за спортувањето. Тоа ни е единствен начин барем летово да се оттргне од таблет и телефон. Ај кога ќе почнат во школо ќе има и плус други активности. А за здравјето, пишав и погоре дека редовно правиме и крвна слика на наша воља оти не јаде и за сега е се во ред, немало потреба за плус додатоци. За понатака ќе видиме. Може ќе пројаде одеднаш
Точно. Кога си враќам филм назад иста сум била и јас. Многу јадења не јадев до пред неколку години, а возрасна личност сум веќе. На слики кога се гледам кога сум била мала и средно кога бев коски и кожа сум била, ама многу пребирлива бев, се сеќавам. Така да, се си е до гени и не се секирам. Ќе пројаде кога тогаш и син ми. Здравје да имаме само.
Дома овесни со овошје и телешко јаде,за надвор Тук од сланина. Да не може човек да отиде некаде со нејзе 13 кила е. Ама добра е. Зеленчук никаков. Земи му Тук нека проба. Тоа ми е замена за леб
Чај почнав пред 4г да пијам и мед да јадам. И уште ми е гадно само големи сме па знаеме дека некогаш мора
Не мора да ми објаснуваш на мене. Ти посочив што читав. Твое е дали ке консултираш лекар и со кое темпо ке продолжи со тренинзи.
Иста и јас за многу работи почнав сега пред неколку години да јадам. Ама баш како што викаш веќе возрасни знаеме дека мора колку и да е гадно. Поздрав и живи и здрави биле само
Јас не сум доктор. Пренесов што кажале стручни лица за професионално тренирање за натпревар. Објаснуваш тука за да се убедиш дека си направила вистински избор.
Добро а со тренерот имаш разговарано, штом е дојдено да е сериозен спорт со натпреварување сигурно биле на спортска медицина до сега и треба да имаш ти или тренерот извештај од таму. Јас би зборела прво со нив
Ќерка ми е три години и девет месеци. Оди во градинка од 2.5 години, но не преспива таму. Ептен се навикна со воспитачката, нема кој не ја сака жената. Е сега, бидејќи годинава прави 4 години, ја префрлија од денес во друга група, поголеми, со повеќе активности. Но, проблемот е што не прифаќа и плаче, па може да ја вртаат со помалите, а јас искрено не би сакала, во поголемите бар има погоем поттик. Сега дома е плачки и расправии, нема да одела повеќе, не сакала таму... и јас нервозна, си заплачев и ме виде, па таа почна да ме теши. Многу е чувствителна, не само во оваа, туку во сите ситуации. Се занемарува себеси ако види дека јас сум нервозна или плачам или нешто не ми е во ред. На пример, во бременост рана повратив и ме виде и почна да плаче, а беше три години и кусур. И повеќе вакви ситуации, ме теши кога ќе види дека не сум ок и морам да прекривам чувства и емоции пред неа. Многу сме блиски, отсекогаш сме поминувале време заедно за активности, шетаме... се прашувам дали можеби јас сум виновна за тоа што таа не сака ни да мрдне без мене никаде и што тешко се прилагодува во секоја ситуација, ама кога ќе се поврзе со нешто, тешко да се оттргне. Не знам како да постапам за да ја направам малку посамостална, ете и бебето скоро го очекуваме, па збунета сум скроз