Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Жени ќе полудам, помагајте !!

    Детево мое има скоро 4 години. Во градинка сега ќе почни да оди. Во меѓу време го носам на англиски, на почеток имавме 2-3 недели адаптација, седев со него на час, зошто сам не сакаше,сега седи сам, ама периодов е ужасен. Каде и да отидеме, ако не ме гледа во видик, одма почнува да плачи. Во игротека на роденден сака да седам блиску играчките па да си игра, иначе не сака сам. Кажете што да правам, како да се поставам, пробувам на секаков начин, ништо не ми успева. Фала ви
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Следи го детето и седи до него.
     
  3. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Кога сум блиску до него, сосема нормално се однесува. Не спомнав дека ова се случува последнава недела, претходно воопшто не реагираше вака.
     
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Фаза некоја. Седи со него. Ќе помине.
     
  5. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Нешто да не му се има случено, во игротеките некое дете да не го задева, очигледно е некој страв од нешто. Мене така на роденден едно дете го туркаше цело време идеше кај мене се пикаше и сакаше да си одиме.
     
  6. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Бевме на роденден, се исплаши од еден аниматор, премногу им викаше на децата и премнигу гласно свиреше со свирче. Ужас
     
  7. daniangel

    daniangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    72
    Има логика, го лоцираше изворот на проблем, а сега само стрпливо, биди блиску до дететето, почитувај ја неговата потреба од твојата близина, и ден по ден ќе се опушти, ќе подзаборави на настанот, и ќе се нормализира
     
    На gjoker4e и Корнелија им се допаѓа ова.
  8. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Може на некој ќе му е смешно прашањето, ама ќе си прашам.
    Мојата ќеркичка има 3ипол години, оди сама во вц да мочка, се брише сама,пушта вода во вц и си ги мие рацете.
    За какање никако неможе да се научи да се избрише убаво, на која возраст веќе сами се бришат после какање?
    Случајно некоја да не помисли нешто, од градинка ја зимам речиси секој ден со извалкани гаќички од кака, затоа и прашувам:(
    После секое какање и покажувам како треба, ама некако едвај се брише:(
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    18.644
    Мислам дека се мали за сами да се бришат. Можеби на 4ипол-5 год би можеле
     
    На Skorpija25, mal.ecka и Корнелија им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Мојата е 6 ,па јас уште ја бришам.До авг беше во градинка и таму ја бришеа воспитувачките.Никогаш не ми пререкле дека не може и е неспособна.Во школо сама се брише ама дома јас ја бришам и после ја подмивам. Може и сама ама еве јас и помагам.
    Така да со време се ќе си дојде.
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    14.603
    Пол:
    Женски
    И мојата исто, може се сама при мочање, ама за какање ни сум ја учела ни очекувам да знае на оваа возраст. Во градинка ја бришат учителките, ако и се извалкани после градинка мислам дека таму треба да реагираш, не може да ја оставаат сама да се брише.
    Не сум истражувала на темава, ама мислам дека до 5-6 години сигурно не би ја оставила сама да се брише после какање.
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Може да се сврти на 5ипол годишно девојче?
    Не сме наспани поради промената на саатот и стана од стол побрзо и рече и се свртело па ја измив со вода и отворив прозор. Се виде дека стварно и се сврти и многу се исплашив и мене ми се слоши. Е сега прашањето ми е дали може и на деца да им се сврти или само на возрасни? Дали има потреба од грижа?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    може како да не може. Мојот големиот (9 год) обично има вртоглавици како знак на почетна фаза на настинка. Но тие вртоглавици зашеметувања може да се и поради ниско железо поради пад на притисок поради некој проблем поврзан со ушите....
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.932
    Пол:
    Женски
    Мајки син ми уште два месеци ке полни 5 години.Од пред 1 месец почна од се да се плаши, несака во вц да оди сам, да спие сам, да е во соба сам или да спие сам.Никогаш не бил плашлив предходно. Пред да се породам сам сакаше да си спие во негова соба, се играше сам, надвор излегуваше во двор , во вц одеше сам сега нејке за жива глава, се плаши од чудовишта.Цело време му викам дека не постојат дека ги има само во приказни ми вика знам ама јас ги замислувам и се плашам.Дали е фаза или да го носам на психолог.Иначе запнаа за бајачка бабиве,дури го однел маж ми без да ми каже и пак џабе.Јас сум цело време со него, го опсипувам со љубов и внимание за да не се чуствува љубоморен на бебето ама пак гледам промени.Можеби го прави ова да привлече внимание незнам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Ако го однесе маж ми на бајачка без да знам се разведувам во истиот момент. 2022 година 21 век. И велиш и пак џабе како да воопшто мислиш дека бајачка може да помогне?
    Или веднаш закажи на психолог или почекај па закажи. Да не гледал нешто страшно на телефон телевизор или да му раскажал некој страшно нешто. Од кога трае ова? Оди во градинка? Сега дека халоувин беше па да не е од скоро стравот
     
    На Mikha4 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.932
    Пол:
    Женски
    Во бајачки не верувам ама не гледам нешто страшно ако некој верува,секој со своја глава.Овде на форумов некако многу лесно се разведувате, јас тоа не го сметам за сериозен престап,загрижен е, му кажале можда ке помогне и го однел,сега дури правиме шеги на таа сметка, син ми ми вика мамо дојди со мене до вц, и го зафркавам оди сам му викам, ми вика па страв ми е, па викам нели беше на бајачка, нема страв веќе и се смее, вика добро ке идам.Се трудам се да свртиме на шега, да свати дека е бесмислено да се плаши, дека е сигурен, и цело време сме околу.Во последно време гледа на телефон куп видеа страшни за хеловин, и веројатно од нив се плаши.Плус бебе имаме, а и он беше болен скоро цел месец, од што не му беше добро за да мирува му дававме телефон да гледа, се изнагледа куп цртани со хеловин и сега се плаши.Сестра ми вика дека е нормална фаза на таа возраст дека и нејзините деца ја поминале.Можеби бара и екстра внимание ради бебето.Ке видиме, ке се консултирам и со педијатар дали има потреба од психолог.
     
    На Skorpija25, marchi-cool и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Според ова само заради тоа се плаши од видеата, се сеќавам јас еднаш од памет како се извадив кога на првото бебе пуштав бели звуци и нели реклами се пуштаат и ми се пушти една страшна реклама смрзнав од страв, а голем човек и после се плашев кога ќе останев сама во стан. Не му давајте телефон или пуштај му нека гледа само под твој надзор и ќе заборави.
     
    На marchi-cool и macalavica им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Вечерва сум под стрес левел таузендс.
    Прв проблем. Некој период околу 5ипол години кога не јадат?
    Лицето и е се помало и не знам што да мислам. Не јаде. За се има замерка. Ниту едно јадење не и чини.
    Втор проблем. Нервозна е, од раѓање. Кога ја бањам ечи зградава, кога и мијам коса цел град ечи. Пола саат ја молам за спиење и однесов другото дете в спална и легнавме да спиеме.
    Телефонот ми кочи никако не мож да напишам што ме мачи да го пратам ова што успеав прееска пред да се закочи пак.
    Вечерва крш, многу нервозна вечер, детево 15 месеци само јаде, а таа 5ипол години ми вика ќе јаде само јас ако и давам и ок и давам и пак не и чини прво жешко сум и дала па имало патлижан па кромид па не било на мали парчиња па не било цело исецкано скренувам готово
     
    На daniangel и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    17.955
    Иста фаза и кај нас. Мојава е 5 год и од скоро почна да се плаши. Страв и е до вц да отиде. Зборам многу и во последно време приметувам се поотпушта. Јас си дадов рок од месец дена, ако не се среди ќе се консултирам со психолог.
     
    На daniangel, Cosmic Girl и macalavica им се допаѓа ова.
  20. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.932
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, мада мислам дека им е фаза, денес го однесов кај сестра ми на гости, сам одеше од соба во соба, сам во вц, сам надвор на сокаче со деца.После разговаравме дека не било страшно, ама дојде дома и пак нејќеше сам во вц, малку повеќе глуми, се размазува, мислам дека сака само да е во центар на внимание дека е тоа некој вид љубомора за бебето.
    Инаку @gjoker4e и син ми ништо не јаде, пребира, бара јас да го хранам, наоѓа мани, бара телефон,слаб е коски и кожа, дури размислував да му дадам пак мајчино млеко подметнато некако дека сега го дојам бебето, беше бајаги болен со јако воспаление на уво и грло и не јадеше ич ништо, дополнително ослабна, ама му земав ампули со млеч од зегин јуниор протект па од нив почна да јаде, не многу количински ама често.По цел ден или бебето го дојам или син ми го бркам да јаде да го хранам, полудев, во градинка не оди, се јави учителката дека има сипаници во негова група и дома е, хаос е, бебето дење спие ноќе лудува, бато дење турбо ноќе спие, јас како зомби сум веќе, не знам ни кој ден ни која година, па уште и плашењево ми е капаче.
     
    На Skorpija25 и mal.ecka им се допаѓа ова.