Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Јас не живеам во Мк, не ги носат тука на спортска медицина од таму. Немаме ние никаков проблем, да се разбереме, лично само јас си кажувам за НЕ јадењето на син ми, сето останато што го кажува и членката погоре никој ништо не оспорува, напротив го спрема тренерот за натпревар затоа што е многу добар и за 1 година ги надмина двајцата што беа најдобри пред да влезе во групата нивна.
     
    На Pebeka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.835
    Допаѓања:
    18.672
    Пол:
    Женски
    Не ми испревртувај зборови. Каде кажав дека детето е лошо во спорт?
    Кажав дека слаба исхрана и недостиг на витамини и минерали кои инаку се внесуваат со храна, кај нејадачи кои спортуваат сериозно, може да има последици во раст. Дали си се советувала со лекар за ова, и дали сакаш или не, оставам на тебе.
    Само размисли дали е здраво следново: возрасни луѓе со вишок килограми одат во калориски дефицит и тренираат за да ослабат побрзо. Дете кое не јаде, расте забрзано и плус тренира е на сличен режим.
    Советот е добронамерен. Не знам ти како разбра.
     
  3. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Да, сум се советувала. Дискусијата може да заврши затоа што не води никаде.
    Поздрав
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.835
    Допаѓања:
    18.672
    Пол:
    Женски
    Ако имаш зелено светло од лекар, нема ни потреба за дискусија. Ти во друга насока пишуваш. Уште на прво реплицирање требаше да кажеш дека лекар оддобрил. Вака сама си изнајде одговори.
     
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.256
    Пол:
    Женски
    Не знам како да не ми прави притисок
    Ќе се запне да играме и ок ќе играме и уште првите 30 секунди се лути што сум ја ставила барбиката така, а не така. Секогаш истото. И викам зошто ме викаш да играм тогаш, играј сама.
    Или да сме ја чистеле детската и првата работа за која што ќе се фатам не од тука не така и се лути, нервира, фрла.
    Мисли да читам не знам. А и да и ги читав сигурно нема да се однесувам како робот и да правам само како што таа сака.
    Сабајле јадеме појадок и после тоа намерно вика и се јадело пак откако ќе се раскрене масата и стави се на своето место. Ако дојадеш нешто одма вика дека неа и се јадело, на пример останало едно варено јајце и не и се јаде и ќе го дојаде некој да не се фрли и плаче и се јадело, а ако не го изеде никој до крај не и се јаде и го фрламе после, ако види дека го фрламе тогаш и се пријадува.
    Гледав видеа на телефон кога имала 2-3-4 години и 100%тно истото дете, истите фаци ги правела и истото ми го кажувала, истите замерки, се исто.
    Отвора јогурт сабајле не и се пие не го пие и оди до фрижидер отвора нов, и викам да го остави дека има и намерно се тегнеме за јогуртот сака и тој да го отвори.
    Јадење не може да и се погоди цело време има некоја замерка.
    Во вц сеуште не оди трпи па оди кога веќе мора.
    Година и пол веќе како ја земам од градинка и кога ќе стигнеме на пола пат вика дека мора да оди во вц и плаче, вика се нервира, брзаме за накај дома и дома и се ододува во вц па пак си трпи и се така во круг секој ден, во октомври имаме термин на специјалист па на психолог.
    Само што ќе прозбориме со маж ми почнува гласно да збори, да вика, пее, тропа за да не можеме да збориме, последниве неколку години трае ова.
    Толку страшен тежок карактер што не знам да се справам и да го поднесам.
    Бебево веќе дете е уствари па такво мирно смирено дете уште една причина за неспокој со неа да се однесувам на еден начин, со детево на друг и тоа ме нервира ќе испадне дека него повеќе го сакам, дека ги делам, а два спротивни карактери се.
     
    На snegulkata и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Не би да се правам паметна ама јас мислам дека се е ова за твоето внимание и реакција на бебето.
    Мора да бидеш екстра трпелива,затоа што секоја твоја појачана реакција значи дека го добила тоа што го сака и дека тоа што го прави- успева.
    Пробај преку игра со кукли да го поставиш проблемов и начини како би се решил.Нешто како фиктивна приказна со други ликови, особено ако има некои ликови што и се драги и како тие би постапиле во истите ситуации.
    И смирено.Колку си посмирена,толку полесно ќе го поминете.
    Инаку горе- доле понашањето е исто и кај мојава паметница само менува на периоди.
    П.С. Кај нас помага и многу игра со други деца и денот да биде исполнет со активности.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.256
    Пол:
    Женски
    Периодов 5 дена трае ама одма ми се вклучува аларм во главата
    Се во детската реди слично со слично, барбики до барбики, книги со книги, мечиња до мечиња… 5 години има до сега не средувала вака. Вика чиста да и е детската и сабајле пред да одиме во градинка средуваше во детска не излегуваше додека не среди. Ок е сето ова?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    И мојава во последно време се сортира,валда ок е:D
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Па да веќе е пoгoлема, имам внука на иста вoзраст истoвo гo прави. :D
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Кога почнавте да ги учите децата сами да се соблекуваат за мочкање/какање?
    Јас цела недела и зборувам и ја учам како да се соблече, не сака и не сака.
    Во градинка 2 пати се помочала од што не знаела да се соблече, истото и она ми го кажа и учителката.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    8.739
    Пол:
    Женски
    Облакај и лесна облека само што треба да ја спушти без копчиња и патенти, како тренерки и хеланки. За почеток и хулахопчиња немој дека потесни да не и е тешко. Со тек на време ќе научи и патенти и копчиња. Мислам мојот нема ништо покомплицирано све е со ластик и врвци. Инаку не памтам мислам дека кога научи да мочка скоро одма научи да се соблече за облакање малце покасно.
     
    На mal.ecka и Neda997 им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.097
    Допаѓања:
    24.384
    Пол:
    Женски
    Го научија в градинка :D
    Дома уште ме мафта да го облекувам јас ]:) некогаш сам, друг пат јас...
    Ама не е дека не знај туку нејќи.
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Иста е и мојава.
    Сакам ти да ме облечеш.
    За соблакање кога е зорт не чека.
     
    На mal.ecka и lackygirl им се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.097
    Допаѓања:
    24.384
    Пол:
    Женски
    Аха трча по нокширот го зема се слекува си седнува :D
     
  15. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Само мојата ли не јаде месо?
    Никакво Месо, еден пат во 3 месеци едно кебапче и толку, ни риба, ни пилешко ништо,ништо.
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.378
    Допаѓања:
    18.605
    Моето од кај 2год не сака месо, само мелено ,сега почна пилешко и свинско. Риба секогаш кога ќе понудам јаде,дури и туна. Сега ќе полни 3.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Туна го конзерва или?
    Мојата денеска пола ќофте изеде ама и тоа со молење:|
     
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Кога стануваат помирни?
    Не ме слуша трча како споулавено ти ми вика не он си тера по свое.
     
    На daniangel и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.378
    Допаѓања:
    18.605
    Да конзерва. Почнав да му давам кога тргна во градинка, таму имаа некој намаз со туна и к.краставички
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daniangel

    daniangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    72
    И мене ме интересира кога стануваат помирни и поразбразни....Мојата 3ипол години е во фаза на контрирање и негирање.....ама на буквално се! Значи нерви искинавме по дома сите од оваа нејзина фаза која трае веќе пола година :)))))
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.