На 5ипол години мојата. Не знам да одговарам на прашањата: каде спијат рибите, нели им е ладно, како дишат, дали спијат со отворени или затворени очи, зошто облаците се движат, каде живее снегот сега. Вие како одговарате? Од памет или викате чекај да видам на гугл.
Тоа што знам објаснувам, тоа што не знам а е небитно измислувам, ако е побитно заедно читаме за да научиме.
Ај тие прашања. Мојата почна со прашања за смрт, некролози, гроб, ( се трудам да и објаснам својствено за нејзините години низ приказна, ама никако не прифаќа многу е осетлива, ако и речам се умира од старост плаче дека бабаи и дедои се стари и ќе умрат., ако е од болест плачи кога ќе види дека на некој не му е добро мисли дека ќе умри.)
Многу е ослабена во лицето, а во телото е иста. Страв ми е. Дали да се јавам на педијатар? Што може да и е?
Не беше болна. Морам да се јавам на педијатар утре. Не гледам други симптоми. Послабо мокри. Околу 16 часот беше во вц и сега легнавме да спиеме, рече не и се оди. Читам на гугл дијабетес. Многу сум исплашена. Лицето и се смали премногу, се мислев ќе се врати во нормала со јадење ама не се враќа, можеби и се послабо да и е ама јас да не приметувам дека секој ден ја гледам. Ќе полудам.
Џоќерче ако не се лажам околу 5-6 години има. Мислам дека овој период како растат им се менува полека лицето нели како бебиња се поокругли во лице и како растат се истенчуваат мислам дека овој период тоа и најизразено е. Направи и крвна слика ако е возможно ама не забегувај ако све друго е во ред. Растат се менуваат.
Дај боже да е тоа. Направивме скоро мала крвна слика само 6 или 8 работи ама не знам кое е знак за шеќер, а железото хемоглобин беше ок, ќе прашам на педијатар шеќер дали е проверено. Целосна крвна слика треба од вена или од прст? @Chantal Детево 15 месеци е поголемо од неа во лице, тоа нормално е??
Ако нешто ти вели дека не е ок тогаш трчај по лекари. Интуиција мајчинска е тоа. Или па психа ама нема штета ако провериш. За шеќер треба да провериш комплетна крвна слика од вена. Кај нас го има и тој параметар, ако наутро на гладно е висок праќаат да провериш како за скриен шеќер, плус мериш пред јадење по јадење. За возрасни е вака. За деца можеби и исто е.
Мислам дека да ок е, ако не е целосно ослабена и падната во килажа, ама полесно е да кажеш за туѓо дете. Види како ќе е крвната слика.
Ноќеска вода бараше да пие во 4 и и наполнив од чешма се мислам да не сум ја пуштила да истече дека заспана јас, а чашата чиста беше мислам и само што се напи по 5-10 минути рече и се повраќа и за 15-30 минути поврати па за 5-10 мин пак и продолжи да спие и нема повратено од тогаш се е ок до сега. Вечера сите јадевме ок ни е нас. Дали е од вечера, дали вирус, дали од водата или и на најлошото ми оди паметот. Вака поврати три пати последно во март април годинава ама тогаш и ние, сега нз дали ние допрва ќе повраќаме или нема. Подобро да повраќаме и ние да бидам сигурна дека е вирус. Март април исто со овој памет се јавив на педијатар и ми рекоа дека 100% е вирус дека детето е ок. Сакам да се смирам и да не претерувам ама не можам, се преморив од грижи, а стресот кој се надевам беспотребен ќе ми се одрази на здравјето. Дали со целосна крвна слика може да се заклучи дека дете е целосно здраво или сепак не е доказ тоа 100%?
Скоро наполни 3. Дали имаат фаза кога за себе зборат во трето лице? На пример ако ја прашам чиво е нештото, вели на Ирис е и ми го зема од раце. Вика и “мое е” и така викаше се до сега, ама почна да менува. Утрово покажува на шкафчето во градинка и вели ова е на Ирис!
И помина за помалку од 24 часа, вирус било. Се дружи со едно девојче многу од градинка и ја прашувам мајката ми вика многу благо изеле и грлото ги болело и викам мојата повраќаше и вика и нејзиното и од аптека зела нешто и во аптека и рекле нареден ден смее во градинка. Заклучок дека сите лажат и дека фала богу вирус е.
Нормално е ја поминавме таа фаза. Сега убаво си кажува јас во прво лице, а до скоро во трето лице. Ќе ја препрашав која е таа Илијана,ќе речеше јас сум. Свесни сее дека се тие. Какви се по темперамент? Мојата од многу бесна, се смире како голема, но сега 1-2 месеци пак е збесната. Инает невиден, само по нејзино. Невиден карактер. На моменти е многу разбрана, мирна посебно надвор, а дома уби Боже. Во 5 станува јас веќе во 7 сум исцрпена.
Колкава е твојата. Мојата на 4 години беше најбесна, до толку што си реков што лесно било на 2 и 3 години. На 5 беше исто како на 3. Сега на 5ипол ми заличува како да конечно ќе е ок како големо дете па ќе видиме до 6 како ќе биде.
Оф ме утеши. 3 наполни во август. Како ќе се издржи? Денес беше врв. Колку бељи направи, не можам ни да кажам. Малку револт од градинка, малку повеќе е галена, најмала е по дома и пошироко.
Оф ме утеши. 3 наполни во август. Како ќе се издржи? Денес беше врв. Колку бељи направи, не можам ни да кажам. Малку револт од градинка, малку повеќе е галена, најмала е по дома и пошироко.[/QUOTE] Поголемава до 4 скоро беше таква ама малава ја надмина 2год и 8 месеци е
@Presrekna Јас па мислев тантруми се. Таман помислив ја поминавме "безболно" границата од 2-3 години каде се очекуваат тантрумите ама дали задоцнето не фатија или не, не знам. Исти сме. Инает па рикање одвреме навреме.... Со големиот многу помачно ми беше искрено. До 4 год леле.... После почна да се стабилизира. Ама и таков хиперактивен беше. Ова ѓоа малку посмирено. Ама си бара да е по негово. За сите кои не му одат по ќејфот вика дека биле лоши.